Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

На државен имот си изградила пат и поставила армирана бетонска рампа: Кривична пријава за жена од Велгошти

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40-годишната Д.Р. од село Велгошти, охридско, поради постоење основи за сомнение дека сторила кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.Според пријавата, Д.Р. без одобрение изградиле пристапен пат и поставила армирана бетонска рампа на катастарска парцела во државна сопственост во атарот на селото. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.Случајот е предаден на надлежното обвинителство, а по целосно документирање настанот ќе следуваат соодветни правни мерки.

Македонија | пред 1 ден

pesak

18-годишен пешак тешко повреден во Пробиштип по удар од автомобил

На 16.02.2026 во 06:10 часот, во Пробиштип, на улицата „Миро Барага“, патничко возило „тојота“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Т. (50) од Пробиштип, удрило во 18-годишниот пешак Ф.А. од Пробиштип.Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и му е укажана медицинска помош во Јавната здравствена установа Пробиштип. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип, по наредба на јавен обвинител, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryf62hleq1o90n6KAR507

Позајмил автомобил од братучед, па го продал за 4.500 евра

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С. (40) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.Според пријавата, на 26.09.2025 година, пријавениот позајмил патничко возило „фолксваген голф“ од негов братучед, а подоцна го продал за 4.500 евра на друго лице од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 ден

noz-ubistvo-napad

Тетовчанец ја тепал бившата сопруга, па и се заканил со нож

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.П. (48) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“.Според пријавата, на 31.12.2025 година, пријавениот физички ја нападнал неговата поранешна сопруга, при што ѝ се заканил со остар предмет. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryjsahk42s1lfveGFSTj5

Четиригодишно дете тешко повредено во сообраќајка во Скопје

На 16.02.2026 околу 17:00 часот, на улицата „Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д. (41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје.Детето се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што му е укажана медицинска помош. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 ден

media-libraryfj2jijsqnl0be3MYisp

Пронајдена марихуана и куршуми кај 28-годишник

На 16.02.2026 во 10:30 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишија од слобода Д.Р. (28) од истото село.При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и куршуми различен калибар.По целосно документирање на настанот, против пријавениот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Македонија | пред 1 ден

rezim-soobrakaj

Протест пред Владата, посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска (17.02.2026) со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата на бул.„Илинден“ и бул.„Свети Климент Охридски“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Скопје | пред 1 ден

media-librarythkgmffbbch25lRScqL

Трагичен крај на потрагата, МВР со детали: Пронајдено безживотното тело на прилепчанецот Виктор Илиоски

„Почина син ми“, со овие зборови Роза Илиоска ја сподели најтешката вест – дека трагично завршила потрагата по нејзиниот син, прилепчанецот Виктор Илиоски.Од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ информираа дека на 16 февруари 2026 година во 16:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во кругот на Градската општа болница-Прилеп е пронајден В.И. (40) од Прилеп без знаци на живот.Од Итната медицинска помош била констатирана смрт, а за настанот бил известен јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција. Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.Потрагата започна откако на 15 февруари во 16:15 часот во ОВР Прилеп, Д.И. (69) од Прилеп пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син. Семејството претходно упати јавен апел за помош, наведувајќи дека му се губи секаква трага од претходниот ден околу 14 часот, кога последен пат бил виден.Случајот предизвика големо внимание во јавноста, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на истрагата и обдукцијата.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryisl9pg7qbvuqbWgJCcj

(Фото) Полицајци спасија 80-годишен маж кој беше заглавен на тераса откако се запали неговата куќа

На 15.02.2026 во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80).Полициски службеници од СВР Штип – Полициско одделение Македонска Каменица излегле на местото и го затекнале сопственикот заглавен на тераса на вториот кат, по што се преземени мерки и со помош на скали безбедно го спуштиле.Нему му е укажана помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.Пожарот е изгаснат од Територијалната протипожарната едница Македонска Каменица. Увид е извршен.

Македонија | пред 2 дена

media-library7uf3j4t4930q7aGtrZz

За една недела „Сејф сити“ регистрираше 4.490 прекршоци, најголем дел за брзо возење

Во периодот од 09.02.2026 до 15.02.2026, системот „Безбеден град“ регистрирал вкупно 4.490 прекршоци на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери. Ова претставува намалување од 10% во споредба со првата седмица во февруари, кога беа констатирани 4.991 прекршок.Од вкупниот број, најголемиот дел – 4.297 прекршоци – се за управување со возило со брзина поголема од дозволената. Дополнително, 33 возачи минале на затворен сигнал (црвено светло), а 160 се за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола.Исто така, изречени се 148 мерки „забрана за управување со возило“, што е намалување од 48,6% во однос на минатата седмица. Од нив, 33 се за минување на црвено, а 115 за брзо возење – од кои 99 за над 80 км/ч во населено место, 12 за над 10 км/ч сопствено ограничување и четири за над 170 км/ч во ненаселено место.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 2 дена

semejno-nasilstvo

Маж ја претепал сопругата со која се разведува

На 15.02.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од скопско пријавила дека претходниот ден околу 21:00 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.А., со кого се наоѓа во бракоразводна постапка.Според пријавата, нападот се случил по расправија во домот.По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 дена

pesak

Албански возач прегази 75-годишен пешак

На 16.02.2026 во 06:30 часот, ОВР Струга пријави фатална сообраќајна несреќа на магистралниот пат Подмоље-Струга. Товарно возило „Ман“, управувано од А.А. (52) од Република Албанија, удрило во пешакот У.Д. (75) од село Ливада, струшко, кој од здобиените повреди починал на местото на несреќата.Лекар од Итна медицинска помош Струга констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа на ОВР Струга.Според информациите, претходно во 06:05 часот е пријавено дека У.Д. се оддалечил од домот на свој роднина во село Мислешево и дека имал здравствени проблеми.Се преземаат мерки за расветлување на настанот и утврдување на сите околности околу несреќата.

Македонија | пред 2 дена

IMG_5581

Жена насилно внесена во автомобил на Бит Пазар и претепана од поранешен партнер

На 15.02.2026 во 23:05 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена пријавила дека околу 21:00 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, со употреба на физичка сила била насилно ставена во патничко возило.Според пријавата, по насилното внесување во возилото таа била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Е.М. (33).По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 дена

media-libraryc56912v9ahjebSBXKII

Две жени од Грција краделе козметички производи во трговски центар во Аеродром

На 15.02.2026 во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г., двете од Република Грција. Тие се сомничат дека на 14.02.2026 во периодот од 18:15 до 18:35 часот од продажно место во Трговски центар на подрачјето на општина Аердором одзеле повеќе козметички производи.По целосно документирање на случјот, против двете ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 2 дена

pistol_001

Со пиштол на вработена во МВР, се заканувал во кафеана во Трубарево - уапсени две лица

На 15.02.2026 во 22:20 часот на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С. (35) од Скопје.При преглед во возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал со уште едно лице, кај него бил пронајден и одземен пиштол.Според информациите, А.С. се сомничи дека истиот ден околу 22:00 часот во угостителски објект во населбата Скопско Поле, Трубарево, по претходно недоразбирање, заедно со уште едно лице физички ги нападнале И.Ј. (31) од село Марино и Б.А. (32) од населба Илинден. При нападот, А.С. му упатил закани со пиштол на И.С., при што оружјето било сопственост на А.М. (30) од село Стајковци, вработена во МВР, која била со нив.По преземени мерки, на 16.02.2026 во 02:05 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници ја лишиле од слобода и А.М.Двете лица се задржани во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања