„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

општина Илинден

vozilo-ilinden-1

Промовирано ново возило за потребите на СОСУ „Илинден“ во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски присуствуваше на промоцијата на новото патничко возило на Средното општинско стручно училиште „Илинден“.Санува збор за патничко возило (комбе), Опел Виваро за превоз на лица со капацитет до 8 лица за седење и ќе се користи за потребите на учениците и вработените на училиштето за патувања, за натпревари, екскурзии и сл. Покрај средното училиште возилото ќе се користи и за потребите на локалната самоуправа и образовните институции.Градоначалникот Георгиевски кој го разгледа возилото заедно со директорот на училиштето Зоранчо Арсовски, истакна дека СОСУ „Илинден“ континуирано се развива и модернизира, со цел унапредување на образовниот процес, пришто учениците ги добиваат сите современи услови за квалитетна настава.Со набавката на ова возило се олеснува организирањето и патувањето на вработените и учениците за екскурзии, натпревари, семинари, работилници кои се одржуваат надвор од општина Илинден.

Скопје | пред 1 година

opstina-ilinden-asfalt-1

Асфалтирање на дел од улица „9“ и дел од улица „532“ во општина Илинден

Во рамки на активностите за реконструкција на дел од улиците „9“ и “532“ во Марино, се врши завршно асфалтирање на коловозот со втор асфалтен слој, како и работи на уредување со бекатон плочки на пешачката патека покрај улицата од едната страна и асфалтирање на тротоар од другата страна на улицата.Градежните активности ќе завршат со поставување на целосна хоризонтална и вертикална сигнализација на улицата, како и поставување на успорувачи пред детската градинка.Увид на градежните работи на терен изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека ова е уште еден приоритетен проект кој го реализираме и го остваруваме ветеното кон граѓаните.Реконструкцијата на улицата е во должина од околу 820 метри и широчина 6 метри, како и целосна реконстукција на тротоарите од двете страни на улицата. Средствата за реализација на овој проект се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.

Скопје | пред 1 година

20241101_111801

Работилница во рамки на проектот „Патеки за зелени микро акредитиви“ Општина Илинден

Во рамки на проектот Вештини за зелена транзиција - Патеки за зелени микро акредитиви во кој е дел и Општина Илинден, а во организација на Стопанската комора за мал бизнис, се одржа работилница во просториите на Дом на култура „Илинден“.Станува збор за проект кој се спроведува преку програмата Еразмус+ кој се обидува да ја истражи употребата на микроакредитиви за усовршување возрасни во области поврзани со Европската агенда за зелени вештини.Проектот настојува да придонесе за развој на заедничка рамка и пристап за опис на програмите и исходи од учењето кои може да се користат во кратки курсеви за надградба на возрасни зелени вештини.На работилницата присуствуваше градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, претставници од Стопанската комора за мал бизнис како и претставници од компании.Во своето воведно обраќање градоначалникот Георгиевски истакна дека, ова е една значајна област кон која треба сите да се стремиме и да имплементираме активности преку соработка за развивање и унапредување на зелени вештини односно да го насочеме нашето директно залагање во воспоставување на систем преку кој ќе придонесеме за подобрување на енергетската ефикасност, проширување на употребата на обновливите извори на енергија и поддршка за еколошката одржливост.Општина Илинден и во иднина ќе ги развива зелените вештини како и унапредување на заедничаката соработка со сите чинители во локалната заедница, бидејќи единствено тоа е вистинскиот пат за имплементирање на проекти во делот на енергетската ефикасност, користење обновливи извори енергија управување, спречување и намалување на загадувањето, отпадот и стакленичките гасови итн, се со цел да дадеме свој допиринос за поздрава животна средина а со тоа и поквалитетен живот на нашите граѓани.

Скопје | пред 1 година

IMG-5a2d7f119f741faa5e9808febbc3bb1e-V

Ново возило за комунален отпад на ЈКП „Илинден“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска присуствуваше на промоцијата на новото комунално возило на ЈКП „ Илинден“ за собирање на комунален отпад, пришто повторно е подновен возниот парк на претпријатието.Како што истакна градоначалникот Георгиевски специјалното возило за собирање на комунален отпад е со капацитет од 21м3, и ќе ги замени старите и дотраени возила наменети за собирање на комунален отпад низ населените места во Илинден. Тој додаде дека врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа е подобрување на квалитетот на услугите, а со набавката на комунални возила ќе се подобри квалитетот на услугите кои ги врши Јавното претпријатие, како и ефикасноста на вработените.Возниот парк во ЈКП „Илинден“ континуирано се обновува, такашто во изминатиот период досега претпријатието има набавено четири комунални возила и една градежна машина со приклучна механизација за косење и кастрење на вегетација, Мулчер.

Скопје | пред 1 година

DSC_0136

Општина Илинден доби финансиска поддршка за четири капитални проекти како дел од Јавниот повик на Владата

Општина Илинден доби финансиски средства за реализација на четири капитални проекти како учесник во владиниот јавен повик.Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ги потпиша договорите за користење на финансиски средства со Министерството за транспорт, а средствата ќе бидат наменети за реализација на капитални проекти кои ќе овозможат поквалитетен живот на граѓаните од општина Илинден.Како што истакна градоначалникот Георгиевски, финансиските средства ќе бидат наменети за реализација на проектот „Изградба на улица 500 Армирано бетонски плочаст мост над одводниот канал кај Меморијалниот центар во населба Јака, реконструкција на коловозот на локалниот пат Бујковци-Мршевци со одведување на атмосферските води од локалниот пат, изведба на фекална канализација за дел од населено место Кадино колектор К4, како и за изградба на сервисна улица бр.19 во УП за Илинден, Марино и дел од КО Кадино блок 32.Градоначалникот Георгиевски упати голема благодарност до Премиерот Христијан Мицкоски и Владата на Република Македонија за помошта и поддршката која ја доби Општина Илинден, а се однесува на обезбедување поубав и поквалитетен живот на жителите од целата Општина.

Скопје | пред 1 година

fekalna-plac-1

Интензивно се работи на изградбата на фекална канализација за дел од населба Илинден

Изградбата на фекална канализација во населба Илинден во месноста викана Плац, која е со вкупна должина од 4200 метри, пришто ќе бидат поставени и препумпни уреди, се одвива според предвидената динамика.Станува збор за најчуствителната фаза и најтешката за изработка од проектот, бидејќи во неа ќе се вршат бушења за изведба на трасата за фекална канализација, под автопатот Скопје-Куманово и под меѓународната железничка пруга.Тековните работни активности се интензивни каде внимателно се поставуваат најпрвин заштитните метални цефки, а потоа во нив се вметнуваат и цефките за фекална канализација. Во оваа фаза дополнителни ќе се градат и двата препумпни уреди кои се дел од проектот како и се работи и на завршување на два помали краци од примарната фекална канализациона мрежа, соопшти Општина Илинден.Оваа фекална канализација од овој дел на населба Илинден, ќе се поврзе со веќе изградениот колекторски систем за фекална канализација, кој е поставен на двете страни на главниот отворен канал кој минува низ населените места Илинден и Марино и фекалните води ќе се спроведат до излезот на насленото место Марино каде ќе отпочнеме активности за изградба на нова печистелна станица која ќе ги пречистува отпадните води.Овој дел од населба Илинден е еден од најниските делови од населбата и досега воопшто не беше третиран за работа, поради својата сложеност за изведба и проблематичноста во реализација на фекалната канализација.Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од огромно значење за локалниот економски развој, како и унапредувањето и заштитата на животната средина со што се овозможува подобрување на квалитетот на живеењето во општина Илинден. Вложувањата во комуналната инфраструктура е од стратешко значење за Општина Илинден, се додава во соопштението.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-18-103110

Модернизација на водоводната мрежа во општина Илинден

Општина Илинден и ЈКП ,,Водовод” – Илинден континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа на територија на општина Илинден, со цел задоволување на потребите на корисниците.Со цел поквалитетни услуги побезбедна и поздрава вода за пиење на граѓаните како и здолемување на капацитетот на водоснабдувањето, деновиве се работи на обнова и модернизација на главниот водоснабдителен систем во н.м.Кадино во должина од 700 метри, на дел од ул. 1, односно на подегот од крстосницата кон н.м.Мралино (Маркет Деби), до крстосницата кај млинот Златно Здрно на улица 10 во н.м. Кадино. Во наредниот период ќе се продолжи со втората фаза за обнова на водоснабдителниот систем на потегот од млинот Златно Здно до крстосницата на почетокот од н.м.Марино.Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Водовод”-Илинден, Ивица Трипуновски направија увид во работните активности. Градоначалникот Георгиевски истакна дека модернизацијата опфаќа замена на старите ПВЦ цевки со нови полиетиленски, поради честите дефеци и загуби на вода на овој дел од водоводната мрежа.Обезбедувањето на квалитетна вода за пиење е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, така што општина Илинден во соработка со ЈКП „Водовод” и во наредниот ќе продолжи со модернизација и подобрување на водоводниот систем.

Скопје | пред 1 година

igralishte-vo-Bujkovci-1

Пуштено во употреба игралиштето за мал фудбал во Бујковци

Жителите од населеното место Бујковци добија комплетно реконструирано спортско игралиште за мал фудбал, кое денес беше пуштено во употреба.Во рамки на реконструкцијата целосно е обновен теренот со нов асфалтниот слој и обележување на истиот, поставено е целосно ново лед осветлување, променета е заштитната ограда околу целиот терен, поставени се корпи за отпадоци, како и просторот е партерно уреден со што овој спортски терен доби сосема нов лик.Спортското игралиште го посети и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истскна дека младите од Бујковци добија убаво уреден простор каде во спортски дух можат да го поминуваат слободното време.Тој додаде дека средствата за реализација на овој проект се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден, а во наредниот период ќе се продолжи и понатаму со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски игралишта во сите населени места, со цел да се добие уреден простор, но и безбеден за рекреација и забава на жителите во Општината.

Скопје | пред 1 година

prezentacija-na-fizibiliti-1

Презентирана Физибилити студија за управување со органски отпад со компостара во Општина Илинден

Во просториите на Домот на култура „Илинден“ се одржа презентација на Физибилити студија за систем за управување со органски отпад со компостара за општините Илинден и Гази Баба“.На презентацијата присуствуваше градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, претставници од Општина Гази Баба и Скопски плански регион, претставници од јавни комунални претпријатија и општинската администрација.Во соработка со Центарот за развој на Скопски плански регион овој проект е финансиски поддржан од страна на УНДП, а станува збор за изработка на Физибилити студија и комплетна техничка документација за управување со органски отпад со компостара за двете општини.Во рамки на презентацијата беше истакнато дека единиците на локалната самоуправа играат значајна улога во интегрирано и одржливо управување со био-отпадот пришто се иницира воспоставување на систем за управување со био-отпад со компостирање за општините Илинден и Гази Баба. Во студијата се анализирани реално изводливи приоритети и со реална финансиска конструкција за нивна реализација, со посебен акцент на компостирањето.Компостирањето е процес на контролирано аеробно разградување на био-разградливите материјали и добивање на краен продукт – копмост, кој може да се користи како органско ѓубриво во земјоделството, градинарството и хортикултурно уредување на паркови и зеленило.

Скопје | пред 1 година

reshenija-za-sportisti-1

Доделени решенија за финансиска поддршка за спортисти од општина Илинден

Во просториите на Дом на култура „Илинден“, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и оваа година додели Решенија за еднократна финансиска поддршка за спортисти кои се жители на Општина Илинден.Градоначалникот, Александар Георгиевски истакна дека продолжува поддршката за спортистите од нашата општина и во иднина, а целта е да се наградат тие кои оствариле големи успеси во делот на спортот, како и да се стимулираат останатите за постигнување големи победи на спортските натпревари.Градоначалникот додаде дека оваа мерка содржи повеќе категории, а износот кој го доделува Општината како финансиска поддршка изнесува, за прва категорија во висина до 130.000,00 денари, втора категорија во висина до 120.000,00 денари, трета категорија во висина до 90.000,00 денари, четврта категорија во висина до 60.000,00 денари и петта категорија во висина до 30.000,00 денари, додека за младинските категории 50% од предвидените суми.„Грижата и поддршката на индивидуалните и клубските спортисти ќе биде секогаш приоритет на Општина Илинден, истата ќе продолжи и во наредниот период со доделување на финансиска поддршка. Општина Илинден покрај поддршката на спортистите од овој вид на субвенционирање, преку Програмата за спорт финансиски ги поддржува и спортските клубовите на нејзина територија.Исто така вложува во обезбедување на одлични и најсовремени услови во спортската инфраструктура со реконструкција на постоечките и изградба на нови терени, овозможување на бесплатно користење на спортските објекти, како и поддршка на многу спортски настани кои се одржуваат во општината но и надвор од неа“, велат од општината.

Скопје | пред 1 година

asfaltiranje-na-kraci-od-ul-500-marino-2

Асфалтирање на краци од улица „500“ во Марино во општина Илинден

Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта со засилено темпо се одвива градежната експанзија за подобрување на патната инфраструктура Општина Илинден во сите населени места.Денес се асфалтирани два крака 11 и 12 од улица “500“ во Марино со вкупна должина од 250 метри. Покрај асфалтирањето на овие улици, се подготвуваат за асфалтирање уште два крака 6 и 7 исто во населено место Марино.На терен меѓу граѓаните додека се асфалтираше беше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека Општина Илинден посветува големо внимание на одржувањето на патната инфраструктура. Овие улици претходно беа оштетени поради изградбата на фекална канализација, а сега се асфалтираат со цел подобрување на парната инфраструктура и квалитетот на животот на граѓаните.Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден.

Скопје | пред 1 година

rekonstruiran-krov-oou-risto-krle-2

Реконструиран кровот на основното училиште „Ристо Крле“ во Кадино

Во Општинското основно училиште „Ристо Крле“ заврши реконструкцијата на кровната површина на централното училиште во Кадино.Во рамки на проектот извршена е целосна замена на постоечката кровна површина на централното училиште. Отстранети се старите салонитни табли кои содржеа азбестни компоненти, отстранети се хоризонталните и вертикалните олуци, поставен е кровен покривач од пластифициран валовит лим. Воедно поставени се хоризонтални и вертикални олуци, опшивки кај вентилациони канали, како и снегобрани.Денес градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски го посети училиштето заедно со директорот Јовче Петковски.Реконструкцијата на кровната површина се одвиваше во неколку фази, пришто сега целосно е комплетиран проектот. Со оваа замена на кровната конструкција опфатена е површина од околу 2100м2 на објектот каде е обезбедена хидротермичка изолација, со тоа се спречува протекување и оштетување на внатрешните простории во оваа образовна институција.ООУ „Ристо Крле“ е изградено пред 44 години, за прв пат се врши замена на кровната површина, а заедно со подрачните објекти во населените места Мралино и Бунарџик учат вкупно 320 ученици.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања