ПАЛЧО

palco-traektorija

Која е постапката за екстрадиција на Палчо: се собираат документи, рокот за испраќање е 40 дена

На брифинг, Министерството за правда ја објаснуваше постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо, осомничен како организатор и реализатор на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тие посочуваат дека се постапува по известување дека лицето е барано по потерница e најдено, што веќе го добија. По ова следува процедурата за прибирање на списи, па се изготвува барање за екстрадиција кое треба да го поптише министерот Кренар Лога.„Потоа, комплет списите се праќаат до централниот орган на државата каде што е барано лицето, најчесто тамошното Министерство за правда“, посочија оттаму.За Палевски, известување било примено денес во 9:20 минути.„Направени се контакти со Републичкото јавно обвинителство и ОЈО Скопје, за да се комплетираат за да се комплетираат списите како би можело Министерството да постапува. Имаме рок од 40 дена сметано од вчера за да го доставиме барањето за екстрадиција – нема да чекаме да измине рокот. Ќе постапиме најбрзо што може. Во координација сме со сите засегнати институции за да постпаиме веднаш. Ова е за нас приоритет“, велат од Министерството за правда на брифингот.Тие посочуваат дека јавноста треба да има во предвид дека Министерството треба да ги прими списите, да се изготви барањето, да е преведена документацијата на турски јазик, па да ја испратат по ДХЛ.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-04-at-22.38.37

Љубчо Георгиевски објави листа со лични пријатели на Палевски, меѓу нив Црвенковски, Верушевски, Костов…

„Бидејќи Љупчо Палевски-Палчо никој не го познава во Македонија, изгледа останувам единствениот кој добро го знае, a и како да не го знам човекот кој направи специјален весник за мене, СТАРТ кој траеше колку и мојот мандат, каде беа изнесувани сите дезинформации, лаги за говорот на омраза и да не зборувам за мене и блиските луѓе“, пишува на социјалните мрежи, Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-Народна партија.  „Општа констатација е дека системот на неказнивост родила монструм, но проблемот е што Македонците се заљубени во тој систем!? Системот има име “Длабоката југословенска држва” и нејзиниот огранок во Македонија“, додаде Георгиевски.

Коментари | пред 2 години

palco-grupa

Радикалните протести за Палчо останаа само најава, но се нижат заговорите и обвинувањата

Големите и радикални протести пред Амбасадата на САД, како и блокирањето на улици во Скопје – остана само најава во групата за поддршка на осомничениот Љупчо Палевски, именувана како „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панче, правда за Македонија“. Профилот „Тони Десна“ кој ја креираше групата – не е активен со објави од четвртокот (7 декември). Во саботата, немаше никој на најавениот протест, а во групата, продолжија заговорите за наводно „местење“ на Палчо.И покрај трите признанија од осомничените кои ги дале пред МВР и обвинител, а за нивните улоги во киднапирањето и убивањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во групата тие се посочуваат како невини лица.„Невини луѓе ќе лежат за СДСМ и ВМРО“, пишува во една од објавите.Ако се анализираат објавите, може да се донесе заклучок дека досега, скоро сите се поставени од профили кои немаат име и презиме, туку псевдоними. Ретки се тие кои не се лажни, а поставуваат објави. Еден од тие ги обвинува медиумите дека шират хистерија, споредувајќи ги известувањата за убиствата со промената на државното име.„Толку голема хистерија по медиумите да се правеше кога се променуваше името на државата, името никогаш немаше да се промени! Кој ги плаќа и колку се платени медиумите за да ја продуцираат оваа хистерија?“, стои во една од објавите.Главните тези кои се поставуваат во групата се дека Палевски не е убиецот, како и дека станува збор за монтиран случај.Претходно, во групата имаше објава во која се посакуваше смрт за министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. МВР кажа дека се работи на расчистување на тој случај.

Македонија | пред 2 години

palco-grupa-1

Во групата за поддршка на Палчо, му посакаа смрт на министерот Спасовски; МВР: Веќе се преземаат мерки за расчистување на случајот

Монтирана фотографија од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, преку која му се посакува смрт, осамна во групата „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панче, правда за Македонија“. Ова е истата група, во која два дена откако се дозна дека осомничен организатор и реализатор е Љупчо Палевски-Палчо - се објавуваа низа заговори. Објавата за Спасовски, три дена стои во групата со речиси 300 членови. Ова, ја крена на нозе и МВР, која по креирањето не можеше да реагира бидејќи немаше индиции дека со објавите е сторено кривично дело.[caption id="attachment_267029" align="alignnone" width="1086"] Објавата во групата[/caption]Веќе се работи на откривање, кој стои зад профилот кој ја сподели сликата со морбидната содржина.„Веќе се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „Скопје1“.

Македонија | пред 2 години

Goran-Milevski-obrakanje-29-10-2020

Ковачевски прашува што барал поранешниот лидер на ЛДП, амбасадорот Милевски на средби со Палчо

Премиерот Ковачевски во интервју за 360 степени на МТВ, одговарајќи на новинарско прашање за негов став за грозоморното убиство на 14 годишната Вања, постави контра прашање, зошто обвинетиот Љупчо Палевски Палчо се гледал со повеќе познати личности и новинари: “Зошто Палевски се гледал со поранешниот претседател на ЛДП”?, праша Ковачевски. Затекнат од одговорот новинарот потпраша дали се работи за ЛДП и за поранешниот претседател Жерновски, на што доби дециден одговор од премиерот дека не е Жерновски бидејќи тој е претседател порано, а по него друг бил. Горан Милевски е човекот кој беше претседател на ЛДП пред Зајкова и на кој посочува премиерот. Милевски не доби министерска фотелја но доби престижно амбасадорско место во Словенија, функција која и сега ја извршува.

Македонија | пред 2 години

collage

Палчо се заканувал и на црковни лица, тврдат од Бигорски манастир и посочуваат дека помош имал од врвот на МПЦ-ОА

Монасите од Бигорскиот манастир, тврдат дека со години биле мета на соработниците на Љупчо Палевски-Палчо. Но не само тие туку и владиката г г. Партениј добивал закани и навреди, додаваат оттаму. Според нив, поддршка имал од високи претставници на МПЦ-ОА.„Една од поглавните опсесии на посочениот убиец во текот на последните 2-3 години беше токму нашиот старец и духовен татко, владиката г. Партениј, а преку него и целата наша монашка заедница, како и некои луѓе, наши пријатели, браќа и сестри. Какви ли само навреди, закани и гадости се изнаслушавме од тој мракоподобен човек и од некои негови приврзаници! Дури и отворени повици за протерување, тепање и бесење. И преку социјалните мрежи, но и преку лични контакти. Почнавме да се чувствуваме загрозени, небезбедни, да живееме во неизвесност, во агонија. И говоревме, пишувавме, апелиравме да се преземат мерки за да не дојде до нешто пострашно, но, за жал, нашите повици не беа услишани од нашето општество“, пишуваат од Бигорскиот манастир на црковниот веб-сајт.Прашуваат, дали ќе има одговорност, па ја споменуваат и кампањата на Палчо за спасување на црквата, која ја тераше преку своите поддржувачи.„Што со оние соработници на тој демонизиран убиец – меѓу кои, за голема жал, има и извесни личности од црковните кругови, кои го поддржуваа во неговата злоба, му доставуваа клеветнички информации, го поттикнува на разни начини да го врши делото сатанско – злословието и омразата? Ќе има ли одговорност и за нив или, едноставно, ќе дозволиме и понатаму да се шири канцерот на злобата во нашето општество? Ќе дозволиме ли одговорноста за сиот тој пир на злото да ја понесе само главниот антагонист, а не и тие што нарачуваа напади, што ја потпалуваа атмосферата, што во лукава притаеност мотивираа? Да потсетиме, неколкумина од црковниот клир, како и некои ’верници’, активно учествуваа во ширењето на лажен патриотизам и во заканувачките конструкции, полни со лаги и измислици, што се ширеа преку јавните настапи на првоосомничениот во монструозното убиство. Па, дури и му помагаа да отвори свои ограноци во некои градови, за преку кампањата за ’спасување’ на Црквата да стекне поголема гледаност и повисок политички рејтинг“, додаваат тие.https://bigorski.org.mk/kolumni/samo-petmina-li-se-vinovni/?fbclid=IwAR2C-molYLoYQS5nigi9HkrLk61fEuPI4BlJE1PpAd9jeMfJjuZjXUU-IKw 

Македонија | пред 2 години

stefan-dimkovski

(Видео) Возачот на Палчо до Турција нема да излезе од затворот во Шутка - притворот ќе му трае 30 дена

Продолжен му е притворот на Стефан Димковски, осомничен за помагање на Љупчо Палевски-Палчо, кој го транспортирал од Белград преку Бугарија до Турција, а по убиството на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, дознава „Скопје1“ од судски извори.Судијата од Кривичниот суд смета дека тој може да биде недостапен во текот на истрагата, но и да влијае врз сведоци и лица кои имаат информации. Затоа, Димковски ќе остане во затворот „Скопје“ во Шутка.Неколку часа даваше исказ пред судијата. Се противел на мерката, како тој, така и неговиот адвокат. Обвинителката останала на предлогот. Судијата пресекол – сомненијата се основани.Димковски пред да влезе во судот, на прашање од „Скопје1“ кажа дека не се чувствува виновен во овој случај. На прашањето дали пак би го возел Палчо како што направил претхдоно, тој додаде: „Јас го возев на болница“.Димковски го возеше Палчо на релација Белград-Бугарија-Турција, па се врати во Македонија. Беше уапсен на граница.Детали за ова – тука.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Со возило сопственост на фирма се упатил кон Србија и го однел Палчо во Турција - возачот е осомничен за помагање

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 вв став 1 од Кривичниот законик.„Во период од 01.12.2023 година до 03.12.2023 година осомничениот му помогнал на сторител да не биде откриен за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик, обезбедувајќи му превоз со автомобил.Сега осомничениот, по претходна комуникација и договор со сторителот кој се наоѓал во Република Србија, со возило Ланд Ровер со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице се упатил кон Белград. Таму се сретнал со сторителот и заедно со возилото се упатиле кон границата на Србија со Бугарија – граничен премин Калотина. Границата ја поминале на 02.12.2023 година, па движејќи се низ територијата на Р.Бугарија истиот ден пристигнале на границата со Турција, граничен премин Капитан Андреево, и влегле во Турција. Таму биле заедно до 03.12.2023 година, по што сторителот останал, а сега осомничениот со возилото преку Грција се упатил кон државава каде бил приведен на граничниот премин Стар Дојран.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.За уште едно лице кое од вчера беше задржано 24 часа во полициска станица, до ОЈО Скопје е доставено известување. Јавен обвинител оцени дека во овој момент не постојат законски основи да бидат предложени мерки на обезбедување, меѓутоа проверките за негова евентуална инволвираност во кривично-правен настан продолжуваат“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-07-at-11.39.36-copy

Насилството не било ништо непознато за Љупчо Палески-Палчо - судска одлука сведочи дека се пресметувал и по дома со боксови

Насилството не било ништо непознато за Љупчо Палески-Палчо, кој сега е осомничен за организација и реализација на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова го покажува неговото кривично досие. Решението од скопска Апелација покажува дека судот констатирал дека тој извршил семејно насилство пред седум години. „Скопје1“ побара, но не дојде до пресуда со која Палчо бил осуден на било каква казна, туку добил само времени мерки забрана за закана кон лицето кое го трпело насилството.„Воедно, со изрекување на привремените мерки ќе дојде и до елиминирање на причините за вршење на натамошно семејно насилство над предлагачката и ќе допринесе да живеат во похармонични односи“, посочува Апелација во решението по кое одлучувале бидејќи била поднесена жалба од Палчо и уште едно лице кое било тужено во Граѓански суд.Палчо, според сведочењето во пресудата, подолго време го малтретирал членот на неговото семејство. Сведокот посочува и дека лично видел кога Палчо мавал боксови, плукал, навредувал. Во тој момент дошла и полиција, а членот на семејството бил однесен во болница со видливи хематоми.Ова е единствена судска одлука против Палчо за насилство, но не и кога станува збор за пари. Тој должел, но и му должеле. Тужел, но и го тужеле. Има пресуди каде тој треба да врати илјадници евра, но и кога треба да му вратат илјадници евра. Предмет на спор биле и исплата на станови во Центар.Палчо се наоѓа во екстрадиционен притвор во Турција. Македонија ќе бара негова екстрадиција. Во тек останува истрагата за двете убиства. Дел од осомничените признаа вина во МВР и Обвинителство.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања