ПАЛЧО

Screenshot-2024-05-17-at-11.51.23

Ги исконтактиравме тројцата адвокати кои Палевски ги бара за бранители: ќе прифатат или не

„Скопје1“ ги исконтактира тројцата адвокати, за кои Љупчо Палевски-Палчо бара од судот да ги исконтактира за да му бидат бранители во постапката каде што е осомничен како планер и реализатор на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Адвокатот Тони Менкиновски, за „Скопје1“ посочи дека не е заинтересиран за тој предмет.„Но, не е ништо стигнато“, рече Менкиновски во кратката изјава.Го исконтактиравме и адвокатот Славко Секулов, кој е вториот што Палчо го бара да го застапува. На телефонот од адвокатската канцеларија ни одговори службеник кој посочи дека бранителот не е таму и дека не може да даде негов телефонски број. И покрај нашето инсистирање да го искомуницираме, до моментот на објавување на овој текст – тоа не се случи.Јовица Страшевски е третиот адвокат на кого Палевски сака да му поклони доверба. Исто како Менкиновски и тој досега нема добиено вакво барање.„Не сум добил барање, не сум размислувал“, рече Страшевски за „Скопје1“.Правото на одбрана му е загарантирано на Палевски, а два дена по екстрадицијата тој реши да побара и правен застапник, во спротивно ќе треба да му одреди државата по службена должност. За ова ќе треба да одлучи судијата на претходна постапка, а адвокатите да кажат дали ќе прифатат или не.„Скопје1“ објави дека однесувањето на Палчо во притвор било ладнокрвно, без никакви поплаки. Сместен е во притворското одделение на затворот во Шутка.Објавивме и дека дека тој не приговарал на ништо, ниту разговарал со спроводниците и полицајците кои го преземаа по екстрадицијата од Турција. Со него, носел повеќе работи, со кои бил затекнат при бегството во Баликесир.Тој треба да биде повикан и во Обвинителството каде за првпат ќе треба да даде исказ за убиството на Вања и Панче.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-16-at-12.21.58

Првата ноќ на Палчо во притвор: ладнокрвно однесување, со себе имал мемориски дискови, камери и картици

Со ладнокрвно однесување, без никакви поплаки, Љупчо Палевски-Палчо е сместен во притворското одделение на затворот во Шутка. „Скопје1“ дознава дека тој не приговарал на ништо, ниту разговарал со спроводниците и полицајците кои го преземаа по екстрадицијата од Турција. Со него, носел повеќе работи, со кои бил затекнат при бегството во Баликесир.Извори за „Скопје1“ откриваат дека со во него, освен пари, имал документи, мемориски дискови, но и картици и камери. Овие материјали турските власти ги предале на македонските, при екстрадицијата. Непознато е дали истите завршиле во МВР, Обвинителство или со него во затворот во Шутка.Првите две локации во Македонија каде ќе биде носен Палчо се очекува да бидат Кривичниот суд, а потоа и на сослушување во Обвинителство.Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Филип Андов кажа дека посебни протоколи важат за Палевски-Палчо. Од начинот на негово обезбедување со лица кои се посебно одредени, до крилото каде се наоѓа, но и неговата исхрана.При приемот се извршени редовни проверки кои се прават за сите притвореници, Палчо немал поплаки на неговото здравје.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-12-06-at-10.52.32

Јавниот обвинител презема истражни дејствија на прибавување и анализа на докази за случајот на Љупчо Палевски

По екстрадицијата на првиот осомничен од Република Турција, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје продолжува да презема истражни дејствија во предметот за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.За петмина осомничени, од кои тројца соизвршители во тешките кривични дела – две грабнувања и две убиства на свиреп начин, еден осомничен за помагање при грабнувањето на малолетно лице и еден осомничен за помагање по извршеното кривично дело, истрагата е во завршна фаза.Врз основа на меѓународна потерница издадена по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, Република Турција вчера го екстрадираше првиот осомничен за кривичните дела. По барање на јавниот обвинител, за него веќе е определена мерка притвор која веднаш започна да се применува. Во однос на ова лице, јавниот обвинител презема истражни дејствија на прибавување и анализа на докази кои во оваа фаза на постапката не можат да бидат споделени со јавноста.

Македонија | пред 1 година

transporter-palco

Љупчо Палевски-Палчо мирно ја поминал првата ноќ во затворот

Љупчо Палевски Палчо, осомничениот за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски ја помина првата ноќ во македонски затвор откако вчера беше екстрадиран во земјава. По околу 5 месеци од неговото апсење во турскиот град Баликесир тој вчера беше спроведен со редовен лет на Туркиш Ерлајнс на скопскиот аеродром.Палевски ќе биде сместен во посебна ќелија и ќе се движи по посебен ходник.Просторијата во која ќе биде сместен е веќе подготвена, а мерките за безбедност се на највисоко ниво.Љупчо Палевски првата ноќ во истражниот затвор Скопје ја поминал мирно без да се пожали на некакви здравствени проблеми или да бара нешто повеќе од она што му е одредено согласно неговиот статус на првоосомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-12-06-at-10.52.32

Под посебни протоколи Палчо го носат во Македонија - екстрадацијата во тајност на барање на турските власти

Со комерцијален лет на „Turkish Airlines“ вечерва се очекува да биде екстрадиран Љупчо Палевски Палчо. Под посебни протоколи и во тајност, Турците сакаат првоосмничениот за двојното убиство да биде спроведен во Македонија, дознава Скопје 1 од извори во МВР.Тој ќе биде спроведен директно во затворот Шутка, каде што, според информациии на Скопје 1, веќе се пристигнати од специјалнната единица Тигри. Тој ќе биде сместен во притворското одделение бидејќи уште првиот ден кога беше пронајдено телото на Вања му беше веќе му е одреден 30-дневен притвор, а неофицијално и таму за него ќе важат посебни безбедносни протоколи.Палевски е обвинет за две тешки дела: „киднапирање“ и „брутално убиство“ на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Според досегашните информации, Палчо треба да слета на скопскиот аеродром околу осум часот.Палевски првично избега во Србија, па преку Бугарија стигна во Турција, каде тамошната полиција го уапси на 6 декември во Баликесир.

Македонија | пред 1 година

palco

ДЕСНА потврдува дека Палчо е во авионот на „Turkish Airlines“

„Љупчо Палевски Палчо се наоѓа во авион на TURKISH AIRLINES од ISTANBUL лет број TK 1005. Очекувано време на слетување ETA е во 19:30 часот на меѓународниот аеродром Скопје“ соопштија на ФБ станицата на политичката партија ДЕСНА чиј претседател беше Љупчо Палевски Палчо.Тој беше сменет од партиската функција на 16-ти јануари годинава.

Македонија | пред 1 година

zatvor

Посебни оперативни мерки во затворот во Шутка заради пристигнувањето на Палчо

Во истажниот затвор Шуто Оризари се спроведуваат посебни оперативни мерки поради екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо. Во затворот се пристигнати специјални единици, а сите затвореници се под клуч односно како одделенијата така и ќелиите.Командирите издале наредби дека никој не смее да излегува надвор од местото каде што издржуваат затворска казна без разлика дали во отворено или полуотворено одделение. 

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-12-06-at-10.52.32

Нема рок, но екстрадицијата на Палчо ќе биде во најкратко време, најави и Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, посочи дека ја добиле информацијата дека е одобрена екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој кажа дека македонските полицајци се во комуникација со турските колеги.„Нема рок, но екстрадицијата ќе биде во најкратко време, откако ќе бидат подготвени соодветни ресурси од двете страни“, кажа Тошковски.Турција денеска посочи дека ја одобрила екстрадицијата на Палевски.

Македонија | пред 1 година

palco-traektorija

Турција дала одобрение за естрадиција на Палчо

Министерот за правда, Кренар Лога на социјалните мрежи објави дека е добиено одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо. Но, се уште, точен датум за екстрадиција - нема. Тој се сомничи како планер и реализатор на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.„Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски.Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда“, објави Лога.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-12-06-at-10.52.32

(Видео) Турција дала рок за екстрадиција на Палчо, испораката ќе одела брзо тврди Лога

Министерот за правда, Кренар Лога, кажа дека Турција дала рок во кој ќе го испорача Љупчо Палевски-Палчо, осомничен како организатор и реализатор на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој не сакаше во јавноста да го каже рокот, но посочи, дека очекува тоа да биде за брзо.„При нашата официјална посета во Турција, ни кажаа дека судскиот дел е завршен, останува административниот дел. Според нивните правила, нивното МНР мора да потпише, па министерот за правда. Очекувам за брзо да биде тоа, така кажа и мојот колега од Турција. Ни дадоа некој рок, но не сакам да кажувам такви детали, бидејќи таа работа зависи од нив, а не од нас“, рече Лога. Воедно, додаде дека одржува комуникација со турските власти. Посочи дека и денеска, на настанот „60 години Уставен суд“, се сретнал со тамошни претставници.„Нема друга комуникација, сите постпаки се затворени на време. Неофицијално комуницираме, денес баравме информација кога би била испораката“, додаде Лога.

Македонија | пред 1 година

palco-traektorija

„Десна“ објави наводно писмо од Палчо, министерката Мадиќ не знае кога, ама очекува да го екстрадираат

Партијата „Десна“ испрати наводно писмо кое е од Љупчо Палевски-Пачло првоосомничен за организација и реализација на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, а заменик-министерката Викторија Аврамовска-Мадиќ најави негово враќање во земјава. Не сакаше да коментира никакви наводи од писмото. Нема информации како ова писмо е испратено и до кого, како и дали е веродостојно.За тоа време, Мадиќ посочува дека тие очекуваат Палевски да биде екстрадиран. Според неа, завршена е постапката и се чекаат административни документи.„Министерот за правда беше во посета на неговиот колега во Турција и како што беше информирана јавноста од Министерството за правда, судската постапка е завршена се чекаат административните документи да се завршат и очекуваме дека Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран“, рече Аврамовска – Мадиќ. Писмото објавено од „Десна“ тука

Македонија | пред 1 година

cvetkovska

Цветковска додека собира 10 илјади потписи за кандидатура, го брани Палчо: Тој е невин и сака миленичиња, членовите од 'Десна' не се убијците“

Во претседателската трка сака да влезе и Зорица Цветковска, која до сега има собрано 140 потписи од потребните 10.000. Во одговорите што ги добивме, таа се претставува како кандидат за претседател на Република Македонија, верува дека ќе ги собере сите потребни потписи, а програмата и е експлицитно македонска. „Десна“ се поврзува со Љупчо Палевски-Палчо кој е осомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и се наоѓа во екстрадиционен притвор. Него го промовира како невино лице, а истото го кажува и за останатите нејзини сопартијци кои пред правосудните органи признаа дека учествувале во делата.„Во насока на промоција на Република Македонија првото нешто што ќе го направам кога ќе стапам на позиција претседател на Република Македонија, ќе покренам иницијатива за распишување референдуми за раскинување на договорите со Бугарија и Грција.Потписи очекувам да добијам од сите македонски родољуби, максимално свесни дека во борбата за Република Македонија една од важните алки е токму институцијата претседател на Република Македонија”, вели Цветковска за „Скопје1“.Прашана за Палчо, осомничен за двојното убиство, посочува дека го познава и дека нема вмешаност во случајот. Навлага во детали и посочува дека во моментот на убиството, тој бил во партијата со која раководеше.„Моето мислење за Палчо е екстремно позитивно, особено по местенката што му ја приредија Оливер Спасовски, Димитар Ковачевски и сите оние што стојат зад нив во целата афера. Љупчо Палевски е македонски родољуб, еден од најпосветените на македонското дело. Тој е љубител на домашни миленичиња, човек кој што никогаш не кренал глас, кој што секогаш имаше решение за се, никогаш, ама никогаш нема да крене рака на старец и девојче, ни теоретски во предизборен период. Со сигурност знам дека Палчо во времето на убиството на Вања бил во штабот на ПП ДЕСНА, тоа го знаат уште неколку луѓе кои што во тоа време свратиле во седиштето. Набругу ќе се врати во Македонија и ќе ги разобличи сите оние што учествувале во сценариото и режијата во негово оцрнување. Дека е местенка, доказ е жигосувањето и на нас членовите на ПП ДЕСНА, меѓу кои и на мене. Впрочем, за тоа имам поднесено и тужбено барање за клевета, навреда и нарушување на честа и угледот, мислам против лицето Оливер Спасовски”, одговара Цветковска.Ги познава и Манев, Видевски и Кешишев, осомничени во истиот случај и посочува дека не се убијци.„Ако мислите на осомничените лично од обвинителот Бубевски и фрустрираниот министер Спасовски, да ги познавам сите. За сите нив, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев имам позитивно мислење, без врска што сите тие имаа различни функции во партијата. Со Велибор и Боре, собравме огромен број декларации за зачувување на името на МПЦ-ОА, во Повардарието. Тие луѓе ниту се убијци, ниту замешани во случајот. Она што го знам е дека Боре има дадено изјава под тешка тортура, бил тепан се додека не го „признал“ делото. Од ќотекот едниот бубрег му е откажан и сега има катетер. Некој сериозно ќе одговара за сериозно надминување на овластувањата. Мислам на полициските службеници што со ќотек го имаат изнудено неговото првично признание, кое што потоа, во присуство на адвокатот го има сменето. Боре изричито вели дека не е виновен, за што постојат и материјални докази дека не бил на местото на настанот”, е ставот на Зорица Цветковска од „Десна”.Мотив за собирање потписи и е огромната љубов кон Република Македонија и македонскиот народ.„Можете ли да замислите, дека во период на промена на името на Република Македонија, буквално секој ден, после работата, бев на протести и така 96 дена по ред. Само ако замислите со колкава љубов, посветеност и преданост ги носев транспарентите, ќе ја сфатите мојата мотивација, да бидам претседател на Република Македонија, и буквално како прв човек на Македонија, да сторам многу повеќе од колку што можам сега. Република Македонија мора да продолжи да постои. Мојата национална припадност мора да биде Македонка. Секој оној кој што ги дели моите определби и заложби, треба што е можно побргу да појде до една од канцелариите на подрачните единици на ДИК и во списокот назначен со Зорица Цветковска да го стави својот потпис”, бара Цветковска.

Македонија | пред 1 година

palevski

Палевски е во притвор во Бaликeсир, Турција испрати детали до Македонија

На Љупчо Палевски му е одреден привремен затвор во ,, Затворена казнено -поправна установа Бaликесир “-Турција.Во дописот од Републичкото Јавно Обвинителство Бaликесир- Турција, информираат дека на лицето Љупчо Палевски, кој со потерница беше уапсен за кривично дело,, Намерно убиство на дете”, согласно Законот 6706 член 14 , со цел да се обезбеди екстрадиција на лицето во наведената земја ( РСМ), согласно член 16 од Европската конвенција за екстрадиција на криминалци , му е одреден привремен затвор во траење од 40 дена.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-04-at-22.34.05

Палевски и во екстрадиционен е претседател на „Десна“, најавените замрзувања на функциите не се реализираа

Првоосомничниот Љупчо Палевски-Палчо и натаму е претседател на партијата „Десна“, чиј основач е тој. Поминаа 25 дена откако партијата „Десна“ се огласи во медиумите и најави замрзнување на функциите за сите осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска. Оттогаш, од нив има само молк, а во јавноста дискусија зошто политичкиот субјект е и натаму активен. Палевски и во екстрадиционен притвор е прв човек на партијата.Палевски на чело на оваа партија доаѓа од нејзиното основање на 5 јануари 2023 година. Историјатот на промени, покажува дека тој и извесен Љупчо Јовановски се потписници, а ова не е променето во Централниот регистар ниту по убиствата.„Десна“ најави, но не реализираше замрзнувањето на функциите.„Заради тоа, ние членовите на партијата, им стоиме на располагање на органите на прогонот, со цел на расветлување на кривично правниот настан и изведување пред Судот на сторителите на овие грозоморни случаи. П П Десна, согласно Статутот на партијата, ќе ги замрзне членството, функциите и активностите на обвинетите до крајот на процесот“, напишаа од партијата „Десна“ на 5 декември.Затворање на партијата може да побара Обвинителството. Досега, тоа не е направено. По вакво барање постапува судот кој ја носи конечната одлука, дали „Десна“ ќе остане политички субјект во Македонија.

Македонија | пред 2 години

vanja-palco

Палчо може да бара и азил, а ќе добие и адвокат по службена должност доколку сам не си најде

Љупчо Палевски-Палчо, осомничен како организатор и реализатор на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски може да бара азил во Турција. Дека оваа можност постои, потврдуваат и од македонското Министерство за правда.Тие посочуваат дека тој ќе добие и адвокат по службена должност, доколку не си ангажира сам. Преку него, ќе може да комуницира со турските институции кои ќе одлучуваат за неговата екстрадиција во Македонија.„Азил се бара кога ќе влезе во државата, а не кога ќе ве апсат за нешто“, велат на брифингот од Министерството за правда.На брифингот со новинарите, од Министерството за правда посочуваат дека не очекуваат да бидат известени доколку Палевски-Палчо се жали по однос на барањето за екстрадиција кое е опција и му стои како можност.Претходно, тие ја објаснија процедурата за екстрадиција.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања