Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

НОВИ САД

Screenshot-2025-09-05-at-22.57.59

(Видео) Брутална полициска акција во Нови Сад, фрлен солзавец и шок-бомби - хаос по улциите

Во Нови Сад вечерва од 19 часот се одржа масовен студентски протест под мотото „Србијо, дали се слушаме?“ кај крстосницата на ул. Стражиловска и бул. Цар Лазар, во близина на универзитетскиот кампус. Повод беа, како што наведоа организаторите, нарушувањето на автономијата на универзитетот и неодамнешниот упад на полицијата на Филозофскиот факултет и на Факултетот за спорт и физичко воспитување (ДИФ), кога беа користени шок-бомби и пендреци.Протести вечерва се одржаа и во други градови низ Србија – Ниш, Крагуевац, Ваљево, Кралево, Ужице, Пријепоље, Лесковац, Нови Пазар, Прокупље...Иако протестот во Нови Сад траеше мирно, Министерството за внатрешни работи објави дека има информации оти демонстрантите ќе ја нападнат полицијата. Кога граѓаните почнаа да се оддалечуваат од Филозофскиот факултет и ДИФ, следеше полициска акција.Според сведоци, полицијата започнала да ги потиснува собраните, по што дошло до инциденти. Од зградата на Ректоратот, како што јавува Н1, излетале полициски сили и нападнале мирни демонстранти. На терен се слушнале топовски удари и бил фрлен солзавец, а употребени биле и пендреци.Новинарите на Н1 јавуваат дека полицијата го исчистила кампусот не само од граѓаните и студентите, туку и од екипите кои укажувале прва помош. Еден снимател на Н1, и покрај тоа што носел кацига, бил погоден со предмет.„Сосема непотребно предизвикан инцидент од страна на полицијата. Стоевме пред зградата, кога одеднаш дваесетина полицајци излегоа и почнаа да удираат луѓе. Подоцна дојдоа возила преполни со полицајци и две бригади. Спремен сум за ова да сведочам пред сите судови во светот.“, изјави граѓанин кој сведочел пред Ректоратот.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-01-at-10.01.08

Студентите во Нови Сад повикаа на масовен протест веќе за вечерва

Студентите кои веќе неколку дена блокираат факултети на Универзитетот во Нови Сад ги повикаа граѓаните на Србија вечерва во 19 часот да им се придружат на голем протест во градот. Тие предупредуваат дека со неодамнешните упади на деканите и полицијата во факултетските објекти е сериозно нарушена автономијата на Универзитетот.„Србија, можеме ли да се слушнеме?“ – гласи пораката што студентите ја споделија на социјалните мрежи. Како што најавуваат, протестот ќе биде фокусиран во рамките на универзитетскиот кампус, а деталите ќе бидат објавени неколку часа пред почетокот. Тие очекуваат поддршка и од колегите од другите универзитети во земјата.Незадоволството на студентите избувна поради упадот на полицијата во Филозофскиот факултет и на Факултетот за физичка култура и спорт (ФФК), каде деканите и дел од вработените се наоѓаат со денови.Пред девет дена, деканот на Филозофски, Миливој Алановиќ, со колеги влегол во зградата, ги сменил бравите и им се заканил на студентите со дисциплински постапки. На негово барање, објектот е обезбеден од полицијата во опрема за разбивање демонстрации.Во понеделникот, деканот на ФФК, Патрик Дрид, со полиција и неколку маскирани лица насилно влегол во факултетот, кршејќи прозорци.Во двата случаи имало судири меѓу полицијата, студентите и граѓаните.Полицијата и жандармеријата во понеделникот употребија шок-бомби за да растераат граѓани кои се враќаа во кампусот по комеморативен собир за трагедијата на железничката станица.По најавениот протест, Здружението на професионални полицајци апелираше сите учесници – граѓани, студенти и припадници на службата – да се воздржат од понатамошна ескалација и да се свртат кон дијалог.

Свет | пред 5 месеци

6071b2cd-0244-4fbf-8b25-2ce22b7c2574

(Видео) Нови Сад: Судири меѓу полицијата и студентите, повеќе повредени и приведени

Неколку повредени граѓани, еден полицаец и повеќе приведени лица е епилогот од ноќешните судири меѓу жандармеријата и демонстрантите во Нови Сад, по одбележувањето на десет месеци од трагедијата кај железничката станица во која загинаа 15 лица, пренесуваат регионалните медиуми.Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Србија, демонстрантите се обиделе насилно да влезат во Факултетот за спорт и физичко воспитување (ДИФ), при што на полицајците им биле упатувани навреди. По два неуспешни предупредувања за разидување, полицијата интервенирала и, како што се наведува, врз нив биле фрлани пиротехнички средства и предмети. Еден полицаец бил погоден со тула во главата.Но, медиумот N1 јавува дека снимките и сведоштвата покажуваат сосема спротивна слика – полицијата употребила шок-бомби и силно интервенирала, бркајќи студенти и граѓани низ улиците. Според извештаите, било употребено прекумерно насилство врз присутните. Сите факултети во Нови Сад на социјалната мрежа X го осудија, како што наведоа, „нерационалното и непотребно користење сила“ од страна на полицијата. Медицинскиот факултет, кој е во блокада, објави: „Удари со палки по глава нема да направат да заборавиме колку се крвави вашите раце. Затоа ги боли Нови Сад, затоа нè мразат.“Во повеќе градови во Војводина вчера се одржаа протестни собири и комеморативни поворки по повод десетмесечниот спомен на жртвите од падот на надстрешницата на новосадската железничка станица. Најголемиот собир беше токму во Нови Сад, под слоганот „Србијо, Нови Сад те повикува“. Поворката заврши пред влезот на станицата каде што беше положен венец бело цвеќе. Инцидентите уследија по утринската акција на деканот на ДИФ, Патрик Дрид, кој во придружба на полицијата и неколку маскирани лица насилно влегол во зградата преку прозорец, со цел да ја прекине студентската блокада. Подоцна, кога студентите се собрале за да се вратат во установата, деканот повторно повикал полиција, која сè уште ја обезбедува зградата.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-01-at-10.01.08

(Видео) Протести во Нови Сад: Граѓани на улица, студенти преку прозор влегуваат на факултет

Во Нови Сад продолжуваат протестите поради обележувањето на десет месеци од трагедијата на Железничката станица. Голем број граѓани се собираат пред факултетските објекти, каде атмосферата е напната.Студентите, кои со месеци се во блокада, денеска решија на необичен начин да влезат во зградата на Факултетот за спорт и физичко воспитување – преку прозорци. Очевидци велат дека заедно со нив во зградата бил внeсен и деканот Патрик Дрид, кој со помош на тројца мажи и под асистенција на полицијата успеал да влезе во својот кабинет. Пред влезот во факултетот ситуацијата се заострила – полицијата со штитови ги туркала присутните, а граѓаните возвраќале со негодување. На терен е присутно и засилување од Жандармеријата и Интервентната полиција.И покрај тензиите, студентите и граѓаните најавуваат дека нема да се откажат од своите барања и дека протестите ќе продолжат и во наредните денови.

Свет | пред 5 месеци

novi-sad-nesreka3

Поминаа 10 месеци од трагедијата во Нови Сад, се оддава почит за 16-те загинати

Во Нови Сад денеска се одбележуваат 10 месеци од уривањето на бетонската настрешница на влезот на железничката станица, несреќа во која загинаа 16 лица, а едно лице беше тешко повредено.Во 11:52 часот, точното време на несреќата, граѓаните се собраа на железничката станица и оддадоа почит со 16 минути молчење. За вечерва, од 19 часот, средношколците најавија собир на универзитетскиот кампус под мотото „Средношколците се сеќаваат – сите сме под настрешницата“. Поддршка за иницијативата стигна и од студентите кои продолжуваат со блокади на факултетите.„Средношколците се сеќаваат, ние се придружуваме,“ соопштија студентите во својот повик.Катастрофата предизвика масовни протести низ Србија и доведе до блокади на универзитети во повеќе градови. Сепак, судската постапка сè уште не е започната, бидејќи истрагата на обвинителството беше стопирана по барање на еден од осомничените – поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ – за изземање на обвинителите во Нови Сад и на државната обвинителка Загорка Доловац.Во меѓувреме, Обвинителството за организиран криминал на 1 август соопшти дека шест лица се уапсени во рамки на истрагата за финансиските текови поврзани со проектот за модернизација на железничката линија Нови Сад – Суботица – државна граница (Келебија).Меѓу уапсените се и поранешниот министер Томислав Момировиќ, кој ја водеше ресорот од октомври 2020 до октомври 2022 година, како и Анита Димоски, поранешна вршителка на должноста помошник-министер и раководителка на Секторот за железници и интермодален транспорт во периодот од ноември 2020 година.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2024-11-23-at-12.34.16

Србија ќе им исплати на семејствата на жртвите во Нови Сад по 43.000 евра

Судот во Нови Сад пресуди дека Република Србија и Српската железничка инфраструктура им должат на семејствата на жртвите од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад минатата година околу 166.000.Четири семејства тужеа две државни институции, од кои судот бара секоја да плати речиси 43.000 евра надомест за нематеријална штета претрпена поради смртта на близок.Според истата пресуда, обвинетите мора да им ги надоместат на тужителите трошоците за судската постапка со законска затезна камата. Дозволена е жалба против пресудата до Апелациониот суд во Нови Сад.На 1 ноември минатата година, при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад загинаа 16 лица, а едно беше тешко повредено.Ова беше почеток на секојдневни масовни антивладини студентски и граѓански протести, блокади на патишта и институции, со барање за санкционирање на одговорните во српската влада, а сега и предвремени парламентарни избори.Иако Вишото јавно обвинителство поднесе обвинение против 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт Горан Весиќ и поранешната директорка на „Инфраструктура железнице“ Јелена Танасковиќ, судот го врати предметот на дополнително истражување.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2024-11-23-at-12.34.16

Притворот на осомничените за смртта на 16 лица при падот на настрешницата во Нови Сад е укинат

Апелациониот суд во Нови Сад го укина притворот на петмина осомничени во истрагата за фаталниот пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога загинаа 16 лица, објави судот во среда.Судот донесе одлука со која делумно ги прифати жалбите на адвокатите на обвинетите во кривичната постапка во врска со трагедијата во Нови Сад, која предизвика бран повеќемесечни протести и обвинувања на властите за коруптивни практики и лошо извршување на работите на неодамнешната реконструкција на станицата.Меѓу првично уапсените, судот веќе го укина притворот на поранешниот министер за градежништво, Горан Весиќ, а уште петмина обвинети беа ослободени од притвор, против кои ќе се примени електронски надзор и забрана за напуштање на станот во период од три месеци, како и забрана за користење телефони, интернет и прием на други лица во станот.На крајот од минатата година беше поднесено обвинение против 13 лица, но судот го врати за доработка.Меѓу обвинетите се и поранешната вршител на должноста директорка на Српската железничка инфраструктура Јелена Танасковиќ, поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ и неговата помошничка Анита Димовски и поранешниот генерален директор на Српската железничка инфраструктура Небојша Шурлан.Тие се обвинети за кривични дела против јавната безбедност и предизвикување јавна опасност.Во обвинението се товарат и неколку инженери, проектанти и лица одговорни за изградба, контрола и надзор.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-05-at-09.36.10

(Видео) Гнев во Нови Сад: Непознат маж уринирал врз свеќи и цвеќиња посветени за жртвите од несреќата кај Железничката станица

Жителите на Нови Сад по втор пат се во шок.Згрозени и револтирани се од несфатливиот инцидент кога непознат маж осквернави свеќи и цвеќиња пред Железничката станица, кои беа поставени во чест на 16-те жртви од трагичниот настан кога уривањето на настрешницата резултираше со нивната смрт. Тој се приближил до местото пред станицата и започнал да уринира по свеќите и цвеќињата што граѓаните ги оставиле како знак на почит.Граѓаните веднаш ги известиле надлежните органи. Видеото од настанот брзо се проширило на социјалните мрежи.Новосаѓани се собраа спроти Железничката станица за да го изразат своето незадоволство од грозомориот чин.Надлежните органи започнаа истрага за идентификување на лицето и преземање на соодветни мерки.

Свет | пред 9 месеци

4a68e4dd-cda5-4af1-81b1-35123c7a5abb

(Видео) Мажи во црно искршија стакла на тракторите на „учениците“ на Вучиќ

Министерството за внатрешни работи на Србија (МВР) соопшти дека за време на нерегистриран студентски митинг во Белград, имало повеќе инциденти, главно насочени кон учесници на друг студентски собир во Паркот Пионирски, при што биле приведени две лица.Две лица се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир, а оштетени се поголем број трактори во паркот Пионер - дупнати гуми, искинати врати, искршени кабини и стакла, еден трактор превртен, а друг истуркан на улица, се вели во соопштението од МВР.Синоќа на социјалните мрежи се појавија слики од оштетени трактори, кои дење биле паркирани околу Паркот на Пионер.Набрзо почнаа шпекулациите дека за ова се одговорни луѓето кои се враќале од церемонијата за пречек на студентите во Теразије. Сепак, објавено е видео на кое се гледаат непознати млади мажи облечени во црно. Наводно, тие се обвинетите дека се обиделе да им го припишат овој инцидент на студентите кои денеска организираат голем протест во Белград.

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-15-at-09.56.38

Мајка на жртвата во новосадската трагедија: Овие деца ме вратија во живот

Вчера, десетици илјади луѓе ги „окупираа“ сите пристапни улици за да им приредат величествено добредојде на оние што пешачеа и со велосипеди со денови возеа од цела Србија до главниот град за 15-те луѓе кои загинаа под покривот на железничката станица во Нови Сад.Дијана Хрка, мајката на 27-годишниот Стефан, една од 15-те жртви во новосадската трагедија, дојде во Теразие да им даде поддршка на студентите, а тие ја пречекаа со полно срце и душа. Тие плачеа со неа, ја прегрнаа и ѝ се заблагодарија што собра сили да дојде и да ги поддржи.„Стефан работеше во Нови Сад и требаше да се видиме тој викенд, но...“, рече Дијана и не ја заврши реченицата.Поминаа четири и пол месеци од смртта на нејзиниот син, но болката се уште е неопислива.„Не можам да ви опишам низ што поминував и како се чувствував сите овие месеци. Тоа е огромна загуба и чувствувам голема празнина, но овие деца ме вратија во живот“, вели таа.„Простете ми што го кажав ова, но мислам дека никогаш не сме имале ваква генерација. Храбри, силни, решителни, паметни, чесни... Морам да употребам лош збор овде, но навистина ми се гади кога некој ќе каже дека се купени. Тоа се деца кои даваат пример, сега ни одржуваат лекција, ни одржуваат лекција што самите не успеавме да ја одржиме“ - рече таа.

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-09-at-12.29.18

Студенти ги блокираа влезовите во Нови Сад: Се навршуваат 100 дена од уривањето на натстрешницата

Студентите кои со месеци протестираат низ Србија поради смртоносното уривање на настрешница во Нови Сад, денеска го блокираат најфреквентниот мост во Белград, Газела.Според планот, собирот започна во 9 часот пред Земјоделскиот факултет, од каде учесниците во 9 часот и 20 минути пеш тргнаа кон мостот Газела. Блокадата на мостот се очекува да трае седум часа, од 11 до 18 часот. Овие протести траат од 1 ноември минатата година, кога 15 лица загинаа при уривање на настрешница на новообновената железничка станица во Нови Сад. Студентите бараат одговорност за оваа трагедија, тврдејќи дека корупцијата и неквалитетната работа довеле до несреќата. Протестите се проширија во неколку градови во Србија, вклучително и масовниот митинг во Нови Сад, каде десетици илјади студенти и граѓани блокираа три моста во знак на протест.И покрај оставките на некои владини функционери, студентите продолжуваат со протестите, барајќи суштински промени и одговорност за трагедијата.Денес се навршуваат 100 дена од уривањето на настрешницата во Нови Сад, при што загинаа 15 лица. Студентите во Србија ги повикаа граѓаните денеска да се соберат масовно на улиците во Ниш, Белград, Власотинце, Чачак, Горњи Милановац и други места за да ги поддржат нивните барања.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-11-23-at-12.34.29

(Видео) Втора оставка на политичар во Србија

Градоначалникот на Нови Сад, каде натстрешница од Железничката станица се урна и загинаа лица кои седеа под неа, поднесува оставка.„Претседателот Вучиќ и јас разговаравме преку телефон со градоначалникот на Нови Сад, господинот Ѓуриќ, кој ќе поднесе оставка и ќе покаже дел од својата одговорноста. И со тоа ги исполнивме и најполитичките барања на дел од најекстремните демонстранти“, рече српскиот премиер Милош Вучевиќ.Според него, ова е прифаќање на дел од одговорноста.„Ние се сметаме за објективно одговорни за тоа што се случи во Нови Сад и ја плаќаме политичката цена“, додаде тој.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-25-at-01.32.53

(Видео) Генерален штрајк е и во Нови Сад: Огромна колона луѓе помина низ градот

Граѓаните на Војводина, особено на Нови Сад, денеска се приклучија на генералниот штрајк и протестите на студентите кои со месеци бараат властите да одговараат за смртта на 15 лица на железничката станица на 1 ноември минатата година.Неколку протести кои започнаа пред образовните институции и други јавни простори се споија околу 13 часот во голема поворка која мина низ центарот на Нови Сад. На прекинот на работата се приклучија бројни приватни претприемачи, вработени во училишта и факултети, библиотеки, ветеринарни амбуланти, театри, музичари и некои медиуми.Порталот Vojvodina.info проценува дека десетици илјади луѓе се на улиците, што е најголем собир во Нови Сад досега.Неколку опозициски пратеници и градски советници кои го блокираа автопатот се приведени и изведени пред суд, објави на социјалните мрежи заменик-претседателката на опозициската Партија на слободата и правдата, Мариника Тепиќ.Државните фирми и институции се претежно отворени, а во некои работниците се жалат дека се затворени за да не можат да го напуштат работното место, пишува Autonomija.info.Протести имаше и во Суботица и Сомбор, на кои учествуваа неколку илјади луѓе.

Свет | пред 1 година

goran-vesic

Вишиот суд повторно го спаси Горан Весиќ од притвор

Вишиот суд во Нови Сад го одби предлогот на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад да му одреди притвор на поранешниот министер за транспорт, градежништво и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ.„Со одлуката на судот, се посочува дека на 27.11.2024 година на тогаш осомничениот Горан Весиќ му бил прекинат притворот поради немање основано сомнение дека го сторил кривичното дело кое сè уште му се става во обвинението, дека обвинението сега е во фаза на мериторно испитување во смисла на член 337 од Законот за кривичната постапка, а дека предлогот на јавниот обвинител да определи притвор во оваа фаза од постапката, за обвинетиот Горан Весиќ, остана нејасен и необразложен, особено имајќи предвид дека обвинителот не наведува нови факти и околности кои би го поткрепиле неговиот предлог“, стои во соопштението на Вишиот суд во Нови Сад.Апелациониот суд во Нови Сад претходно го укина решението на Вишиот суд, со кое беше одбиен предлогот за одредување притвор за Весиќ.Судот ја уважи жалбата на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад и предметот го врати на првостепениот суд за повторно одлучување.Вишото јавно обвинителство во Нови Сад на 30 декември поднесе обвинение против 13 лица, вклучувајќи го и поранешниот министер за сообраќај Горан Весиќ и поранешната директорка на „Инфраструктура железници на Србија“ Јелена Танасковиќ, поради падот на настрешница на влезот во Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица. Апелациониот суд во Нови Сад го укина решението на Вишиот суд, со кое беше одбиен предлогот за одредување притвор за поранешниот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Горан Весиќ.

Свет | пред 1 година

policiska-lenta-policija-srbija-960x639

Трагедија во Србија: Две едномесечни бебиња загинаа по верижен судар во близина на Нови Сад

Вчера во Србија се случи тешка сообраќајна несреќа во која тешко се повредени две девојчиња, едномесечни бебиња, јавува РТС. По несреќата тие биле примени во Детската болница во Нови Сад со тешки телесни повреди опасни по живот, но за жал денеска починале.Блиц јавува дека починатите девојчиња биле близначки.Во несреќата се судриле два автомобили, а се се случило на автопатот Нови Сад-Зрењанин.Покрај бебињата, по несреќата во болница се пренесени и двајца мажи на возраст од 43 и 34 години, како и една жена на возраст од 34 години. Сите биле однесени на реанимација.РТС јавува дека, според неофицијални информации, возачот на автомобилот од засега неутврдени причини преминал на спротивната лента и дошло до верижен судар со друг автомобил.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања