Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

МОСКВА

SLIKA-UKRAINA

(Видео) Експлодира главниот нафтовод што ја снабдува Москва

Главниот нафтовод што ја снабдува Москва со нафтени производи експлодираше во Рјазанскиот регион на Русија, дознава Укринформ од извор во Службата за одбранбено-разузнавање на Украина (ДИУ).Според нив, вчера се случила силна експлозија на нафтоводот Рјазан-Москва, еден од главните правци за снабдување на рускиот главен град со нафтени производи.„Силна експлозија на дел од нафтоводот“Пожарникари и амбулантни возила биле испратени во рок од неколку часа за да го изгаснат пожарот, објавува Укринформ.Жителите пријавиле дека полицијата и други екипи се во областа на селото Божатково во Рјазанскиот регион, работејќи на отстранување на последиците од експлозијата и пожарот.Според украинските медиуми, од 2018 година, овој нафтовод е пренаменет за снабдување со бензинско гориво на Транснефт, кој исто така обезбедува гориво за руската армија.Поради инцидентот, протокот на нафтени производи кон Москва е суспендиран на неодредено време.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-13.16.15

(Видео) Експлозија во позната продавница за играчки во Москва – најмалку едно загинато лице

Најмалку едно лице загина во експлозија на плинска боца во една од најпознатите продавници за играчки во Москва, јавуваат руските државни новински агенции.Инцидентот се случил во Сепшалната детска продавница, позната со децении меѓу Русите под името „Детски свет“, која се наоѓа на плоштадот Љубјанка – во непосредна близина на седиштето на Федералната служба за безбедност (ФСБ), наследник на поранешниот КГБ.Целата зграда, каде покрај продавницата за играчки има и бројни ресторани, дуќани и кино, веднаш била евакуирана. Според првичните неофицијални информации, објавени на Телеграм каналот „Mash“, експлодирала боца со хелиум.Истражните органи во Москва работат на утврдување на околностите околу несреќата и причините што довеле до експлозијата.

Свет | пред 6 месеци

79d64948-0d9d-41d3-a760-2f7b5cfe431f

(Видео) Лавров на Алјаска во „СССР“ маица: Москва ќе изнесе „јасен став“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Анкориџ, Алјаска, каде утре ќе се одржи самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин. При влегување во хотелот, Лавров кратко разговараше со новинарите, облечен во маица со натпис „СССР“ (советскиот акроним за Сојузот на Советските Социјалистички Републики).Тој изјави дека Москва на состанокот ќе изнесе „јасен и разбирлив став“ и дека во текот на неодамнешната посета на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф на Москва, било постигнато „многу“.„Ние никогаш не правиме планови однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасен и разбирлив став. Тоа и ќе го презентираме,“ рече Лавров, додавајќи дека се надева утрешниот самит да продолжи со „корисниот разговор“ започнат со Виткоф.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-31-at-10.52.02

(Видео) Први снимки – Москва молчи, расте загриженоста: Што се случи со базата преполна со нуклеарно оружје по разорниот земјотрес?

По катастрофалниот земјотрес од 8,8 степени што ја погоди руската Камчатка, во јавноста се појавија првите снимки од оштетувања во пристаништето Петропавловск-Камчатски. Но токму она што ги вознемирува светските аналитичари е – молкот на Москва. Само 120 километри од епицентарот се наоѓа Вилучинск – најголемата база на руската Пацифичка флота, дом на стратешките нуклеарни подморници од класата „Бореј“ и „Бореј-А“, опремени со интерконтинентални ракети „Булова“. Тоа е единствената база на рускиот Далечен исток со инфраструктура за одржување на вакво оружје.И додека социјалните мрежи се полнат со снимки од пукнати пристаништа и разнишани објекти, од Министерството за одбрана на Русија – тишина. Нема информација дали некоја подморница била на ремонт или во морето во моментот на потресот, ниту каква е состојбата со безбедноста на нуклеарните системи. Камчатка е дел од таканаречениот „Пацфички огнен прстен“, познат по земјотреси и вулканска активност. Но никогаш досега силен потрес не ја погоди толку блиску најчуваната воена тајна на Русија. „Овие бродови не носат само ракети – тие се мобилни нуклеарни силоси“, предупредуваат аналитичари. Во отсуство на официјални информации, загриженоста се претвора во шпекулации – дали нешто навистина се случило? И ако да, зошто никој не зборува за тоа?Светот сега не го загрижува само природниот удар – туку и тишината што доаѓа од една база преполна со нуклеарно оружје.

Свет | пред 7 месеци

f_37203667_1280

(Видео) Напад со дронови врз Москва – пожар во Зелено-град, ограничувања на летови, Русија тврди дека соборила 93 дрона

Украински дронови ја нападнаа областа на Москва во текот на ноќта, при што во неколку делови од градот избиле пожари, објавија руски телеграм-канали, а ја пренесе и независната украинска платформа Kyiv Independent.Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека најмалку 21 дрон биле лансирани кон главниот град на Русија во периодот по 18 часот на 19 јули по локално време. Според него, екипи за итни интервенции се испратени на местата каде што паднале дроновите, но не даде детали за евентуална материјална штета.Локални жители пријавуваат дека пожар избувнал во Зелено-град, населено место околу 37 километри северозападно од центарот на Москва. Снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат возила кои гореле во близина на станбена зграда, но засега нема официјални информации за повредени или загинати лица.Рускиот телеграм-канал База објави снимки од безбедносни камери на кои се гледа како остатоци од дрон паѓаат врз горните катови од станбен објект во Зелено-град.Како последица на нападите, на сите четири московски аеродроми биле воведени привремени ограничувања на воздушниот сообраќај. Пристигнувачките летови биле пренасочени кон аеродромот Пулково во Санкт Петербург. Летачките ограничувања биле укинати околу 4 часот изутрина по локално време.Според соопштението на руското Министерство за одбрана, биле соборени вкупно 93 украински дрона над неколку региони, од кои 19 над областа на Москва.Ова е четврта последователна ноќ на напади врз главниот град на Русија, при што синоќа биле истрелани 13 дрона само кон Москва.Нападите доаѓаат по најавата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој наводно му понудил на Кремљ рок од 50 дена да постигне мировен договор со Украина или да се соочи со нови „оштри царини“ од САД.Според Kyiv Independent, Трамп во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски во јуни наводно го прашал дали Украина има капацитет да ја нападне Москва.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

(ВИДЕО) „Ќе ги бомбардирам Москва и Пекинг“: Откриена тајна снимка на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на донаторите на приватен настан во 2024 година дека му се заканил на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе ја „бомбардира Москва“ ако ја нападне Украина, според аудио-снимка објавена од Си-Ен-Ен.„Му реков на Путин: „Ако влезеш во Украина, ќе ја бомбардирам Москва. Немам избор“, се слуша Трамп на снимка од настанот.. „И потоа тој рече: „Не ти верувам.“ Но, тој ми веруваше 10 проценти“, додаде Трамп.Американскиот претседател, исто така, тврдеше дека испратил слична порака до кинескиот претседател Си Џинпинг, предупредувајќи го дека САД ќе го бомбардираат Пекинг доколку Кина го нападне Тајван. „Мислеше дека сум луд“, рече Трамп за Си. „Но, никогаш немавме проблем.“Снимки од повеќе настани за собирање средства зад затворени врати во Њујорк и Флорида во 2024 година, добиени од новинарите Џош Дози, Тајлер Пејџер и Исак Арнсдорф, се објавени во нивната нова книга „2024“. Досега тие не се објавени во јавноста. Админситрацијата на Трамп одби да коментира за нивната содржина.

Свет | пред 8 месеци

37093466

Русија тврди дека целосно го зазела Луганск – Киев молчи, Москва без официјална потврда

Окупациските власти поставени од Москва објавија дека руските сили целосно ја зазеле источната украинска покраина Луганск. Веста ја соопшти гувернерот назначен од Кремљ, Леонид Пасечник, за државната руска телевизија, наведувајќи дека извештајот за целосното заземање пристигнал уште пред два дена.Од украинска страна засега нема официјална реакција или потврда, а ни руското Министерство за одбрана сè уште не го потврдило ова достигнување. Сепак, во претходни случаи, Кремљ обично доцнеше неколку дена со формална потврда откако локалните власти ќе прогласеа територијален напредок.Луганск делумно беше под контрола на проруските сепаратисти уште од 2014 година. По започнувањето на целосната инвазија во февруари 2022, Русија за неколку месеци зазеде поголем дел од регионот. Во контранападот во есен 2022, Украина успеа да врати дел од северниот Луганск, но неодамна го држеше само малиот преостанат дел.Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека покраините Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон, заедно со Крим, се „целосно руски територии“. Западот, како и Украина, не ги признава овие анексии.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.32

Москва ја притиска Србија – Путин и Вучиќ разговарале за српското оружје во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин и српскиот претседател Александар Вучиќ разговарале за наводните испораки на српско оружје во Украина, за време на нивната средба во Москва по повод Денот на победата на 9 мај, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.„Темата беше допрена за време на разговорите“, изјави Песков за РИА Новости, реагирајќи на прашањата за можно ново затегнување на односите поради обвинувањата од руските разузнавачки служби.Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) неодамна повторно ја обвини Србија дека преку фирми во Чешка и Бугарија индиректно извезува оружје за украинската армија. Станува збор за ракети за повеќецевни ракетни системи и минофрлачки гранати, кои, според СВР, „убиваат руски војници и жители на руските територии“.Српските власти негираат официјална вмешаност, но Вучиќ – по средбата со воениот врв – објави дека земјата ја запира продажбата на оружје, без директно да ја поврзе одлуката со руските обвинувања.Темата останува крајно чувствителна, особено поради традиционалната блискост меѓу Белград и Москва, како и растечкиот притисок од Западот кон Србија да ја усогласи својата надворешна политика со ЕУ.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

По обвинувањата од Москва, Вучиќ вели: Србија веќе не извезува оружје

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија целосно го запрела извозот на оружје и дека сета произведена муниција моментално се испраќа исклучиво за потребите на домашната армија.„Едно е што извезувавме по 7 октомври, а ситуацијата денес е сосема различна. Сега буквално сè запревме и го испраќаме само на нашата армија“, рече Вучиќ, по седницата на проширениот колегиум на Генералштабот.Во својата изјава, тој нагласи дека запирањето на извозот било неопходно поради променетите безбедносни и економски услови, но и за да се заштитат работните места во одбранбената индустрија. Вучиќ рече дека платите во клучните воено-индустриски капацитети – како „Крушик“, „Слобода“, „Застава“, „Прва искра“ и други – зависат од продажбата на муниција.„Ако не исплаќавме плати во Крушик, Слобода, Лучани, Крагуевац, Земун и Бариќ, ќе пуштевте 50 камери да снимате како народ гладува. А платите се исплаќаат токму преку продажба на муниција“, изјави тој.Според Вучиќ, Србија не продава оружје и воена опрема, туку само муниција, од која, како што наведе, живеат директно околу 24.000 вработени, а со семејствата – дури 150.000 луѓе.„Нема да оставам 150.000 луѓе без леб“, рече српскиот претседател, нагласувајќи дека секоја одлука за понатамошна продажба ќе се носи врз основа на строго дефинирани критериуми и интересите на државата.Оваа изјава доаѓа по објавите од руската Служба за надворешно разузнавање (СВР), која ја обвини Србија дека индиректно снабдува Украина со муниција преку западни компании – што Белград досега официјално го нема потврдено.

Свет | пред 8 месеци

putin-odlikuvanje-vucic

Српско оружје преку Чешка и Бугарија до Украина? Москва со сериозни обвинувања

Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) преку своето прес-биро објави наводи дека српската воена индустрија преку трети земји придонесува за вооружувањето на украинската армија. Според нив, извозот на муниција и оружје произведено во Србија, особено за артилериски системи, се зголемил и покрај дипломатскиот притисок од Москва кон Белград.Се тврди дека опремата се извезува во земји членки на НАТО, каде потоа се склопува или доработува, со што формално не се води како директен извоз во Украина. Како главни дестинации се посочени Чешка и Бугарија.Во извештајот се споменуваат и конкретни компании – како „Крушик“ од Ваљево и „Елинг“ од Лозница – чии производи, според СВР, завршуваат кај западни компании кои, пак, се поврзуваат со испораки на оружје за Киев.СВР, како што се наведува во нивното соопштение, го осудува овој тренд и ја обвинува Србија за „политичка двосмисленост“, тврдејќи дека ваквите постапки се спротивни на „традиционалните врски меѓу српскиот и рускиот народ“.Наводите не се потврдени од независни извори, ниту од надлежни институции во Србија.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-28-at-10.07.23

(Видео) Украински дрон погоди фабрика за дронови во близина на Москва

Беспилотни летала нападнаа фабрика за беспилотни летала во градот Дубна, во Московскиот регион, објавија руските канали на Телеграм „Астра“ и „База“, повикувајќи се на локалните жители. Нападот го потврдија градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, и руското Министерство за одбрана.На социјалните мрежи беа објавени видеа на кои се гледаат беспилотни летала над Дубна, како и експлозија и пожар по ударот. Може да се чуе и како жителите коментираат за снимките: „Повторно го погоди Кронштат“. $bp("TargetVideo_48419012", {"id":"45264","width":"420","height":"560","video":"2133266","autoplay":0,"shared":true});Според информациите на официјалната веб-страница на компанијата Кронштат, таа развива „беспилотни летала и опрема за воздухопловство“.Од утрото, градоначалникот Собјанин објави дури 17 пораки за нападот со беспилотни летала. Според него, руската воздушна одбрана соборила најмалку 31 беспилотно летало што летале кон Москва.Тој, исто така, објави дека нападот со беспилотни летала над Зеленоград бил одбиен. Според неговите изјави, немало „сериозни штети или жртви“ во Москва и Зеленоград, а службите за итни случаи работат на терен за да го санираат местото каде што паднале остатоците.

Свет | пред 9 месеци

0619bdba-1305-49ed-a9cc-3033af1e6828

Украина ја нападна Русија со над 100 дронови, цел беше и Москва

Русија соопшти дека Украина извршила напад со беспилотни летала врз Москва во текот на ноќта. Сите четири главни аеродроми во Москва беа затворени неколку часа од безбедносни причини, но подоцна повторно беа отворени, соопшти руската агенција за надзор на воздухопловството „Росавијација“ на Телеграм.Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави на социјалните мрежи дека најмалку 19 украински дронови биле уништени пред да стигнат до градот „од различни насоки“. Тој додаде дека дел од остатоците од дронот паднале на клучен автопат, но немало жртви.Украина сè уште не дала коментар. Но, градоначалникот на Харков тврди дека Русија го нападнала и неговиот град со дронови во текот на ноќта. Во исто време, гувернерите на регионите Пенза и Воронеж во Русија велат дека биле цел на украински дронови.Непотврдени извештаи од руски воени блогери сугерираат дека прозорците на еден стан во јужна Москва биле скршени во нападот синоќа. Ова е втора ноќ по ред Русија известува за напади со украински беспилотни летала. Вчера, руското Министерство за одбрана објави дека 26 украински беспилотни летала биле уништени преку ноќ.Од целосната инвазија на Русија на Украина пред повеќе од три години, Киев изврши неколку напади со беспилотни летала врз Москва. Најголемиот напад во март уби три лица.Најновите напади доаѓаат откако вчера се појавија извештаи за нови украински обиди за инвазија на Курската област. Киев вчера соопшти дека погодил команден пункт во близина на селото Тјоткино во Курската област.

Свет | пред 10 месеци

peskov-putin1

Москва за завршување на војната: Допрва треба да добиеме добра понуда за почеток на преговори за Украина

Москва допрва треба да добие добра понуда за почеток на преговорите за Украина, изјави во понеделникот рускиот заменик-министер за надворешни работи, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Вашингтон постигнува напредок во разговорите за ставање крај на војната во Украина.„Важно е зборовите да бидат поткрепени со практични чекори кои ги земаат предвид легитимните интереси на Русија, демонстрирајќи подготвеност да се искоренат основните причини за кризата и да се препознае новата реалност“, рече заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галузин во интервју за државната новинска агенција РИА.„Сè уште не се добиени конкретни предлози од ваков карактер“, додаде тој.Во последните денови имаше куп контрадикторни или претпазливи пораки од Вашингтон и Москва за можни разговори меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на војната што Москва ја започна пред речиси три години.Трамп во текот на викендот рече дека разговарал со Путин и дека очекува повеќе разговори.„Верувам дека напредуваме“, рече Трамп, додавајќи дека сака да ја запре војната меѓу Украина и Русија.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за државната новинска агенција ТАСС во неделата дека „се појавуваат многу различни комуникации“ за разговорите меѓу Путин и Трамп и дека тој можеби не е свесен за сè.„Затоа, во овој случај, не можам ниту да потврдам, ниту да демантирам“, рече Песков запрашан за коментар од ТАСС.Трамп постојано изјави дека сака да стави крај на војната и дека ќе се сретне со Путин за да разговара за тоа. Во неделата Трамп им рече на новинарите дека ќе се сретне со Путин во соодветно време.Во петокот, Трамп рече дека најверојатно ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела за да разговара за завршување на војната.Путин ја гледа војната, која ја одбележува третата годишнина на 24 февруари, како егзистенцијална за опстанокот на Русија. Киев и неговите западни сојузници го гледаат ова како неиспровоцирано, колонијално грабање земјиште.Зеленски изјави за Ројтерс дека сака Украина да ги снабдува Соединетите држави со елементи од ретки земји и други минерали во замена за финансиска поддршка за нивните воени напори. Украинскиот претседател во минатото ја отфрли можноста за отстапување на која било територија на Русија и инсистираше на негов главен приоритет да биде интеграцијата во НАТО.Галузин изјави за РИА дека Москва останува отворена за дијалог за Украина, но ќе го задржи своето барање непроменето - да нема понатамошно проширување на НАТО и заштита на правата на руските жители во Украина.

Свет | пред 1 година

1680095499_zelenski

Се скара Зеленски со словачкиот премиер: Те пукаа, зошто не прости? Играте опасна игра додека војната не стигне пред вашите домови

„Владата на Словачка игра многу опасна игра критикувајќи ја воената поддршка на Западот за Украина и се доближува до Русија“, изјави вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за полски медиуми.„Словачките лидери играат многу опасна игра. Тие ќе продолжат да го прават тоа додека војната не стигне до нивните домови“, рече Зеленски.Неговите коментари доаѓаат во време на растечки спор меѓу Украина и Словачка, откако словачкиот премиер Роберт Фицо му се закани на Киев со последици за неговата одлука да го запре транзитот на руски гас во ЕУ.Фицо, кој ја посети Москва во декември за да разговара за прашањата за снабдување со гас со рускиот претседател Владимир Путин, исто така постојано ја критикуваше воената помош за Украина и санкциите против Русија.Зеленски во разговор со полските новинари потсети на разговорот со словачкиот премиер на средбата на европските лидери.„Му реков: „Те пукаа. Зошто не прости? Зошто го уапси тоа лице што те повреди?“, рече Зеленски, правејќи паралела помеѓу руската инвазија на Украина и обидот за атентат врз словачкиот премиер.Фицо беше тешко повреден откако беше застрелан во словачкиот град Хандлови на 15 мај 2024 година, по состанок на владата. Словачките власти соопштија дека нападот бил политички мотивиран. Осомничениот, 71-годишниот писател Јурај Цинтула, е приведен и го чека судењето.@На тоа го потсетив (Фицo) и му кажав дека сите ние, без разлика на вашите позиции, го осудуваме таквиот потег затоа што е пукано во жив човек“, рече Зеленски.„А тоа е Путин. Тој е истиот. Пука во живи луѓе, иако со туѓи раце“, заклучи Зеленски.

Свет | пред 1 година

putin-x-epa

Русија е „екстремно агресивна и безмилосна во сајбер-сферата“, смета британски министер

Русија е „екстремно агресивна и безмилосна во сајбер-сферата“ и „никој не треба да ја потценува“ заканата за НАТО, е пораката што британскиот министер планира да ја пренесе во говорот на конференцијата на НАТО во Лондон во понеделник.Пат Мекфејден, чие портфолио ја вклучува националната безбедност, на конференцијата на НАТО за сајбер безбедност ќе каже дека Москва „нема да размислува двапати за таргетирање на британските компании“, според деловите од неговиот говор објавени од неговото министерство во неделата.„Никој не треба да ја потценува руската сајбер закана за НАТО. Заканата е реална. Минатата година руската војска и нејзината неофицијална армија на сајбер криминалци и хакери не само што ги засилија своите напади, туку и ги проширија своите цели за да вклучат бројни членки и партнери на НАТО. Овие групи се непредвидливи, тие дејствуваат без оглед на потенцијалните геополитички последици и со само една погрешна проценка можат да направат хаос на нашите мрежи“, се наведува во говорот.Британски министер планира да ја „повика“ руската воена единица - наречена Единица 29155 - која наводно извршила сајбер напади во ОК и Европа, според Кабинетот.Мекфејден планира да предупреди дека Русија може да користи таква тактика за да остави милиони луѓе без струја.„Ова е скриена војна што Русија ја води со Украина“, се додава во говорот.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања