Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Советник во МВР пријавен за проневера: Присвојувал пари од граѓани за пасоши, наместо на сметка завршиле кај него во џеб

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Штип против М.С., вработен како советник за управни работи за Штип во Одделението за управни работи Штип при Одделот за граѓански работи.

— реклама —

Според информациите, постојат основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „проневера во служба“ по член 354 став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 1 јануари до 30 јуни 2025 година, тој, наводно, присвоил пари доверени во службата, така што во повеќе наврати од граѓани кои поднесувале барања за издавање патна исправа барал готовина, искористувајќи го нивното непознавање на законските прописи.

— реклама —

Како што се наведува, пријавениот им кажувал на барателите дека плаќањето преку ПОС-терминал со платежна картичка не е во функција и дека е потребно износот да го платат во готово. Граѓаните му ги давале средствата во висина на цената на услугата, по што тој бил должен да ги уплати на жиро-сметката на МВР и да изврши уплата на административна такса на сметката на Буџетот на Република Северна Македонија.

— реклама —

Иако постапката била завршувана и на граѓаните им биле издавани лични документи – пасоши, пријавениот, според наводите, не ги уплаќал средствата, туку ги присвојувал за себе.

— реклама —

Од Одделот за внатрешна контрола најавуваат дека против М.С. ќе биде поднесен и предлог за поведување дисциплинска постапка за кршење на работниот ред и дисциплина, како и задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytplgk73t27g53DmGrm3

МВР со засилени сообраќајни контроли низ државата

Македонија | пред 4 часа

media-library3v441ivihsja208Z9sU

Уапсен возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес

Македонија | пред 6 часа

media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Приведени четворица македонски и еден швајцарски државјанин поради марихуана

Македонија | пред 8 часа

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

Полицијата приведе 19-годишник, возел без возачка дозвола

Македонија | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања