Палчо се заканувал и на црковни лица, тврдат од Бигорски манастир и посочуваат дека помош имал од врвот на МПЦ-ОА

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
collage

Монасите од Бигорскиот манастир, тврдат дека со години биле мета на соработниците на Љупчо Палевски-Палчо. Но не само тие туку и владиката г г. Партениј добивал закани и навреди, додаваат оттаму. Според нив, поддршка имал од високи претставници на МПЦ-ОА.

— реклама —

„Една од поглавните опсесии на посочениот убиец во текот на последните 2-3 години беше токму нашиот старец и духовен татко, владиката г. Партениј, а преку него и целата наша монашка заедница, како и некои луѓе, наши пријатели, браќа и сестри. Какви ли само навреди, закани и гадости се изнаслушавме од тој мракоподобен човек и од некои негови приврзаници! Дури и отворени повици за протерување, тепање и бесење. И преку социјалните мрежи, но и преку лични контакти. Почнавме да се чувствуваме загрозени, небезбедни, да живееме во неизвесност, во агонија. И говоревме, пишувавме, апелиравме да се преземат мерки за да не дојде до нешто пострашно, но, за жал, нашите повици не беа услишани од нашето општество“, пишуваат од Бигорскиот манастир на црковниот веб-сајт.

— реклама —

Прашуваат, дали ќе има одговорност, па ја споменуваат и кампањата на Палчо за спасување на црквата, која ја тераше преку своите поддржувачи.

— реклама —

„Што со оние соработници на тој демонизиран убиец – меѓу кои, за голема жал, има и извесни личности од црковните кругови, кои го поддржуваа во неговата злоба, му доставуваа клеветнички информации, го поттикнува на разни начини да го врши делото сатанско – злословието и омразата? Ќе има ли одговорност и за нив или, едноставно, ќе дозволиме и понатаму да се шири канцерот на злобата во нашето општество? Ќе дозволиме ли одговорноста за сиот тој пир на злото да ја понесе само главниот антагонист, а не и тие што нарачуваа напади, што ја потпалуваа атмосферата, што во лукава притаеност мотивираа? Да потсетиме, неколкумина од црковниот клир, како и некои ’верници’, активно учествуваа во ширењето на лажен патриотизам и во заканувачките конструкции, полни со лаги и измислици, што се ширеа преку јавните настапи на првоосомничениот во монструозното убиство. Па, дури и му помагаа да отвори свои ограноци во некои градови, за преку кампањата за ’спасување’ на Црквата да стекне поголема гледаност и повисок политички рејтинг“, додаваат тие.

https://bigorski.org.mk/kolumni/samo-petmina-li-se-vinovni/?fbclid=IwAR2C-molYLoYQS5nigi9HkrLk61fEuPI4BlJE1PpAd9jeMfJjuZjXUU-IKw

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8em3b8601fju3ZE1TSO

Палевски се жали од судијата кој го осуди на доживотна робија

Македонија | пред 3 седмици

media-library8em3b8601fju3ZE1TSO

Љупчо Палевски-Палчо бара да го ослободат или предметот пак да се суди: Пресудата е расказ

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2025-05-16-at-10.48.41

Сите алиби моменти на Палевски ги сузбиваше Обвинителството: презентирани пораки праќани кон обвинетиот деновите кога се случиле убиствата

Македонија | пред 8 месеци

palco

Утрото разговарав со сопартиец, име не му знам, рече Палевски одговарајќи каде бил кога е убиен Жежовски

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања