Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

policija-policaec-35

За еден ден приведени 15 возачи: без дозвола, под забрана и под дејство на алкохол

Петнаесет возачи биле лишени од слобода во текот на вчерашниот ден на целата територија на државата, поради управување моторни возила без возачка дозвола, со изречена активна забрана или под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.Од приведените, четворица се во Гостивар, двајца во Тетово и по еден во Велес, Кичево и Битола, кои управувале возила без положен возачки испит. Во Битола, малолетник кој претходно со возило удрил во пешак, останал без возилото кое му било одземено. Во Гостивар, пак, одземен е мопед од малолетник кој со него удрил во полициски службеник додека извршувал службени дејствија. Патничките возила им биле одземени и на останатите возачи кои биле фатени без возачка дозвола.Во Гостивар и Кавадарци биле приведени по еден возач кои управувале возило и покрај тоа што имале изречена мерка забрана за управување моторно возило од категоријата Б. И од нив се одземени возилата.Дополнително, по еден возач во Македонска Каменица, во гевгелискиот регион, во Струмица и во Македонски Брод управувале возила под дејство на алкохол. Возачите во гевгелиско и во Македонски Брод претходно предизвикале сообраќајни незгоди со материјална штета.Сите лица се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Македонија | пред 4 дена

media-library4h7e3npg346e7LCZh0l

Закани со пиштол и физички напад пред објект во Ѓорче Петров

Триесет и едногодишен жител на село Сарај пријавил дека бил физички нападнат и му било заканувано со пиштол пред сместувачки објект на подрачјето на општина Ѓорче Петров во Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 14 февруари во 01:30 часот во СВР Скопје, О.А.(31) пријавил дека претходната вечер, околу 23:20 часот, додека бил со својата девојка, две лица му се доближиле. По краток контакт, едно од лицата физички го нападнало, а потоа му се заканило и со пиштол.Полицијата презема мерки за идентификација на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 дена

tepacka

Тепачки и напади во Инциденти во Центар, Аеродром, Чаир и Трубарево: серија пријави во еден ден

Во текот на 12 и ноќта на 13 февруари во Скопје биле пријавени повеќе случаи на физички напади, закани и нарушување на јавниот ред и мир, информира Министерството за внатрешни работи.Дваесет и шестгодишниот М.А. од село Трсино, виничко, пријавил дека околу пладне на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Во друг случај, 64-годишната Т.М. од Скопје пријавила дека во објект на подрачјето на општина Аеродром, лицето А.А. агресивно се однесувало кон неа и ѝ упатило закани. И за овој настан се преземаат мерки.Дваесет и петгодишната М.Н.Ц., со престој во село Долно Лисиче, пријавила дека по претходно недоразбирање во сообраќајот на подрачјето на Аеродром била физички нападната од 52-годишната Л.Л. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Во Чаир, пак, на 12 февруари бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу А.С. (35) и 14-годишен малолетник од една страна и М.И. (50) од друга страна. По документирањето, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.Дваесетгодишната М.С. од Скопје пријавила дека во автобус на ЈСП, по претходно недоразбирање, била физички нападната од С.А., лице кое го познавала.Во доцните вечерни часови, 38-годишниот Д.С. пријавил дека во селото Трубарево бил физички нападнат од две лица. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.Надлежните институции најавуваат дека по комплетирање на доказите ќе следуваат соодветни пријави против инволвираните лица.

Скопје | пред 4 дена

pari

Пари дадени „на рака“ за заеднички бизнис, проектот никогаш не реализиран - кавадарчанка измамена за 180.000 денари

Дваесет и осумгодишна жителка на Кавадарци пријавила во Одделението за внатрешни работи Кавадарци дека била измамена за износ од 180.000 денари.Според пријавеното, женско лице од Кавадарци ѝ предложило да започнат сопствен бизнис, по што оштетената лично ѝ ги предала парите „на рака“. Договорената деловна активност, како што навела во пријавата, не била реализирана, ниту пак средствата ѝ биле вратени.Надлежните институции преземаат мерки и активности за целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности поврзани со случајот.

Македонија | пред 4 дена

media-library41d15smmt0m2a9nN10C

Со остар предмет се заканувал и кршел прозорец: прилепчанец доби кривична

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против М.Е. (36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.Според информациите, на 5 јануари 2026 година во Прилеп, пријавениот со остар предмет упатувал закани кон С.С., при што фрлал разни предмети и оштетил прозорец од семејниот дом.По целосно документирање на настанот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 4 дена

media-library4vb1d8bp8kub5P4uyV3

Малолетник без возачка прегази пешак во Битола – 42-годишник со тешки повреди

Седумнаесетгодишник од Битола е лишен од слобода откако со патничко возило „даеву тико“ удрил во 42-годишен пешак на улицата „Козјак“ во Битола, при што пешакот се здобил со тешки телесни повреди.Како што информира Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен на 13 февруари 2026 година во 18:35 часот во Секторот за внатрешни работи Битола. Возилото со битолски регистарски ознаки го управувал 17-годишник од Битола, кој удрил во пешакот Е.К. (42), исто така од Битола.Повредениот бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола, а по дополнителни проверки било утврдено дека малолетникот управувал со возилото пред да се стекне со право на управување со моторно возило. По насоки од јавен обвинител, тој е лишен од слобода, а возилото е одземено.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 дена

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Пари во патна исправа – 31-годишник осомничен за давање поткуп

На 13 февруари 2026 година во 13:50 часот на улицата „Маршал Тито“ во Македонски Брод, полициски службеници од Полициската станица Македонски Брод го лишиле од слобода З.Х. (31) од Република Албанија, поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, при редовна сообраќајна контрола било запрено товарно возило „ман“ со албански национални ознаки. При проверката на документацијата, во патната исправа што ја дал на увид, осомничениот имал ставено пари.За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 дена

DSC_0718

Акција во Кавадарци и Велес: Приведени три лица

Полициски службеници од ОВР Кавадарци на 13 февруари 2026 година ги лишиле од слобода 44-годишната Е.Д. и 40-годишниот А.К., двајцата од Кавадарци, откако при преглед кај нив, кај Е.Д. била пронајдена и одземена марихуана.Подоцна, по наредба од Основниот суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот на А.К., при што биле пронајдени и одземени жолта грутчеста материја, епрувета со жолта материја, дигитална вага, како и црна грутчеста материја.Истиот ден, во 15:50 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода 32-годишниот Н.Ц. од Велес, откако кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, каде што биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, дигитална вага и пари.Лицата се приведени во полициска станица, за настаните е известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 4 дена

media-librarya2b5lov0u842aB9yWYR

Нова тура апсења: Запленети дрога, оружје и 191 куршум

Во полициска акција спроведена на 13 февруари 2026 година во угостителски објект на улицата „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода четири лица, поради сомнение за поседување дрога и нелегално оружје.Приведени се А.Р. (23), З.А. (22) и Н.С. (24), сите од Гостивар. При извршен преглед, кај А.Р. биле пронајдени осум пакувања со бела прашкаста материја, додека кај З.А. било пронајдено едно пакување со бела прашкаста материја.Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.Р., при што биле пронајдени и одземени пиштол „берета“ калибар 22 мм, пушка карабин „застава“ калибар 8,57 мм, една рамка и вкупно 191 куршум од различен калибар, за кои лицето не поседувало соодветна дозвола.По целосно документирање на случајот, против приведените ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Македонија | пред 4 дена

media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB

Уапсен 25-годишник од Старо Нагоричане, осомничен за убиство на 78-годишна жена

На 13 февруари 2026 година во 19:30 часот, во селото Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б. (25) од село Малотино, поради сомнение дека сторил кривично дело убиство по член 123 од Кривичниот законик, соопшти Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија.Според информациите, осомничениот на 12 февруари 2026 година во домот на М.С. (78) во селото Челопек, физички ја нападнал и ја задушил со перница, при што жената починала на местото на настанот.Тој се сомничи и за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане.За настанот е известен јавен обвинител, а осомничениот е задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 4 дена

izletal-od-patoto

Сообраќајка во велешко: „Фолксваген“ излетал од патот, сопатничката тешко повредена

На 12 февруари 2026 година во 18:20 часот, во СВР Велес е пријавено дека на регионален пат, на крстосницата од село Извор кон село Богомила, велешко, патничко возило „фолксваген туран“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.У. (65) од село Горно Јаболчиште, излетало од патот.Во несреќата, сопатничката Л.У. (66) од истото село се здобила со тешки телесни повреди, а возачот М.У. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес.На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на несреќата.

Македонија | пред 5 дена

pistoli

Прилепчанка фатена со три пиштоли и 39 парчиња муниција

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.На 15 април 2025 година, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената. При претресот биле пронајдени и одземени три пиштоли, 39 парчиња муниција и рамка за пиштол.По целосно документирање на случајот, против Д.Г. ќе следува соодветна кривична пријава пред надлежното обвинителство.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryc325gi29s6npdI8dOTG

Маж се заканувал на медицински персонал од Итна помош

На 11 февруари 2026 година во 15:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Е.Б. (40) од село Долно Количани, скопско, по претходна пријава дека се заканувал на медицински персонал од Итна медицинска помош.Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 10 февруари на подрачјето на Бит Пазар.По целосно документирање на случајот против Е.Б. ќе следува соодветен поднесок од надлежните органи.

Скопје | пред 5 дена

media-library26nscj7a0089cRfRmdQ

Жена од Тетово се водела за почината се додека не се појавила со новороденче во Центарот за социјални работи

Тројца вработени во Центарот за социјални работи Тетово пријавиле сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, информираат од СВР Тетово.Според информациите, на 12 февруари 2026 година во 13:40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на 21 јануари 2026 година во Центарот пристигнало известување од Управа за водење матични книги, во кое се наведува дека на 8 декември 2025 година во Клиничка болница Тетово е родено женско дете од мајка со иницијали А.С. (27).При постапката за регистрација на новороденчето во службените евиденции на Управата, било утврдено дека мајката се води како почината од 21 октомври 2006 година, што предизвикало сомнение и било пријавено како можен случај на фалсификување службена исправа.По преземени мерки и испратени покани, на 12 февруари 2026 година лицето А.С. се појавило во Центарот за социјални работи заедно со новороденото дете и едно машко лице. Притоа, не бил приложен ниту еден документ за лична идентификација.Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе бидат соопштени дополнителни информации.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryu95hgel0obrue7xE1rJ

Скопјанка нападната од жена сред трговски центар

На 12 февруари 2026 година во 18:35 часот, Е.Б. (30) од Скопје пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната во трговски центар на подрачјето на Центар.Според информациите, нападот следувал по претходно недоразбирање меѓу неа и друго женско лице.Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите на инцидентот.

Скопје | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања