НЕСРЕЌА

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-41-7350PM

Се превртел автомобил на автопатот Гоце Делчев, повредени четири лица меѓу кои малолетници

На 30 август 2025 година во 13:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Гоце Делчев, во насока од Свети Николе кон Скопје, во близина на клучката Коњари, се превртело патничко возило „Хонда“ со скопски регистарски таблички управувано од З.Н. (36) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а возачот, неговата сопатничка С.Н. (36) и уште еден малолетен сопатник добиле телесни повреди. Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 4 месеци

devojcinja

Две малолетни девојчиња загинаа во страшна сообраќајка кај Кичево - ученички во ШМК „Дрита“

Трагична сообраќајна несреќа со две малолетни жртви се случила вчера доцна попладне во близината на Кичево-На 21. 08.2025 во 18:05 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локален пат во с.Колибари, кичевско, 15-годишна малолетничка од с.Колибари, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од с.Грешница, кичевско. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.Станува збор за две ученички од Школата за музичка и културна дејност „Дрита“, Ериона Рамадани и Албина Абази.„Со длабока тага и потресени срца ја примивме веста за загубата на нашите сакани ученички. Нивниот замин остави незаменлива празнина во нашите срца и во секој агол на училиштето“, наведуваат од ШМК „Дрита“.

Македонија | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-42-4810PM

Пијан возач со мерцедес прегазил девојче во Македонска Каменица и избегал, приведен е по два часа потрага

Возач во алкохолизирана состојба со „мерцедес“ синоќа прегазил 13-годишно девојче во Македонска Каменица и побегнал од местото на несреќата. Полицијата го лоцирла и привела за помалку од два часа, информира Министерството за внатрешни работи.Несреќата се случила на 12 август, околу 23 часот, на улицата Каменичка, кога автомобил со италијански регистарски таблички удрил во малолетничката. Таа се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница во Штип.По кратка потрага, возачот бил пронајден во 2.10 часот на 13 август. Алкотестот покажал присуство од 1,99 промили алкохол во крвта. Тој е приведен и задржан во полициската станица до целосно документирање на случајот.Против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

Македонија | пред 5 месеци

elen

Трагедија во Алјаска: Загина млад Бугарин, тешко повредена Македонка по судир со елен

Едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила во раните утрински часови во близина на влезот на Националниот парк и резерват Денали во Алјаска.Несреќата се случила во петокот, на 1 август, околу 1 часот по локално време, на патот Денали Парк, во близина на 235-та милја од автопатот Џорџ Паркс (познат и како автопат Паркс), јужно од влезот на паркот.Според информациите на Националната служба за паркови, 24-годишен државјанин на Бугарија управувал со возилото кога удрило во елен. Тој починал на самото место.Во возилото се наоѓала и 24-годишна девојка од Македонија, која со тешки повреди била пренесена во болница во Фербанкс, на околу 190 километри оддалеченост.Од Националната служба за паркови изјавија дека овој трагичен случај е „тежок потсетник на опасностите што ги носи присуството на диви животни на патиштата во Алјаска“, особено во раните и доцните часови кога лосовите, карибуите и други крупни животни се најактивни и често тешко видливи.Службата додаде дека е во координација со бугарската амбасада за да ги извести најблиските роднини на починатиот, по што ќе биде објавен неговиот идентитет.фото: Unsplash

Македонија | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-45-4430PM

Мотоциклист тешко повреден во несреќа кај Скудриње

Во попладневните часови на 2 август, околу 16:20 часот, на влезот во селото Скудриње се случила тешка сообраќајна несреќа во која сериозно бил повреден 48-годишниот Н.Б. од истото село, информира Министерството за внатрешни работи.Според официјалните податоци, Н.Б. управувал мотоцикл марка „Хамачи“ без регистарски таблици, кога изгубил контрола над возилото и излетал од локалниот пат. Од здобиените повреди, тој бил пренесен во Општата болница во Дебар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.На местото на настанот извршен бил увид од страна на увидна екипа при ОВР Гостивар. Причините за несреќата се сѐ уште предмет на истрага.

Македонија | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-41-7350PM

Трагедија во Кратовско: Загина маж откако се превртел трактор

Во утринските часови на 2 август, околу 9:00 часот, во кратовското село Крилатица се случила трагична несреќа во која животот го загубил 61-годишниот Д.И. од село Куклица, соопшти Министерството за внатрешни работи.Несреќата се случила кога тракторот што го управувал Д.И. се превртел, при што возачот починал на самото место. На местото на несреќата бил повикан јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Кратово.Точните околности под кои дошло до несреќата се предмет на истрага.

Македонија | пред 5 месеци

voz-Germanija

(ФОТО)Трагедија во Германија, во во железничка несреќа загинаа тројца, 50-тина се повредени

Германската полиција од Улм соопшти дека постои сомневање дека свлечиште предизвикано од силното невреме може да е причината за тешката железничка несреќа што се случи синоќа во близина на Ридлинген, во сојузната покраина Баден-Виртемберг.Во трагичниот инцидент животот го загубија три лица, а околу 50 се повредени, од кои 25 се здобиле со тешки повреди, информираа германските власти.Меѓу загинатите се и машиновозачот, како и уште еден член на персоналот на државниот железнички оператор Дојче Бан. Инцидентот се случил околу 18:10 часот, кога најмалку два вагони од регионален воз на линијата RE 55 излетале од шините.Возот се движел на релација Зигмаринген – Улм, а несреќата се случила на околу 45 километри југоисточно од Улм, близу границата со Баварија. Во моментот на несреќата, регионот бил погоден од силно невреме.Сликите од местото на трагедијата покажуваат искршени дрвја и делови од возот, вклучувајќи и откината оскана самиот раб на пругата. Екипите за спасување извлекувале патници од делумно превртени вагони, додека од позадина се слушале вознемирувачки крици. Генералниот директор на Дојче Бан, Рихард Луц, најави дека ќе го посети местото на несреќата денес, за лично да се запознае со ситуацијата и да им изрази благодарност на ангажираните служби. Тој упати сочувство до семејствата на загинатите и им посака брзо закрепнување на повредените.Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, премиерот на Баден-Виртемберг, Винфрид Кречман, како и министерот за внатрешни работи, Томас Штробл, кој беше присутен на теренот, изразија шокираност и сочувство за жртвите и нивните семејства.Железничкиот сообраќај на трасата меѓу Мундеркинген и Зигмаринген е целосно во прекин и засега не е познато кога ќе биде обновен.фото: Х

Свет | пред 6 месеци

island1

На ЕОИ има повредени спортисти, Литванец се здоби со скршеници, велосипедисти од Исланд се удрени од автомобил

Фотографија од еден од повредените исландски велосипедисти, кој учествува на Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF) во Скопје, денеска предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. На неа се гледа младиот спортист со целосно преврзана глава, и скршена рака. Станува збор за млад велосипедист од Литванија кој се повредил во трка.Но, други двајца велосипедисти од Исланд се удрени од возило додека имале неофицијален тренинг за денешната трка.„На 23.07.2025 во 12.09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на с.Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд, кои се учесници на младинските европски олимписки игри, што се одржуваат во нашата земја и кои се подготвувале за денешната велосипедска трка. Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата велосипедисти, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.„Срамота за земјата. Дојдоа деца да се натпреваруваат, да сонуваат, а ги однесовме на хирургија“, се вели во еден од коментарите на социјалните мрежи.Голем дел од јавноста го изразува својот гнев и сочувство со младите спортисти и нивните семејства. Корисниците апелираат до властите и организаторите да ја преземат одговорноста и да гарантираат дека ќе се расветли како дојде до ваков безбеден пропуст, особено кога се работи за официјален меѓународен спортски настан.Инаку, Европскиот младински олимписки фестивал, кој за првпат се одржува во Македонија, требаше да биде симбол на спортски дух, младинска енергија и европска соработка. Наместо тоа, овие сцени го засенија целиот натпреварувачки дух.

Македонија | пред 6 месеци

lefkada-brza-pomos

Автомобил покоси двајца исландски спортисти – учесници на Европските младински олимписки игри, завршија во кумановската болница

Двајца малолетни велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри што се одржуваат во нашата земја, се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на 23 јули 2025 година, во 12.09 часот, на регионалниот пат Куманово–Свети Николе, во атарот на село Зубовце.Како што информираа од СВР Куманово, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Н.Б. од Куманово, удрило во двајцата велосипедисти додека тие се подготвувале за денешната велосипедска трка.Повредените спортисти се пренесени во Општата болница во Куманово, каде им биле констатирани телесни повреди. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-17-150442

Момчето кое загина со мопед во Охрид било млад фудбалер, клубот се збогуваше: Почивај во мир ангелу

Oд редовите на Охрид потврдија дека момчето кое загинало утрово со мопед откако се удрил во столб е млад фудбалер на нивниот клуб.Станувало збор за Анастас Каровски кој имаше само 16 години. Несреќата се случила на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, а случајот во полиција бил пријавен околу 1.40 по полноќ.Каровски се здобил со тешки телесни повреди, а им подлегнал на повредите откако бил однесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охирд.Неговиот другар кој бил со него на мопедот се здобил со тешки телесни повреди.

Македонија | пред 6 месеци

lekar-germanija

Лекар и медицинска сестра загинаа во авионска несреќа, авионот полетал од Пула

Четири лица загинаа во падот и експлозијата на мал авион што се урна веднаш по полетувањето од лондонскиот аеродром. Авионот бил на пат кон Холандија, откако претходно пристигнал од Пула.Меѓу загинатите во несреќата биле германскиот лекар од итната помош д-р Матијас Ејл (46), кој со години работел за германскиот Црвен крст, двајца холандски пилоти и 31-годишната медицинска сестра со германски пасош од Чиле, Марија Фернанда Рохас.Тоа и бил прв работен ден.Братот на починатиот доктор, Маркус, за „Билд“ изјавил колку било важно спасувањето животи за неговиот брат.„Беше најдобар. Спасуваше животи секој ден, само минатата недела спаси тројца од нив“, рече шокираниот Маркус Ејл. Истрагата за несреќата е во тек.Авион „Бичкрафт Б200 Супер Кинг Ер“ управуван од холандската компанија „Зиуш Авиејшн“, специјализирана за медицински евакуации итранспорт на пациенти и органи, слета во Пула од Атина, Грција, во неделата, а потоа продолжи кон Саутенд.Кратко по полетувањето, авионот се навали на едната страна, се урна и експлодираше.Британскиот одбор за истрага на воздушни несреќи (AAIB) воспостави зона на забрана на аеродромот и започна со извлекување на остатоците. Портпаролката на аеродромот изјави дека е прерано да се шпекулира за причината за несреќата.

Свет | пред 6 месеци

avtopat-Srbija

Трагедија на автопатот кај Суботица: Македонски државјанин загина, друг тешко повреден

Рано утрово, на автопатот Нови Сад–Суботица, во насока кон граничниот премин Хоргош со Унгарија, животот го загуби 39-годишен македонски државјанин, а уште едно лице е тешко повредено во тешка сообраќајна несреќа.Несреќата се случила околу 5:15 часот, кога патничко возило од марката „Киа“, по сè уште неутврдени причини, излетало од коловозот во близина на населбата Вишњевац — помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица во Суботица — и се превртело.Во несреќата на самото место починал сопатникот Н. А. (39), додека возачот А. А. (60) се здобил со тешки повреди и е хоспитализиран во болницата во Суботица.На местото на трагедијата увид извршија екипи на сообраќајната полиција и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Суботица.Српската полиција информира дека против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај.

Македонија | пред 6 месеци

Skopje-nesreka

„Дедото што ги учеше децата на внимателност, сам стана жртва на безредие“ - зетот на загинатиот скопјанец прикажа дека и натаму има возила на пешачката патека

Бојан Бошковски, зет на загинатиот Југослав Николовски, објави детали за несреќата што се случила на пешачката патека спроти Паркот на Франкофонијата, истакнувајќи дека станува збор за зона со засилен пешачки сообраќај каде во моментот имало над 30 деца.-Во погрешно време, на погрешно место, во држава во која безредието стана секојдневие… Југослав Николовски, дедо на Теа, Алек и Оги, излезе пред својата зграда на пешачката патека спроти Паркот на Франкофонијата и таму, под прозорецот од својот стан, беше убиен од мотор кој дојде од зад грб. Во тој момент, на оваа т.н. „најпешачка“ зона во Скопје, имаше повеќе од 30 деца.Југо беше човекот кој се грижеше за целото маало, кој ги учеше децата да бидат внимателни, да гледаат лево и десно кога излегуваат на патеката кон паркот. Синоќа, токму тој стана жртва на хаосот и небезбедноста што владеат во нашето општество. Овој настан уште еднаш потврдува дека никој не е заштитен, дури ни на места кои треба да бидат најбезбедни – пешачките патеки во парковите.Ова се фотографии од „пешачката“ патека, направени во текот на само еден час, кои јасно го покажуваат вистинскиот проблем со кој се соочуваме секојдневно... Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme

Скопје | пред 6 месеци

snimk2.01_31_04_07.Still004

Нови детали за хеликоптерската несреќа во Њујорк, се бара забрана за туристички летови

Си-Ен-Ен ги објави новите околности околу падот на туристичкиот хеликоптер кој во четвртокот се урна во реката Хадсон во близина на Менхетен, при што загинаа шест лица, три деца, нивните родители и пилотот.Станува збор за шпанско семејство вработено во Сименс кое било на одмор во Њујорк, а летот бил дел од роденденско изненадување.Хеликоптерот полета од центарот на Менхетен, ја обиколи Статуата на слободата и се упати по реката Хадсон. Само 16 минути по полетувањето, се урнал во близина на брегот на Њу Џерси.Сведоците опишаа како авионот наеднаш изгубил контрола, се свртел и паднал во водата наопаку. Според снимката, видливо е и како роторот се одвоил од телото на хеликоптерот неколку секунди пред падот.Починаа Агустин Ескобар (49), директор во Siemens Mobility, неговата сопруга Мерсе Кампруби Монтал, менаџер во Siemens Energy и нивните три деца - момчиња на возраст од 4 и 11 години и ќерка која требаше да наполни девет години следниот ден. Пилотот, 36-годишниот Синекес Џонсон, бил поранешен припадник на специјалните сили на САД и искусен авијатичар.Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, положи цвеќе на местото на несреќата и рече дека градот е во жалост: „Нивната болка е наша“.Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) потврди дека хеликоптерот немал рекордери за летот или видео опрема, што ја комплицира истрагата. Авионот Bell 206L-4 е произведен во 2004 година, а во последните две години FAA издаде неколку предупредувања за можни технички проблеми поврзани со роторот и погонот, но не е јасно дали тие се поврзани со оваа несреќа.Компанијата која управуваше со хеликоптерот веќе имаше две несреќи во минатото – во 2010 година во Чиле и во 2013 година во Њујорк, кога хеликоптерот принудно слета на река.Поради оваа трагедија, повторно се отворени прашањата за безбедноста на туристичките летови над Њујорк. Некои политичари бараат забрана за тие летови, како и привремена итна забрана за летови од хелиодромите во градот додека трае истрагата, додека претставниците на индустријата повикуваат на претпазливост и отфрлање на сеопфатните забрани.Истрагата е во тек, а НТСБ бара дополнителна снимка и сведочење на граѓаните. Од реката се уште се извлекуваат делови од хеликоптерот, а причината за несреќата се уште не е позната.

Свет | пред 9 месеци

snimk2.01_31_04_07.Still004

(Видео) Директорот на Сименс, неговата сопруга и трите деца загинаа во хеликоптерска несреќа

Една попладневна екскурзија за семејство шпански туристи преку замаглениот брег на Менхетен се претвори во трагедија кога хеликоптерот во кој се наоѓаа се урна во река кај брегот на Њу Џерси, при што загина целото семејство и пилотот.Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс рече дека семејството е од Шпанија. Агустин Ескобар, неговата сопруга Мерс Кампруби Монтал и нивните деца, на возраст од 4, 5 и 11 години, се идентификувани како жртви на несреќата, заедно со 36-годишниот пилот, потврдија полициски извори за ABC News. Агустин Ескобар беше извршен директор (извршен директор) на шпанската поделба на Сименс.Според полицискиот комесар на Њујорк, Џесика Тиш, службите за итна помош примиле повик во 15:17 часот. - пријавена е хеликоптерска несреќа во реката Хадсон во близина на паркот Пјер А во Хобокен, покрај брегот на Њу Џерси. По пристигнувањето полицијата од водата извадила четири лица, а пожарникарите уште две.Четири лица беа прогласени за мртви на местото на настанот, а две се пренесени во болница, рече Тиш. Градоначалникот на Џерси Сити, Стивен Фулоп изјави дека две деца биле пренесени во болница, но лекарите не успеале да ги спасат и тие исто така загиналеСпоред FlightRadar24, станува збор за хеликоптер Bell 206L-4 LongRanger IV, изграден во 2004 година, со сертификат за пловидбеност од 2016 година кој важи до 2029 година, според податоците на FAA. Информациите за пилотот не беа достапни, рече Адамс.Хеликоптерот полетал од хелиодром во Долниот Менхетен во 14 часот и 59 минути, се упатил кон југ, а потоа свртел на север по брегот на Менхетен и реката Хадсон. Во 15:08 часот стигна до мостот Џорџ Вашингтон, а потоа се сврте и полета по брегот на Њу Џерси, каде набрзо изгуби контрола, рече Тиш.Во моментот на ударот во водата, хеликоптерот очигледно бил наопаку, а од водата се гледала кабината. Има извештаи дека хеликоптерот заглавил во воздух и делови почнале да се одвојуваат - во согласност со повиците до 911, рече Тиш.Федералната управа за авијација (FAA) и Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) започнаа заедничка истрага. НТСБ го води главниот дел од истрагата.Хеликоптерот бил во посебен воздушен простор над Њујорк, каде што нема активна контрола на летот, изјави министерот Шон Дафи. Неколку минути пред влегувањето во таа зона, контрола извршила контролата на летање на аеродромот Ла Гвардија.Во текот на истрагата ќе се анализира целата документација за состојбата на хеликоптерот.

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања