Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Пукале од оружје на семејна веселба во Лажани, две лица приведени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-librarylrht6l3hhfbp4EWSPWh

Две лица од селото Лажани, општина Долнени, беа лишени од слобода откако за време на семејна веселба пукале од огнено оружје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Настанот се случил на 2 јануари 2026 година околу 09:30 часот, кога полициски службеници од Полициското одделение Ропотово интервенирале во селото Лажани. Според официјалните информации, М.С. (36) управувал патничко возило „фиат хрома“ со прилепски регистарски ознаки, а С.Б. (29) управувал „мерцедес“ со германски национални ознаки. Двајцата биле дел од колона возила организирана по повод семејна прослава, при што од нивните возила биле испукани повеќе куршуми.

— реклама —
— реклама —

При полициската интервенција, од М.С. бил одземен гасен пиштол марка „Reaty Eagle“ со 40 куршуми калибар 9 милиметри, додека од С.Б. бил одземен гасен пиштол марка „Walther“ со 12 куршуми од ист калибар.

За случајот бил известен надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против двете лица ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye7sj9fb0s3focEaZRIR

Приведен маж баран со судска наредба, спроведен во затворот во Тетово

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library8skjdshdqgaucEmWe69

Нелегално копале во гостиварско за да најдат злато, четворица лишени од слобода

Македонија | пред 4 часа

media-library61qpmgfaacd59tUJd1h

Двајца тетовци лишени од слобода, осомничени за неколку кражби

Македонија | пред 4 часа

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

Малолетник нападнат од група врсници во Аеродром, случајот пријавен во полиција

Скопје | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања