Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Вработени во државни институции вмешани во кражба на дрво – штета од 310.240 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
drva-1

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против осум лица од Виница и околината, за повеќе сторени кривични дела поврзани со бесправна сеча и транспорт на огревно дрво.

— реклама —

Прво и второпријавениот, Г.И. (49) од с. Калиманци и А.А. (31) од Виница, во периодот од јуни 2024 до февруари 2025 година, незаконски исекле 1.108 стебла, односно 44,32 кубни метри дрво, со што нанеле штета од 310.240 денари.

— реклама —

Третопријавениот, Ј.П. (59), управител на правно лице од Виница, постапил несовесно при обележување на парцелите, навлегувајќи во соседни имоти. Четвртопријавениот, С.Ѓ. (64), како референт за превоз, издал осум приемници и 26 испратници за дрво без овластување и направил ознаки за сеча со несоодветен чекан.

— реклама —

Петтопријавениот, Љ.В. (63), изготвил Одобрение за сеча без соодветна контрола, а шестопријавениот, Б.П. (64), го потпишал без проверка. Седмо и осмопријавените, З.С. (66) и Т.М. (71), вршеле превоз на огревно дрво без лиценца.

— реклама —

Случајот се истражува понатаму, а против сите осомничени ќе следуваат соодветни кривични пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytplgk73t27g53DmGrm3

МВР со засилени сообраќајни контроли низ државата

Македонија | пред 3 часа

media-library3v441ivihsja208Z9sU

Уапсен возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес

Македонија | пред 5 часа

media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Приведени четворица македонски и еден швајцарски државјанин поради марихуана

Македонија | пред 7 часа

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

Полицијата приведе 19-годишник, возел без возачка дозвола

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања