НЕСРЕЌА

Screenshot-2025-04-09-at-10.08.30

(Видео) 98 мртви во Домениканска Република, откако се урна плафон на дискотека - во урнатините се уште се трага по луѓе

Најмалку 98 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени при уривање на покрив на дискотека во главниот град на Доминиканската Република, соопштија денеска локалните власти новиот биланс.Повеќе од 24 часа по несреќата, мали се шансите дека се уште има преживеани под урнатините на дискотеката „Џет Сет“.Инцидентот се случи вчера на концертот на пејачот Рубио Перез во ноќниот клуб „Џет сет“.Пејачката се уште под урнатините, објави Би-Би-Си.Стотици луѓе беа на концертот, а околу 400 спасувачи сè уште трагаат по преживеани.Се стравува дека бројот на загинати ќе се зголеми.Менаџерот на Рубио Перез, Енрике Паулино, им изјави на новинарите на местото на настанот дека концертот започнал нешто пред полноќ во понеделникот и дека покривот се урнал речиси еден час подоцна, при што загинал исаксофонистот на групата.На социјалната мрежа Х се појави и видео од моментот кога се урна таванот.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-08-at-14.33.13

(Видео) Најмалку 15 загинати при уривање на покривот на ноќен клуб во Доминиканската Република

Најмалку 15 лица загинаа при уривање на покривот на ноќен клуб во Доминиканската Република, соопшти локалната полиција во Санто Доминго. Трагедијата се случила во моментот кога во клубот настапувал познат пејач за кој се стравувало дека е затрупан под урнатините.Се уште не е познато како се урнал покривот на познатиот клуб „Џет сет“.Инцидентот се случил за време на настапот на познатиот пејач Рубио Перез. На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа моментот кога покривот се урна врз гостите за време на настапот на Рубио. Во еден момент музиката престанува и се гледа само темнината. Менаџерот на познатата пејачка објави дека Руби Перез се уште е под урнатините.<blockquote class="twitter-tweet" data-media-max-width="560"><p lang="es" dir="ltr">Doce personas murieron y múltiples resultaron heridos cuando se desplomó el techo de la famosa discoteca Jet- Set de República Dominicana durante la presentación del famoso merengue Rubby Pérez. <br><br>Según varios medios locales, su manejador Fernando Soto reveló que el artista aún… <a href="https://t.co/eyIKY3E0KQ">pic.twitter.com/eyIKY3E0KQ</a></p>— Molusco (@Moluskein) <a href="https://twitter.com/Moluskein/status/1909557570647314942?ref_src=twsrc%5Etfw">April 8, 2025</a></blockquote> <script async src="https://platform.twitter.com/widgets.js" charset="utf-8"></script>Локалните власти соопштија дека повеќе од 100 луѓе биле пренесени со брза помош во неколку околни болници.„Нашиот град се буди за страшната трагедија што се случи во ноќниот клуб Џет Сет. Моето најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите, а нашите мисли се со семејствата кои чекаат вести за своите најблиски“, изјави градоначалничката на Санто Доминго, Каролина Мехија де Гариго.Директорот на одделението за вонредни состојби изјави дека спасувачките екипи ќе бидат на терен се додека постои можност некој да е жив под урнатините.Во овој момент спасувачите се обидуваат со термички сигнали да утврдат колку луѓе се под урнатините.Полицијата е на лице место и врши увид, по што ќе се знаат повеќе детали за оваа страшна трагедија.

Свет | пред 9 месеци

IMG_9717

Загина Живко Пејковски, поранешен пратеник и директор на затворот „Идризово“

Во сообраќајна несреќа на 61 годишна возраст загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“.МВР објави: На местото викано Чагор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(34) и патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.П.(61), а во сопственост на  Агенцијата за храна и ветеринарство, инаку и двајцата од Демир Хисар. Во несреќата на местото на настанот починал Ж.П., а лекар од Итната медицинска помош од Демир Хисар констатирал смрт.По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола. Веста за неговата смрт беше објавена на социјалните мрежи, каде што блиските и пријателите се простуваат од него, а објавата ја сподели општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Демир Хисар.

Македонија | пред 1 година

avtobus-nesrekja

Автобус со македонски регистрации имал незгода во Србија

Автобус со македонски регистрации се излизгал и удрил во ограда на автопат во Србија, кај местото Појат. Во несреќата, нема повредени патници, ниту пак е удрено во други возила. Познато е дека има материјална штета.Во текот на денот обилните снежни врнежи предизвикаа колапс на автопатот Милош Велики.

Свет | пред 1 година

Vasko-Sazdovski

Загинатиот Саздовски бил научник во Институт во Нови Сад

Меѓу загинатите на Железничката станица во Нови Сад, каде што бетонскиот покрив се урна од зградата на станицата, беше и Васко Саздовски од Македонија.Според информации на „Политика“, тој имал 45 години и како научник работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството.Саздовски работел во оваа водечка европска институција како искусен научник.Саздовски работел во Институтот околу една година, а речиси секој викенд го поминувал дома во Македонија, каде што живеат неговата сопруга и двете деца.

Македонија | пред 1 година

IMG_6801

(Видео) Искршил семафор, се качил на жардиниера: несреќа на „Трета македонска бригада“

Сообраќајна несреќа се случи на улица „Трета македонска бригада“.Автомобил „волскваген“ срушил семафор, па се качил на жардиниера.Сообраќајната несреќа се случила околу 5 часот утринава.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Почина патник на летот од Бугарија до Ливерпул, авионот принудно слетал во Келн

Патник почина откако му се слошило на летот од Бугарија до Ливерпул. Поради тоа, авионот принудно слета во Келн.Летот на Jet2 LS3214 ја напушти Бургаска и се упати кон Британија само по 13.000 часа на 16 септември, беше објавено денеска. Околу два часа по летот, екипажот прогласи вонредна состојба поради здравствената состојба на човекот во авионот.Пилотот побарал пренасочување и „боингот 737-800“ принудно слетал во Германија по, како што пишува „Дејли мејл“, брзо спуштање.Мажот наводно доживеал акутен срцев удар и покрај напорите на екипажот, патникот починал.Авионот застанал во оддалечен дел од аеродромот во Келн и на местото на настанот дошла брза помош.

Свет | пред 1 година

germanija-1

Несреќа во Германија: Судир на возови, има повредени

На пругата меѓу Ксантен и Дуизбург, на западот на Германија, денеска регионален воз удри во паркиран товарен воз, при што се повредени 13 лица, од кои три потешко, пренесува „Шпигел“.Според портпаролот на Федералната полиција, околу 7:30 часот, регионалниот воз удрил во страната на паркиран товарен воз на ниво на премин.Полицијата испрати спасувачки хеликоптер на местото на несреќата.Регионалниот воз, во кој имало околу 30 луѓе, за време на возењето паднал на соседната пруга и затоа удрил во локомотивата на товарниот воз што бил паркиран таму, изјави портпаролот на полицијата.По несреќата и двата воза останале на шините.

Свет | пред 1 година

tajland

(Видео) На камион му откажале кочниците, налетал на колона и уништил 16 автомобили: Има повредени

На интернет кружи снимка од страшна сообраќајна несреќа во Тајланд каде се уништени или оштетени 16 автомобили, а повредени се 17 лица.Сè се случи на 22 септември во провинцијата Самут Пракан, кога камион со приколка налета на колона автомобили.Тешка сообраќајка на автопатот е снимена од надзорните камери, а полицијата морала да ја затвори делницата додека се извлекувале повредените.„Сообраќајот се забавуваше и тогаш слушнав шкрипење сопирачки. Миг подоцна видов автомобили како летаат на сите страни“, изјави сведокот Прасерт Кетбонг (51).Екипите на итната помош набрзо пристигнале на местото на настанот и превезле 17 лица во болница, меѓу кои и возачот на камионот.„Ќе ги сослушаме повредените, но и камионџијата. За процесот ќе биде информирана јавноста, согласно процедурата“, соопшти полицијата.Камионџиот тврди дека за несреќата се виновни неисправните сопирачки, пренесува Метро.

Свет | пред 1 година

ambulanta

Несреќа на регионалниот пат Куманово - Свети Николе: Со комбе удрил во застаната кола, повредени 11 лица

11 лица повредени во сообраќајна несреќа која се случи синоќа во 22 часот, помеѓу комбе и автомобил на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај месноста Света мина.,,Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(21) од Куманово и возило комбе „фолксваген крафтер“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(53) од Свети Николе, по што возилото „форд“ удрило во запрено патничко возило „волво“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(35) од Куманово.Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачите А.Ѓ. и М.Т. и девет сопатници од возилото „крафтер“, констатирани во болницата во Куманово.", информираа од МВР.По направените прегледи, повредените се пуштени од болница, информираат од Кумановската општа болница.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-09-21-at-19.17.21

(Видео) Еве како се случуваат тешки несреќи во Скопје!

Без кациги, со над дозволена врзина и со поминување на црвено светло на неколку семафори.Вака се вози од страна на млади лица низ скопските улици и покрај многубројните несреќи, од кои дел завршуваат со фатални последици.Ова е снимено попладнево во Скопје, на булеварот „Партизански одреди“.

Скопје | пред 1 година

italija

Две девојчиња загинаа на екскурзија во Италија: Мерцедес со полна брзина налета на група пешаци

Две девојчиња од Германија кои биле на екскурзија во Италија загинале кога на нив налетал мерцедес. Несреќата се случила во Лидо ди Камахоре во средата околу 19 часот.Жена, која била зад воланот на мерцедес, налетала на група пешаци и убила две девојчиња од Германија. Девојчињата биле средношколки. Италијанската полиција се уште не објавила информации за нивниот идентитет.Според надлежните, жената (44) наводно изгубила контрола над својот мерцедес кога се случила несреќата. Пред тоа со голема брзина поминала низ две црвени семафори, а потоа удрила во група пешаци.Наводно, таа прво ги удрила девојките, а потоа и останатите пешаци, за на крајот да удри во неколку паркирани возила во близина на хотелот.Според Анса, вкупно седум лица се повредени, меѓу кои и возачот. Сите се пренесени во болница, а жената е уапсена.Направен е и алкотест и нарко тест за да се провери дали е под дејство на алкохол или други супстанци.Истрагата продолжува.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Драма на летот за Рим: Стјуардесата починала пред очите на патниците

Стјуардеса, мајка на три деца од Италија, загинала пред очите на шокирани патници додека се качувале на летот од Калабрија за Рим.Стјуардесата Габриела Каиро (57), која тој ден била „обичен“ патник, се пожалила дека не се чувствувала добро додека чекала ред на влезната врата.Сепак, таа не побарала лекарска помош, сакала што поскоро да се врати дома кај сопругот и децата, пишува Daily Mail.Сите патници биле симнати додека медицинските лица се упатиле кон авионот. Се обиделе да ја оживеат, но напорите им биле залудни.Трагедијата се случила на аеродромот Реџо Калабрија, југоисточно од Неапол, Италија.Летот 1156 на ИТА Ервејс за Рим Фиумичино бил одложен, а причината за смртта на Габриела Каиро се уште не е откриена.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Судар на два патнички воза во Прага: Има повредени

Во Прага утрово се судрија два патнички воза, а во таа прилика полесно се повредени десет лица, јавува чешката агенција ЧТК, повикувајќи се на извори од спасувачката служба.Возовите се судриле во близина на станицата Прага-Либен, на пругата меѓу станицата Височани и главната железничка станица.Спасувачите соопштија дека според деталните информации од местото на настанот, десетина лица се полесно повредени, со набиеници и гребаници.Сообраќајот на тој дел од железничката пруга е во прекин.

Свет | пред 1 година

grom

(Видео) Маж погоден од гром на плажа: Се забавувал со пријателите, одеднаш нешто експлодирало, видеото е застрашувачко

Застрашувачкиот момент кога маж од Русија бил погоден од гром додека си играл со пријателите на пристаниште во Грузија е снимен на видео и објавено на IX.На видеото се гледа како Павел Смирнов (32) си играл со својот татко и пријател на плажа во градот Батуми, Џорџија, кога ненадејно го удрил гром.После тоа паѓа на земја и останува без свест.Откако бил пренесен во болница, лекарите рекле дека не е тешко повреден и дека се здобил со неколку изгореници.Како што му било кажано, чудо е што не бил сериозно повреден, па дури и мртов.Тој опиша што чувствувал кога го удрил гром.„Првото нешто што го видов беше тунел од светлина, потоа слушнав дека е молња и почнав да сфаќам што ми се случи. Се чувствував како да умрам. Изгубив свест и чувство во нозете“, рече тој.Павел додал дека насекаде чувствува болка од изгорениците."Ме болат нозете, кожата, ме болеше се внатре. Тешко е да се опише, се чувствував како да не можам да дишам", рекол тој.Тој додаде дека од ударот на гром му се искинале чевлите.Младиот човек се уште е во болница и се очекува да биде пуштен во наредните денови.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања