Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

МВР

IMG_5244

МВР откри низа случаи поврзани со дрога низ државата – поднесени кривични пријави и извршени приведувања

Во повеќе одделни полициски акции спроведени изминатиот период, МВР откри повеќе случаи поврзани со производство, трговија и поседување дрога. Десетици лица се приведени или пријавени, а кај дел од нив се одземени марихуана, хероин и други недозволени супстанци. Следуваат деталите од полицискиот билтен:На 25.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода З.А.(38) од с.Арнакија, скопско и Ј.Т.(25) од Тетово затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случите ќе следуваат соодветни поднесоци.СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.Б.(41) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.06.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени хероин и семки од растението канабис.СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.З.(22) од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’ и ,,овозможување на употреба наркотични дроги’’. На 25.08.2025 во двор на основно училиште во с.Банско, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Марихуана е пронајдена и кај уште едно лице, која му ја дал пријавениот.ОВР Валандово поднесе кривична пријава против М.Ј.(53) и Н.Ш.(32), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „безобѕирно управување со моторно возило“. На 26.07.2025 на влез во с.Јосифово, валандовско, полициски службеници извршиле преглед над патничко возило „рено“, управувано од првопријавениот, при што кај нив била пронајдена и одземена марихуана, а потоа при извршена анализа на урина кај пријавените е констатирано присуство на метаболити од тетрахидроканабиниол.На 25.12.2025 во 17:26 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Скопје е пријaвено дека околу 16:30 часот при извршен претрес во соба кај притворениците Д.Д., Г.С., Р.М. и Х.У. е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 месеци

policija-policaec

Серија полициски интервенции во Скопје: дрога, тепачки и пријавени повреди на работно место

Полициски службеници од СВР Скопје во текот на 23 декември презеле повеќе интервенции и активности на различни подрачја во главниот град, при што биле приведени две лица поради недозволена трговија со дрога и биле евидентирани повеќе нарушувања на јавниот ред и мир.Во 19:55 часот, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д. (37) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.Истата вечер, во 21:15 часот, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници го лишиле од слобода и Н.М. (35) од Скопје. При претрес во домот каде што престојувал, исто така со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.Во 20:20 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир на подрачјето на Гази Баба, каде што дошло до физичка пресметка меѓу Ф.И. (38) и М.С. (38) од една страна и М.Н. (49) и Б.Н. (44) од друга страна, сите од Скопје. При пресметката биле употребени и тврди предмети, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Во утринските часови, во 09:00 часот, Б.С. (52) од Скопје пријавил дека на 5 декември околу 05:47 часот се здобил со повреди додека извршувал работни задачи како обезбедување во стоматолошка клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. За настанот е известен надлежен трудов инспектор.Дополнително, во 15:12 часот, Б.Ш. (27) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Полицијата презема мерки за расчистување и на овој случај.

Скопје | пред 2 месеци

Нема фотографија

МВР воведува централен дигитален систем за вработените: набавка од 380 илјади евра

Министерството за внатрешни работи склучи договор вреден околу 380 илјади евра за нов интегриран информатички систем за плати, човечки ресурси и материјално-финансиско работење, покажуваат податоците објавени на страницата на Бирото за јавни набавки. Договорот е склучен со АСЕЕ ДООЕЛ, а рокот за испорака на софтверот, опремата и миграцијата на постоечките податоци е најмногу шест месеци.Плаќањето ќе се врши на 30 месечни рати од по 663 илјади денари.Новото софтверско решение ќе овозможи централизирано електронско досие за секој вработен во Министерство за внатрешни работи, со податоци за личен профил, работен статус, образование, безбедносни сертификати, распоредувања, унапредувања, боледувања, одземање службено оружје, годишни одмори и дисциплински постапки.Системот ќе ги евидентира и платите, бонусите, додатоците, јубилејните награди, како и сите други исплати кон вработените, а ќе овозможи и целосна евиденција за договори за јавни набавки, нивна реализација, платен промет, благајничко и сметководствено работење.Во делот на човечките ресурси, ќе се води детална историја за обуки, награди, судски и вонсудски предмети, службени патувања, како и база на лица кои изразиле интерес за вработување во МВР. Ќе постои и функционалност за интерни огласи и управување со систематизацијата на работните места, со автоматски аларми доколку се прават неусогласени распореди.Дополнително, системот ќе овозможи напредно пребарување и генерирање извештаи по различни основи – по работно место, образование, стаж, пол, етничка припадност, место на живеење, отсуства, пензионирања и други параметри релевантни за кадровото планирање.Во техничката спецификација е наведено дека системот мора целосно да ги почитува законските одредби за заштита на личните податоци. Физичко бришење на податоци нема да биде дозволено за обичните корисници, а сите интервенции ќе се евидентираат во безбедносни логови. Предвиден е и резервен систем за заштита на податоците во случај на хаварија.По пуштањето на системот во употреба, изведувачот е обврзан да обезбеди обука за вработените во МВР и да подготви упатства за користење на новото решение.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања