Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Нови детали за хеликоптерската несреќа во Њујорк, се бара забрана за туристички летови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
snimk2.01_31_04_07.Still004

Си-Ен-Ен ги објави новите околности околу падот на туристичкиот хеликоптер кој во четвртокот се урна во реката Хадсон во близина на Менхетен, при што загинаа шест лица, три деца, нивните родители и пилотот.

Станува збор за шпанско семејство вработено во Сименс кое било на одмор во Њујорк, а летот бил дел од роденденско изненадување.

— реклама —

Хеликоптерот полета од центарот на Менхетен, ја обиколи Статуата на слободата и се упати по реката Хадсон. Само 16 минути по полетувањето, се урнал во близина на брегот на Њу Џерси.

Сведоците опишаа како авионот наеднаш изгубил контрола, се свртел и паднал во водата наопаку. Според снимката, видливо е и како роторот се одвоил од телото на хеликоптерот неколку секунди пред падот.

— реклама —

Починаа Агустин Ескобар (49), директор во Siemens Mobility, неговата сопруга Мерсе Кампруби Монтал, менаџер во Siemens Energy и нивните три деца - момчиња на возраст од 4 и 11 години и ќерка која требаше да наполни девет години следниот ден. Пилотот, 36-годишниот Синекес Џонсон, бил поранешен припадник на специјалните сили на САД и искусен авијатичар.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, положи цвеќе на местото на несреќата и рече дека градот е во жалост: „Нивната болка е наша“.

— реклама —

Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) потврди дека хеликоптерот немал рекордери за летот или видео опрема, што ја комплицира истрагата. Авионот Bell 206L-4 е произведен во 2004 година, а во последните две години FAA издаде неколку предупредувања за можни технички проблеми поврзани со роторот и погонот, но не е јасно дали тие се поврзани со оваа несреќа.

Компанијата која управуваше со хеликоптерот веќе имаше две несреќи во минатото – во 2010 година во Чиле и во 2013 година во Њујорк, кога хеликоптерот принудно слета на река.

— реклама —

Поради оваа трагедија, повторно се отворени прашањата за безбедноста на туристичките летови над Њујорк. Некои политичари бараат забрана за тие летови, како и привремена итна забрана за летови од хелиодромите во градот додека трае истрагата, додека претставниците на индустријата повикуваат на претпазливост и отфрлање на сеопфатните забрани.

Истрагата е во тек, а НТСБ бара дополнителна снимка и сведочење на граѓаните. Од реката се уште се извлекуваат делови од хеликоптерот, а причината за несреќата се уште не е позната.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryuq0p554n9dme6Q8nD2w

(Видео) Нови детали: Камионџија од Струмица загина во страшната несреќа кај Славонски Брод

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryuq0p554n9dme6Q8nD2w

(Видео) Македонец загина во тешка несреќа на автопат во Хрватска - излетал од патот и при удар во улично осветлување избувнал пожар

Свет | пред 1 месец

media-library2eqem0o1p4v229kH8bW

Трагедија кај Кванташки пазар: Возач почина зад волан

Скопје | пред 1 месец

skele

Сè повеќе несреќи на работните места: 132 случаи и 31 смртен исход во 2025 година

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања