Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Војните ја зголемуваат продажбата: производителите на оружје со историски највисоки приходи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
indija-oruzje-pvo

Производителите на оружје ширум светот во 2024 година оствариле рекордни приходи, поттикнати од војните, зголемените геополитички тензии и растечките буџети за одбрана, покажуваат најновите податоци на Штокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ). Според извештајот, сто најголеми светски одбранбени компании забележале раст од 5,9 проценти на годишно ниво, достигнувајќи вкупни приходи од околу 679 милијарди долари – највисока бројка досега.

Побарувачката за вооружување нагло порасна како последица на војната во Украина, воениот конфликт во Газа и зголеменото чувство на несигурност во повеќе региони. Многу компании во изминатата година ги проширија капацитетите, отворија нови фабрики или купија конкурентски фирми со цел да одговорат на барањата на пазарот.

— реклама —

САД остануваат доминантна сила во одбранбената индустрија: 39 од 100 најголеми компании се американски, а нивните приходи пораснале на 334 милијарди долари – речиси половина од глобалниот вкупен износ. На врвот се Lockheed Martin, RTX и Northrop Grumman. За првпат на листата се појави и SpaceX на Илон Маск, чијшто одбранбен сегмент ги удвоил приходите на 1,8 милијарди долари.

Во Европа, вкупната продажба на оружје (исклучувајќи ја Русија) пораснала за 13 проценти и достигнала 151 милијарда долари, пред сè поради големата побарувачка поврзана со украинскиот конфликт и силната перцепција за руска закана. Германските Rheinmetall, ThyssenKrupp, Hensoldt и Diehl заедно бележат раст на приходите од 36 проценти.

— реклама —

Рускиот напад врз Украина истовремено доведе до зголемување на приходите кај производителите од двете страни. Украинскиот Укроборонпром има раст од 41 проценти, а руските Ростех и United Shipbuilding Corporation заработиле 31,2 милијарди долари – 23 проценти повеќе од лани, и покрај санкциите и недостигот од компоненти.

— реклама —

Израелските одбранбени компании, и покрај критиките за операциите во Газа, оствариле раст од 16 проценти, достигнувајќи 16,2 милијарди долари, а интересот за израелски системи останува висок.

Кинеската индустрија, пак, забележала пад од 10 проценти поради низа корупциски скандали во процесите на набавка, што довело до одложување или откажување големи договори. Азија и Океанија, и покрај растот во Јапонија и Јужна Кореја, вкупно бележат пад од 1,2 проценти, што ги прави единствениот регион со намалена продажба.

— реклама —

Од Greenpeace предупредуваат дека Европа станува „жариште на глобалното повторно вооружување“ и дека рекордното трошење за одбрана ја води планетата „во погрешна насока“.

СИПРИ ги следи глобалните приходи од оружје од 1989 година, а податоците за кинеските компании ги вклучува од 2015 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryachv131mr8uq3KqAzYD

Украина со масовни напади врз Русија, Москва тврди дека соборила 1.441 дрон

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-librarydomkoiv4lstj9yXXQxq

(Видео) Руски ракети погодија два големи моста во Киев, прекинато снабдувањето со вода и струја

Свет | пред 10 часа

media-librarye00b4sg9vormbcLok01

(Видео) Украина изведе најголем напад со дронови врз Русија од почетокот на војната: Москва тврди дека соборила 1.336 летала

Свет | пред 1 ден

kremlj-moskva

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Естонија за руска саботажа: „Немате докази“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања