(Видео) Трипуновски: Продолжуваме 100 проценти целосно посветени, одговорно и домаќински да работиме во интерес на сите земјоделци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
tripunovski

„100 дена посветено работевме и покажавме дека може и мора да се работи исклучиво во интерес на македонските земјоделци. За жал, на почетокот морам да констатирам дека Министерството беше целосно девастирано, во долгови, неисплатени плати, заостанати субвенции, целосно закочени проекти, но и сериозни сомнежи за криминал од претходното раководство. Со еден збор наследив хаос и тотално безредие“, кажа на денешната прес-конференција, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски по повод 100 дена нова Влада.

— реклама —

— реклама —

„Но, изговори не смее да има. Ниту земјоделците, ниту граѓаните не смеат и не се должни да ги слушаат оправдувањата. Нашата обврска е да работиме за подобрување на работите.

— реклама —

Ние се обврзавме на целосна трансформација на државата и целосно ресетирање на системот и конечно ставање на институциите во функција на земјоделците.

Ова е Влада на земјоделците, и наш приоритет е да покажеме и докажеме дека земјоделците се нашиот партнер и заедно ќе ги креираме сите земјоделски политики.

Токму затоа на првите владини седници донесовме одлука за исплата на повеќе од 600 милиони денари за заостанати субвенции од минатото, а во годината која што ќе следи ќе се исплаќаат и заостанатите и ќе продолжиме со редовно сервисирање на тековните субвенции.

Проблем со кој се соочивме на самиот почеток беа и заостанатите плати на ЈП Национални шуми, и вработените во АД Водостопанство, каде што имаше неисплатени за 4 месечни плати. И претходната власт ги остави повеќе од 3.000 вработени во овие две институции без животна егзистенција. И затоа со ребалансот на Буџетот се обезбедија 350 милиони денари и истите средства беа префрлени до институциите и платите беа експресно исплатени“, изјави министерот Трипуновски.

„100 дена се мал период за да покажеме на земјоделците дека Владата е насочена кон решавање на нивните проблеми. Но за овие 100 дена решивме многу проблеми кои биле наталожени од претходното раководство.

И тука нема да застанеме. Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на македонските земјоделци. Македонија е земјоделска држава, а земјоделците заслужуваат многу поголем почит и достоинство.

Мојот фокус остануваат барањата на земјоделците, како и обезбедување на подобар и поквалитетен живот. Продолжуваме целосно посветени, одговорно и домаќински да работиме во интерес на сите земјоделци, 100 проценти сме посветени за работата кон македонските земјоделци“, додаде министерот Трипуновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarykvad2foljpe59GLfjbk

„Стабилен откуп и цена на сурово млеко“ – министерството и млекарниците постигнаа договор

Македонија | пред 1 седмица

media-library63rv5a6pvferacc9uZB

Трипуновски: Зголемен е извозот на земјоделски производи за 5,5 проценти во 2025 споредбено со 2024 година

Македонија | пред 1 месец

nikolovski-lj3

Николовски: Срамен и скандалозен „одговор“ на Трипуновски за мега - скандалот со ИПАРД средствата

Македонија | пред 2 месеци

Cvetan-Tripunovski-06.09.2025

Трипуновски: Нема потреба од загриженост кај земјоделците, вршиме контрола на 50-тина договори, ќе го информираме Брисел за исходот

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања