Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

media-library2adqb56toekhb8jfoRk

Пронајдени човечки коски и облека во Горно Количани

На 12 февруари 2026 година, во 16:49 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на место викано „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, се пронајдени коски слични на човечки, а во близина била пронајдена и облека.На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на идентитетот и околностите на настанот.

Скопје | пред 5 дена

media-libraryjsahk42s1lfveGFSTj5

Автомобил удри жена на „Орце Николов“ во Скопје

На 12 февруари 2026 година во 13:00 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Орце Николов“ во Скопје патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје, удрило во 56-годишната Д.Д. од Скопје.Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 дена

tepanje-dete

Татко нападнал дете по инцидент меѓу малолетници

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.Џ. (43) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.Според пријавата, на 25 декември 2025 година, во двор од основно училиште во гостиварско, по претходно нарушување на јавниот ред и мир меѓу малолетници, во кое учествувал неговиот син, пријавениот физички нападнал малолетник.Надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста на Л.Џ.

Македонија | пред 5 дена

karticki

Земал туѓа картичка, влегол во компјутерски систем и присвоил 161.800 денари

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.З. (40) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.Според пријавата, пријавениот присвоил платежна картичка во сопственост на лице од Кочани, а во периодот од јули до ноември 2025 година, во седум наврати неовластено навлегол во компјутерски систем. Со своите дејствија се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 161.800 денари.По целосно документирање на случајот, против С.З. ќе следува соодветна кривична пријава пред надлежното обвинителство.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Уапсени 10 лица: Возеле пијани, без дозвола и со поголема брзина од дозволената

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 10 возачи, од кои по еден во Скопје, Куманово, Велес, Кавадарци и битолско затоа што управувале возило без возачка дозвола. Возачот во Куманово претходно со мотоцикл учествувал и во сообраќајна незгода и од него е одземен мотоциклот, а на другите возачи се одземени патничките возила. По еден возач во Скопје, Чашка и прилепско управувале возила иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Од нив, исто така, се одземени патничките возила. Еден возач во Кочани управувал возило под дејство на алкохол, а еден возач во радовишко управувал возило со брзина поголема од дозволената. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 5 дена

IMG_6897

Драма во Кочани: Полицајка насилно уапсила колешка, ја внела во возило па ја удирала по телото

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Штип против Ј.Н., вработена во ПО за БПС Кочани при СВР Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено и казниво по член 140 став 1 од Кривичниот законик.Според пријавата, на 13 септември 2025 година, на место викано „Суитлак“ во Штип, Ј.Н. насилно внела во возило „БМВ“ женско лице – колешка, вработена како приправник во МВР при Одделение за полиција СВР Штип. Во возилото, пријавената почнала да ја удира по телото и ѝ го ограничила движењето, не дозволувајќи ѝ да излезе и да си замине, со што ја лишила од слобода.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе и предлог за поведување на дисциплинска постапка против Ј.Н., а до завршување на постапката, таа е суспендирана од работното место.

Македонија | пред 5 дена

655-402-bebe

Млада мајка го оставила новороденчето во болница и си заминала, полицијата и поднесе кривична

СВР Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна жена од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.На 1 февруари 2026 година, по породувањето во ЈЗУ Општа болница Велес, пријавената доброволно со депониран потпис го напуштила гинеколошкото одделение, оставајќи го своето новородено бебе.Надлежните органи преземаат мерки за заштита и згрижување на детето, а по целосно документирање на случајот против мајката ќе следува кривична пријава.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Маж со нож се заканувал на семејство на Клинички

На 11 февруари 2026 година во 13:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.Г. (55), откако бил пријавен за вербални закани, а потоа и за закани со остар предмет кон З.К. (59) и членови на неговото семејство.Инцидентот се случил во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“.По целосно документирање на случајот против К.Г. ќе следува соодветна кривична пријава.

Свет | пред 6 дена

uapsen

Алкохол, забрани и нерегистрирани возила: Полицијата уапси 15 возачи во еден ден

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи, од кои двајца во Тетово и по еден во кочанско, Куманово, Гостивар, струмичко, Струмица, Неготино и Кавадарци затоа што управувале возило без возачка дозвола. Возачот во Гостивар и малолетничката во Кавадарци претходно учествувале и во сообраќајни незгоди. По еден возач во Струга и Велес управувале возила иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија, додека еден возач во Богданци управувал нерегистрирано возило. Исто така, еден возач во Крива Паланка управувал возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола, еден возач во Куманово управувал нерегистрирано возило без возачка дозвола и еден возач во Македонски Брод управувал возило под дејство на алкохол и со активна забрана за управување возило од Б категорија. Лицата се приведени во полициска станица, а по насоки на јавен обвинител возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување односно доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryuj1h4p7somd7b17zL46

Опожарени три автомобили во Батинци, повреден маж при гаснење

На 12 февруари 2026 година во 03:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во гаража во село Батинци, скопско, опожарени се три патнички возила – „ауди“ со скопски регистарски ознаки, „фолксваген голф 7“ и „фолксваген голф 8“ со скопски регистарски ознаки. Сите возила се сопственост на две правни лица од Скопје.Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при гаснењето со повреда се здобил 48-годишен маж од Батинци.На местото на настанот извршен е увид, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 дена

DSC_0410

Пешак прегазен од товарно возило во Скопје

Тешка сообраќајна несреќа се случила на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, кога 56-годишен пешак бил удрен од товарно возило.Според информациите од полицијата, на 11 февруари 2026 година околу 14:30 часот, товарното возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т. (21) од Скопје, удрило во пешакот З.С. (56) од Скопје.Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 дена

Screenshot-2024-10-04-at-13.50.22

72-годишна жена паднала од автобус, па и ја прегазил ногата, со тешки повреди префрлена на клиника

Тешка сообраќајна несреќа се случила во центарот на Скопје, каде 72-годишна жена била тешко повредена откако паднала од автобус и потоа била прегазена преку ногата.Според информациите, на 11 февруари 2026 година околу 12:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Св. Кирил и Методиј“ автобус „мерцедес“, управуван од В.А. (56) од Скопје, ја прегазил преку ногата 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Скопје | пред 6 дена

media-libraryf4p5n3dtobib9ayZTF0

Нарачал блиндор врата онлајн - останал без 64.500 денари и без производ

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ј.Б. (45) од Битола поради сомнение за сторено кривично дело „измама“.Според пријавата, во текот на октомври 2025 година тој преку социјална мрежа довел во заблуда едно лице да нарача блиндор врата од него. Откако се договориле, оштетеното лице му уплатило аванс од 64.500 денари.Сепак, пријавениот не ја испорачал вратата, ниту ги вратил парите.По преземените мерки, против него е поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 6 дена

Screenshot-2023-09-14-at-20.56.58

Велешанец избега од Идризово, полицијата веднаш го пронајде и врати зад решетки

Затвореник кој избегал од Казнено-поправната установа „Идризово“ – Отворено одделение Велес, бил брзо пронајден и повторно приведен од полицијата.На 11 февруари 2026 година во 14:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.З. (33) од Велес, откако претходно било пријавено дека околу 12:40 часот побегнал од установата каде што издржувал затворска казна.По приведувањето, тој бил спроведен назад во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Скопје | пред 6 дена

semejno-nasilstvo

Татко ја тепал 23-годишната ќерка, па го пријавила во полиција

Случај на семејно насилство е пријавен во Скопје, откако 23-годишна девојка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот татко во семејниот дом во Кисела Вода.Според информациите од полицијата, на 11 февруари 2026 година во 08:00 часот во СВР Скопје девојката пријавила дека нејзиниот татко Д.А. (62) физички ја нападнал во нивниот дом.Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања