„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

општина кисела вода

media-libraryt1b3hoglbsel6z2Gurj

Стаменкоска Трајкоска: Создаваме еднакви можности и подобра иднина за сите ученици

Продолжува соработката меѓу Општина Кисела Вода, осумте општински основни училишта и општествено одговорни правни субјекти, која има за цел да им обезбеди поддршка на децата од семејства во социјален ризик. Оваа соработка се реализира во рамки на проектот „Грижа и сигурност за секое дете“, кој Општина Кисела Вода континуирано ќе го спроведува и во текот на учебната 2025/2026 година.Во рамки на проектот, децата од социјален ризик имаат можност без никаков паричен надомест да посетуваат настава по странски јазици, информатика и програмирање, како и да бидат вклучени во различни спортски активности. Воспоставена е соработка со 14 спортски клубови (кошарка, фудбал, карате, одбојка, ракомет и кик-бокс), во кои во моментов тренираат 26 деца, како и со 6 училишта за странски јазици, што ги посетуваат 9 ученици, и 2 училишта за информатика и програмирање, со 4 ученици вклучени во наставата.Овие активности беа тема на денешната работна средба меѓу градоначалничкат Бети Стаменкоска Трајкоска, претставниците на општинската администрација и директорите на општинските основни училишта, која претставува уште една потврда за континуираната заложба на Општина Кисела Вода за унапредување и заштита на правата на децата.Во својата изјава, градоначалничката истакна дека Општина Кисела Вода континуирано инвестира во унапредување на наставниот процес, со цел секое дете да има еднаква можност за развој и напредок.-Остануваме целосно посветени на создавање еднакви и подобри услови за образование и поголема достапност до современи образовни и спортски активности. Благодарни сме на сите општествено одговорни правни субјекти кои со својата поддршка и ангажман се значаен партнер на Општина Кисела Вода во оваа важна мисија- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Скопје | пред 2 дена

media-librarytkqbbirujnchfayd7Zz

Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2026 година, вреден 1.578.271.060 денари

Со 17 гласа „за“ и 7 „против“, Советот на Општина Кисела Вода го усвои Буџетот за 2026 година, во вкупен износ од 1.578.271.060 денари. Буџетот, како што беше истакнато, е подготвен транспарентно и во консултација со граѓаните, со силен фокус на капитални инвестиции и подобрување на квалитетот на живот во општината.Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, презентирајќи го буџетот пред советниците, нагласи дека отчетноста и транспарентноста биле водечки принципи во неговата изработка, при што дел од предлозите на граѓаните биле вградени во планот за 2026 година.Во основниот Буџет, кој изнесува 864.233.262 денари, 57 отсто се наменети за капитални инвестиции. Средствата ќе се користат за изградба и реконструкција на улици и коловози, унапредување на водоснабдувањето и одведувањето отпадни води, како и за изградба и реконструкција на училишта и детски градинки. Дополнително, преку јавните повици на Владата, општината реализира 24 капитални проекти во вредност од 496 милиони денари, од кои поголемиот дел се во напредна фаза.Буџетот предвидува и средства за заштита на животната средина, изградба на паркови и проширување на зелените површини, како и мерки за социјална поддршка, вклучувајќи субвенции за енергенси, помош за новороденчиња, матуранти и пензионери, како и поддршка за ученици со високи резултати во науката и спортот.Со усвојувањето на Буџетот за 2026 година, Општина Кисела Вода, како што беше посочено, ја продолжува развојната политика со цел градење модерна и одговорна локална самоуправа.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryfmlfc1u59jm2fdsx0Ky

Во недела започнува тридневна „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода

Во недела, на 28 декември, со почеток во 19 часот, во паркот „Шопен“ ќе започне тридневната манифестација „Новогодишна приказна“ во организација на Општина Кисела Вода. Настанот ќе понуди богата празнична програма со настапи на македонски изведувачи, наменета за сите генерации.Паркот ќе биде празнично декориран, а посетителите ќе можат да уживаат и во новогодишните куќарки, каде ќе се нудат топли напитоци и разновидна празнична храна.Програмата во недела ќе започне со настап на Ди Џеј Марио со труба, по што ќе следи музичкиот проект „Пауза за ракија“ на Игор Димовски.Во текот на наредните денови, на сцената ќе настапат Антониа Гиговска, Либеро бенд, Миле Кузмановски со бенд, Оле Поцкова од „Зевзекманија“ со стенд-ап комедија, како и Бока Конга и Боби Сакс.Во вторник, во рамки на детската програма, Дедо Мраз ќе додели бесплатни новогодишни пакетчиња на сите деца од општина Кисела Вода.Од Општината ги повикуваат граѓаните да бидат дел од оваа празнична манифестација и заедно да го одбележат доаѓањето на Новата година во пријатна и весела атмосфера.

Скопје | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања