Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Муцунски од Минхен: За 20 месеци склучивме клучни стратешки договори, геополитичката ера е променета, мора јасно да се позиционираме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library5u34lbncjb2j9WVoZrC

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Минхенската безбедносна конференција изјави дека во изминатите дваесет месеци државата донела одлуки и склучила договори од исклучително значење за нејзиното стратешко позиционирање, оценувајќи дека надворешната политика веќе дава конкретни резултати за граѓаните и економијата.

— реклама —

Муцунски посочи дека меѓу клучните исчекори е Партнерството за безбедност и одбрана со Европската Унија, нагласувајќи дека државата била прва во регионот што склучила ваков договор. Потоа следело новото стратешко партнерство со Обединетото Кралство, како и завршувањето на постмониторингот од Советот на Европа.

Како четврти значаен документ, министерот ја издвои Заедничката изјава за реципрочна трговија со Соединетите Американски Држави, која, според него, обезбедува јасен пат кон договор за реципрочна трговија. Тој појасни дека изјавата предвидува задржување на тарифата од 15 проценти, што е пониска во споредба со голем број држави, но и отвора можност за намалување на тарифите до нула проценти за одредени гранки и производи значајни за извозот кон САД.

— реклама —

Според Муцунски, целта е создавање подобри услови за домашната деловна заедница, како и продлабочување на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави во областа на енергетиката и дигиталната трансформација.

Министерот оцени дека надворешнополитичката траекторија на државата е јасна и дека во релативно краток период се направени конкретни исчекори во повеќе клучни области. Тој нагласи дека овие чекори носат директни придобивки за граѓаните, стопанството и за целокупната позиција на државата на меѓународната сцена.

Осврнувајќи се на пораките од Минхенската безбедносна конференција, Муцунски истакна дека од европските и американските претставници доаѓа јасен сигнал дека Европа треба да се врати кон своите основни вредности, не само во безбедносен, туку и во поширок цивилизациски контекст. Според него, неопходно е зајакнување на безбедносната архитектура, но и преиспитување на одредени политики што придонеле за намалување на економската моќ на континентот.

Тој додаде дека Соединетите Американски Држави испраќаат порака за партнерство и заедничка соработка во рамки на трансатлантските односи, што е значајно од аспект на колективната безбедност и иднината на НАТО како алијанса. Муцунски заклучи дека геополитичката ера на која светот беше навикнат во изминатите децении е променета и дека државата мора јасно да се позиционира во согласност со новите глобални трендови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl5r8ekvdotj1cSZCEQ4

Завршена евакуацијата: 605 македонски државјани извлечени од Блискиот Исток

Македонија | пред 2 дена

media-libraryce0gohncb6qv4JBNWiQ

Евакуацијата е бесплатна, приоритет имаат мајки со деца: има лице кое бара да не биде извлекувано преку Египет

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryh68h47mn5uandMzFoBP

14 лица не се појавиле на летот за евакуација од Дубаи, планирани се уште два летови, 89 лица чекаат да бидат извлечени

Македонија | пред 1 седмица

media-library3fmlqqktbrd96SSXA5V

(Фото) Евакуираните жени ги чекаа со ружи: 151 македонски државјанин безбедно евакуиран од Обединетите Арапски Емирати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања