Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

МВР

tabanovce

На граница уапсен маж од Косово, приложил фалсификувана возачка дозвола

Вчера во 16.00 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 42-годишниот Ш.А. од Косово затоа шти при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека приложил фалсификувана полска возачка дозвола.Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

272001087_4637732702992325_9176916121983801368_n

Прегазена жена во Скопје, возачот избегал

Вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена 85-годишната А.З. од Скопје.Според пријавеното, околу 12.00 часот на сервисна улица која се поврзува со булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје била удрена од патничко возило, по што возачот го напуштил местото, соопшти МВР.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

bolnica-bitola

Се судрија „пежо“ и мотоцикл, тешко повреден битолчанец

На 07.10.2024 во 08.29 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Македонска фаланга“ со ул.„Буковска“ и ул.„Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(48) и мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Г.(53) двајцата од Битола.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 1 година

foto1

Се судрија „нисан“ и мотоцикл, тешко повреден 20-годишник од Кавадарци

Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на улица „Западен булевар“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Х.С.(29) и мотоцикл со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ф.Л.(20), двајцата од Кавадарци.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-08-121650

Уапсен маж од Косово, се сомничи дека го подметнал пожарот во општина Тетово

Вчера во 20.15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Р.(38) од Република Косово, со привремен престој во Скопје.Тој се сомничи дека претходниот ден го подметнал пожарот во подрумските простории на општина Тетово.Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 288 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 1 година

kicevo-3

Апсење во Кичево: едно лице уапсени, направен и претрес

На 07.10.2024 во 23.40 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево го лишиле од слобода С.З.(64) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања и неколку тегли со марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од марихуана.Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

На таван од куќа скопјанец пронашол рачна бомба

Вчера во 14.10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 48-годишниот Б.Д. од Скопје пријавил дека околу 13.45 часот на таван од куќа во селото Ново Село, скопско, пронашол рачна бомба.Бомбата ја донел и предал во станицата за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

kucinja-skitnici

Малолетно дете и повозрасен човек искасани од кучиња скитници во Скопје

Вчера во 16.15 часот во Полициската станица Центар, С.П.(37) од Скопје пријавил дека на улицата „Железничка“ во Скопје неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.Исто така вчера во 07.50 часот во Полициската станица Центар, З.Б.(52) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Скопје | пред 1 година

migranti_kola

Уапсен Србин кој криумчарел мигранти, пронајдени 11 лица од Сирија

Вчера во 20 часот на локален пат во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода 32-годишниот Ј.М. од Република Србија. Во возило „сааб“ со цол таблички, кое го управувал, биле пронајдени 11 мигранти од Сирија.Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а мигрантите се спроведени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Ј.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-07-124806

На Деве Баир уапсен Турчин, приложил фалсификувана зелена карта

Вчера во 22.00 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 36-годишниот Ј.М. од Република Турција затоа што при гранична проверка било констатирано дека на увид приложил фалсификувана зелена карта за возилото кое го управувал.Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

42528638_2159192220965800_8350112581788106752_n

Прегазен пешак во Скопско, со тешки повреди пренесен во Градска болница

Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „534“ во село Марино, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот В.Ш. удрило во пешакот, 54-годишниот П.Н., двајцата од населба Илинден, скопско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

pozar

Возрасна жена е во болница: куќа се запали во Карпош

На 05.10.2024 во 10.05 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Карпош настанал пожар во куќа, сопственост на М.К.(84), додека таа готвела.Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје, а М.К. се здобила со изгореници, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Заврши со лисици: млад скопјанец се расправал со полицајци

Денеска (06.10.2024) во 02.00 часот во Скопје, од угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.Т.(23) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2023-09-14-at-20.56.46

Тетковец натепан во затворот „Идризово“: му се нафрлиле осуденици, на чело со скопјанец и кумановец

Денеска (06.10.2024) во 00.56 часот во СВР Скопје од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека на 05.10.2024 околу 20.30 часот во установата Б.Ќ.(31) од Тетово бил физички нападнат од М.К.(29) од Куманово и А.Л.(24) од Скопје и уште неколку други лица, сите осуденици од установата.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

IMG_4256

Скопски такси-возач сам си наплатил од Австралиец кој го возел од Железничка до ГТЦ: му зел 1700 денари, оти 200 му биле малку

На 05.10.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, Ј.К.(37) од Австралија пријавил дека околу 19.40 часот во Скопје, тој и неговата сопруга влегле во такси возило, кое ги однело од трговски центар во Скопје до крстосницата помеѓу бул.„Кузман Јосифовски Питу“ и ул.„Беласица“ и за тоа на такси возачот му платиле 200 денари за еден километар.Но, возачот им кажал дека не е доволно и од паричникот на оштетениот сам одзел околу 1700 денари, а потоа им рекол да го напуштат возилото.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-06-at-13.22.13

(Видео) Затворен патот Охрид-Ресен: целосно изгоре цистерната која се запали во возење

Патот Охрид-Ресен е затворен, откако камионот за кој претходно објавивме, целосно изгоре по пожарот кој избувнал.„Денеска(06.10) на магистралниот пат Ресен Охрид поради запален камион цистерна со албански регистарски ознаки, сообраќајот на магистралниот пат А3 Ресен - Охрид од 12,30 часот е во целосен прекин. Товарното возило се запалило во движење и истото е целосно изгорено. Во пожарот нема повредени лица“, велат од МВР.Претходно:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-05-at-11.05.19

Избегал по сообраќајка каде загина маж: детали за несреќата во Струмица

На 05.10.2024 во 20.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица гo лишиле од слобода Х.Д.(33) од Струмица.Тој на 05.10.2024 во 06.40 часот на регионален пат Струмица-Валандово, на излез од село Костурино, струмичко, управувајќи патничко возило „фиат" учествувал во сообраќајна несреќа со трактор „имт" со струмички регистарски ознаки, кој влечел нерегистрирана приколка, управуван од Р.Ш.(40) од село Костурино, по што Х.Д. го напуштил местото на настанот.Во сообраќајната несреќа на местото на настанот починал Г.Б.(51) од село Костурино, а со телесни повреди се здобил Т.Б.(54), од село Костурино, кои се превезувале на полуприколката.Увид на местото извршија јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.Х.Д. е задржан во Полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

IMG_6308

Тројца повредени: судир меѓу „шкода“ и „мерцедес“ донесе и тешки последици

На 05.10.2024 околу 12.00 часот во СВР Куманово, било пријавено дека на ул.„Братство и единство“ во Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(62) и патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(60), двајцата од Куманово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д. а со телесни повреди се здобил С.Р. и неговиот сопатник И.Ѓ.(44) од Куманово, констатирани во Општата болница во Куманово.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-09-29-at-12.14.03

Турци излетале со „хјундаи“ кај Беловиште во гостиварско

Денеска (06.10.2024) во 04.35 часот во ОВР Гостивар, било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Србиново на мостот кај с.Беловиште, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(45) од Р.Турција, излетало надвор од патот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди неговите сопатници И.Н.(22) и О.Т.(23), двајцата од Р.Турција, констатирани во Општата болница во Гостивар.Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-51-5060PM

Двајца малолетници завршија на Ургентен: „ауди“ се судри со веспа во Кисела Вода

На 05.10.2024 во 19.05 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје, на крстосница од ул.„Февруарски поход“ и сервисна улица која води кон паркинг простор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(36) од Скопје, мопед „априлија“, управуван од малолетник од Скопје и уште еден мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, исто така управуван од малолетник од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата малолетници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

IMG_6296

Седум уапсени во Скопје, двајца имаат по 18 години: „Бела ноќ“ ја поминале во станица со прашокот кој го носеле со себе

Денеска (06.10.2024) во 03.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (06.10.2024) во 06.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (06.10.2024) во 01.30 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (06.10.2024) во 01.30 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Н.М.(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (06.10.2024) во 03.00 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, го лишиле од слобода Д.С.(34) од Кочани, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 05.10.2024 во 23.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Л.К.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (06.10.2024) во 02.10 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-05-at-21.26.58

Познати деталите за вчерашното пукање во Чаир: 19-години има повредениот, неколку куршуми летале на улицата додека тој пешачел

Скопјанец на возраст од 19-години е лицето во кое беше пукано вчера во Чаир. Тој пред полицијата го посочил и лицето кое излегло од „пасат“ и пукало кон него, додека се движел пеш. На улицата „Цветан Димов“, не бил испукан еден, туку неколку куршуми.Повредениот бил опериран, но и натаму е на болничко лекување во ГОБ „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Осомниченото лице е со иницијали Б.Б., познат на полциијата, по кој се трага.Како што објавивме, неофицијално, причината за пукањето се должничко-доверителски односи.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

pukanje-1

Пукање во Чаир: едно лице во болница со неколку рани

Едно лице е тешко повредено од прострелни рани во Чаир, откако во близина на маркетот „Веро“ бил отворен оган кон него. Според првичните информации, мажот се бори за живот на Клиниката „св. Наум Охридски“.Пукањето се случило пред скоро еден час. Неофицијалните информации се дека станува збор за долгови кои лицата ги имале меѓусебно, а биле направени за купо-продажба на дрога.На местото сега има десетици полицајци, истото се обезбедува - додека МВР трага по лицата кои го организирале и реализирале пукањето.„Скопје1“ побара информации од МВР, од каде собираат информации.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-05-at-21.26.58

МВР со детали за пукањето во Чаир: ликвидаторите биле во „пасат“

На 05.10.2024 во 20.20 часот пријавено е дека на ул. Цветан Димов во Скопје има повредено лице од огнено оружје. Според пријавеното, во повредениот било пукано од возило "пасат".Повредениот е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски за укажување помош.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

DSC_0052

Деца натепани од врсници во Скопје, Хрватица си го бара сопругот, уапсена девојка за упатени закани

Денеска (05.10.2024) во 03.10 часот во Полициската станица Свети Николе, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ј.(24) од Свети Николе, по претходна пријава од 18-годишна девојка, дека агресивно се однесувал и упатувал закани кон неа и нејзиниот татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 04.10.2024 во 08.30 часот во Полициската станица Чаир Т.С.(51) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг Б.С.(49) од Р.Хрватска. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.На 04.10.2024 во 21.10 часот во СВР Скопје, А.М.(38) од с.Света Петка, скопско, пријавил дека околу 12.15 часот во близина на основно училиште на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 04.10.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје, В.Г.Р.(49) од Скопје пријавила дека на 27.09.2024 околу 12.30 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Центар, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања