НЕСРЕЌА

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-26-5450PM

Трагедија на автопатот Куманово - Скопје: има загинат, но и повредени

Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на автопатот Куманово-Скопје во атарот на Агино Село, информира Министерството за внатрешни работи.Сообраќајката се случила околу 15 часот, кога автомобил во кој се превезувале три лица излетал од автопатот.Во несреќата починало едно лице, додека другите две со тешки повреди се пренесени на лекување.„Околу 15.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, атар на Агино село, кумановско, патничко возило „субару импреза“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А. (64) од Куманово, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал сопатникот Б.Н. од Куманово, а лекар од Итна медицинска помош Куманово констатирал смрт. Возачот И.А. и сопатничката Д.Н. се здобиле со телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција“, соопшти МВР.

Македонија | пред 1 година

meksiko-nesrekja1

Израелски функционер: Израел не е вмешан во смртта на Раиси

Израел на никаков начин не е вмешан во смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, изјави израелски претставник за новинската агенција Ројтерс.„Тоа не бевме ние“, рече функционерот, кој сакаше да остане анонимен.Во моментов сè укажува дека хеликоптерот се урнал поради лошите временски услови и слабата видливост, додава Ројтерс и објаснува: Иран и Израел се долгогодишни непријатели, а Израел силно се противи на развојот на нуклеарната програма на Техеран.Во различен степен, Иран поддржа, финансираше и обучи неколку групи низ регионот на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Хамас во Газа, Хутите во Јемен, Хезболах во Либан и бројни други фракции со седиште во Сирија и Ирак.Израел ретко официјално ги коментира своите активности надвор од своите граници, кои во последните месеци вклучуваат напади во Либан, Сирија и Иран.Во април, Иран започна директен напад врз Израел, овластен од Раиси, за кој рече дека е одмазда за, како што сметаше, израелски напад врз ирански дипломатски комплекс во сириската престолнина Дамаск, на 1 април, во кој беше убиен висок функционер во Корпусот на гардата на исламската револуција на Иран и уште осум офицери.

Свет | пред 1 година

iran2

Иранската влада свика итен состанок

Иранската влада свика итен состанок за денеска по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи на земјата Хосеин Амир Абдолахиан во хеликоптерска несреќа, јави иранската државна новинска агенција ИРНА.Според фотографијата што ја објави агенцијата, столчето на кое обично седи Раиси е празно и покриено со црна лента во спомен на претседателот, објави Си-Ен-Ен.Иранските државни медиуми емитуваа исламски молитви за смртта на Раиси и уште осум други откако хеликоптерот со кој патуваа се урна во иранската провинција Источен Азербејџан."Мир со Ебрахим. Навистина, така ги наградуваме оние кои прават добро. Навистина, тој беше од Наши верни слуги", се вели во стиховите од Куранот за сметката на Раиси.Раиси беше втората најмоќна фигура во политичката структура на Иран по врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи.

Свет | пред 1 година

iran

Први слики од местото на падот на хеликоптерот на иранскиот претседател: Авионот се срушил на стрмна падина, се е целосно изгорено

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан загинаа во хеликоптерска несреќа, беше потврдено утрово.Хеликоптер со девет лица налетал на неволја во густа магла додека се враќале од патување до иранско-азербејџанската граница, соопштија иранските власти во неделата.По несреќата, биле организирани повеќечасовни операции за пребарување и спасување со помош на Европската унија и Турција, меѓу другите, но екипите за итни случаи беа отежнати поради маглата и ниската температура.Објавени се првите фотографии од местото на несреќата.https://x.com/MiddleEObserver/status/1792402762099228856

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-06-4870PM

Сообраќајка кај ,,Веро Џамбо”: Автомобил се забил во бандера

Автомобил удри во бандера во близина на „Веро Џамбо“, а зад него друг автомобил со оштетени тркала.Едното возило завршило надвор од коловозната лента и удрило во метален столб при што причинета е значителна материјална штета.Полицијата врши увид на местото на настанот и го регулира сообраќајот, повеќе детали во текот на денот.

Скопје | пред 1 година

nevreme-1

Билборд висок 70 метри се урна во Индија, загинаа 14 лица

Најмалку 14 лица загинаа откако џиновски билборд се урна за време на ненадејна бура во индискиот град Мумбаи. Десетици луѓе се повредени.Билборд висок 70 метри и широк 50 метри вчера паднал врз куќи и бензинска пумпа, соопшти полицијата. Службите за итни случаи соопштија дека неколку луѓе се уште се заробени во урнатините и дека во тек е спасувачка операција.Државната влада на Махараштра, каде што се наоѓа Мумбаи, нареди истрага за инцидентот.Снимките покажуваат како огромниот билборд се ниша од ветрот пред да падне на згради во близина на прометниот пат во источните предградија на Гаткопар. Во несреќата се згмечени неколку возила.Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека екипите за итна помош поминуваат низ урнатините. Драматичната видео снимка покажува како спасувачите ја извлекуваат жртвата од под урнатиот билборд и користат електрични алати за да го исечат металот.„Спасивме околу 80 луѓе. Има еден црвен автомобил кој е сериозно оштетен, мислиме дека некои луѓе се заробени внатре“, изјави претставникот за новинската агенција АНИ.Властите велат дека билбордот е неколку пати поголем од законската големина, а агенцијата што го поставила немала дозвола. Беше испратено известување до компанијата во кое се бара да ја расклопат структурата и да ги отстранат сите слични постери.Девендра Фаднавис, заменик-главен министер на Махараштра, рече дека владата ќе обезбеди финансиска помош од 500.000 рупии (околу 5.500 евра) за семејствата на загинатите и повредените во инцидентот.Вчера песочна бура го запре сообраќајот во делови од градот, корнеше дрвја и предизвика прекин на електричната енергија.https://twitter.com/DisasterTrackHQ/status/1790088775239966775

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

Катастрофа во Кина: 9 лица загинаа во судир на камион и комбе, две лица се повредени

Девет лица загинаа, а две се повредени утринава во судир на камион и патничко комбе на автопат во северозападна Кина.Повредените се во стабилна состојба, јавија кинеските медиуми.Возачот на комбето е меѓу загинатите, додека возачот на камионот добил итна медицинска помош, изјави кинески претставник.Снимките од локалните медиуми покажуваат дека предниот дел на комбето е целосно уништен.Властите соопштија дека се истражуваат причините за несреќата, пренесе АП.

Свет | пред 1 година

IMG_3878

(Фото) Ужасна несреќа во Влае: едното возило поделено на пола, другото уништено

Едното возило е пресечено на поливина, другото е целосно уништено – ова е епилогот од сообраќајката на булеварот „Партизански одреди“ по мостот „Влајко“ односно во Влае.Тешката несреќа се случила утринава, а состојбата на патниците е непозната, освен дека се однесени во болница. На улицата има траги од кочење, распрскани делови, а еден од автомобилите е буквално без целосен заден дел од возилото.„Скопје1“ побара детали од МВР, од каде очекуваме одговори.

Скопје | пред 1 година

IMG_3879

(Видео) Детали за несреќата во Влае: Млада жена се бори за живот, го возела возилото кое е распарчено на пола

Денеска (07.05.2024) во 02.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓупатничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(32) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(27) од с.Сарај, скопско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возачот Б.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, додека неговиот сопатник И.А.(32) од с.Љубин, скопско, исто така, се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Автобус излетал од патот во Перу: Најмалку 10 лица загинати

Најмалку 10 лица загинати откако патнички автобус излетал од патот и се превртел во областа Пуно во јужниот дел на Перу, јавија локалните медиуми.Меѓуградскиот автобус се движел на релација Пуно-Куско кога се случила несреќата, јави државната новинска агенција Андина.Во автобусот имало 24 патници, а меѓу жртвите има и шестмесечно бебе, соопшти полицијата.Државната телевизија Перу Нотисиас објави дека повредените, некои со сериозни повреди, биле пренесени во блиските болници.Причината за несреќата ќе биде позната по истрагата.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Ден на жалост во Косово поради убиство на две жени

Во Косово денеска е Ден на жалост поради убиството на две жени. Одлуката за ова вчера ја донесе претседателката на Косово, Вјоса Османи, по убиството на жена во Пеќ.Вчера во Пеќ е убиена четириесет и тригодишна жена. За убиство е осомничен нејзиниот сопруг, кој претходно бил осуден за семејно насилство.Ова е втор случај на убиство на жена во Косово за краток временски период.Пред само пет дена, на 12 април, пред канцеларијата на Центарот за социјална работа во Урошевац беше убиена дваесет и едногодишна жена. Се сомнева дека убиството го извршил нејзиниот поранешен сопруг, пишува Радио Контакт плус.„Утре ќе биде ден на жалост во Косово, но нашето општество ќе биде во жалост секој ден се додека има убиства на наши жени и девојки“, напиша Османи на Фејсбук.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Се судрија автобус и автомобил, повредени се најмалку 15 лица

Петнаесет лица се повредени во судир на автобус и автомобил во Малатја во источна Турција.Сударот се случил на раскрсницата на автопатот Малатија-Елазиг, а од силината на ударот автобусот се превртел.На местото на настанот се испратени екипи од полиција, пожарникари и лекари, пишува весникот „Аксим“.Според првите информации, сите повредени се турски државјани.

Свет | пред 1 година

soobrakjajka-tajmishte-960x720-1

Кобна несреќа на автопатот Велес-Скопје: Едно лице загина, двајца малолетници се повредени

На 06.04.2024 во 18.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, после наплатна станица Отовица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(41) од Скопје и товарно возило „фап“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(57) од Гостивар.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.К.(39) и малолетник, двајцата од Скопје, сопатници во возилото „рено“. Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што била констатирана смрт на В.К.. Со телесни повреди се здобиле две малолетни сопатнички во возилото „рено“, како и сопатникот во товарното возило, М.З.(65) од Гостивар, констатирани во болницата во Велес.По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Се урна хеликоптер на Алпите: Загинаа три лица

Три лица загинаа, а тројца се повредени при урнување на хеликоптер кој превезувал скијачи до планината Петит Комбин во кантонот Вале на швајцарските Алпи, соопшти локалната полиција.„Кога стигна до врвот на планината на 3.668 метри надморска височина, од причини што допрва ќе треба да ги утврди истрагата, авионот се лизна по северната падина“, се вели во полициското соопштение, според Гардијан.Покрај пилотот, водичот и неговата ќерка, во леталото имало и четворица скијачи, но полицијата не го соопштува нивниот идентитет.Во рамки на спасувачките активности на местото на несреќата се испратени седум хеликоптери и веднаш им била укажана помош на две повредени лица, а потоа е спасено и трето лице, соопшти полицијата.За жал, телата на другите тројца патници во леталото се пронајдени без знаци на живот“, се наведува во полициското соопштение.Во понеделникот на други локации во кантонот Вале на југоисточниот дел на Швајцарија, три лица загинаа во лавина, меѓу кои и 15-годишно момче од САД.

Свет | пред 1 година

planina-magla-snezna-bura

Хорор во Албанија: Хрватка загинала на најопасниот врв, спасени планинари од Србија

Албанската планинска спасувачка служба соопшти дека вчера на планината Језерски врв загинала хрватска државјанка. Според албанската ГСС, во акцијата биле спасени седум планинари - четворица од Хрватска и тројца од Србија.Како што неофицијално дознаваат хрватските медиуми, починала хрватската државјанка (43) од Осиек која паднала од карпа. Акцијата за спасување ја извршил хеликоптер на Министерството за одбрана, а во се учествувала и полицијата.Екипата за пребарување и спасување овозможила извлекување на безживотното тело и транспортирање до мртовечницата со хеликоптер. Како што се наведува во соопштението, акцијата за спасување продолжува, а спасувачите ги извлекуваат останатите туристи од местото на несреќата.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања