Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

media-librarytljvsfk8b6jm7xCIUCF

Фатени шест возачи без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода шест возачи, од кои четири за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б категорија и еден под дејство на алкохол.По еден возач во прилепско – малолетник и тројца возачи од тетовско управувале возило без возачка дозвола. Еден возач во Скопје управувал возило иако имал мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија и 37-годишна жена управувала возило под дејство на алкохол. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 19 часа

media-libraryluf0t1l28kh86stuRTE

Дури шест обиди за измами вчера во Велес и Неготино: се бараат 35.000 евра за наводни операции на роднини

Шест обиди за измами со лажни лекари се пријавени вчера на подрачјето на СВР Велес, од кои пет во Неготино и еден во Велес, информира Министерството за внатрешни работи.Во Велес, 53-годишна жена пријавила дека непознато машко лице му се јавило на нејзиниот татко и му кажало дека неговата ќерка се здобила со тешки повреди и дека е потребна итна операција, за што требало да донесе пари во болницата во Велес.Останатите пет случаи биле пријавени во ОВР Неготино од лица на возраст од 69 до 78 години. Според пријавите, машко лице им се јавувало и им тврдело дека нивни блиски роднини се повредени и дека за оперативен зафат е потребно да донесат пари. Побараните суми достигнувале и до 35.000 евра.Во дел од случаите, измамникот се претставувал како лекар, а во други како полициски службеник. На некои од оштетените им било кажано парите да ги однесат во здравствени установи во Скопје, а на други во болницата во Велес.Сите пријавители се посомневале во веродостојноста на повиците, ги контактирале своите блиски и утврдиле дека станува збор за обид за измама.Од СВР Велес апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни при комуникација со непознати лица и сите сомнителни повици веднаш да ги пријават во најблиската полициска станица. Полицијата најавува засилени превентивни активности, особено насочени кон повозрасната популација, со цел навремено информирање и едукација за препознавање и спречување на телефонските измами.

Македонија | пред 20 часа

media-librarya2r94nrt928c4KqhVzZ

Приведени пет лица, фатени во момент на купопродажба на марихуана

На 17.02.2026, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода пет лица во Радовиш и радовишко, поради постоење основи на сомнение за купопродажба и поседување на марихуана.Во село Бучим, радовишко, во 21:55 часот беа приведени Е.С.(36) од Бучим и М.Р.(29) и Б.У.(24), двајцата од Радовиш. Лицата биле затекнати во паркирано возило „Форд“ во момент на купопродажба на марихуана. При пристап на полицијата, Е.С. фрлил повеќе пакувања со марихуана, кои биле пронајдени и одземени. М.Р. и Б.У. признале дека купувале марихуана од Е.С.Истиот ден, во 19:20 часот на влез во Радовиш, полицијата лишила од слобода и Ј.А.(24) и М.У.(28), двајцата од Радовиш, при што при преглед во такси возило била пронајдена марихуана. Тие признале дека наркотикот го купиле од Е.С.По целосно документирање, против сите пет лица ќе бидат поднесени соодветни пријави, а за случаите е известен јавен обвинител.

Македонија | пред 21 час

media-library6ir2qj0ccikqcjtSn2l

Физички напад во Тетово по расправија на социјална мрежа

СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.Д.(27), В.М.(28), Е.Д.(26) и Ј.Т.(21), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.На 15.12.2025 година, пред угостителски објект во Тетово, по претходни недоразбирања на социјална мрежа, пријавените физички ги нападнале С.Р.(33) и Р.У.(18), двајцата од тетовско. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 21 час

media-library11umh2gfq8r73Sy6Z9x

Позајмица од 1.000 евра со камата од 200 евра за еден месец: скопјанец и радовишанец осомничени за лихварство, автомобил оставен како гаранција

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Б.А.(41) од Скопје и Н.К.(31) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.Во август 2025 година, С.С. побарал позајмица од 1.000 евра од првопријавениот со цел да ги врати за еден месец со камата од 200 евра. Како гаранција, С.С. оставил патничко возило, а второпријавениот го посредувал договорот. По истекот на договорениот рок, бидејќи должникот не можел да ја врати сумата, првопријавениот пресметувал и барал несразмерна имотна корист, додека Н.К. го помагал во постапката.По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 21 час

IMG_6537

60-годишен маж фатен со поголеми количини тутун без документација

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 60-годишниот М.Н. од село Селце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „избегнување на плаќање акциза“.На 29.11.2025 година, полициски службеници на подрачјето на СВР Тетово го запреле патничкото возило „фолксваген голф“ управувано од пријавениот. При преглед на возилото, биле пронајдени поголема количина тутунски производи за кои М.Н. не приложил документација за платена акциза, ниту документи за потеклото на стоката.По целосно документирање на случајот, против пријавениот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 21 час

metalni-rabotnici

Тешка повреда на работник во фабрика во Тетово

На 17.02.2026 година во 10:10 часот, во една фабрика во Тетово, при извршување работни задачи, 46-годишниот Б.Н. од Тетово се здобил со тешки телесни повреди.Повредениот веднаш бил пренесен во приватна болница во Скопје за укажување на медицинска помош. На местото на настанот излегле екипа од СВР Тетово и инспектор од Државниот инспекторат за труд, кои извршиле увид и преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 21 час

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Американец запрен од полицијата кај Демир Капија: Не сакал да даде документи, па физички ги нападнал

На 18.02.2026 година околу 02:00 часот, кај наплатната станица Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода 36-годишен државјанин на САД, Р.С.При сообраќајна контрола, Р.С., кој управувал патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, дал на увид сообраќајна и возачка дозвола, но одбил да го покаже документот за лична идентификација. Пријавениот потоа физички ги нападнал полициските службеници.За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 21 час

licna-karta

Тинејџер чекал пари, а доби долг од над 3.000 евра: фотографија на лична карта заврши со измама

Осумнаесетгодишник од демиркапиското подрачје пријавил во ОВР Неготино дека станал жртва на злоупотреба на лична карта, откако на негово име бил подигнат кредит во износ од 215.731 денари.Според пријавата, на 17 февруари 2026 година во 09:45 часот било пријавено дека во периодот октомври–ноември 2025 година, лице во Неготино ја земало и фотографирало личната карта на пријавителот. Како што навел, тоа било сторено со изговор дека документот му е потребен за делење пакети за црква, при што му било ветено дека ќе добие паричен надомест.Меѓутоа, младото лице не добило ниту покана за учество во таква активност, ниту ветениот надомест. Подоцна, добило известување од финансиско друштво дека на негово име е подигнат кредит во висина од 215.731 денари.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сторителот.

Македонија | пред 21 час

media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Полицијата приведе 16-годишник од Дебреште, возел без положен испит: му го одзеле и возилото

Шеснаесетгодишник од селото Дебреште, општина Долнени, е лишен од слобода откако бил затекнат како управува патничко возило без положен возачки испит.Од СВР Битола информираат дека на 17 февруари 2026 година во 19:20 часот, во селото Ропотово, прилепско, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово извршиле контрола во патниот сообраќај и сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки.При проверката било утврдено дека возилото го управувал 16-годишник, кој немал положено возачки испит. Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 22 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Семејно насилство во Битола: Жена повредена со нож од сопругот

На 17.02.2026 година, во 09:15 часот, во СВР Битола е пријавено дека 30-годишна жена од Битола била физички нападната од нејзиниот сопруг С.А. Според пријавата, напаѓачот употребил остар предмет, при што ѝ нанел повреди на сопругата.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, а по документирање на настанот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 22 часа

ohrid-carsija-policija

Три одделни случаи во Охридско-кичевскиот регион: тепачка, алкохол и марихуана

Во раните утрински часови на 18 февруари 2026 година, во 04:55 часот, во СВР Охрид било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид. Според информациите, дошло до физичка пресметка помеѓу Л.У. (35) и М.Н., двајцата од Охрид. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.Истата ноќ, во 03:10 часот, на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го привеле Р.С. (36) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во градот агресивно се однесувал кон вработените. По преземените мерки било утврдено дека лицето е под дејство на алкохол, односно имало 1,06 промили алкохол во крвта. Тој бил спроведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Во меѓувреме, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ц.О. (23) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Охрид | пред 23 часа

Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12

Тешка несреќа кај Скопје: Загина возач, друг со тешки повреди

Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случи вчера, вчера доцна попладнето, на стариот пат кон селото Кучевишка Бара. Во директниот судир на две возила едно лице го загуби животот, додека друго е пренесено во болница со тешки телесни повреди.Според првичните информации, во несреќата учествувале две патнички возила со скопски регистарски таблички – „форд фиеста“ и „фолксваген голф“. Ударот бил силен, а последиците кобни.Од здобиените повреди, возачот на „форд фиестата“ починал на самото место. Смртта била констатирана од медицинска екипа, која пристигнала по пријавата за несреќата.Возачот на „фолксваген голфот“ се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил итно пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, на Ургентниот центар, каде му се укажува лекарска помош.По несреќата, полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, поради што сообраќајот на оваа делница бил привремено пренасочен. Причините за судирот се утврдуваат.

Скопје | пред 23 часа

media-libraryid83gcu8ab0d0PYykaJ

Фатени осум возачи без дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои седум за возење без возачка дозвола и еден со забрана за управување возило од Б категорија и под дејство на алкохол.Двајца возачи во Скопје и по еден возач во Прилеп, Неготино, Тетово, Кочани и Делчево управувале возило без возачка дозвола. Додека еден возач во Виница управувал возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија и под дејство на алкохол.Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 1 ден

tepacka-222

Скопјанец нападнат во казино во Карпош, уапсени две лица

На 16.02.2026 во 23:05 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца мажи од Скопје, Л.К.(19) и К.Н.(22), по претходна пријава за физички напад. Инцидентот се случил околу 22:30 часот во казино на подрачјето на Карпош, кога двајцата пријавени физички го нападнале 59-годишниот Р.М. од Скопје.По целосно документирање на случајот, против Л.К. и К.Н. ќе следуваат соодветни кривични пријави.

Скопје | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања