„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

мзшв

slika-1

Трипуновски потпиша договор со ФЗНХ за користење на финансиска поддршка во износ од 12.000.000 денари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со деканот на Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје, проф. д-р Миле Маркоски потпиша Договор за користење на финансиска поддршка за инвестициони вложувања за воспоставување на научно демонстративни примери – набавка на опрема за лабораториски анализи за квалитет и безбедност на храна во износ од 12.000.000 денари.Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста на предлогот за воспоставување на научно демонстративни примери – за модернизација на лабораториска инфраструктура за современа научно-истражувачка работа во областа на земјоделските науки – за дел IV – ПРОЕКТНИ ЕЛЕМЕНТИ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ЛАБОРАТОРИСКА ИНФРАСТРУКТУРА точки 1.1, 1.2, 1.3 и 1.4, ВОВЕДУВАЊЕ НА НОВИ МЕТОДИ НА РАБОТА И ПРОШИРУВАЊЕ НА ОПСЕГ НА АКРЕДИТАЦИЈА точки 1.2 и 1.3 и ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА НАУЧНО ИСТРАЖУВАЧКИ АКТИВНОСТИ точка 1.1, 1.2 и 1.3, но не повеќе од 12.000.000 денари со вклучен ДДВ.„Преку модернизација на лабораториска инфраструктура за современа научно-истражувачка работа во областа на земјоделските науки ќе допринесеме за развивање на земјоделието во Македонија. Со вложување во науката Македонија повторно ќе стане земјоделска држава“, истакна министерот Трипуновски.Министерот Трипуновски додаде дека преку модернизација на земјоделието и со добрите предуслови кои Македонија ги поседува, државата може да има квалитетни и безбедни земјоделски производи кои што ќе станат бренд во светот.

Македонија | пред 1 година

tripunovski

Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со директорот на Управа за хидрометеоролошки работи, Игор Лазаровски потпиша Договор за користење на финансиска поддршка за санација на радарски центри и метеоролошки станици за заштита на опремата и подобрување на условите за работа на вработените во износ од 1.000.000 денари. Со се овој износ од еден милион денари, целокупната поддршка на УХМР од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во текот на годината изнесува 13 милиони денари.Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста за санација на радарски центри и метеоролошки станици за заштита на опремата и подобрување на условите за работа на вработените во висина не повеќе од 1.000.000 денари со вклучен ДДВ.„Целта на овој Договор е санација и модернизација на радарски центри и метеоролошки станици. Само преку редовно информирање може да се предупреди за евентуалните непогоди кои што можат штетно да влијаат врз земјоделието“, појасни министерот Трипуновски.Министерот Трипуновски додаде дека преку активната соработка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со Управата за хидрометеоролошки работи може да допринесе подобрување на метеоролошкиот систем во државата.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Трипуновски: Работиме на враќање на довербата на земјоделците кон институциите бидејќи тоа е клучниот момент зошто се намалува производството во Македонија

„За жал Македонија минатата година има потрошено над една милијарда евра за храна. Она што ние го правиме како стратегија е првин да ја вратиме довербата на земјоделците кон институциите затоа што тоа е клучниот момент зошто се намалува нашето производство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство, и водостопанство, Цветан Трипуновски во интервју за Дневникот на МРТ1.„Работиме на проектирање и враќање во функција на системите за наводнување бидејќи тие се важен сегмент во делот на земјоделското производство. Исто така работиме на креирање на вистински мерки, програми кои што ќе имаат ефект врз земјоделското производство“, појасни министерот Трипуновски.Тој додаде дека субвенциите ќе бидат редовно исплаќани.„Потребно е да почувствуваат земјоделците дека од другата страна имаат партнер со кој што можат да разговараат и да ги надминуваат проблемите“, нагласи министерот.Трипуновски додаде дека ефектите од мерките кои што тој ги планира со својот тим, земјоделците ќе ги почувствуваат во 2025-та година.„Сега на прагот е есенската сеидба на пченицата и на житните култури. И веќе од наредната жетва ќе почувствуваме дека навистина сме помогнале и дека сме креирале мерки кои што ќе дадат ефект врз нашето земјоделско производство. Јас сум убеден дека тоа ќе го постигнеме зашто ги имаме сите квалитетни предуслови почва, вода и сончеви денови, го имаме и вредниот земјоделец кој што чека од другата страна односно од Владата да му помогне да го стимулира она што го произведува“, заклучи тој.Министерот истакна дека има засилени контроли за тоа што влегува во Македонија како храна. Граѓаните треба да јадат безбедна храна.„Јас како министер постојано сум на терен со земјоделците, се со цел да постигнеме што е можно повеќе и да ја вратиме довербата која што беше изгубена изминативе години“, додаде министерот Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

cvetan-tr

Трипуновски: Министерството подостапно од денеска и во општина Новаци и општина Могила преку новите подрачни канцеларии

„Денеска сум повторно на посета во општина Новаци, целта е отворање на подрачна канцеларија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Овој пат оваа канцеларија ќе биде опслужена заедно со вработените од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од општина Новаци.„Целта е како што ветивме да продолжиме да го отвораме Министерството кон земјоделците. Во оваа општина според Регистарот има некаде околу 1.000 земјоделци кои што своите потреби ги извршувале во општина Битола. Сега ќе можат овдека земјоделците да проверуваат податоци, да аплицираат итн.“, појасни министерот.Тој посочи дека целта е да се отвори Министерството и да биде подостапно за земјоделците. Тие заслужуваат да бидат информирани за секоја активност на Министерството.„Исто така потоа заминуваме и во општина Могила да отвориме и таму подрачна канцеларија. Значи општина Могила и општина Новаци ќе бидат со нови подрачни канцеларии“, истакна министерот Трипуновски.Тој додаде дека и во подрачната канцеларија во општина Могила ќе има вработени од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.„Она што во минатото го направивме заедно со директорот на Платежната агенција сите земјоделци ќе можат во самата подрачна единица да ги следат апликациите, зошто во минатото многу од земјоделците морале да патуваат во поголемите центри па дури и во Скопје. Но, овој пат земјоделците сите тие активности ќе можат да ги прават на лице место. Со тоа сакаме да покажеме дека навистина се грижиме за земјоделците да имаат повеќе време да работат на полињата, а помалку време да губат на бирократијата“, појасни Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

slika

МЗШВ: Исплатени се 216.712.603,00 денари на 4.430 млекопроизводители

„Исплатени се 216.712.603,00 денари на 4.430 млекопроизводители. Се што се вети, се исполнува. Исплатата е извршена на земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози и произведеното млеко го имаат предадено на регистрирани откупувачи на сурово млеко во месеците: август, септември, октомври, ноември и декември 2023 година“, велат од МЗШВ.Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по литар за кравјо млеко и 6 денари по литар за овчо и козјо млеко.Грижата за земјоделците е приоритет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се додава во соопштението на МЗШВ.

Македонија | пред 1 година

Cvetan-Tripunovski-02.10

Трипуновски: Земјоделското земјиште од прва до четврта категорија ќе го заштитиме, нема да има градби кои што ќе значат девастација

„Некако изминативе години повеќе се делеше земјиштето на луѓе кои што се блиски до министер, премиер итн. А, вистинските земјоделци кои што ги среќавав ширум државата молеа за парче земја за да работат и егзиситираат“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при вчерашното гостување во емисијата „Што мисли народот“ на ТВ Стар.Трипуновски додаде дека со формирање на новата Влада се распределија договорите за околу 2.700 ха земјоделска површина.„Паралелно на процесот за да нема злоупотреби, за да нема манипулации во секторот, предложив брза законска измена во Собранието на Република Македонија, тоа е Законот за земјоделско земјиште“, појасни тој.„Со Законот кој што е во процедура, веќе на комисиската расправа помина и се очекува наредниве денови да помине и на Пленарната седница, што ќе значи влегување во сила, со него го заштитуваме земјоделското земјиште. Тоа е нешто што во минатото не беше случај. Знаете дека имаше многу пренамени, се злоупотребуваше, се градеа сериозни површини со фотоволтаици, се градеа хотели итн. Ние со оваа измена земјоделското земјиште од прва до четврта категорија го заштитуваме и нема да дозволиме градби на вакви објекти кои што ќе значат девастација на земјоделското земјиште“, нагласи министерот Трипуновски.Трипуновски посочи дека проектите кои што се од јавен интерес никогаш нема да бидат стопирани, но во најголем дел ќе се стопира злоупотребата на ресурсот почва.„Вториот сегмент кој што е на барање на земјоделците е дека со оваа измена го продолжуваме рокот на владеењето на земјиштето. Знаете дека досега согласно Законот договорите за едногодишни култури беше на 15 години со можност за Анекс. Сега новите договори кои што ќе ги склучуваме ќе бидат со времетраење од 30 години. И ова го бараа земјоделците затоа што едноставно сакаа да имаат превидливост во производството“, истакна тој.Министерот додаде дека во делот на измената која што се подготвува е и Анексите да можат да се прават во пократок рок.Тој истакна дека со тие неколку измени во Законот за земјоделско земјиште се дефинираат неколку пропусти кои што во минатото се случувале, а тоа е злоупотребата на овој ресурс.Министерот најави и дека за 10-тина дена ќе има и нови огласи за земјоделско земјиште и ги повика земјоделците да следат.„Во минатото дадов ветување дека ќе има и посебни огласи за сточарите, тоа е многу важно. Нашето сточарско производство е многу паднато во изминатиот период, производството на месо и на млеко е многу намалено. Затоа ваквите наменски огласи ќе бидат наменети исклучиво за сточарското производство затоа што не можеме да замислиме сточарско производство без сопствена земја“, укажа тој.

Македонија | пред 1 година

Cvetan-Tripunovski-02.10

Трипуновски: За овие 100 дена нема сегмент каде што не се посветивме, работиме напорно во корист на земјоделците

„Она што го наследивме со самото влегување во Владата, во Министерството за земјоделство, е еден тотален хаос, наидовме на едно девастирано министерство, закочени проекти, неисплатени субвенции, уништено водостопанство, неподелени плати за вработените во ЈП Македонски шуми и во АД Водостопанство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при гостување во емисијата „Што мисли народот“ на ТВ Стар.„Во една реченица можам да кажам дека наидовме на едно тотално блокирано министерство поради неработењето на претходната власт“, заклучи тој.Министерот Трипуновски посочи дека во првите 100 дена во Министерството се даде силен фокус да се откочат сите процеси. Затоа приоритет беше исплатата на субвенциите, и на втората седница на Влада се донесе измена на Програмата за директни плаќања и Уредбата, со што се обезбедија околу 600 милиони денари за исплата на заостанати субвенции. Со оваа исплата беа опфатени полјоделците, сточарите, производителите на млеко, лозарите итн.„Со оваа брза интервентна исплата исплативме субвенции спрема 15.000 земјоделци. Оваа помош на земјоделците во делот на неисплатените субвенции продолжи и со ребалансот на Буџетот каде што обезбедивме повеќе од една милијарда денари и тие се за заостанати обврски кон земјоделците“, појасни министерот.„Околу 3.000 вработени беа оставени без здравствено и пензиско осигурување, без месечни примања. На предлог на премиерот обезбедивме 350 милиони денари. И платите за овие вработени беа експресно исплатени, затворивме неколку Јавни повици, склучивме над 967 договори со земјоделци ширум Македонија. За површина е некаде над 2.700 ха, што значи дека веќе го работиме процесот на распределба на земјоделското земјиште“, истакна тој.Тој додаде дека се исплатени над 493 милиони денари во делот на поддршката за мерката за зелена нафта. И исто така министерот најави дека се работи на модификација на оваа мерка бидејќи смета дека не е во полн ефект спрема земјоделците. И од наредната година ќе биде со корегирана сума и ќе биде поддршка која ќе е на задоволство на земјоделците.„Поделивме и над 6 милиони денари за 50-тина манифестации и саеми кои што се одржуваат за промоција на земјоделското производство ширум државата. Дел од нив веќе се спроведуваат, а дел од нив ќе завршат до крајот на годината“, нагласи тој.„Бевме во многу сектори вклучени, и дури се фокусиравме за заштита на нашето најголемо национално богатство, а тоа се македонските шуми. Со впрегнување на сите сили на Шумската полиција се направија десетици акции ширум територија на Република Македонија, во различни делови. Имавме преку 16 успешни акции каде што се заплени голема количина на дрвна маса, на превозни средства, алат за сечење итн.“, појасни министерот Трипуновски.Трипуновски истакна дека се склучија и два договори со два субјекти за порибување на Охридското езеро. Изминативе години немаше порибување на Охридското езеро што се стави под знак прашалник и опстанокот на нашата охридска пастрмка.„Немаше сегмент каде што не се фокусиравме и каде што не дадовме акцент, ги раздвиживме работите каде што беа закочени“, нагласи тој.Министерот посочи дека со одлука на Влада се донесе одлука да се зголеми поддршката на површина за производство на јачмен од 6.000 денари на 12.000 денари. А, за пченицата преку Програмата за интервентен фонд се обезбедија средства и ќе се поделат по 3 денари за килограм предадена пченица во регистрирани откупни центри.

Македонија | пред 1 година

tripunovski

(Видео) Трипуновски: Продолжуваме 100 проценти целосно посветени, одговорно и домаќински да работиме во интерес на сите земјоделци

„100 дена посветено работевме и покажавме дека може и мора да се работи исклучиво во интерес на македонските земјоделци. За жал, на почетокот морам да констатирам дека Министерството беше целосно девастирано, во долгови, неисплатени плати, заостанати субвенции, целосно закочени проекти, но и сериозни сомнежи за криминал од претходното раководство. Со еден збор наследив хаос и тотално безредие“, кажа на денешната прес-конференција, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски по повод 100 дена нова Влада.„Но, изговори не смее да има. Ниту земјоделците, ниту граѓаните не смеат и не се должни да ги слушаат оправдувањата. Нашата обврска е да работиме за подобрување на работите.Ние се обврзавме на целосна трансформација на државата и целосно ресетирање на системот и конечно ставање на институциите во функција на земјоделците.Ова е Влада на земјоделците, и наш приоритет е да покажеме и докажеме дека земјоделците се нашиот партнер и заедно ќе ги креираме сите земјоделски политики.Токму затоа на првите владини седници донесовме одлука за исплата на повеќе од 600 милиони денари за заостанати субвенции од минатото, а во годината која што ќе следи ќе се исплаќаат и заостанатите и ќе продолжиме со редовно сервисирање на тековните субвенции.Проблем со кој се соочивме на самиот почеток беа и заостанатите плати на ЈП Национални шуми, и вработените во АД Водостопанство, каде што имаше неисплатени за 4 месечни плати. И претходната власт ги остави повеќе од 3.000 вработени во овие две институции без животна егзистенција. И затоа со ребалансот на Буџетот се обезбедија 350 милиони денари и истите средства беа префрлени до институциите и платите беа експресно исплатени“, изјави министерот Трипуновски.„100 дена се мал период за да покажеме на земјоделците дека Владата е насочена кон решавање на нивните проблеми. Но за овие 100 дена решивме многу проблеми кои биле наталожени од претходното раководство.И тука нема да застанеме. Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на македонските земјоделци. Македонија е земјоделска држава, а земјоделците заслужуваат многу поголем почит и достоинство.Мојот фокус остануваат барањата на земјоделците, како и обезбедување на подобар и поквалитетен живот. Продолжуваме целосно посветени, одговорно и домаќински да работиме во интерес на сите земјоделци, 100 проценти сме посветени за работата кон македонските земјоделци“, додаде министерот Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-10-at-09.50.06

Се сретнале министерот и неговиот заменик во земјоделство: и?

Што беше толку битно за јавноста дека, замислете, денеска оствариле средба министерот и заменик министерот за земјоделство?Па тоа треба да им е секојдневие да соработуваат.И во отсуство на идеи, испратиле и соопштение до медиумите и фотографија. ПР секторот информира:„Трипуновски на средба со заменик министерот Флакрон Беџети. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари работна средба со Флакрон Беџети, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тема на денешната средба беа тековните работи во министерството“, велат оттаму.На социјалните мрежи по ова се појавија низа шеги, а оваа средба, корисниците ја споредуваат како кога некој би се пофалил дека се сретнал со сопругата и разговарале за обврските кои ќе ги имаат во текот на денот.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања