„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

несреќа

ambulanta

Хорор во Казахстан: Девојче загина кога врз неа паднал споменик кој бил срушен од силен ветер

Седумгодишно девојче загина откако споменик во парк во градот Атирау во Казахстан беше урнат од силен ветер, соопшти денеска градската полиција.Инцидентот се случил синоќа кога силен ветер го урнал споменикот во Алејата на хероите од Големата патриотска војна во Паркот на победата, а девојчето починало од повредите во регионалната детска болница, соопшти полицијата, пренесе Интерфакс.Истрагата за инцидентот е во тек, информираат од полицијата.

Свет | пред 1 година

gasdas

(Видео) Нова несреќа пред влезот на Охрид: возач заглавен во возилото, две излетани од патот

Несреќа се случи на излез од Охрид, во правец кон Кичево.Две возила се излетани од патот, а според првичните информации има и повредено лице. Сведоци за „Скопје1“ велат дека возач на автомобил „голф“ кој учествувал во несреќата, е заглавен во автомобилот.Поради несреќата, има долги колони на патниот правец. Повеќе информации подоцна.На овој патен правец има постојано несреќи, а најчсто во тек на летната сезона.

Охрид | пред 1 година

Нема фотографија

Камион згмечен по страшен судар со воз кај Шабац: Првата слика од местото на несреќата

Судирот меѓу воз и камион се случил денеска во селото Дубље кај Шабац. Како што потврдија за Телеграф, машиновозачот е повреден.Судирот бил пријавен во 12 часот и 15 минути.Страшна е сцената од местото на несреќата, бидејќи камионот бил целосно смачкан.

Свет | пред 1 година

Hrvatska-policija

Почина татко на пет деца во сообраќајна несреќа во Хрватска, полицијата со детали за несреќата

Триесет и тригодишен Потњанец загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 11 часот недалеку од Ѓаково. Како што соопштија од Полициската управа Осиек, возачот на приватен автомобил излетал од патот на патот меѓу Сатница Ѓаковачка - Потњан и починал на лице место.Од очевидци било утврдено дека до сообраќајната несреќа дошло поради несоодветна брзина. Имено, возачот излетал од патот и возилото повеќепати се превртело, а потоа застанало на ораното поле. Возачот, кој не носел појас, починал на местото на настанот. Телото на возачот по наредба на заменик општинскиот државен правобранител во Осиек е пренесено на обдукција во Клиничката болница во Осиек.Инаку, порталот ,,24сата" објави дека се работи за маж кој претходната вечер имал свадбена веселба која траела до доцна во ноќта. Како што дознале, тој со години живее со сопругата со која има пет мали деца. Неговата сопруга е бремена и наскоро ќе роди уште едно дете.

Свет | пред 1 година

martina-zaginata-grcija

Две од девојките се во тешка состојба, убиецот на Мартина заврши каде што припаѓа, објави вереникот на загинатото девојче во Грција

Ристе Илијовски, вереник на Мартина Наумовска која загина во тешката несреќа во Грција, се прости од својата сакана. Тој објави дека и нејзините две другарки се во тешка состојба, како и дека лицето кое ја предизвикало сообраќајката е онаму каде што припаѓа.„Со тешко срце и сили сакам да ги известам сите роднини, пријатели, душегрижници, зависници и душмани дека на вчерашен ден во тешка сообраќајна несреќа од страна на грчки душмани животот го одзеде на нашата најчиста душа, мојата вереница, мојата душа и човек со најголеми човечки особини кој денешно време никој ги нема, Мартина. Нема зборови со кои можам да ви опишам која карпа од човек е ова чупе, чекаме да се разбудиме од овој сон, не остави сите кога најмалку требаше, Господ ни го зеде ангелот кој со пари не се купуваше а повеќе не припаѓа на овој свет“, пишува Илијовски.Во името на фамилијата на загинатата Мартина и неговата, се прости од девојката.„Им посакувам опоравување на другите 3 девојки од кои две се во тешка состајба а за оној кој несовесно ја постигна оваа трагедија и то уби нашето чупе заврши онаму каде што припаѓа. Мартина, ти си нешто што со зборови не се опишува, нема збор во нашиот речник со кој можам да те опишам, храбра а толку мека, не бараше ништо освен љубов и внимание, најубава мистерија која некогаш постоела на овој свет, sвезда која ќе сјае на небото, ангел кој ќе сјае во рајот!Почивај во мир душо моја најсакана!“, додаде Илијовски.

Коментари | пред 1 година

Нема фотографија

Потресни зборови на мајка чија ќерка се удави кај Шабац: Се гледаа само рацете, повика помош, помош

„Наместо да ја спремам за матура, јас ја подготвувам ќерка ми за погреб“, се потресните зборови на мајка чија ќерка М.Ј. (15) која се удавила кај Шабац додека била на плажа со нејзината тетка.-Таа влезе во водата и само исчезна, немаше никој да и помогне. Кога тетката се приближи, таа можеше да ги види само рацете од водата. Викала „Помош, помош!“, по што исчезнала, изјавила мајката за Блиц. Се се случи во секунда, додава тој.Нејзината ќерка имала многу соништа и желби.-Таа рече дека кога ќе порасне уште малку, ќе заврши училиште и ќе се омажи, но не чекаше ништо. Не ни е добро, не можеме да прифатиме дека ја нема - вели мајката на малолетното девојче.Давењето се случило во месноста Адамовача, како што мештаните ја нарекуваат оваа делница од реката Дрина, во Прњавор.Несреќната девојка, како што дознаваат медиумите, живеела во близина, а кобниот ден тетка и ја однела на капење на Дрина на топол ден.Според мештаните, овој дел од реката е полн со вртлози настанати од експлоатација на чакал, а речиси и да нема лето кое не носи некоја жртва.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-06-21-at-19.43.31

(Видео) Снимки од несреќата во Солун каде загина Македонка: МНР проверува каква е состојбата на другите повредени

Македонското Минситерство за надворешни работи проверува каква е состојбата на повредените македонски државјани во Грција, кои имаа сообраќајка близу Солун. Во исто време, контактира со грчкото МНР за проверка на идентитетот на загинатата македонска државјанка. За тоа време, во јавноста се појавија и првите снимки, кои сведочат за страшната несреќа.Од нив се гледа смачканиот автомобил. Настраданите се вадени од автомобилите со помош на пожарна, бидејќи вратите биле заглавени. Задниот дел на еден од автомобилите е целосно смачкан. На другиот автомобил, му го нема речиси цел преден дел од возилото.Како што објавуваат грчките медиуми, 30 годишна жена починала, а нејзини две сопатнички на возраст од 27 и 25 години биле пренесени во болница..

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Сообраќајка пред Демир Капија: Сообраќајот во целосен прекин

Несреќа на регионален пат 1102 – село Прждево кон Демр Капија.Oд 12:10 часот поради сообраќајната незгода, сообраќајот е во целосен прекин во двата правци, известуваат од АМСМ.

Македонија | пред 1 година

soobrakjajka-pasat

Трагедија кај Тутин: Црногорец со својот автомобил усмртил српски државјанин, па избегал од местото на несреќата

Полицијата во Новопазар го уапсила С.З. (21), државјанин на Црна Гора, поради сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.Се сомничи дека С.З, управувајќи „пасат“ во Батраге, кај Тутин, при претекнување удрил во мотоцикл управуван од српски државјанин (34), а потоа го напуштил местото на настанот.Мотоциклистот подоцна починал од повредите.По наредба на Вишото јавно обвинителство во Нови Пазар, С.З. одреден е притвор до 48 часа, пишува Санџак прес.

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-47-3280PM

Сопружници од Ресен се загинатите во несреќата на Галичица, нивниот син ги пријавил за исчезнати

Вчера регионалниот ЦУК Охрид, извести, во врска со паднатото возило на планина Галичица. полициски службеници од Полициската станица Ресен со помош од параглајдеристи пронашле патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки и во негова близина биле пронајдени две починати лица.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за М.Х.(59) и М.Х.(56), двајцата од Ресен, за кои на 16.06.2024 во 22.00 часот нивниот син пријавил дека се оддалечиле од домот со возилото.Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

11 загинати во два бродоломи во близина на брегот на Италија: 66 се исчезнати

Најмалку 11 лица загинаа, а 66 се водат како исчезнати, меѓу кои 26 деца, како последица на два бродоломи во близина на брегот на јужна Италија.Агенциите на Обединетите нации објавија дека бродовите превезувале мигранти кои тргнале од Либија и Турција, јавува Би-би-си.Германската добротворна организација „Рескшип“ денеска соопшти дека во понеделникот собрала 51 лице од дрвен брод што тоне и пронашла 10 тела заробени на долната палуба во близина на островот Лампедуза.Во одделен инцидент истиот ден, повеќе од 60 лица се пријавени за исчезнати, од кои 26 се стравува дека се деца, соопшти Лекари без граници (MSF).Бродот се наоѓа на околу 200 километри од брегот на Калабрија во јужна Италија, објави Анса.Шакила Мохамади од Лекари без граници рече дека слушнала од преживеаните дека 66 лица се водат за исчезнати, меѓу кои најмалку 26 деца, некои на возраст од неколку месеци.Медитеранот е најсмртоносниот познат миграциски пат во светот.Според Обединетите нации, повеќе од 23.500 мигранти загинале или исчезнале во водите на Медитеранот од 2014 година.

Свет | пред 1 година

IMG_5734

4-годишно девојче се здобило со изгореници додека пливала во море во Грција

4-годишно девојче се здобило со страшни изгореници додека пливала во морето во Грција. Откриено е дека ја допрел морски еж додека си играла во вода.„Таа врескаше од болка и веднаш притрчавме кон неа, несвесни што се случи. Таа изгоре уште четири лица, едно посериозно“, вели мајката на девојчето.Инцидентот се случил пред неколку дена во Фтиотис во централна Грција.Мајката вели дека веднаш ги отстранила остатоците од пипалата и на детето му дала кортизон.Многу отече и рекоа да не ја вадам на сонце со месеци, за да не остане лузна“, вели мајката.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Трагедија во Австрија: Во одрон загина момче

Вчера во Австрија се случи одрон во кој загина момче.Според австриските медиуми, поради обилните врнежи од претходниот ден во областа, во шумата во Зигенсдорфберг, додека мајката со двете деца и две нивни другарки биле таму, дошло до одрон.Две деца беа закопани, а за жал не успеаја навреме да спасат едно момче. Се работи за петгодишно дете.Второто закопано дете со хеликоптер е пренесено во болница, а останатите две деца се неповредени. Во акцијата за спасување на лице место учествувале повеќе од 100 пожарникари, неколку спасувачки хеликоптери и полициско куче.Нема дополнителни информации за идентитетот на жртвите, но се претпоставува дека мајката и нејзините две деца се од околината. Во областа поради обилните врнежи се забележани неколку стотици одрони.

Свет | пред 1 година

nesrekja3

(Видео) Загина потпретседателот на Малави заедно со уште девет лица во авионска несреќа

Потпретседателот на Малави, д-р Саулос Чилима, загина заедно со уште девет лица во авионска несреќа, јавуваат светските медиуми.Како што пренесува CBS News, во авионот што се урна била и неговата сопруга, а претседателскиот кабинет преку соопштение потврди дека сите патници загинале во авионската несреќа.Претседателот Лазар Чаквера прогласи ден на жалост поради смртта на Чилима и на девет други лица.Чилима и останатите патници биле на пат да присуствуваат на погребот на поранешниот државен обвинител, кога авионот исчезнал од радарот.Контролата на летање соопшти дека авионот не можел да слета на аеродромот Мзузу, на околу 320 километри од главниот град, поради слабата видливост.Според медиумите, на пилотот му било наложено да се врати во Лилонгве, по што леталото исчезнало од радарот.Чилима (51) се сметаше за можен кандидат за претседател на државата на изборите што ќе се одржат во 2025 година.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Воз усмрти жена кај Смедерево: Се обидeла да ја премине пругата на недозволено место

На отворениот дел од пругата Мала Кришна - Велика Плана, помеѓу станиците Осипаоница и Лозовик, денеска околу 11 часот, локомотива налетала на женско лице на велосипед, додека таа се обидувала да ја помине пругата на непрописно место, а во таа прилика имаше фатален исход, вели тој во соопштението на „Србија Карго“.Локомотивата патувала сама од правец на Мала Кришна кон Лапово.На местото на настанот излегоа членови на МУП и железничка комисија за истрага на вонредни настани.„Србија Карго“ овој пат апелира и предупредува да се почитуваат сообраќајните прописи и сите предупредувачки знаци, а пругата се поминува исклучиво на патните премини, бидејќи само така ќе се избегнат вакви несреќи и ќе се спасат човечки животи.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања