„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

мвр

policija-kombe

Апсење во Кочани

Денеска (23.03.2022) во 02.00 часот на ул.„Иван Иванов - Балаш“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.И.(36) од Кочани, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин.Тој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 години

policiski-cas-policija-1

159 санкционирани возачи во Скопје, 60 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 159 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 11 санкции за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас.Изречени се три мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за возач почетник, десет санкции за нерегистрирани возила, седум мерки за вградени неатестирани фолии - затемнети стакла...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

271983257_612480343152370_3947902373758832082_n

Приведен измамник по распишана централна потерница

На бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода А.В.(32) од Скопје.Тој бил баран со централен распис, поради сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. А.В. бил спроведен во Полициската станица Центар за понатамошна постапка.

Скопје | пред 3 години

21102020_SEP_MP_MVR_3

Постои тивка коалиција и сериозна спрега помеѓу криминалот и раководството на МВР, вели Мицкоски

Обвинувањата кон МВР се темелат на катастрофата која ја имаме. Постои тивка коалиција на криминалот со раководството на МВР, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на што се темелат обвинувањата од страна на опозицијата кон МВР на Спасовски дека не работи соодветно.„Уште во 2017-та или 2018-та година на спектакуларен начин се откри дека во обвинителството и во основен суд 1 Скопје биле прислушкувани судии, обвинители каде биле откриени тајни централи за снимање на разговори“, посочи Мицкоски.Мицкоски потенцираше дека дебаклот на Спасовски започна уште од тогаш каде излезе и рече дека сето тоа е на сигурно и дека сторителите многу скоро ќе бидат изведени пред лицето на правдата, но од таа работа ни трага ни глас нема за жал, па сѐ до овие последни пасоши кои се раздаваа на белосветски и балкански наркобосови итн.Тој додаде дека кулминацијата на сето ова кулминираше и со тендерот за набавка на сметачки машини од компанија која е на црната листа на САД.„Имаме една сериозна спрега помеѓу криминалот и за жал раководството на министерството за внатрешни работи. Покрај криминалот и корупцијата, парите и провизиите немаат боја a тогаш и колнењето престанува“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

DSC_0052

Во Скопје се уапсени тројца малолетници за кражби

На 19.03.2022 од полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје лишени од слобода се тројца малолетници осомничени за кривични дела „тешка кражба“.Тие во службен разговор ги признале трите кривични дела за кои постои основано сомнение дека ги направиле на 17.03 и 19.03.2022, а кај нив се пронајдени и разни предмети што потекнуваат од кривичните дела кои се одземени и вратени на сопствениците.Известен е јавен обвинител и тим од Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи. Еден од малолетниците е предаден на полициски службеник од затворска полиција - воспитно поправен дом –Тетово. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

brza-pomos-541

Младо дете од прилепско со тешки повреди заврши во болница

На 19.03.2022 во 14,45 часот на локален пат Ропотово-Лажани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа во која Б.П.(18) од село Лажани, управувајќи патничко моторно возило „форд галакси“ со прилепски регистарски ознаки, излетал од патот. Б.П. се здобил со тешки телесни повреди констатирани од доктор во Градска болница-Прилеп.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР-Прилеп.

Македонија | пред 3 години

02

(ВИДЕО) Пронајден кокаин во Тетово, приведени шест лица

Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер (19 март), од 19 часот и 30 минути до 22 часот, по претходно извршен претрес во угостителски објект и плац за стари возила, во рамките на кој се наоѓал објектот, лоциран на улица "Видоја Смилевски-Бато" во Тетово, сопственост на Н.С.(31) од тетовско Шемшово, ги лишиле од слобода:Љ.С(24),С.А.(33) од Тетово, М.А.(37), од тетовски Порој, С.С.(29), С.С.(36),двајцата од Шемшово и сопственикот на објектот.При претресот, реализиран со судска наредба, на различни места, биле пронајдени 25 паковки кокаин и марихуана.Приведените се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 3 години

DSC_0153

330 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (19.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 330 возачи. Од нив 34 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 139 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 191 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

struga-2

(ВИДЕО) Акција во објекти во Зајас, кичевско и објекти во охридско, неиздавање фискални сметки...

Во текот на изминатата вечер (19/20.03.2022) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција од ОВР Гостивар и СВР Битола во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во пет угостителски објекти во Кичево и Охрид.„Притоа, во с.Зајас приведени се две лица поради непоседување документи за лична идентификација и една странска државјанка од Република Србија за утврдување на дозвола за престој.Во четири угостителски објекти констатирани се неправилности поради неиздавање на фискални сметки, а утврдено е и непочитување на законот за забрана за пушење во затворени простории“, велат од МВР

Македонија | пред 3 години

DSC_0052

Приведен крадец за тешка кражба на подрачје на Кисела Вода

Кај Транспортен центар во Скопје од полициски службеници од ЕВР Кисела Вода бил лишен од слобода Т.А.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка кражба“ во патничко моторно возило. Имено на 15.03.2022 во временскиот период од 14.30 до 15.30 часот на подрачјето на Кисела Вода пријавениот со употреба на сила и погоден предмет од патничко моторно возило “мерцедес“ со скопски регистарски ознаки одзел повеќе предмети и документи.По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

2-2

(Видео) Пронајдена дрога во угостителски објекти во Скопје, приведени осум лица

На 18/19.03.2022 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје постапувајќи по акциски план за спречување на кривични дела по чл.215 и 216 од КЗ на РСМ на подрачјето на град Скопје извршија контрола во угостителски објекти и бил извршен преглед над дваесетина лица по што лишени од слобода биле: А.С.(19), Ф.А.(25), Н.С.(31), А.А.(24) сите од Скопје, А.М.(26) од Битола, Д.Г.(27) од Куманово и М.М.(22) од Гостивар како и еден малолетник од Скопје поради тоа што кај нив биле пронајдени кокаин, амфетамин, марихуана и бела грутчеста материја.По целосното документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци. Засилените контроли продолуваат и во наредниот период.

Скопје | пред 3 години

brza-pomos-soobrakajka

Тешка сообраќајка, возачот пренесен во болница со сериозни повреди

На 18.03.2022 во 17.50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(63) од Штип, и патничко моторно возило “фиат пунто“, со велешки регистарски ознаки, управувано од И.М.(36) од с.Сливник-велешко.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот К.Т. и сопатникот од возилото “фиат пунто“ А.Ш.(50) од с.Сливник-велешко, а со телесни повреди се здобил возачот И.М. констатирани во Клиничкиот центар во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Македонија | пред 3 години

DSC_0052

Апсења во Гази Баба и Петровец

На подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Р.С.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.На 18.03.2022 во 17.15 часот на подрачјето на Петровец од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Ф.Т.(34) од Куманово затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

GP-Bogorodica

Бугарин фатен како со лажен пасош и лична карта се обидел да помине граница

На 18.03.2022 во 12,30 часот на Граничниот премин „Делчево”, поради илегално преминување на државната граница приведен е Ц.Б.Б.(54) од Р.Бугарија, кај кого е пронајдена бугарска патна исправа и турска лична карта (на име С.О.). Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од Полициската станица Делчево за понатамошна постапка.

Македонија | пред 3 години

06

(ВИДЕО) 149 санкционирани возачи во Скопје, 47 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се три мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 47 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања