НЕСРЕЌА

ruski-avion-3

Авионска несреќа: Еден авион се урна во поле во Невада, има мртви

Едно лице загина откако во понеделникот два авиони се судрија во воздух на аеродром во Невада.Авионите се урнаа еден во друг околу 9:47 часот на аеродромот Минден-Тахо, речиси еден месец откако друг судир однесе еден живот за време на полетувањето на истата писта.Властите реагираа откако еден од едномоторните авиони слета на аеродромот „додека другиот падна во поле“ во близина на автопатот 395, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Даглас, пренесе Дејли мејл.Федералната управа за авијација (FAA) соопшти дека во еден од авионите, GC-1B, имало еден патник, додека другиот, Цесна 206, имал двајца патници.Пилотот и патникот во Цесна не се повредени, додека пилотот на другиот авион починал откако паднал во блиското поле.Не е јасно што ја предизвикало фаталната несреќа.

Свет | пред 1 година

helikopter

Хеликоптерска несреќа во Русија: Тројца загинати, и припаѓал на компанија за ископ на злато

Три лица загинаа во Русија при пад на хеликоптер „Робинсон Р-66“ на компанија за ископ на злато, чии остатоци ги пронајде екипа за пребарување, соопшти денеска Центарот за цивилна заштита и заштита од пожари во Амур.Хеликоптерот кој исчезна вчера се урнал на околу 30 километри од село, а во потрагата биле вклучени 20-тина лица со теренски возила и хеликоптер Ми-8, пренесува Интерфакс.Во понеделникот хеликоптерот имал нерегистриран лет над областа Зеј во регионот Амур.Поведена е кривична постапка за прекршување на правилата за движење и контрола на воздухопловот.

Свет | пред 1 година

IMG_6543

(Видео) Две лица загинаа во сообраќајка на регионалниот пат Гостивар - Кичево

Двајца мажи загинаа во тешка сообраќајна несреќа која се случи вчера на регионалниот пат Гостивар – Кичево.Според полицијата, една од жртвите починала на местото на настанот, а другата во болницата во Гостивар.„Синоќа во 21:20 часот на СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило марка „БМВ“ управувано од Б.Х. (54) од Гостивар и тешко товарно возило „сканија“ со косовски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(60) од Косово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото Б.Х. кој починал на лице место и сопатничката Т.Р. (53) од Гостивар, која по несреќата била пренесена во Ургентниот центар во Гостивар каде им подлегнала на повредите и починала. Возачот на камионот се здобил со телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа на ОВР Гостивар заедно со Јавен обвинител.”, информираат од СВР Тетово.

Македонија | пред 1 година

IMG_6544

Еден од загинатите во синоќешната трагедија на регионалниот пат Гостивар - Кичево е газда на синџир аптеки

Познат идентитетот на загинатите во синоќешната сообраќајна несреќа на регионалниот пат Гостивар - Кичево.Тургај Ризванче е сопственик на синџирот аптеки Ризванче и Бекир Хоп кој е сопственик на сервис за часовници во Гостивар, се двете лица кои загинаа во несреќата во четвртокот вечерта.Возачот на возилото марка БМВ Бекир Хоп починал на местото на настанот, додека другиот сопатник Тургај Ризванче не ги преживеал повредите и починал во гостиварската болница. Жртвите биле пријатели.Со телесни повреди се здобил возачот на камионот, косовски државјанин со иницијали А.Т.„Синоќа во 21:20 часот на СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило марка „БМВ“ управувано од Б.Х. (54) од Гостивар и тешко товарно возило „сканија“ со косовски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(60) од Косово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото Б.Х. кој починал на лице место и сопатничката Т.Р. (53) од Гостивар, која по несреќата била пренесена во Ургентниот центар во Гостивар каде им подлегнала на повредите и починала. Возачот на камионот се здобил со телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа на ОВР Гостивар заедно со Јавен обвинител.”, информираат од СВР Тетово.

Скопје | пред 1 година

ambulanta

Познатата состојба на ученичките на кои паднал дел од таванот во училиште во Лесковац

Полицијата е известена дека две ученички од гимназијата во Лесковац со повреди се пренесени во болница, а како што информираат од Универзитетската болница Ниш, тие без видливи повреди се пренесени во Ургентниот центар Ниш и се на преглед.Медиумите јавуваат дека две девојчиња се повредени кога врз нив паднал дел од таванот во училницата.„Две девојчиња родени 2010 година од Лесковац во придружба на лекарска екипа од Лесковац се донесени во нишкиот Ургентен центар. Пациентите се свесни, комуникативни, ориентирани, без видливи повреди“, соопштија од Универзитетскиот медицински центар Ниш.Според протоколот, ќе бидат извршени сите потребни дијагностика и прегледи, стои во соопштението.Како што потврдија за Танјуг во Полициското одделение во Лесковац, информирано е и Основното јавно обвинителство.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Паднал дел од таванот во Гимназија во Лесковац: Повредени две девојчиња

Две ученичка на економското училиште во Лесковац се полесно повредени кога врз нив паднал дел од таванот во училницата.Ова училиште нема сопствен објект, па со децении ги користи просториите на Лесковачката гимназија за настава, дознава ЈУГпрес.Дел од таванот паднал за време на одмор.Во болницата во Лесковац нема детски невролог, девојчињата се испратени во Ниш на преглед за да биде на безбедно.

Свет | пред 1 година

nesrekja-bosna

Трагедија кај Сараево: Загина мигрант, на него налетал воз

Во Блажуј кај Сараево утрово загина мигрант кога на него налетал воз.Несреќата се случила во близина на бензинска пумпа нешто пред 08:00 часот.Смртта на мигрантот ја потврдија од Оперативниот центар на кантонот Сараево за порталот Кликс и додаваат дека на местото на несреќата е полициска екипа.Мигрантот починал на лице место, а во тек е истрага по што треба да се знаат повеќе детали за овој настан.

Свет | пред 1 година

Hrvatska-policija

Тешка сообраќајка во Хрватска: Бегајќи од полиција комбе излеталo од патот, десет лица се повредени

Десет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утринава во Хрватска, кога комбе излетало од патот и удрило во бандера.Се испоставило дека комбето излетало од патот додека бегало од полицијата.Според медиумите, полициски службеници, кои работеле на спречување илегален влез во Република Хрватска, околу три часот во ноќта од недела кон понеделник забележале видно натоварено комбе со швајцарски регистарски таблички.Тие со светлосни и звучни сигнали се обиделе да го спречат за контрола, но возачот ги игнорирал наредбите на полицијата и продолжил да вози зголемувајќи ја брзината. За минута или две во куќата број 141 во Малин, тој излетал од патот и удрил во столб од улично светло.Повредените се пренесени во Општата болница во Славонски Брод и Нова Градишка.

Свет | пред 1 година

avtobus

Се преврте патнички автобус во Јемен: Најмалку 14 загинати

Најмалку 14 лица загинаа при превртување на патнички автобус во југозападниот дел на Јемен.Како што јави агенцијата САБА, автобусот минувал низ планинската област Макарта кога се расипал и се превртел.Само едно лице ја преживеало несреќата и било пренесено на лекување во болница.Фаталните сообраќајни несреќи се вообичаени во Јемен, каде граѓанската војна беснее повеќе од една деценија, а инфраструктурата е уништена.Илјадници луѓе годишно умираат во таа земја поради лоши патишта, недостаток на оданочување и преголема брзина.

Свет | пред 1 година

rudnik

Пронајдено телото на рударот кој загина во рудник кај Врање

Телото на рударот Славиша Цветковиќ (73) од Лебан, кој загина во рудникот Грот кај Врање, е пронајдено вечерва.Основното јавно обвинителство Врање нареди обдукција. Се очекува и извештајот од рударската инспекција.Рударот загина при пробивање на ограничувачот во една од јамите, на длабочина од неколку стотици метри.Во моментот на несреќата тој управувал работна машина.Според информациите, телото на рударот било пронајдено на хоризонтот осум.Инаку, во последните неколку години, на почетокот на есента, во рудникот Грот се случија неколку несреќи со смртен исход.

Свет | пред 1 година

brod

Двајцата починати од потонатата милионерска суперјахта не почунале од давење во вода: Пристигнаа резултатите од обдукцијата

Сопругот и жената кои загинаа при потонување на суперјахта кај брегот на Сицилија се задушиле до смрт во воздушен меур откако останале без кислород, објавија италијанските медиуми.Џонатан Блумер, претседател на инвестициската банка Морган Стенли Интернационал и неговата сопруга Џуди беа меѓу седумте лица кои загинаа кога суперјахтата потона минатиот месец. Нивните тела се пронајдени по тридневна потрага.Двојката беше на патување со британскиот милионер Мајк Линч за да го прослават отфрлањето на нивните тужби против него во САД кога зафати страшната бура.Меѓу загинатите се Линч, неговата ќерка Хана Линч (18), неговиот адвокат Крис Морвило и неговата сопруга Неда, како и готвачот на јахтата Рекалдо Томас.Аутопсиите на нивните тела не откриле вода во нивните бели дробови, што сугерира дека умреле бидејќи нивните кабини се наполниле со јаглерод диоксид и останале без кислород.Аутопсиите на адвокатот Крис Морвил и неговата сопруга Неда биле претходно завршени, а кај четворицата жртви немало траги од повреди.Сопругата на Линч, Анџела, ја преживеа несреќата, заедно со уште 14 лица.Останатите обдукција на телата на Линч, неговата ќерка Хана и готвачот ќе бидат извршени во петок, пишуваат италијанските медиуми. Се очекува и суперјахтата да биде извлечена од морето како дел од истрагата.Италијанското обвинителство го стави под истрага капетанот на бродот, Новозеланѓанецот Џејмс Катфилд, и двајца Британци, инженерот Тим ​​Паркер Итон и членот на екипажот Метју Грифитс, под сомнение за повеќекратно убиство од небрежност и вина за бродоломот.На тројцата мажи им било дозволено да ја напуштат Сицилија додека истрагата се обидува да открие што се случило во 16-те минути кога јахтата била погодена од невреме во 3.50 часот и потонала за 60 секунди во 4.06 часот.

Свет | пред 1 година

IMG_5816

Девојче повредено во судир на два брода на Халкидики

Девојче (13) е повредено во судир на брод што се случи синоќа на Халкидики.Според грчките медиуми, инцидентот се случил во близина на Ормос Панагија на источниот брег на Ситонија.Девојка од Романија, која била на изнајмен чамец, е повредена по судир со друг пловен објект кој пловел под грчко знаме.Пристанишната управа на Јерисос по инцидентот била мобилизирана и ја презела девојката која се здобила со повреда на ногата.После тоа, со возило на Итна медицинска помош била префрлена во болницата во Солун на дополнителни прегледи.Несреќата е под истрага.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Трагедија во БиХ: Полицијата пронашла четири безживотни тела во камион

Во градот Липничко брдо, лоциран меѓу Какањ и Вареш во Федерацијата Босна и Херцеговина, полицијата пронашла товарно моторно возило во кое имало четири безживотни тела.Полицијата соопшти дека во 11.45 часот во Полициската станица Какањ било пријавено од мештани.После тоа, полициски службеници излегле на местото на настанот и ги потврдиле наводите во пријавата.Според првите, неофицијални информации, се работи за сообраќајна несреќа.

Свет | пред 1 година

IMG_6347

(Видео) Детали за сообраќајката во Кисела Вода: Тројца се повредени и во болница, настрадале и две паркирани возила

Вчера, околу 20.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Трајковски“ со ул.„Христо Татарчев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Х.(36) од Скопје и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 26 – годишната М.К. од Скопје, по што удриле во две паркирани патнички возила „хонда“ и „форд“ со скопски регистарски ознаки.“Во незгодата, со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, Ф.Т.(25) и И.Б.(25), двајацта од Скопје, сопатници во возилото „бмв“ и Б.И.(32) од Скопје, сопатник во возилото „цитроен“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“”, велат од МВР за “Скопје1”.Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Hrvatska-policija

Трагедија во Хрватска: Пронајдени три тела во викендица

Утрово околу 6:30 часот во полицијата во Хрватска било пријавено дека во викендица во областа Велика Лудина има тројца мажи кои не се чувствуваат добро.По пристигнувањето на местото на настанот, полициските службеници пронашле три безживотни тела, без видливи повреди.На местото на инцидентот се води истрага, предводена од заменик окружниот правобранител при окружното правобранителство Сисак во соработка со експерти од Центарот за форензички испитувања, истражувања и вештачења „Иван Вучетиќ“.Телата се пренесени во Одделот за патологија во Општата болница во Сисак, каде што ќе биде извршена обдукција за да се утврди точната причина за смртта.Во тек е кривична истрага која ќе ги утврди сите околности на овој настан.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања