Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Мајка на жртвата во новосадската трагедија: Овие деца ме вратија во живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-03-15-at-09.56.38

Вчера, десетици илјади луѓе ги „окупираа“ сите пристапни улици за да им приредат величествено добредојде на оние што пешачеа и со велосипеди со денови возеа од цела Србија до главниот град за 15-те луѓе кои загинаа под покривот на железничката станица во Нови Сад.

— реклама —

Дијана Хрка, мајката на 27-годишниот Стефан, една од 15-те жртви во новосадската трагедија, дојде во Теразие да им даде поддршка на студентите, а тие ја пречекаа со полно срце и душа. Тие плачеа со неа, ја прегрнаа и ѝ се заблагодарија што собра сили да дојде и да ги поддржи.

— реклама —

„Стефан работеше во Нови Сад и требаше да се видиме тој викенд, но...“, рече Дијана и не ја заврши реченицата.

Поминаа четири и пол месеци од смртта на нејзиниот син, но болката се уште е неопислива.

— реклама —

„Не можам да ви опишам низ што поминував и како се чувствував сите овие месеци. Тоа е огромна загуба и чувствувам голема празнина, но овие деца ме вратија во живот“, вели таа.

— реклама —

„Простете ми што го кажав ова, но мислам дека никогаш не сме имале ваква генерација. Храбри, силни, решителни, паметни, чесни... Морам да употребам лош збор овде, но навистина ми се гади кога некој ќе каже дека се купени. Тоа се деца кои даваат пример, сега ни одржуваат лекција, ни одржуваат лекција што самите не успеавме да ја одржиме“ - рече таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Балкан | пред 14 часа

— реклама —
media-librarysu4m6bp9n599eSutE3z

По речиси 14 години на функцијата, директорот на „Србијаводе“ поднесе неотповиклива оставка поради закани кон семејството

Балкан | пред 1 ден

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 2 дена

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања