Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

pozarnikar

Пожарникар претепан пред противпожарна единица, уапсени две лица

Двајца мажи од Куманово се лишени од слобода откако физички нападнале пожарникар пред Територијалната противпожарна единица во градот.На 11 февруари 2026 година околу 17:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги привеле Љ.Г. (32) и Ф.С. (32), двајцата од Куманово, поради сомнение дека физички го нападнале С.С. (35), вработен во Територијалната противпожарна единица Куманово.Инцидентот се случил пред самата зграда на противпожарната единица. Осомничените биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 6 дена

sef

Kражба во Аеродром: Украдени сефови, пари, службен печат и мобилни телефони од финансиско друштво

Тешка кражба се случила во скопската населба Аеродром, каде непознати сторители со употреба на сила и алат провалиле во подружница на финансиско друштво и однеле вредни предмети.Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 11 февруари 2026 година во 03:33 часот. Провалата се случила во периодот од 19:00 часот на 10 февруари до 03:25 часот наредниот ден.Од објектот биле одземени пари, два сефа, службен печат на подружницата, мобилни телефони и други предмети.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 дена

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-05-6070PM

Протест на ССМ во Скопје, сообраќајот во центарот ќе биде целосно пренасочен

Денеска, 12 февруари 2026 година, со почеток од 12:00 часот, Сојузот на синдикати на Македонија ќе одржи протест пред Стопанската комора на ул. „Димитрие Чуповски“ и ул. „Даме Груев“.Поради ова, сообраќајот во центарот на Скопје ќе биде пренасочен по околните улици, а Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воведување посебен режим на сообраќајот.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници за непречено одвивање на сообраќајот и безбедност на граѓаните.

Скопје | пред 6 дена

media-libraryevs44k69s4qv0RHEe6C

Во Белград уапсен скопјанецот кој прегази жена и побегна, следува екстрадиција

Саит Саитов од Скопје, кој се бараше со меѓународна потерница за тешка сообраќајна несреќа во која беше прегазена жена, е лишен од слобода во Белград.На 11 февруари 2026 година македонските институции биле известени од надлежните служби во Србија дека Саитов е уапсен врз основа на потерница распишана од Министерството за внатрешни работи.Тој се сомничи за сторени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, поврзани со настан што се случи во Скопје на 9 јануари 2026 година.На Саитов му е одреден екстрадициски притвор во Србија. Следува постапка меѓу министерствата за правда на двете држави за негово екстрадирање во Македонија, каде треба да биде изведен пред надлежните органи и да се соочи со правдата.

Македонија | пред 6 дена

drva-1

Вработени во државни институции вмешани во кражба на дрво – штета од 310.240 денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против осум лица од Виница и околината, за повеќе сторени кривични дела поврзани со бесправна сеча и транспорт на огревно дрво.Прво и второпријавениот, Г.И. (49) од с. Калиманци и А.А. (31) од Виница, во периодот од јуни 2024 до февруари 2025 година, незаконски исекле 1.108 стебла, односно 44,32 кубни метри дрво, со што нанеле штета од 310.240 денари.Третопријавениот, Ј.П. (59), управител на правно лице од Виница, постапил несовесно при обележување на парцелите, навлегувајќи во соседни имоти. Четвртопријавениот, С.Ѓ. (64), како референт за превоз, издал осум приемници и 26 испратници за дрво без овластување и направил ознаки за сеча со несоодветен чекан.Петтопријавениот, Љ.В. (63), изготвил Одобрение за сеча без соодветна контрола, а шестопријавениот, Б.П. (64), го потпишал без проверка. Седмо и осмопријавените, З.С. (66) и Т.М. (71), вршеле превоз на огревно дрво без лиценца.Случајот се истражува понатаму, а против сите осомничени ќе следуваат соодветни кривични пријави.

Македонија | пред 1 седмица

media-library79rgnkfhu8oc2jIhEpt

Вработен како обезбедување украл 2 километри бакарни кабли вредни 200.000 евра

На 10 февруари 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода Т. М. (68) од Скопје, вработен како обезбедување, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“.Според пријавата, во период од еден месец од објект во изградба на подрачјето на Центар се одземени два километри бакарни кабли, со проценета вредност од околу 200.000 евра. Каблите се користеле за градежни работи на подземен булевар.Извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а против осомничениот ќе следува соодветна пријава по целосно документирање на случајот.

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryf698hv9ani4karqtBHE

Кривична за стружанец: Фатен со хашиш при излез од фабрика за медицински канабис

Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид поднел кривична пријава против 42-годишен жител на Струга, откако кај него бил пронајден и одземен хашиш.Дрогата кај осомничениот со иницијали Ј. П., според полициските инфомации, била пронајдена во момент кога тој излегувал од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид.„При излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хашиш“, се вели во информацијата од СВР Охрид.Со кривичната пријава осомничениот стружанец се товари за кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Македонија | пред 1 седмица

media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB

Тепачка по сообраќајно недоразбирање во Центар, две кражби пријавени во Скопје од кои едната во финансиско друштво

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 10 февруари 2026 година, околу 11:10 часот, во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот. Во инцидентот дошло до физичка пресметка помеѓу М.С. (51) од Скопје и П.В. (28) од Струмица. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.Во друг случај, Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднела кривична пријава против Д.М. (18) и Г.Д. (25), двајцата од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин. Според информациите, на 10 февруари околу 06:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, тие на 53-годишна жена ѝ одзеле ранец во кој имало пари, документи, мобилен телефон и други предмети. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетената.Дополнително, на 10 февруари околу 05:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 9 февруари до 04:40 часот на 10 февруари, со употреба на сила и подесен алат било скршено стакло од влезна врата на објект на финансиско друштво на подрачјето на Гази Баба во Скопје. По влегувањето во објектот, биле одземени пари. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сторителите.

Македонија | пред 1 седмица

417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

Советник во МВР пријавен за проневера: Присвојувал пари од граѓани за пасоши, наместо на сметка завршиле кај него во џеб

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Штип против М.С., вработен како советник за управни работи за Штип во Одделението за управни работи Штип при Одделот за граѓански работи.Според информациите, постојат основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „проневера во служба“ по член 354 став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 1 јануари до 30 јуни 2025 година, тој, наводно, присвоил пари доверени во службата, така што во повеќе наврати од граѓани кои поднесувале барања за издавање патна исправа барал готовина, искористувајќи го нивното непознавање на законските прописи.Како што се наведува, пријавениот им кажувал на барателите дека плаќањето преку ПОС-терминал со платежна картичка не е во функција и дека е потребно износот да го платат во готово. Граѓаните му ги давале средствата во висина на цената на услугата, по што тој бил должен да ги уплати на жиро-сметката на МВР и да изврши уплата на административна такса на сметката на Буџетот на Република Северна Македонија.Иако постапката била завршувана и на граѓаните им биле издавани лични документи – пасоши, пријавениот, според наводите, не ги уплаќал средствата, туку ги присвојувал за себе.Од Одделот за внатрешна контрола најавуваат дека против М.С. ќе биде поднесен и предлог за поведување дисциплинска постапка за кршење на работниот ред и дисциплина, како и задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Македонија | пред 1 седмица

Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

Двајца браќа од Прилеп уапсени по кражба од живинарска фарма: едниот го спасувал другиот и од приведување

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 10 февруари 2026 година, околу 15:00 часот, во селото Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода Х.К. (34) од Прилеп.При извршен преглед на неговото патничко возило биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се украдени од живинарска фарма во село Долнени, а кои претходно биле пријавени како одземени. Предметите биле одземени, а осомничениот приведен за понатамошна постапка.Подоцна, од слобода бил лишен и неговиот брат Б.К. (32), кој на улицата „Орде Чопела“ во Прилеп застанал пред полициско возило и се обидел да го спречи транспортот на приведеното лице до ОВР Прилеп, при што агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија.По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryjsahk42s1lfveGFSTj5

Удрена 69-годишна жена во Тафталиџе, возачот избегал со „рено“ па бил пронајден

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 10 февруари 2026 година, околу 16:40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Његошева“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која била повредена пешачка.Според информациите, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С. (46), удрило во 69-годишната В.Д., по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата, В.Д. се здобила со телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.По преземени оперативни мерки, возачот бил пронајден и со него бил извршен службен разговор, а за настанот бил известен и надлежен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryu2c0m9v4n7h1bsWS6d5

Директор од Делчево пријавен за злоупотреба на лични податоци на вработени

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела кривична пријава против С.С. (62) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“.Според информациите, пријавениот во својство на директор на Јавно комунално претпријатие „Брегалница“ од Делчево, без знаење и согласност на две лица вработени во претпријатието, на 3 септември 2025 година на шалтер во експозитура на банка во Делчево, со сопствени средства извршил уплата на уплатници во нивно име.Како што наведуваат од полицијата, станува збор за уплати во износи од 15.374 и 35.535 денари. Со ваквото постапување, според пријавата, пријавениот им нанел нематеријална штета на честа и угледот на двајцата вработени.По целосно документирање на случајот, против С.С. е поднесена соодветна кривична пријава, а понатамошната постапка ќе ја водат надлежните органи.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryp6gll1ijv5u2eH8yUTD

Жена оштетена за 12.000 евра преку социјална мрежа: лицето се претставило како градежник од странство со капар за имот

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Тетово поднело кривична пријава против Л.М. (49) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.Според информациите од полицијата, на 15 септември 2025 година, пријавениот преку социјална мрежа довел во заблуда женско лице, претставувајќи се како сопственик на градежна фирма во странска држава, кој наводно ќе посредувал при купување на имот во истата земја.Оштетената во три наврати, преку брз трансфер на пари, на пријавениот му исплатила капар во вкупен износ од 12.000 евра. Сепак, имотот не бил обезбеден, а лицето останало без средствата.По документирањето на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава, а надлежните институции продолжуваат со понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 седмица

potkup

Уапсен Албанец, ставил пари во пасошот за да изврши поткуп на Граничен премин Блато

На 10 февруари 2026 година, околу 20:25 часот, на Граничен премин „Блато“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ го лишија од слобода Б. Ц. (33) од Република Албанија, поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ според член 358 од Кривичниот законик.При пасошка контрола при излез од државата, осомничениот во неговата патна исправа ставил пари и го известил полицискиот службеник, со што се стекнале основи за сомнение за сторено кривично дело.Албанскиот државјанин е задржан во Полициската станица Дебар, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Уапсени седум возачи без возачка дозвола, од нив двајца малолетници

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Од нив двајца во Скопје и по еден во Гевгелија, Богданци, Гостивар, Тетово и Битола. Возачот во Гостивар е малолетник, како и еден од возачите во Скопје, кој управувал мотоцикл. Лицата се приведени во полициска станица, а по насоки на јавен обвинител возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања