Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Муцунски од Истанбул: Регионалната стабилност се гради со мерливи резултати, не со декларации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-librarye9bu0l9ecqbh5bfmieA

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, што се одржа во Истанбул, на иницијатива на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан. На состанокот учествуваа министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан.

— реклама —

Во своето обраќање, Муцунски ја нагласи потребата од реалистичен и резултатски ориентиран пристап кон регионалната соработка, посочувајќи дека стабилноста не е даденост, туку процес што се гради преку јасно дефинирани интереси, практична соработка и конкретни резултати кои граѓаните директно ги чувствуваат во секојдневието. Тој оцени дека во услови на зголемена глобална фрагментација, конкурентност и безбедносни предизвици, земјите од Западен Балкан треба да ја претворат својата географска положба во предност, а политичките определби во мерливи исходи.

— реклама —

Министерот ја истакна значајната улога на Република Турција како сосед, сојузник во НАТО, важен економски партнер и стратешки мост за регионот, оценувајќи дека Балканската платформа за мир претставува корисен механизам за претворање на политичкиот дијалог во конкретни активности. Во таа насока, Муцунски предложи јасна и остварлива агенда за продлабочување на соработката меѓу Турција и земјите од Западен Балкан, со фокус на економската и инвестициската поврзаност, енергетската безбедност, унапредувањето на транспортната и трговската инфраструктура, како и задржувањето на младите и квалификуваната работна сила во регионот.

— реклама —

Посебен акцент беше ставен и на зајакнувањето на регионалната безбедносна соработка, вклучително и справувањето со современите закани како организираниот криминал, сајбер-нападите, дезинформациите и насилниот екстремизам. Муцунски нагласи дека за овие предизвици е неопходна засилена координација меѓу државите, заеднички обуки и поинтензивна размена на информации.

Тој истакна дека Република Македонија е подготвена активно да придонесе кон оваа агенда преку инвестирање во енергетска диверзификација, унапредување на регионалната поврзаност, јакнење на безбедносните партнерства и континуирана посветеност на дијалогот и добрососедските односи. Во завршницата на обраќањето, Муцунски порача дека кредибилитетот на Балканската платформа за мир треба да се мери преку конкретни резултати, јасно дефинирани активности, носители и рокови, нагласувајќи дека во актуелната деценија довербата нема да се гради врз основа на намери, туку врз основа на испорачани резултати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykb0s1q1bpif1a6y0fzX

Муцунски: Нема гаранции за решение со Бугарија, нема да прифатиме привремена санација

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library95hoe55nrm5p6SEXJgp

Муцунски со францускиот министер за Европа: Во фокусот европскиот пат на Македонија

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryt75ouli9ul9o4aUvvTp

Муцунски од Дубаи: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv1qb1uf6ma7pbOZBvBc

Од „коњопој“ до разговори без договор: Што донесе посетата на Муцунски на Софија

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања