Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

МУЦУНСКИ

media-libraryols4h4h7f31h9ucU4a9

Македонија успешно евакуираше 380 свои и 78 странски државјани, вели Муцунски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изјави дека државата денес покажува институционален капацитет брзо и ефикасно да реагира во кризни ситуации, да ги заштити своите граѓани каде и да се наоѓаат, но и да им помогне на пријателските држави.Во гостување во емисијата „Вечерното шоу на Богдан“, Муцунски посочи дека изминатата година била особено предизвикувачка за Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, кое трипати се соочило со сложени кризни ситуации со значителни логистички и безбедносни предизвици.Тој потсети дека по трагедијата во Кочани институцијата учествувала во организирањето на извлекување на 115 повредени македонски граѓани, нивно лекување во странство и нивно враќање во државата. Подоцна следела и безбедносната криза меѓу Иран и Израел, кога биле организирани евакуации на македонски државјани од регионот на Блискиот Исток.Муцунски нагласи дека во последната криза операцијата била дополнително сложена бидејќи македонски граѓани престојуваат во повеќе држави во регионот, меѓу кои Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Бахреин, Саудиска Арабија, Катар и Израел.„Сметам дека во сите три ситуации постапивме успешно како институција, а повратните реакции од граѓаните покажуваат дека државата стои зад нив и дека може да сметаат на поддршка во најтешките моменти“, изјави Муцунски.Тој посочи дека со четири организирани евакуациони летови биле евакуирани вкупно 458 патници, од кои 380 македонски државјани и 78 странски државјани.„Во минатото знаевме да бидеме држава која бара солидарност. Денес сме држава која во тешки времиња нуди солидарност на своите соседи и на своите меѓународни партнери“, рече министерот.Муцунски нагласи дека во ваквите операции најважен приоритет е безбедноста на граѓаните и дека зад ваквите активности стои широка координација на повеќе институции и дипломатско-конзуларни претставништва.„Кога сте македонски граѓанин, треба да знаете дека имате држава и институции кои стојат зад вас“, порача Муцунски.

Македонија | пред 5 дена

media-library5u34lbncjb2j9WVoZrC

Муцунски од Минхен: За 20 месеци склучивме клучни стратешки договори, геополитичката ера е променета, мора јасно да се позиционираме

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Минхенската безбедносна конференција изјави дека во изминатите дваесет месеци државата донела одлуки и склучила договори од исклучително значење за нејзиното стратешко позиционирање, оценувајќи дека надворешната политика веќе дава конкретни резултати за граѓаните и економијата.Муцунски посочи дека меѓу клучните исчекори е Партнерството за безбедност и одбрана со Европската Унија, нагласувајќи дека државата била прва во регионот што склучила ваков договор. Потоа следело новото стратешко партнерство со Обединетото Кралство, како и завршувањето на постмониторингот од Советот на Европа.Како четврти значаен документ, министерот ја издвои Заедничката изјава за реципрочна трговија со Соединетите Американски Држави, која, според него, обезбедува јасен пат кон договор за реципрочна трговија. Тој појасни дека изјавата предвидува задржување на тарифата од 15 проценти, што е пониска во споредба со голем број држави, но и отвора можност за намалување на тарифите до нула проценти за одредени гранки и производи значајни за извозот кон САД.Според Муцунски, целта е создавање подобри услови за домашната деловна заедница, како и продлабочување на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави во областа на енергетиката и дигиталната трансформација.Министерот оцени дека надворешнополитичката траекторија на државата е јасна и дека во релативно краток период се направени конкретни исчекори во повеќе клучни области. Тој нагласи дека овие чекори носат директни придобивки за граѓаните, стопанството и за целокупната позиција на државата на меѓународната сцена.Осврнувајќи се на пораките од Минхенската безбедносна конференција, Муцунски истакна дека од европските и американските претставници доаѓа јасен сигнал дека Европа треба да се врати кон своите основни вредности, не само во безбедносен, туку и во поширок цивилизациски контекст. Според него, неопходно е зајакнување на безбедносната архитектура, но и преиспитување на одредени политики што придонеле за намалување на економската моќ на континентот.Тој додаде дека Соединетите Американски Држави испраќаат порака за партнерство и заедничка соработка во рамки на трансатлантските односи, што е значајно од аспект на колективната безбедност и иднината на НАТО како алијанса. Муцунски заклучи дека геополитичката ера на која светот беше навикнат во изминатите децении е променета и дека државата мора јасно да се позиционира во согласност со новите глобални трендови.

Македонија | пред 1 месец

media-librarye9bu0l9ecqbh5bfmieA

Муцунски од Истанбул: Регионалната стабилност се гради со мерливи резултати, не со декларации

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, што се одржа во Истанбул, на иницијатива на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан. На состанокот учествуваа министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан.Во своето обраќање, Муцунски ја нагласи потребата од реалистичен и резултатски ориентиран пристап кон регионалната соработка, посочувајќи дека стабилноста не е даденост, туку процес што се гради преку јасно дефинирани интереси, практична соработка и конкретни резултати кои граѓаните директно ги чувствуваат во секојдневието. Тој оцени дека во услови на зголемена глобална фрагментација, конкурентност и безбедносни предизвици, земјите од Западен Балкан треба да ја претворат својата географска положба во предност, а политичките определби во мерливи исходи.Министерот ја истакна значајната улога на Република Турција како сосед, сојузник во НАТО, важен економски партнер и стратешки мост за регионот, оценувајќи дека Балканската платформа за мир претставува корисен механизам за претворање на политичкиот дијалог во конкретни активности. Во таа насока, Муцунски предложи јасна и остварлива агенда за продлабочување на соработката меѓу Турција и земјите од Западен Балкан, со фокус на економската и инвестициската поврзаност, енергетската безбедност, унапредувањето на транспортната и трговската инфраструктура, како и задржувањето на младите и квалификуваната работна сила во регионот.Посебен акцент беше ставен и на зајакнувањето на регионалната безбедносна соработка, вклучително и справувањето со современите закани како организираниот криминал, сајбер-нападите, дезинформациите и насилниот екстремизам. Муцунски нагласи дека за овие предизвици е неопходна засилена координација меѓу државите, заеднички обуки и поинтензивна размена на информации.Тој истакна дека Република Македонија е подготвена активно да придонесе кон оваа агенда преку инвестирање во енергетска диверзификација, унапредување на регионалната поврзаност, јакнење на безбедносните партнерства и континуирана посветеност на дијалогот и добрососедските односи. Во завршницата на обраќањето, Муцунски порача дека кредибилитетот на Балканската платформа за мир треба да се мери преку конкретни резултати, јасно дефинирани активности, носители и рокови, нагласувајќи дека во актуелната деценија довербата нема да се гради врз основа на намери, туку врз основа на испорачани резултати.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања