ОРУЖЈЕ

media-libraryjijc629lb4us3L49QJ1

(Фото) Бомби, пушки, автоматско оружје - позната возраста на скопјаните кои планирале одмазда за нивните осудени браќа

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против три лица од Скопје поради сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, на 6 февруари 2026 година Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднел кривична пријава против Б.Д. (33), М.Д. (29) и С.Е. (25). Тие се товарат за кривично дело „злосторничко здружување“ по член 394 став 1 од Кривичниот законик и за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од КЗ.Според наодите од предистражната постапка, постои сомнение дека осомничените се организирале со цел одмазда за своите браќа, кои во текот на минатата година биле обвинети и осудени за кривичното дело „терористичка организација“. Досега прибраните докази укажуваат дека тројцата дејствувале организирано и координирано, како група со заедничка идеолошка определба заснована на радикални исламистички наративи.Надлежните служби се сомневаат дека осомничените преземале активности за собирање парични средства од земјава и од странство, кои, според истрагата, биле користени за пропаганда и активности поврзани со таканаречената исламска држава, како и за набавка на оружје.По наредба на Основниот кривичен суд Скопје, а под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници извршиле претреси на домови и други простории на повеќе локации во Скопје. При претресите биле пронајдени и одземени автоматска пушка со две рамки и 44 куршуми, два пиштола со три рамки и 14 куршуми, една ловна пушка, една воздушна пушка, една рачна димна бомба, како и муниција од различен вид и калибар и други материјални докази релевантни за истражната постапка.

Македонија | пред 2 дена

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница

Основното јавно обвинителство во Тетово отвори истражни постапки против четворица лица по претресите извршени во Брвеница, при кои беа пронајдени наркотична дрога и оружје.Тројца од осомничените се товари за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи. Кај еден од нив бил пронајден пиштол со два куршуми во рамка и уште 20 куршуми за автоматска пушка. Друг осомничен поседувал 55 куршуми, од кои 53 се боeва муниција забранета за граѓаните, додека кај третиот бил откриен пиштол без шаржер.Четвртото лице било фатено со 3,15 грама кокаин, поради што се води истрага за – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.По краткотрајниот 48-часовен притвор за обезбедување докази, јавниот обвинител достави предлог до судијата на претходна постапка за определување мерка притвор за тројцата осомничени, додека за четвртото лице се предложени мерки на претпазливост.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarylsjioff14per6Eh1gBw

Норвешка набавува артилериско оружје со долг дострел вредно милијарда евра

Норвешкиот парламент го одобри планот за набавка на артилериско оружје со долг дострел вреден две милијарди евра, а според норвешките медиуми, Владата на Осло се одлучила за јужнокорејската понуда наместо за американската.Системот Chunmoo на јужнокорејската компанија Hanwha Aerospace беше избран пред американскиот HIMARS на Lockheed Martin. Станува збор за оружје кое може да достигне цели зад непријателските линии, што според опозициските пратеници е клучно во современото воено делување.Дел од норвешките пратеници предложија земјата да помогне во развојот на европска алтернатива за овие системи, но оваа идеја беше одбиена поради потребата од големи ресурси и време.Првите ракетни системи во Норвешка се очекува да пристигнат веќе во 2028 година. Јужнокорејската понуда ги задоволи норвешките критериуми, вклучувајќи дострел до 500 километри и најбрзо време на испорака.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryu38oa7greq2telYjcyF

Трамп тврди дека САД имаат тајно оружје, Москва бара објаснување

Соединетите Американски Држави поседуваат тајно оружје кое е непознато за остатокот од светот, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, по што Русија веднаш се огласи со јасно барање за појаснување.Трамп за телевизијата „Њуз нејшн“ изјави дека тоа тајно оружје и понатаму треба да остане во тајност.„Имаме оружје за кое никој не знае и сметам дека веројатно е добро да не се зборува за тоа. Но, имаме некои неверојатни видови оружје“, рече Трамп.Прашањето од новинарите, по кое Трамп се пофали со постоењето на тајно оружје, било поврзано со американската операција во Венецуела.Набргу по оваа изјава се огласи и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој порача дека очекува објаснување за тоа што точно мислел американскиот претседател кога зборувал за тајно оружје.„Во овој случај, веројатно ќе треба да слушнеме појаснување за тоа што точно имал предвид американскиот претседател“, изјави Песков за новинарите, пренесува агенцијата РИА Новости.

Свет | пред 2 седмици

media-librarylrht6l3hhfbp4EWSPWh

Пукале од оружје на семејна веселба во Лажани, две лица приведени

Две лица од селото Лажани, општина Долнени, беа лишени од слобода откако за време на семејна веселба пукале од огнено оружје, соопшти Министерството за внатрешни работи.Настанот се случил на 2 јануари 2026 година околу 09:30 часот, кога полициски службеници од Полициското одделение Ропотово интервенирале во селото Лажани. Според официјалните информации, М.С. (36) управувал патничко возило „фиат хрома“ со прилепски регистарски ознаки, а С.Б. (29) управувал „мерцедес“ со германски национални ознаки. Двајцата биле дел од колона возила организирана по повод семејна прослава, при што од нивните возила биле испукани повеќе куршуми.При полициската интервенција, од М.С. бил одземен гасен пиштол марка „Reaty Eagle“ со 40 куршуми калибар 9 милиметри, додека од С.Б. бил одземен гасен пиштол марка „Walther“ со 12 куршуми од ист калибар.За случајот бил известен надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против двете лица ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycuv8lbqa7nkefbq4mTm

Пукање во Сараево: Од автомобил пукале кон маж, полицијата откри оружје и дрога

Во Сараево синоќа, во полициска акција, беа уапсени двајца мажи, Ф.П. (1998) и А.Х. (2001), поради сомнение дека сториле обид за убиство во населбата Кобиља Глава. Се сомнева дека во ноќта кон недела, во 00:35 часот, од автомобил во движење пукале кон В.Д. од Сараево, кој исто така се наоѓал во возило, но за среќа не се здобил со повреди.Пронајдени оружје и дрогаОперативната акција ја спровеле службениците на Управата на полицијата на МВР на Кантонот Сараево, под надзор на надлежното обвинителство. При претрес на возилото и станбените простории што осомничените ги користат на подрачјето на Стари Град, пронајден е цел арсенал.„Со извршениот претрес на возилото и станбените простории кои осомничените ги користат на подрачјето на Стари Град, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една автоматска пушка, еден пиштол, два детонатори, одредена количина муниција, повеќе ПВЦ пакувања во кои имало материи што асоцираат на опојни дроги хероин, кокаин и марихуана, дробилки, дигитална вага и други предмети од интерес за истрагата“, соопштија од МВР на Кантонот Сараево.За што се товарат осомниченитеПоради низа тешки кривични дела, Ф.П. (1998) од Сараево е уапсен поради сомнение за обид за убиство, оштетување на туѓа ствар, недозволено држење оружје и експлозивни материи, како и неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги. Вториот осомничен, А.Х. (2001) од Сараево, се товари за обид за убиство, оштетување на туѓа ствар и кривично дело по член 74 од Законот за набавување, држење и носење оружје и муниција на Кантонот Сараево.„Осомничените се наоѓаат на криминалистичка обработка во Управата на полицијата на МВР на Кантонот Сараево, по што ќе бидат предадени на надлежното Кантонално обвинителство на Кантонот Сараево“, се додава во соопштението.

Свет | пред 1 месец

indija-oruzje-pvo

Војните ја зголемуваат продажбата: производителите на оружје со историски највисоки приходи

Производителите на оружје ширум светот во 2024 година оствариле рекордни приходи, поттикнати од војните, зголемените геополитички тензии и растечките буџети за одбрана, покажуваат најновите податоци на Штокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ). Според извештајот, сто најголеми светски одбранбени компании забележале раст од 5,9 проценти на годишно ниво, достигнувајќи вкупни приходи од околу 679 милијарди долари – највисока бројка досега.Побарувачката за вооружување нагло порасна како последица на војната во Украина, воениот конфликт во Газа и зголеменото чувство на несигурност во повеќе региони. Многу компании во изминатата година ги проширија капацитетите, отворија нови фабрики или купија конкурентски фирми со цел да одговорат на барањата на пазарот.САД остануваат доминантна сила во одбранбената индустрија: 39 од 100 најголеми компании се американски, а нивните приходи пораснале на 334 милијарди долари – речиси половина од глобалниот вкупен износ. На врвот се Lockheed Martin, RTX и Northrop Grumman. За првпат на листата се појави и SpaceX на Илон Маск, чијшто одбранбен сегмент ги удвоил приходите на 1,8 милијарди долари.Во Европа, вкупната продажба на оружје (исклучувајќи ја Русија) пораснала за 13 проценти и достигнала 151 милијарда долари, пред сè поради големата побарувачка поврзана со украинскиот конфликт и силната перцепција за руска закана. Германските Rheinmetall, ThyssenKrupp, Hensoldt и Diehl заедно бележат раст на приходите од 36 проценти.Рускиот напад врз Украина истовремено доведе до зголемување на приходите кај производителите од двете страни. Украинскиот Укроборонпром има раст од 41 проценти, а руските Ростех и United Shipbuilding Corporation заработиле 31,2 милијарди долари – 23 проценти повеќе од лани, и покрај санкциите и недостигот од компоненти.Израелските одбранбени компании, и покрај критиките за операциите во Газа, оствариле раст од 16 проценти, достигнувајќи 16,2 милијарди долари, а интересот за израелски системи останува висок.Кинеската индустрија, пак, забележала пад од 10 проценти поради низа корупциски скандали во процесите на набавка, што довело до одложување или откажување големи договори. Азија и Океанија, и покрај растот во Јапонија и Јужна Кореја, вкупно бележат пад од 1,2 проценти, што ги прави единствениот регион со намалена продажба.Од Greenpeace предупредуваат дека Европа станува „жариште на глобалното повторно вооружување“ и дека рекордното трошење за одбрана ја води планетата „во погрешна насока“.СИПРИ ги следи глобалните приходи од оружје од 1989 година, а податоците за кинеските компании ги вклучува од 2015 година.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryk12mfjpovdfj9NjRCsq

(Видео) Откако девојче вперува пушка кон братчето во Крушево, полицијата влезе во нивниот дом

Полицијата целосно го расветли случајот од крушевското село Јакреново, кој предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, откако беше објавено видео на кое 15-годишно девојче вперува ловечка пушка кон главата на својот 11-годишен брат.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 14 ноември 2025 година околу 13 часот, полициски службеници од ОВР Крушево извршиле интервенција во домот на семејството, при што од Ф.А. (44) од с. Јакреново била одземена ловечка пушка, ременик и дозволата за поседување оружје.Од МВР потврдија дека, по спроведените мерки и консултациите со јавен обвинител, е утврдено дека настанот се случил во семејниот дом, а оружјето со кое девојчето позирало било легално поседувано од таткото.Оружјето е одземено, а по целосно документирање на случајот против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Инцидентот предизвика загриженост во јавноста, особено поради тоа што се работи за малолетници и огнено оружје, а полицијата порача дека ќе продолжи со засилен надзор и санкции за неодговорно чување и употреба на оружје.

Македонија | пред 2 месеци

vojna-ukraina

Блокадата на американската влада стопирала извоз на оружје вреден повеќе од 5 милијарди долари, погодени и НАТО сојузниците

Блокадата на американската влада, која трае веќе 40 дена, го замрзна извозот на американско оружје во вредност од над 5 милијарди долари, наменет за НАТО-сојузниците и Украина, објави порталот Axios.Според извори од Стејт департментот, застојот во работењето на федералните институции има сериозни последици за сојузниците, но и за домашната воена индустрија, која не може да ги испорача договорените системи.„Ова навистина им штети и на нашите партнери и на американската индустрија која треба да обезбеди критични способности во странство,“ изјавил висок функционер на Стејт департментот за Axios.Меѓу земјите засегнати од блокадата се Данска, Хрватска и Полска, а меѓу опремата чија испорака е стопирана се наоѓаат ракетите AMRAAM, системите Aegis, како и HIMARS – мобилни артилериски системи со висок дострел.Иако не се открива кои пратки се наменети за Украина, дел од продажбите на НАТО-сојузниците подоцна се пренасочуваат како воена помош за Киев.Прекинатите трансакции се однесуваат и на државни продажби на оружје, и на лиценци за извоз на приватни американски компании. Под нормални услови, овој процес се одвива рутински, но поради блокадата голем дел од службениците се на принуден одмор, што го парализира системот.Проблемот произлегува од Законот за контрола на извозот на оружје, кој налага Конгресот да ги разгледа сите предлози за продажба на вооружување. Бидејќи дел од службениците кои го известуваат Конгресот не работат, процесот практично е запрен.Одделот за политичко-воени прашања во Стејт департментот моментално функционира со само една четвртина од редовниот број вработени, потврдија американски претставници.Од Стејт департментот тврдат дека демократите ја задржуваат продажбата на оружје, вклучително и кон НАТО-сојузниците, што, како што велат, ја ослабува безбедноста на САД и партнерите.Слична порака испрати и Џејмс Риш, претседател на Сенатскиот комитет за надворешни односи:„Кина и Русија не мируваат. Нивните напори да ги поткопаат САД и нашите сојузници стануваат полесни додека нашата индустрија трпи, а потребите на сојузниците остануваат неисполнети,“ рече Риш.

Свет | пред 3 месеци

municija-1

Вучиќ нуди муниција на Европа, Москва предупредува на можни последици

Српскиот лидер во интервју за германското списание „Цицеро“ објасни дека домашните залихи на муниција се големи и дека производството расте, особено кога станува збор за минофрлачки гранати. Тој посочи дека Србија може да понуди дел од таа продукција на европските пазари и дека нема да ја ограничува волјата на купувачите по понатамошната судбина на испорачаното оружје.Вучиќ истакна и дека официјална Белград останува формално воено неутрална, но нагласи дека економските интереси во одбранската индустрија доведуваат до зголемено производство и извози. Споменувајќи споредби, тој рече дека Србија произведува повеќе одредени видови муниција отколку некои западни земји.По неговата изјава стигна реакција од Москва. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изрази загриженост и рече дека не сакаат оружјето произведено во „братска“ Србија да завршува против руски војници. Тој, истовремено, ја опиша ситуацијата во Србија како тешка поради надворешните притисоци и рече дека треба да се води сметка за проблемите со кои се соочува земјата.Аналитичари велат дека ваквата понуда ја отвора дилемата меѓу економските придобивки од одбранската индустрија и дипломатските ризици што произлегуваат од тргување со вооружување во регионот. Продажбата на муниција кон ЕУ би можела да предизвика политички реакции и да го сврти вниманието кон прашањата за контрола на дестинацијата на испораките.Во контекст на овие изјави, останува неизвесно дали и кои европски купувачи би го искористиле ваквиот потенцијален извор на муниција и какви гаранции или контролни механизми би побарале за да направат разлика помеѓу легални набавки и ризик од пренасочувања.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryakvvrnsoacj972jeYn5

Шпанија стави забрана: Американско оружје за Израел нема да минува низ Рота и Морон

Шпанија воведе забрана за користење на воените бази Рота (Кадиз) и Морон де ла Фронтера (Севиља) за американски авиони и бродови натоварени со оружје, муниција и воена опрема наменета за Израел.Забраната важи и за летови што одат директно во Израел и за оние со меѓуслетување во други земји, доколку конечната дестинација е Израел.Рота и Морон се шпански суверени бази, под команда на шпански воен офицер, и сè што таму се случува мора да биде одобрено од шпанските власти, изјави извор за El País.Иако постои можност дел од оружјето да стигне до Израел преку заобиколни патишта, властите предупредуваат дека секое сокривање на товарот би било контрапродуктивно и би можело да го наруши односите меѓу Мадрид и Вашингтон.Шпанската влада, која има коалициски левичарски партнери со силни антивоени ставови, јасно дала до знаење дека не сака американските летала или бродови натоварени со оружје за Израел да користат шпански бази или воздушен простор, освен во итни случаи.Сепак, американските авиони имаат право на слободен транзит преку меѓународниот воздушен простор и тоа право веќе е искористено при испорака на повеќе израелски борбени авиони F-35, кои преку Азорите и Гибралтар стигнале до Израел.Овој потег на Мадрид доаѓа во време кога Шпанија воведе повеќе мерки за притисок врз владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а Стејт департментот на САД изрази загриженост дека тие мерки би можеле да ги ограничат американските операции.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryvqjh7ubgs9ag3x1mkHQ

(Видео) Американското оружје „Леонидас“ урна 49 дронови со еден удар

Американската компанија Epirus објави видео од демонстрација на своето противдронско оружје „Леонидас“, во кое со еден единствен импулс на насочена енергија биле урнати 49 дронови одеднаш. Настанот предизвика голем интерес во јавноста и медиумите, а експертите го нарекуваат вистинска технолошка пресвртница.Дроновите, како што посочуваат безбедносни аналитичари, се двојна закана – се појавуваат од непредвидливи насоки и се доволно евтини за да се користат во огромен број. Поради тоа, тие претставуваат ризик не само во воени конфликти, туку и за цивилното воздухопловство.„Леонидас“ функционира со микробранови, зраци кои ја уништуваат електрониката на беспилотните летала. Системот е базиран на нова генерација полупроводници од галиум нитрид, кои овозможуваат помала потрошувачка на енергија и поголема мобилност во споредба со старите вакуумски цевки.Особено впечатлива е способноста на системот да делува „еден спрема многу“ – односно истовремено да уништува цела група на дронови. Покрај тоа, може и прецизно да таргетира само еден летечки објект без колатерална штета или да програмира забранети воздушни зони.Демонстрацијата се одржа пред месец дена во Камп Атербери, Индијана, каде што „Леонидас“ успеал да собори 61 дрон со 100% ефикасност. Кулминација било моментот кога системот едновремено се справил со група од 49 дронови.Ова е пресвртница за Epirus. Веруваме дека демонстрацијата покажа дека „Леонидас“ е единственото оперативно решение против рој дронови по принципот ‘еден спрема многу’, изјави извршниот директор на компанијата, Енди Лоури.Видео-снимката објавена од компанијата прикажува како дроновите речиси во исто време паѓаат од небото, како „невидлива рака“ да ги пресекла нивните врски.

Свет | пред 4 месеци

pedro-sances

„Нема право да истребува народ“ – Санчез со жестока порака до Израел и трајна забрана за оружје

Шпанија воведе трајна забрана за продажба на оружје и муниција на Израел, соопшти денеска премиерот Педро Санчез. Одлуката е дел од пакет мерки со кои, како што рече, треба да се стави крај на „геноцидот во Газа“.Во рамките на мерките, на бродови што пренесуваат нафта за израелската војска нема да им биде дозволено да влегуваат во шпанските пристаништа, а авионите со воен материјал за Израел ќе имаат забрана за користење на воздушниот простор на Шпанија.„Иако Израел има право на одбрана и постоење, тоа не му дава право да истребува беспомошен народ. Заштитата на сопствената земја е едно, а бомбардирањето болници и гладни деца е друго. Шпанија има обврска да стори сè што може за да запре она што специјалниот известувач на ОН и бројни експерти го сметаат за геноцид“, изјави Санчез.Шпанскиот премиер е меѓу најгласните критичари на израелската воена кампања во Газа во рамките на Европската Унија, а минатата година ја призна независноста на Палестина.Кон крајот на јули, Словенија стана првата членка на ЕУ што воведе забрана за извоз на оружје кон Израел.Помош за ПалестинцитеМадрид ќе обезбеди и правно обврзувачка помош за шпанските граѓани што живеат на овие окупирани територии. Санчес, чија земја минатата година ја призна државата Палестина во границите од 1967 година, најави дополнителна соработка со Палестинската самоуправа во областите на земјоделството, храната и здравството.Шпанија ќе плати дополнителни 10 милиони евра на агенцијата на ОН за палестински бегалци, UNRWA, на која Израел не ѝ дозволува да работи. „Знаеме дека овие мерки не се доволни за да се запре инвазијата и воените злосторства, но тие се барем дополнителен притисок за да се даде одмор на страдалното население во Газа и да се стават Шпанците на вистинската страна од историјата“, рече Санчес.

Свет | пред 5 месеци

droga-oruzje-pretres-1

Во напуштен објект во Чаир пронајдени автоматска пушка, пиштол и куршуми

Вчера во 15:54 часот, во СВР Скопје Б.Ѓ. пријавила дека во помошен објект на напуштена куќа на нејзината мајка во Чаир пронашла автоматска пушка. Таа повикала сосед за да проверат дали има други предмети во објектот, но на местото дошол синот на соседот кој ја турнал пријавителката, ја зел пушката и избегал.По извршен претрес и дополнителни проверки, полициските службеници во објектот пронашле уште една пушка, пиштол и куршуми. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Скопје | пред 5 месеци

garda-sad

Ќе носат пиштоли М17 или пушки М4: Националната гарда во Вашингтон доби дозвола да носи оружје

Гардистите на американската Национална гарда, кои веќе две недели патролираат низ улиците на Вашингтон по налог на претседателот Доналд Трамп, од неделата навечер почнаа да носат оружје, потврдија двајца американски функционери за „Ројтерс“.Според информациите, дел од војниците ќе бидат вооружени со пиштоли М17 или пушки М4, но не е наведено колкумина ќе имаат оружје. Одлуката следува откако минатата недела министерот за одбрана Пит Хегсет даде зелено светло за вооружување на гардистите. Во заедничко соопштение на Командата на Националната гарда за Вашингтон беше нагласено дека употребата на сила е дозволена „само како последна опција и единствено во случај на непосредна закана по живот или тешки повреди“.Трамп најави дека може да ја прошири својата кампања против криминалот и во други градови под раководство на демократите, конкретно споменувајќи ги Чикаго и Балтимор, со можност таму да биде испратена војска.Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, оцени дека претседателот нема уставна основа да ја распореди војската во Чикаго, додека Пентагон веќе започна со изработка на сценарија за евентуална интервенција. Претставници од Министерството за одбрана, кои зборуваа анонимно, нагласија дека станува збор за рутинско планирање без конкретна одлука. Џефрис ги нарече чекорите на Белата куќа „вештачко создавање криза“, потсетувајќи дека бројот на убиства во Чикаго минатата година бил во опаѓање.Слична позиција имаше и гувернерот на Илиноис, демократот Џ.Б. Прикер, кој изјави дека нема потреба од распоредување на Националната гарда.Трамп, сепак, продолжи со критики кон демократските гувернери, меѓу кои и Вес Мур од Мериленд, нагласувајќи дека е подготвен да испрати војска и во Балтимор. Официјалните податоци од таму, пак, покажуваат двоцифрен пад на вооруженото насилство и најмал број убиства во последните пет децении.Иако Трамп тврди дека благодарение на војската и федералните агенти криминалот во Вашингтон е „исчистен“, статистиките укажуваат дека трендот на намалување почнал уште пред неговите мерки. За разлика од американската престолнина, каде што претседателот има директни овластувања, неговата моќ во градови како Чикаго и Балтимор е ограничена.Претседателот се повика на член 12406 од федералниот Закон за вооружени служби, кој дозволува испраќање на Националната гарда во случај на инвазија, немири или потреба од примена на закон. Но, експертите предупредуваат дека секој обид за активирање на оваа одредба во градови управувани од демократите речиси сигурно би отворил правни спорови.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања