Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Тепачки и напади во Инциденти во Центар, Аеродром, Чаир и Трубарево: серија пријави во еден ден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Скопје
tepacka
Илустрација / Скопје1

Во текот на 12 и ноќта на 13 февруари во Скопје биле пријавени повеќе случаи на физички напади, закани и нарушување на јавниот ред и мир, информира Министерството за внатрешни работи.

Дваесет и шестгодишниот М.А. од село Трсино, виничко, пријавил дека околу пладне на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

— реклама —

Во друг случај, 64-годишната Т.М. од Скопје пријавила дека во објект на подрачјето на општина Аеродром, лицето А.А. агресивно се однесувало кон неа и ѝ упатило закани. И за овој настан се преземаат мерки.

— реклама —

Дваесет и петгодишната М.Н.Ц., со престој во село Долно Лисиче, пријавила дека по претходно недоразбирање во сообраќајот на подрачјето на Аеродром била физички нападната од 52-годишната Л.Л. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во Чаир, пак, на 12 февруари бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу А.С. (35) и 14-годишен малолетник од една страна и М.И. (50) од друга страна. По документирањето, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

— реклама —

Дваесетгодишната М.С. од Скопје пријавила дека во автобус на ЈСП, по претходно недоразбирање, била физички нападната од С.А., лице кое го познавала.

— реклама —

Во доцните вечерни часови, 38-годишниот Д.С. пријавил дека во селото Трубарево бил физички нападнат од две лица. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Надлежните институции најавуваат дека по комплетирање на доказите ќе следуваат соодветни пријави против инволвираните лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytg231nvnmkn2eOsI9RT

Украдени злато, пари и службена „дачиа“ на МЕПСО во Визбегово

Македонија | пред 29 минути

— реклама —
tepacka1

Напад врз сопруга, патничка во автобус и малолетно девојче: Три случаи на физичко насилство во Кочани и Скопје

Македонија | пред 2 часа

uapsen

По бегството низ прозорец од полициска станица, се предаде 24-годишникот кој физички и психички ја малтретирал партнерката

Македонија | пред 2 часа

media-library22ehvslmdm22arH0l94

Кумановка ги терала своите малолетни деца да работат и да питачат

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања