Промени тема
Контакт

(Видео) На камион му откажале кочниците, налетал на колона и уништил 16 автомобили: Има повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
tajland

На интернет кружи снимка од страшна сообраќајна несреќа во Тајланд каде се уништени или оштетени 16 автомобили, а повредени се 17 лица.

Сè се случи на 22 септември во провинцијата Самут Пракан, кога камион со приколка налета на колона автомобили.

Тешка сообраќајка на автопатот е снимена од надзорните камери, а полицијата морала да ја затвори делницата додека се извлекувале повредените.

— реклама —

„Сообраќајот се забавуваше и тогаш слушнав шкрипење сопирачки. Миг подоцна видов автомобили како летаат на сите страни“, изјави сведокот Прасерт Кетбонг (51).

Екипите на итната помош набрзо пристигнале на местото на настанот и превезле 17 лица во болница, меѓу кои и возачот на камионот.

— реклама —

„Ќе ги сослушаме повредените, но и камионџијата. За процесот ќе биде информирана јавноста, согласно процедурата“, соопшти полицијата.

— реклама —

Камионџиот тврди дека за несреќата се виновни неисправните сопирачки, пренесува Метро.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuq0p554n9dme6Q8nD2w

(Видео) Нови детали: Камионџија од Струмица загина во страшната несреќа кај Славонски Брод

Свет | пред 4 месеци

— реклама —
media-libraryuq0p554n9dme6Q8nD2w

(Видео) Македонец загина во тешка несреќа на автопат во Хрватска - излетал од патот и при удар во улично осветлување избувнал пожар

Свет | пред 4 месеци

media-library2eqem0o1p4v229kH8bW

Трагедија кај Кванташки пазар: Возач почина зад волан

Скопје | пред 4 месеци

skele

Сè повеќе несреќи на работните места: 132 случаи и 31 смртен исход во 2025 година

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања