ОРУЖЈЕ

f_37272129_1280

(Видео) Хиперсоничните ракети – „супероружје“ што може да ја смени војната

Хиперсоничните ракети, новата генерација на офанзивни оружја што летаат со брзини повеќекратно поголеми од звукот и можат да маневрираат во лет, стануваат централна точка на глобалната трка во вооружувањето. Русија и Кина предничат во развојот, додека САД и сојузниците настојуваат да ја достигнат технолошката рамнотежа.Кина уште во 2019 година на парадата во Пекинг ја претстави ракетата DF-17, додека Русија се фали со системите „Авангард“ и „Орешник“. Вашингтон последниве години инвестира во сопствени програми како „Dark Eagle“, но заостанува поради деценискиот фокус врз антитерористички операции.Хиперсоничните ракети летаат најмалку пет пати побрзо од звукот (Mach 5), на ниски височини и со можност за нагли промени на насоката, што ги прави речиси невидливи за радарите. За разлика од класичните балистички проектили, овие оружја се појавуваат на сензорите дури во последната фаза на летот, оставајќи многу малку време за одбрана и пресретнување.Постојат два вида:Хиперсонични „glide“ проектили, кои се истрелуваат и потоа клизаат кон целта.Хиперсонични крстосувачки ракети, што користат scramjet мотори и летаат блиску до земјата.Според експерти, нивната најголема закана не е само разорната моќ, туку фактот што е речиси невозможно навреме да се откријат.Рускиот претседател Владимир Путин редовно ја истакнува оваа предност, со тврдења дека „можат да претворат градови во прашина“. Минатата година Москва тестираше нов модел „Орешник“ над украинскиот град Днипро, кој достигнал брзина од Mach 11 и се распаднал во повеќе боеви глави што погодија различни цели. Стратезите предупредуваат дека вакво оружје може за неколку минути да стигне до било кој европски град.Покрај Русија, Кина и САД, и други држави вложуваат во оваа технологија: Иран тврди дека располага со хиперсонични ракети, Израел развива системи за пресретнување, а Северна Кореја демонстрира редовни тестирања. Франција и Јапонија, исто така, инвестираат во истражувања.Иако експертите предупредуваат на потенцијалот за стратешка надмоќ, дел од воените аналитичари сметаат дека заканата е делумно пренагласена. „Нападот и одбраната уште немаат совршено решение,“ вели поранешниот британски адмирал Том Шарп.Едно е сигурно – кој прв ќе успее да создаде ефикасен хиперсоничен арсенал, ќе стекне клучна предност во геополитичките судири на иднината.

Свет | пред 5 месеци

droga-oruzje-pretres-1

Полиција уапси тројца во Штип, пронајдени пушки и стотици куршуми

Тројца штипјани уапсени поради незаконско поседување оружје – при претрес во дом пронајдени три автоматски пушки и рамки со муниција.-На 19.08.2025 во 18:30 часот во Штип, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода Е.Д.(21), Н.Р.(38) и 26-годишната В.М., сите од Штип. Имено, постапувајќи по претходно добиени сознанија и со согласност на Е.Д., полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом, каде биле затекнати Н.Р. и В.М., при што пронашле и одзеле три автоматски пушки калибар 7,62мм, пет метални рамки за автоматска пушка со по 30 куршуми калибар 7,62мм и две метални рамки за автоматска пушка со по 20 куршуми калибар 7.62мм, се наведува во соопштението од МВР.Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно доументирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 5 месеци

MixCollage-01-Aug-2025-09-12-AM-4982

Словенија со ембарго за оружје за Израел и повик до светот: Признајте ја Палестина!

Словенија го прекинува секој вид трговија со оружје со Израел – воведе забрана за извоз, увоз и транзит на оружје, станувајќи првата земја во Европската Унија што презела ваков чекор. Одлуката беше донесена на владина седница, а ја соопшти премиерот Роберт Голоб, истакнувајќи дека станува збор за принципиелен став во насока на мир и почитување на меѓународното хуманитарно право.Овој потег следи по претходната одлука на словенечките власти да прогласат двајца министри од израелската влада за непожелни лица (persona non grata). Станува збор за министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и министерката за финансии Безалел Смотрич, чие делување, според Словенија, придонело за создавање на „неподнослива состојба“ во Појасот Газа.Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, на Генералното собрание на Обединетите нации ги повика сите земји-членки да ја признаат државата Палестина, оценувајќи дека единствениот одржлив пат кон мир на Блискиот Исток е решението со две држави. Таа додаде дека „начинот на кој бараме мир денес ќе ја одреди историјата и иднината на генерациите што доаѓаат“.„Историјата не се пишува со големи зборови, туку со дела. А Словенија одлучи да дејствува – ја призна државата Палестина“, рече Фајон, најавувајќи и потпишување на меморандум за соработка со палестинските власти.Словенечката министерка посочи и дека врз некои држави се врши притисок да не ја поддржат Палестина, споменувајќи дека има слободни места во Генералното собрание на ОН, меѓу кои и држави-соседи на Словенија. Таа изрази несогласување со ставовите што го попречуваат прекинот на огнот во Газа и постигнувањето на траен и праведен мир.Словенија ја призна независноста на Палестина во јуни оваа година, по што и Холандија го следеше примерот. Вкупно 147 од 193 држави-членки на Обединетите нации досега официјално ја признале државата Палестина.фото: Unsplash/FB

Свет | пред 6 месеци

Tramp

Трамп воопшто не е задоволен од Путин, одлучи повторно да испраќа оружје на Украина: „Мора да се бранат“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да испрати дополнително одбранбено оружје во Украина, откако неговата администрација привремено ги запре одредени испораки минатата недела.„Ќе испратиме повеќе оружје. Мораме, тие мора да бидат способни да се одбранат“, рече Трамп пред вечерата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Тие се силно нападнати. Ќе мора да им испратиме повеќе оружје“, додаде Трамп. „Претежно дефанзивно, но нападите се навистина тешки“, рече тој.Најновата изјава на Трамп доаѓа откако висок функционер на Белата куќа минатата недела за Си-Ен-Ен изјави дека администрацијата привремено ги запрела испораките на оружје за Украина, вклучително и ракети за воздушна одбрана. Одлуката е донесена по прегледот на воените трошоци и американската странска помош, кој го одобри министерот за одбрана Пит Хегсет. Заменик-портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, во тоа време изјави дека одлуката е донесена за да се „стават американските интереси на прво место“.Некои американски претставници сугерираа дека прегледот на помошта за Украина е делумно поврзан со напорите на Пентагон да се фокусира на Кина и да се подготви за можен иден конфликт во Пацификот, прашање што го истакна шефот за одбранбена политика Елбриџ Колби.„Министерството за одбрана продолжува да му нуди на претседателот конкретни опции за продолжување на воената помош за Украина, во согласност со неговата цел да се стави крај на оваа трагична војна. Во исто време, Министерството внимателно го разгледува и прилагодува својот пристап кон таа цел, земајќи ја предвид подготвеноста на американските сили за одбранбените приоритети поставени од администрацијата“, рече Колби во соопштението по привремената суспензија.Русија задоволна од прекинот на снабдувањетоРусија го поздрави прекинот на одредени испораки за Украина, тврдејќи, без никакви докази, дека тоа е затоа што САД повеќе немаат доволно оружје.„По наредба на претседателот Трамп, Министерството за одбрана ќе испрати дополнително одбранбено оружје во Украина за да се осигури дека украинскиот народ може да се одбрани додека работиме на постигнување траен мир“, изјави вчера портпаролот на Пентагон, Шон Парнел. „Нашата рамка за проценка на воените пратки низ целиот свет останува на сила и е клучна за нашата одбранбена политика „Америка на прво место“.САД досега се најголемиот поединечен донатор на воена помош за Украина откако Русија ја започна својата инвазија во 2022 година, снабдувајќи ја со противвоздушни системи, дронови, ракетни лансери, радари, тенкови и противтенковско оружје, што предизвикува загриженост за намалувањето на американските залихи.Трамп претходно во март ги суспендираше сите воени испораки за Украина по жестоката расправија во Овалната соба со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Околу една недела подоцна, тој повторно го одобри продолжувањето на помошта.Зголемување на руските нападиОдлуката за испраќање дополнително оружје доаѓа откако Трамп разговараше одделно со рускиот претседател Владимир Путин и Зеленски минатата недела. По разговорот, тој рече дека разговорот со Путин бил разочарувачки и дека „немало напредок“ кон примирје.Во меѓувреме, Зеленски во последните недели постојано бара од западните сојузници да ја зајакнат воздушната одбрана на Украина по сè поинтензивните руски воздушни напади. Русија лансираше рекорден број беспилотни летала врз Украина во петокот вечерта, само неколку часа по средбата на Трамп со Путин.Трамп изјави дека САД го разгледуваат барањето на Украина за дополнителни системи за воздушна одбрана „Патриот“ по, како што рече, „многу добар“ телефонски разговор со Зеленски. Украинскиот претседател во саботата изјави дека тоа бил неговиот најдобар и „најпродуктивен“ разговор со Трамп досега.Трамп вчера повторно го изрази своето незадоволство од рускиот претседател, велејќи: „Воопшто не сум задоволен од претседателот Путин“.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-05-at-13.09.35

Експлозии на буриња со хемикалии – активиран повторно пожарот во близина на фабриката за оружје во Самоков

Командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонски Брод пријавил дека повторно е активиран на пожар во кругот на фабриката за оружје и муниција АТС АММО во населба Самоков.ЦУК наведува дека иако претходниот отворен пожар во магацинот беше локализиран пред неколку дена, во ноќните часови била забележана експлозија на буре со хемикалии складирани во веќе зафатениот магацин. Во текот на денот дошло и до втора експлозија на друго буре со хемикалии, по што пожарот повторно се активирал.Во моментот гори ниска вегетација и површина со трева и дрвја, и во кругот и надвор од кругот на фабриката. Пожарот засега нема зафатено производни хали или други магацински капацитети, но итно се преземаат мерки за негово спречување и локализација.На терен интервенира една противпожарна екипа со едно возило од ТППЕ Македонски Брод. Поради сложеноста на теренот и опасноста од ширење на пожарот, Градоначалникот на Општина Македонски Брод побарал поддршка од ТППЕ Прилеп и ТППЕ Кичево. ТППЕ Прилеп веќе упати едно противпожарно возило со екипа на лице место.Градоначалникот на Општина Македонски Брод преку повикувачкиот број за итни случаи 112 официјално побара и воздухопловна поддршка за помош на копнените сили во справување со пожарот.Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш ги процесуира барањата до Министерството за внатрешни работи (МВР), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.ЦУК останува во координација со сите надлежни институции и ќе ја информира јавноста за понатамошниот тек во врска со овој пожар.

Македонија | пред 7 месеци

droga2

Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје

По претходно превземени оперативни активности, вчера (04.07.) полициски службеници од СВР Скопје врз основа на Судски наредби за претрес на дом и други простории извршија претреси кај две лица.Притоа при претресот кај лицето Н.Ј. (26) од Скопје во стан во Ѓорче Петров беа пронајдени и одземени една дигитална вага со остатоци од материја, една зипер кесичка со семки од растение, една полиетиленска кесичка со бела прашкаста материја, една тегла со бела грутчеста материја, мало шишенце со семки од растение, поголема црна кеса со растителна материја, како и полиетиленска кесичка со растителна материја. Исто така пронајдени и одземени се и парични средства - две банкноти во апоени од 2000 денари, осум банкноти во апоени од 1000 денари, 20 банкноти во апоени од 500 денари.Дополнително при претресот од страна на таткото на лицето Н.Ј. доброволно биле предадени и четири куршуми, калибар и четири ловни со калибар од 12 мм.Во извршениот претрес, пак, кај лицето Д.Т. (26) во Волково, скопско, биле пронајдени и одземени: една тегла со растителна материја, зипер кесичка со растителна материја, полиетиленска кесичка со осум семки од растение, една дигитална вага, два грендери со материја, потоа три стебла од растение, како и две воздушни пушки со дрвен кундак и една кутија со дијаболи за воздушна пушка.Во координација со дежурен јавен обвинител од ОЈО Скопје лицата се лишени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против истите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 7 месеци

mkd-566762

Каква корист има Северна Кореја од испраќањето свои трупи во војна против Украина?

Делегација од високо рангиран севернокорејски воен персонал отпатува во понеделникот во Москва, а аналитичарите сугерираат дека Пјонгјанг се подготвува да испрати дополнителни сили во наредните недели за да ѝ помогнат на Русија во нејзината војна против Украина, објави Дојче веле.Откако ја посети Северна Кореја минатиот месец, шефот на Советот за безбедност на Русија и поранешен министер за одбрана Сергеј Шојгу за руските медиуми изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се согласил да испрати дополнителни 6.000 воени инженери и работници во Курската област што граничи со Украина, истакнувајќи го подобрувањето на воените врски меѓу Москва и Пјонгјанг.Националната разузнавачка служба (НИС) на Јужна Кореја ги потврди наводите. Разузнавачката агенција, исто така, тврди дека Северна Кореја ѝ испорачала на Русија повеќе од десет милиони артилериски гранати и ракети, а за возврат добила помош во форма на економска соработка, односно воена технологија.Заемно корисен договорАналитичарите велат дека со оглед на придобивките што ги имаат двете страни од нивниот сојуз, веројатно е дека Северна Кореја навистина ќе испрати повеќе војници да се борат заедно со своите руски колеги и сака да помогне на долг рок.„И Москва и Пјонгјанг го добиваат она што го сакаат од овој договор“, рече Јаков Зинберг, професор по меѓународни односи на Универзитетот Кокушикан во Токио.„Знаеме дека Русија претрпе загуби, стотици илјади луѓе убиени и ранети, и дека владата не сака да ја прошири мобилизацијата во големите градови, како што се Москва и Санкт Петербург, бидејќи тоа би можело да го загрози режимот на рускиот претседател Владимир Путин во тие градови“, изјави тој за ДВ.Во меѓувреме, севернокорејските власти се обидуваат да го искористат распоредувањето на трупи како можност за „разбудување“ на нацијата.Може ли помошта за Русија да го обезбеди опстанокот на режимот во Пјонгјанг?Проценките на разузнавањето покажуваат дека Русија „и се реваншира“ на Северна Кореја со снабдување со гориво, храна и пристап до современа воена опрема што Пјонгјанг претходно имаше тешкотии да ја обезбеди бидејќи режимот е под строго ембарго и санкции од Обединетите нации поради нејзината нуклеарна програма.Друга придобивка за Пјонгјанг е едноставно престижот што доаѓа од тоа што е клучен сојузник на глобална сила. Тоа е сојуз што Северна Кореја многу лесно може да го искористи во своја корист во трговските и безбедносните договори со Кина, која долго време е најблизок партнер и заштитник на режимот.„Им се допаѓа статусот што го носи пријателството со Русија“, рече Зинберг.„Очекувам дека тие ќе продолжат да останат блиску до Москва дури и по завршувањето на војната, нудејќи им на Русите војници и работна сила, бидејќи знаат дека тоа може да им донесе придобивки што ќе помогнат во поддршката на режимот и ќе го обезбедат неговиот опстанок“, додава тој.

Свет | пред 7 месеци

Pentagon

Пентагон донесе одлука – нема повеќе испорака на „Патриот“ за Украина!

Одлуката на Пентагон да ги запре испораките на оружје во Украина ги изненади дури и оние кои редовно се информирани за ваквите потези - вклучувајќи членови на Конгресот, претставници на Стејт департментот и клучни европски сојузници, потврдуваат шест лица запознаени со ситуацијата.Што сè е запрено?Според повеќе извори од NBC News, меѓу оружјето чии испораки моментално се запрени се:Десетици ракети за системот „Патриот“, клучни за одбрана од руски ракетиилјадници гранати од 155 мм за хаубициповеќе од 100 ракети „Хелфаер“повеќе од 250 GMLRS (водени повеќекратни ракетни системи за лансирање)десетици ракети „Стингер“ за воздушна одбранадесетици ракети од авиони AIMдесетици фрлачи на гранатиЕвропа и Зеленски се шокираниВо Европа, дипломатите и тимот на украинскиот претседател Володимир Зеленски се обидуваа да откријат зошто САД одеднаш ја замрзнаа помошта, откако Белата куќа ја потврди веста. Ниту Зеленски ниту Европската Унија, според европски функционер и украински советник, не добиле претходно известување.САД и Украина работат на организирање средба меѓу Трамп и Зеленски, потврдија две лица запознаени со подготовките. Ова започна вчера, откако почнаа да кружат информации дека Вашингтон ја запрел испораката на оружје.„Украина беше информирана за одлуката вчера во Киев, а телефонски разговор меѓу Трамп и Зеленски ќе биде организиран многу наскоро“, рече еден европски дипломат, додавајќи: „САД тврдат дека ова не е пауза или суспензија“.„Мораме да ги заштитиме нашите луѓе“Зеленски вчера изјави дека украинските власти се во контакт со американските партнери за да ја разјаснат ситуацијата. „На еден или друг начин, мора да обезбедиме заштита за нашиот народ“, рече украинскиот претседател.

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања