Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

МВР

brza-pomos-soobrakajka

Млад скопјанец тешко повреден по сообраќајка во Бутел, однесен е во болница

На 24.06.2022 околу 12.50 часот на крстосница од ул.„Бутелска“ со ул. „Марко Крале“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен Ц5“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.М.(29) од с.Опаје, кумановско и мопед „купа“, со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Ж.(22) од Скопје.Во несреќата М.Ж. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

IMG_4251

Ноќеска апсења на Бит Пазар, Центар, Гази Баба

На 24.06.2022 во 20.30 часот на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(24) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 24.06.2022 во 20.50 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода А.Р.(27) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Денеска (25.06.2022) во 01.05 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(38) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Денеска (25.06.2022) во 02.50 часот на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода С.Ѓ.(23) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

DSC_0052

Катастрофа во Скопје: 168 казни за прекршоци, 49 за пребрзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, а седум за користење на мобилен телефон.Изречени се и 19 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, пет мерки за некористење на сигурносен појас, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР

Скопје | пред 3 години

pistol-kursumi-zaplena

Татко си го пријавил синот во полиција, откако се обидел да го нападне со пиштол

На 22.06.2022 во 22.11 часот во СВР Скопје, Н.С. пријавил дека во угостителски објект во с.Морани, скопско, М.Н. се заканувал на неговиот татко С.С.(57) од с.Морани и се обидел да го нападне со пиштол, но бил спречен од присутните.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

2022-06-22_08-07-32-256

(ВИДЕО) Претреси во Скопје, пронадени 400 грама кокаин

На 21.06.2022 во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(31) од Скопје. При претреси на две локации кои ги користи тој, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 400 грама кокаин, таблети и дигитална вага.П.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 години

motori

МВР одзеде четири мотоцикли поради предизвикување голема бучава

Во периодот од 13.06.2022 до 19.06.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 293 возачи. Од нив, 163 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 69 возеле без возачка дозвола, четири мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

meriot

Поранешниот портпарол на МВР стана управител на хотелот „Мериот“

Иво Котевски, поранешен портпарол на Министерството за внатрешни работи, е назначен за нов директор на компанијата сопственик на „Мериот“, хотелот со убедливо најголеми приходи во земјата, објави Фактор.Котевски кој со години ја извршуваше функцијата директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, пред две недели е назначен за нов управител на Хотел Гранд М, компанијата која управува со „Мериот хотел Скопје“, на местото на Дарко Дракуловски.Инаку, Обвинителството за организиран криминал и корупција пред два месеци замрзна голем дел од имотот на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, којшто е осомничен во судскиот процес „Империја“. Во замрзнатиот имот се и уделите во познатиот скопски хотел на Плоштад Македонија.

Македонија | пред 3 години

Fabric

Полициска акција во Струмица, затекнати малолетници по полноќ, а им се точело и алкохол

На 18/19.06.2022 во периодот од 21.00 до 05.00 часот, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност (Оддел за униформирана полиција, Оддел за криминалистичка полиција, Оддел за специјални полициски операции и СВР Струмица) во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во два угостителски објекта на подрачјето на СВР Струмица. При тоа, констатирано е присуство на 36 малолетници после 24.00 часот, спротивно на законот, како и точење на алкохол на малолетници во еден од нив.Од страна на Државен трудов инспекторат било утврдено дека вработени во едниот објект немаат потребна документација. За сите прекршувања на законите ќе бидат поднесени соодвети поднесоци.

Македонија | пред 3 години

zatvor-10

Откриено што е пронајдено при претресите во затворот Идризово

На 14.06.2022 полициски службеници од Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Оддел за криминалистичка полиција и Оддел за специјални полициски операции -Единица за брзо распоредување и СВР Скопје во координација со надлежен Jавен обвинител од ОЈО Скопје, а во координација со Управата за извршување на санкции, спроведе координирана полициска акција на локација на Скопје.Притоа, извршени се претреси во КПУ Идризово, со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, како резултат на зајакната меѓуинституционална соработка, во насока на превентивно делување и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи.По добиена наредба од Судија за претходна постапка извршени се претреси во вкупно 25 ќелии во различни одделенија во КПУ Идризово. При претресите пронајдени се: поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни валути и апоени, 50-тина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножеви и повеќе други остри предмети, дрога во прашкаста, течна состојба и таблетки и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела, како што изјави портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.Дел од пронајдените предмети се одземени за понатамошна постапка од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, додека останатите предмети се предадени на затворска служба за понатамошна постапка.

Македонија | пред 3 години

236608355_549426113071238_6532646002712986989_n

277 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (13.06.2022), Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 277 возачи.Од нив три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 116 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 161 надвор од населено место. За време на акциската контрола констатирани и законски санкционирани биле и 118 други видови прекршоци.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Скопје | пред 3 години

IMG_4243

(ВИДЕО) Уапсени 17 малолетници, полицијата упадна во угостителски објекти

На 11/12.06.2022 година, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност (Оддел за криминалистичка полиција, Оддел за униформирана полиција и Оддел за специјални полициски операции) во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола на подрачјата на ОВР Прилеп, СВР Куманово и ОВР Пробиштип.Од спроведената контрола во угостителски објект во Прилеп констатирано е присуство на 17 малолетници после полноќ, спротивно на законот, две лица кои не носеле документ за лична идентификација се приведени во полициска станица заради утврдување на идентитетот, а од страна на Државен пазарен инспекторат констатирано е дека во објектот работат непријавени лица, при што бил затекнат при работа и малолетник. За објектот ќе следи соодветна санкција за непочитување на Законот за работни односи.При спроведената акциска контрола на подрачјето во Куманово, исто така, констатирани се две неправилности од страна на Државниот пазарен инспекторат за вршење на нерегистрирана дејност кои ќе бидат соодветно санкционирани, а на подрачјето на Пробиштип едно лице вработено како обезбедување, кое било без документ за идентификација, е приведено во полициска станица заради утврдување на неговиот идентитет, додека од страна на Државниот инспекторат за труд констатирани се три неправилности од Законот за инспекција.Против сите лица кои сториле прекршок ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 години

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

По концертот на Цеца, 29 возачи си заминаа дома со казни зошто биле пијани

Во текот на изминатата вечер 11/12.06.2022, во периодот од 22.00 до 02.00 часот на територија на градот Пробиштип, од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возилa под дејство на алкохол.„При контролата констатирани и законски санкционирани се 29 возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол. За време на контролата биле санкционирани и 3 учесници кои управувале патничко возило пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, 1 учесник во сообраќајот кој управувал патничко возило по истекот на важноста на сообраќајната дозвола“, велат од МВР.Инаку, вчера се одржа концерт на Цеца и Анастасија. Акциската контрола била во периодот додека траел спектаклот и по неговото завршување.

Македонија | пред 3 години

43074562_2165386260457477_7180103631398502400_o

Приведени 9 дилери на дрога во Тетово, меѓу нив еден и за издржување на казна затвор

На 10.06.2022 во 21.15 часот во кругот на основно училиште во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода: Ш.Л.(24), Т.А.(24), Д.Б.(18), Е.Е.(22), В.Л.(19), А.Е.(25), А.Ш.(24), Л.Л.(28), сите од Тетово и Џ.М.(22) од с.Стримница, тетовско, затоа што во нивна непосредна близина биле пронајдени и одземени 21 ќесичка со марихуана, а по извршена проверка било констатирано дека Л.Л. се барал и по судска наредба за издржување на затворска казна.Тој ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната, а по целосно документирање на случајот против сите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 години

apteka-kvoti-lekovi

Ограбена аптека во Аеродром

На 09.06.2022 во 20.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на бул.„Јане Сандански“ едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

IMG_4251

Малолетници натепале дете во Центар

На 09.06.2022 во 09.40 часот во Полициската станица Центар, С.М.(41) од Скопје пријавила дека на 04.06.2022 околу 23.30 часот кај угостителски објект на подрачје на Центар нејзиниот малолетен син, по претходна расправија, бил физички нападнат од друг малолетник и уште четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања