ПАЛЧО

vanja-pance-palco-sudenje-5

Судењето за грозоморните убиства на Вања и Панче продолжува со распит на Велибор Манев

Според сведочењето на полицијата, Велибор Манев го покажал местото каде што бил закопан Панче Жежовски.Во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судскиот процес за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.Денеса треба да биде распитан второобвинетиот во случајот, Велибор Манев.Потоа, искази на предлог на одбраната треба да дадат и обвинетите Боре Видевски, Влатко Кешишев, потоа таткото на Вања, Алекдандар Ѓорчевски и на крај првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо.

Македонија | пред 10 месеци

palco

Палевски кажа дека е спремен за доживотна робија, па бара да се докаже дека куршумот со кој е убиен Панче е од пиштолот на Видевски

Нови барања истакнаа адвокатите на обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо на денешното судско рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панле Жежовски. Бараат вештакот кој ја вештачел чаурата од куршумот со кој е убиен Панче Жежовски да биде повикан на распит во судница, да се дополни вештачењето дали оваа чаура е испукана од пиштолот на обвинетиот Боре Видевски. Ова не е прво рочиште како Палевски одговорноста ја префрла кај Видевски, чиј пиштол за кој имал дозвола, не е најден. Досега„Предлагам да се достави пронајдената чаура пронајдена на лице место со телото на Панче Жежовски, а предложена е од страна на обвинетиот на 31.12.2024. Во списите на предметот има вештачење на таа чаура од вешто лице каде е утврдено дека испукана од оружје калибар 9мм и дека на истата се пронајдени се пронајдени траги кои покажуваат дека е можно да се направи споредба со базата на податоци на МВР, по однос дали оваа чаура е испукна од оружје кое има одобрение односно дали таа чаура е испукана од пиштолот на Боре Видовски. Чаурата да се презентирана чаурата и вештото лице Јасминка Трајковска да се испита пред судот и да се произнесе за чаурата за да направи споредба доколку е надлежна“, побара адвокатот Марјан Витановски.20-тина докази на Палевски судот не ги прифати бидејќи веќе биле изведени. Потоа, Палевски побара изземање на судијата Ивица Стефановски, што не е првпат.„Барам изземање на претседателот на судската постапка Ивица Стефановски, под нова околност заради пристрасност, минатиот пат беше за неиздавање наредба, а сега за пристрасност и оневозможување фер и одбрана затоа што ги злоупотребува дискреционите права и не дозволува изведување на докази кои се во моја корист. Јас таа шанса во оваа постпака ја немам, и затоа на претседателот на судот му наведувам дека доказот за вештачење на 'реното кангу', ОЈО не кажа каде се подигнати трагите ниту пак објасни каде се пронајдени трагите од тројцат обвинети, на која околност, туку само беа прочитани дека билее пронајдени во реното кангу.Во неколку наврати ја коригира обвинителката како треба и што треба да каже во записник. Неколку пати е исправена во излагањето, а во исто време има 30-тина минута од 20 рочишта потрошени од ОЈО, со 26 сведоци кои не кажаа ништо. Но кога требаше јас да потрошам 30-тина минута за мојата одбрана и 21 доказ господинот судија најде причина да ми не ми ја овозможи“, рече Палевски, кој дополни очекува барањето за изземање да му биде одбиено од претседателот на судот Иван Џолев.Според него, на овој начин се прејудицира пресудата, па посочи дека е свесен дека ќе добие доживотен затвор.Тој го обвини судијата дека го крие оружјето со кое се извршени убиствата.„Барам ова изземање на судија кој крие оружје бидејќи не му одговараа на однапред донесена пресуда која е донесена на 05.12.2023 година на уште една политичка Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски. Доживотната робија ниту ме плаши ниту влијае на мене, доказите кои судијата не сака да ги дозволи, не ги прочитал а како ли да ги цени. Не требаат докази кои се во корист на одбраната бидејќи пресудата е веќе донесена“, посочи Палевски.Ваквиот потег на Палевски доаѓа доаѓа на едно рочиште пред распитот на Велибор Манев. Досега, сите други обвинети во случајот молчеа, освен Влатко Кешишев кој достави писмо до судот во кое го брани Палевски, па на наредното рочиште кажа дека обвинетиот го принудил тоа да го направи додека ги превезувале до судот.

Македонија | пред 10 месеци

palevski-68

(Видео) „Пристрасни се, фалсификуваа телефонска анализа“ - Палевски пак со обид да се изземат обвинителите

Љупчо Палевски-Палчо, обвинет за убиствата на Вања и Панче, повторно бара изземање на обвинителите. Ги обвинува за фалсификување на докази. На стартот од денешното рочиште за предметот во кој треба да се утврди кој и што сторил при двете грабнувања и убиства, Палевски поднесе барање обвинителтие Жаклина Крстевска Јосифовска, Ана Стојковиќ Димитриевска и Гаврил Бубевски да бидат заменети со друг обвинител кој ќе го гони.„Барам изземање на тројца јавни обвинители поединечно согласно член 33, став 2 за пристрасност, но му укажувам на судот дека има друга околност, повторно злоупотреба на јавно обвинителски овластувања. Се бара изземање на Жаклина Крстевкска Јосифовска, Ана Стојковиќ Димитриевска и Гаврил Бубевски кој за минатото барање одлучуваше сам за себе дали ќе биде изземен“. Да се одлучува по закон“, рече Палевски.Тој и на ова рочиште ги обвини обвинителите дека правеле фалсификување на телефонската анализа.„Анализата е правена во мај 2024 година, но не предвиделе дека по мојата екстрадција, ќе го отклучам мојот телефон „ајфон 13“ за да биде вештачен, од Форензика, од кое вештачење ви го приложувам доказот број 5, а тоа е ‘екстрашен репорт’ комуникација со Зоран Китевски - во периодот во 12 часот кога според сведокот возам кон Бутел. Тука гледате пет пораки, линк за да се вклучи Зоран во поткаст кој се снима тоа време“, рече Палевски.Ова не е првпат, Палевски да бара иззмеање на обвинителите. Претходните барања му беа одбиени.Судењето е во тек.

Македонија | пред 11 месец

IMG_1728

(Видео) Шест лица од партијата на Палчо дојдоа со звучник пред судот, каде има судење за убиството на Вања и Панче

Шест лица па политичката партија Десна со која раководеше Љупчо Палевски-Палчо дојдоа пред рочиштето за убиството на Вања и Панче со звучник, за да кажат декс правосудниот систем е против нив, да го бранат обвинетиот за двојното убиство и да бараат да им ги отпечатат просториите каде според обвинителката престојувсле дел од сега обвинетите, сосе Палевски, но и од каде се одземани докази“ОЈО за некого е мајка за некого маќеа”, велат од ДЕСНА, партијата на Љупчо Палевски Палчо.Тие пред судот дојдоа со транспарент: “ ОЈО произведува монструми не политичката партија Десна”.

Македонија | пред 1 година

palco-3

Адвокатот на Палчо реагираше за презентираните снимки, според него во нив нема доказ за грабнување и убиство на Вања

Адвокатот Јовица Страшевски, кој е бранител на Љупчо Палевски-Палчо реагираше што во судот биле презентирани снимки од возилата „рену кангу“ и „цитроен“, без притоа, на дел од нив нив да се видат и потенцираат регистарските ознаки. Според него, снимките не докажуваат ништо.„Освен во последните 17 видео записи каде што се гледат таблиците на 'Реното кангу', друго, Обвинителството денес со овој кривично правен настан не покажа. Самото назначување дека е тоа движење на 'реното кангу' по исчезнувањето на Вања не докажува ништо, бидејќи тоа е движење по скопските улици. Ниту за 'цитроенот' не беше докажано тоа што констатираше обвинителството. Чудно е од моето скромно искуство, како на секоја презентирана точка од страна на обвинителството судот помага во објаснување на видео записите“, рече адвокатот Страшевски.Тој додаде: „Беше презентирно движење на возила без притоа не можеше да се види регистарска табличка. Движењето на 'Цитроенот' како што наведе ОЈО во ниту еден момент од неговото движење немаше покажано лица кои се во предметното возило, невозможно по убедувањето на ОЈО по пребарувањето на регистарските таблички на возилото да случи без да се гледаат табличките“.

Македонија | пред 1 година

palco-palevski-141

(Видео) Му пропадна обидот на Палчо за промена на судијата, сега има нови поднесоци - еден од клучните сведоци уште е недостапен

Претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, одбил да го промени судијата Ивица Стефановска од судечкиот совет во предметот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова го бараше првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, а одлуката ја добил на ден пред новата година.Истовремено, на судењето не е присутен Гоце Трајковски, кој е еден од клучните сведоци кога станува збор за потрагата на Вања. Тој заедно со таткото собирал видео снимки, преземал активности за пронаоѓање на детето.„ПС Бит Пазар известува дека не му извршена достава на поканата на Гоце Трајковски, истиот не е достапен на органите на прогонот на наведената адреса“, рече судот.Истовремено, Обвинителството останува на барањето Гоце Трајковски да биде испитан како сведок.„За него ОЈО не го повлекува предлогот на за негово испитување бидејќи по завршување на постапката тој може да стане достапен на органите на прогонот и да биде испитан во полза на оваа постапка“, рече обвинителката.Трајковски не е достапен откако против него, Обвинителството започна друга постапка каде е осомничен, а се однесува на запален објект во Кисела Вода.

Македонија | пред 1 година

palevski-68

Љупчо Палевски тврди дека ги нема сите докази со кои Обвинителството докажува дека е убиец и планер на грабнувањата на Вања и Панче

Љупчо Палевски тврди дека ги нема сите докази предложени во листата на докази.„Имајќи го предвид поднесокот, сите докази кои ги бара обвинетиот јас ги имам на USB, што побарав од судот, добив, доколку обвинетиот тврди дека некој доказ недостасува сметам дека во фаза на доказна постапка ќе имаме можност да се запознаеме со нив“, вели адвокатот Марјан Витанов, бранител на Витанов и додава:„За секој исказ на секој сведок направив забелешка. Палевски бара од судот вештачење на неговиот телефон, конкретно комуникација на Телеграм. Минатиот петок го добив тоа, има 10.000 скриншотови на телефони, не се хронолошки подредени, сметам дека овој доказ го имам и обвинетиот ќе го има веднаш штом го обработам“.Палевски ги бара и доказите кои ги доставиле другите обвинети до судот.„Јас доставив барање да се обезбедат „антените“ од истиот телефон, истото не би беше одговорено од Обвинителството, меѓутоа судот е известен за тоа. По однос на фотокопија од листа на докази, се бара листа на докази од сообвинетите, а јас не сум запознаен дали има листа на докази“, истакна бранителот Витанов.

Македонија | пред 1 година

image00005

Дали се вртело на бројот на Вања од телефонот на братот на Палчо?

Првообвинетиот Палевски приговараше по сведочењето на Тодорче Георгиевски и на полицаецот Елвис Ибрахим, кои тврдеа дека додека траел претресот во домот на Палевски, не забележале дека некој врти на телефонот на убиената Вања. Од друга страна, Палевски забележа дека од Обвинителството ниеднаш не го прашале брат му зошто е вртено на бројот на Вања од неговиот број, ниту го повикале за сведок.Сведокот Елвис Ибрахим, виш инспектор во ПС Чаир, ги наведе деталите околу претресот кај Блаже Палевски:„Бев на претресот во село Глуво, кај Блаже Палевски на 03.12.2023 година. Преземавме службени дејствија по наредба на судија на претходна постапка. Претрес на просториите во дом, земавме еден лаптоп еден таблет и Ајфон 6. И ги предадовме за понатамошни испитувања за потребите на колегите од Крвни деликти.Претресот беше околу 20,30 часот, имаше ангажирано адвокат Блаже Палевски, кој присуствуваше на цел претрес. Извршен беше претрес, предметите кои ги наведов се одземени. Дома бeа брат му, сопругата, мајка му. Претресот заврши околу 22 и 30 минути“ - изјави сведокот Елвис Ибрахим.Палевски го праша дали додека траел претресот некој од неговото семејство вртел телефони и дали некој од полицијата вртеле телефон, посочувајќи дали било вртено на телефонскиот број на Вања, на што сведокот одговори дека не забележал такви дејствија.„Во претресот одземени се само наведените телефони. Телефоните на домашните беа пред нас и додека разговараше со адвокатот тоа се одвиваше пред нас. Не беа одземени, беа на увид пред нас“ - рече Ибрахим.Одбраната приговари на овој сведок во однос на тоа дека исказот како таков е невистинит.Сведокот Тодорче Георгиевски, вработен во Единицата за економски и компјутерски криминал, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, рече дека не забележал дека некој ѝ вртел на Вања додека бил вршен претресот на имотот на братот на првообвинетиот Љупчо Палевски, Блаже Палевски.„Да, присуствував на претресот на 03.12.2023 година. По претходна наредба на началникот се упатив на давање асистенција на колегите од ЕБР, околу одемањето на техниката. Заедно бевме со колегите од ЕБР. Мојот дел беше околу одземањето на предметите, за читањето сериски броеви како што е по однос на привремено одземање на предмети.Дали од некое службено лице е извршено вртење на телефонскиот број на Вања? - од моја страна не беше забележано такво нешто, ниту јас, ниту други лица. Освен од Блаже Палевски кој вртеше кон својот адвокат, друго вртење од моја страна не беше забележанo“ - изјави Тодорче Георгиевски.И овој сведок потврди дека телефоните не биле одземени од лицата кои ги затекнале во домот, туку само ги имале на увид.Првообвинетиот Палевски приговараше по сведочењето на Георгиевски и на полицаецот Елвис Ибрахим, кои тврдеа дека додека траел претресот во домот на Палевски, не забележале дека некој врти на телефонот на убиената Вања.„Оштетеното дете на денот на претресот е пет дена убиено. Ниту брат ми, ниту мајка ми не знаеле број од оштетеното дете Вања и кога им биле одземени телефоните не може да вртат, а просечно интелигентен човек знае дека кога има претрес во дом, се врти на телефон кој може да биде најден во околината. Сето тоа се злоупотребува од ОЈО, на 26 сведоци не најде ниту време ниту можности зошто брат ми вртел на телефон кога детето е убиено веќе пет дена“ - изјави Палевски.Според одбраната, имало записник во ОЈО во кој пишувало дека за време на претресот, било вртено на телефонот на Вања од бројот на Блаже Палевски.На 20 декември продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, со изведување материјални докази од обвинението.

Македонија | пред 1 година

vanja-pance-palco-sudenje-5

(Видео) Нов драматичен пресврт за убиството на Вања и Панче,експертите затечени

Неочекувани пресврти и турбуленции на судењето за убиството на 14 годишната Вања и велешанецот Панче Жежовски.За киднапирање и свирепо убиство на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и на Вања Ѓорчевска од Скопје, обвинети се Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски.На 20 ноември, Влатко Кешишев, еден од тројцата обвинети кои тврдеше: „Не сме ние убијците, Палчо ги уби Вања и Панче“, па се премисли и достави писмо во кое посочи дека Љупчо Палевски не ги убил двете жртви. Такво писмо преку затворот „Скопје“ во Шутка, Кешишев доставил до судот. Не преку неговиот адвокат, туку преку затворската управа.Во рачно напишаното писмо, Кешишев навел дека за време на убиствата, всушност, Палевски бил во партијата Десна и спиел таму, а дека Велибор Манев, кој е еден од обвинетите, го натерал да каже оти Палевски лани на 22 ноември го убил прво 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, па по 5 дена, на 27 ноември, и 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.Денеска пак, Кешишов пред судот изјави: „Изјавата не е моја. Ми беше дадено напишано ливче. Еден од обвинетите Љупчо Палевски Палчо ми го даде за со мој ракопис да го напишам и да го предадам на вас. Тоа го направив од страв”.Многумина наседнаа на писмото од Кешишов од минатата недела. Еден од експертите, поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчески во Претрес изјави:„По менувањето на исказот на еден од обвинетите за убиството на Вања, му се обезбедува алиби на Љупчо Палевски Палчо и може да очекувате ослободување на Палчо. На Обвинителството му бега случајот. Верувам дека писмото со менување на исказот е автентично”, реле Ѓурчески и додаде: „Не навивам за никого“.?t=1381

Македонија | пред 1 година

vanja-pance-palco-sudenje-5

Маж со брадичка и седа коса кој личи на Палчо, го возел рено-кангуто, сведочење на вработен во Безбеден град

На денешното судење за двојното убиство, на 14-годишната Вања и велешанецот Панче Жежовски, сведочеше и вработен во Министерството за внатрешни работи во одделот Безбеден град (Safe city).Тој во судница кажа дека на 27 ноември 2023 година, денот на исчезнувањето на Вања, вршеле пребарување во Скопје.Тој посочи дека во возилото „рено кангу“ на 27 ноември во 9:40 часот на камера се појавуваат две силуети.„ Се гледа дека возачот е со брадичка, личи на првообвинетиот, додека, на другите камери не може да се забележи силуети на лице“, рече сведокот.Тој кажа дека од началниците на СВР Скопје на 27 ноември добиле наредба да го бараат возилото на камерите, бидејќи тоа возило е поврзано со запалениот цитроен со кој беше грабната Вања Ѓорчевска.Цитроенот е забележан утрото на 27 ноември дека се паркира пред зградата на убиеното девојче. Потоа тоа се движи по Партизанска, Рузвелтова и Орце Николов и се упатува кон „Александар палас“. Потоа, од началниците добивме насока да го бараме на камерите возилото рено кангу поради поврзаност со запалениот цитроен, рече сведокот.На камерата кај Веро во Чаир забележуваат и дека возачот е со седа коса и брада и личи на првообвинетиот во овој случај“, рече сведокот.Кога го следеле цитроенот на снимките забележале дека истото возило пред зградата на убиената Вања било паркирано и утрото на 24 ноември.

Македонија | пред 1 година

vanja-pance-palco-sudenje-4

Велибор Манев нѐ однесе до местото и покажа каде е закопан убиениот Панче, сведочеа полицајци

Обвинетиот Велибор Манев е човекот кој ја одвел полицијата на местото каде е закопан велешанецот Панче Жежовски. Ова на денешното рочиште го посочија двајца полицајци кои сведочеа денеска во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски што се случија лани во ноември.Двајцата рекоа дека Манев не зборувал ништо друго по пат освен што им го покажувал патот до местото.„Отидовме до едно место, каде требаше да се откопа дупка во која има тело. Не знаевме за кого се работи. Манев ни даваше насоки каде да одиме“, сведочеа полицајците.Патот според полицајците од интервентна бил непрооден за возила, со дупки и се работело за планински дел, на дел оделе и пеш.

Македонија | пред 1 година

vanja-pance-palco-sudenje-7-1

Кешишев: Изјавата не е моја, Палчо ми даде лист да ја препишам

Пресврт на денешното рочиште за убиството на Вања и Панче Жежовски.Обвинетиот Влатко Кешишов на крајот преку својот адвокат побара збор и кажа дека изјавата од претходното рочиште дека обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо не бил присутен за време на грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски не била негова.Тој вели дека ја напишал под принуда на Палевски додека со комбе биле спроведувани заедно во затвор каде што издржуваат притвор.Тој појасни дека тоа го направил од страв, а Палевски во комбето му дал ливче со напишана изјава и му кажал да ја препише со свој ракопис и да ја поднесе до судот.На претходното рочиште судијата Ивица Стефановски извести дека обвинетиот Влатко Кешишов поднел писмена изјава доставена од затвор во која вели дека Љупчо Палевски-Палчо на 22 и 27 ноември лани не бил со него, со Велибор Манев и со Боре Видевски, кога биле грабнати и убиени Вања и Панче и дека спиел во штабот на партијата Десна.Ова според многумина требаше да го смени текот на судењето и да биде олеснителна околност за Палчо.Пред денешното рочиште изјави дадоа обвинителките Жаклина Крстевска-Јосифовска и Ана Стојковиќ-Димитровска кои рекоа дека пишаната изјава на Влатко Кешишов, во која тврди дека Љупчо Палевски-Палчо не бил присутен за време на убиствата на Вања и Панче во оваа фаза од постапката нема никаква доказна вредност.

Македонија | пред 1 година

vanja-pance-palco-sudenje-5

Палчо тврдел дека на денот на грабнувањето на Вања бил настинат, следниот ден му поправал котел на пријател, сведочеше Еролд Османи

Еден ден по грабнувањето на малолетната Вања Ѓорчевска, првообвинетиот за убиствата на девојчето и велешанецот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо бил кај негов пријател да му го поправи котелот за пелети и се однесувал нормално, според сведочењето на Еролд Османи кој се знаел со Палевски од 2000 година кога му помагал во издавањето на дневниот весник Глобал.„Се познавам само со Љупчо Палевски. Уште во времето на издавање на весникот Глобал бев повикан од издавачите да помогнам во издавањето бидејќи не одеше добро. Бев повикан да помогнам, затоа што јас се разбирав од тие работи. Јас мислам дека се запознавме 2000-2001 година. Точно не знам. Кога се затвори весникот ние останавме во комуникација. Ние останавме пријатели“, започна со своето сведочење, Еролд Османи.По затворањето на весникот продолжиле да комуницираат, Османи имал земено котел за пелети од кај него и Палевски често го сервисирал.Комуницирале на 27 и Палевски тврдел дека бил настинат „но одлежав неколку часа и подобро ми е“.„Лани не можев воопшто да го користам, и затоа тие повици кон мене се зачестија во периодот во ноември лани. На 27 ноември го барам на ФБ, и на линија сигурно. После 23 часот на Фејсбук ми јави дека ќе дојде. Ми напиша дека е настинат, но одлежал неколку саати и одма бил подобар. Утредента сабајлето на 28-ми имавме комуникација дека ќе дојде. И дојде околу 11 часот сабајлето. И го среди проблемот“, кажа сведокот.Сведокот го испитуваше и Палевски и го прашуваше дали е сигурен за времето кога дошол кај него, но сведокот кажа дека тоа било времето.

Македонија | пред 1 година

sudenje-vanja-pance-6134

Во штабот имаше пиштол, Влатко и Велибор имаа поданички однос пред Палчо, сведочи сопартиец

Ѓорѓи Џолев, сопартиец на обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо сведочеше на рочиштето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој кажа дека бил сопственик на возилото „рено кангу“ кое се забележува на снимките како се движи позади „цитроенот“ со кој според обвинението била грабната Вања.Тврди дека го дал на партијата „Десна“ оти со жена му не можеле да го одржуваат, а сведокот заминал и во странство.Џолев, со Палчо се познавал од 2017 година. Тврдеше дека знае и за комуникациите помеѓу Палчо и другите двајца обвинети – Влатко Кешишов и Велибор Манев.Најблиски со Палевски беа Влатко Кешишов и Велибор Манев имаа и дури некој поданички однос, дури ми беше и малку чудно. Ние се расправавме со Палевски, но тоа со нив го немаше. Многу чуден однос имаа, така јас би го дефинирал.Боре никогаш сам не бил во Штабот, секогаш беше со Влатко, он имаше некој мерцедес со кој доаѓаше“, раскажа сведокот, кој одел во штабот на „Десна“, па сведочи дека видел и оружје: „Видов пиштол во штабот кај ‘Шампионче’, беше на масата кај што спиеше Палевски, во футрола, но не знам чин беше, па претпоставувам на Палевски. Пиштолот го видов минумум шест месеци пред да се преселиме, на 1-ви октомври партијата се пресели од Кисела Вода кај Веро Џамбо“.Сведокот раскажа дека имале и партиски активности, односно состанок на денот кога Палчо заминал на преглед. Кога се открила поврзаноста на возилото „рену кангу“, сопственикот бил повикан во полиција и отишол, па го известил Палчо преку „телеграм“, додека тој беше отсутен од Македонија.Раскажа и за 22 ноември денот кога бил грабнат Панче Жежовски.„На 22-ри со Влатко, Боре и Велибор, можно е да се видов со Палевски, јас мислам дека бев пополаднето во штабот и се видов со него. Ама не сум сигурен, не знам дали беше 22-ри „реното“ не беше таму, во штабот. Измешани ми се деновите, не би можел да кажам. Со Палевски можно е да сум се видел, бидејќи секој ден комнициравме, ама не ми кажа каде е. Влатко Кешишев беше секој ден во седиштето на партијата, правеше кафе, јадење, го шеташе кучето, спиеше таму“, додаде сведокот, а на прашање од судот, дали овој обвинет живеел таму, сведокот одговори: „Да, живееше“.

Македонија | пред 1 година

vasko-stojcev

„Ми рече дека бил во Дебар маало на 27-ми“ - адвокатот кој го однесе Палчо во Белград, по убиството на Вања раскажа што му зборувал обвинетиот

Три дена откако Вања Ѓорчевска исчезна и цела Македонија трагаше по неа, обвинетите за нејзино грабнување и убиство Љупчо Палевски-Палчо и Влатко Кешишов му се јавиле на адвокатот Васко Стојков за кафе. Таму се договориле адвокатот да го однесе Палевски во Белград, во критичните моменти кога се трагаше по девојчето. Стојков во својство на сведок кажа дека му дал 20.000 евра поддршка на Палевски, а му помогнал и за продажба на стан. Договорот да го носи во Белград паднал во стан во Аеродром.„Со Влатко Кешишов отидовме накај Аеродром, па ми рече ‘не тука згрешивме’, па отидовме кај Фондот. Влеговме во еден стан, беше Љупчо и уште едно лице. Кога влеговме, седнавме, и ми направи кафе, тој човекот таму што беше. Палевски ми рече: ‘Имам деститина дена да одам за кичмата, ама за ова возилото на партијата, имам овластувања да го возам но не и за надвор од државата’. Не се прашав зошто е Палевски е таму, тогаш не ми беше чудно. Се знам со Палевски од 2016-2017 година. Јовица Страшевски (сега адвокат на Палевски) нѐ запозна.  За три година му дадов 20 илјади евра поддршка на Палевски. Тоа ни беше односнот освен кафе пиење. Јас му помагав додека да го продаде станот на него и на фамилијата. Тој имаше доверба во мене и јас во него.  Кога бевме во станот, се договоривме да го носам за Белград. Јас Влатко Кешишев и Љупчо, влеговме во колата, не се сеќавам Влатко дали го оставивме во партијата или отиде пешки“, рече сведокот, адвокат Васко Стојков.Според сведочењето, отишле да извадат пари, па пиеле кафе на бензиска пумпа на излез од Скопје, каде размениле и пари.„Ми рече дека има две недели слободни денови, па треба да оди за кичмата па од таму треба за Турција да оди. Он рече: ‘му кажав на Миле, што да прави со Централниот ако не се вратам знае што треба да прави, ако се вратам добро ако не му кажав на Миле’. Ми рече: ‘ќе видам што ќе ми кажат Белград, за кичмата па крајно ќе биде во Турција за ме оперираат’. Не ми кажа дека е хитно. Такво нешто не кажа.  На патот зборувме за работи за политичката партија, за Десна, за што му кажал на генералниот секретар Миле, што треба да се направи. Не знаев дали ќе останува, ниту он не знаеше. Политичката партија Десна поднесе кривични пријави за тогашната власт за големи криминали и за тоа зборувавме. По патот имавме догорено средба со еден најпознат енергетички екеперт во Србија. Само ми рече: ‘деновиве зад мене се движи едно возило велешко, цело време се движи зад мене. Мислам дека е Сашко’“, додаде сведокот.Имале средба со извесен Зоран, па Палчо добил понуда да биде сместен во домот на лицето, но одбил и барал хотел.„Во меѓувреме, ми рече ‘дали може на мое име да му прати пријател пари, јас да ги подигнам’. И ги подигнавме, вечеравме, па отидовме до хотел „Таш“ така го викале, и носевме две торбици, една јас и една тој. Се легитимираше, му побараа пасош и го сместивме. Јас си тргнав назад 9 без 10, и следниот ден ми се јави и ми кажа дека најверојатно ќе оди за Турција. Го прашав за Централниот и рече со Миле е договорено. Рече ‘јас ќе треба да одам за Турција 10-тина дена нема да бидам тука, со Миле ген секот е договорено се’.  Следниот ден околу 17 часот ми се јави брат му на Љупчо дојдоа инспектори бараа возило некое. Не ми кажа какво возило барале/ Ми се јави Џоле (сопственикот на ‘Рену канго’), 19,30 ми вика жена ми ја викнаа во Пролече, тргни натаму. Јас не сум кривичар му реков. Ми се јави пак за 10-тина минути, и вика: ‘за возилото во партијата што беше’. И јас отидов му кажав, кажи им се - прашуваше зошто крвни деликти, помислив дека некој чукнал некого па го бараат возилото.  На први вечерта, кога стигнав во полициска станица, Влатко беше тука. Ноќта околку 3 часот мене ми се јави Влатко ми рече дојде полиција прават претрес рече дека треба адвокат да дојде, па праша дали ќе дојдам. Кога дојдов во партијата, имаше многу инспектори“, додаде сведокот.Кога се појавил адвокатот Стојков, бил испрашуван за тоа кога бил надвор од државата, па им кажал каде го оставил Палчо.„Им кажав дека го иставив во хотел Таш, и ми рекоа јави му се. Он не крена и почна распитот. Претресот заврши за час, час и половина. Христијан Плотников, Кирил и Влатко беа тука во канцеларијата и нив ги приведоа.  Ми се јави Љупчо на први и му реков имаше претрес, тој беше зачуден. Ми рече да најдам кривичар адвокат, ми даде број и јас се јавив.  За време на претресот ми се јави Палевски, дека во медиумите објавиле за уапсени во партијата Десна. Јас им кажав на полицијците дека ми ѕвони Палевски дали да се јавам, полицајците ми рекоа јави се и прашај го каде бил на 27-ми, а тој ми рече дека не се сеќавал.  Подоцна ми се јави, и ми рече дека бил Дебар Маало. Ми рече ако одам кај мајка ми, одам по Илиндеска. Ако сум одел кај овој (н.з.) сигурно сум бил по Ленинова, можно е да бев таму. Можно е на 27 да сум врвел таму и ми кажа дека му бил клиент. Во тие 10-тина дена се движев натаму“, додаде сведокот.Сопственикот на возилото „Рену канго“ бил пуштен од станица, а седиштето на партијата запечатено.„Кучето лаеше од внатре. Кога влеговме внате му рековме на полицаецот, да го извадиме куччето да ни го даде клучот. Влатко Кешишев е пуштен во 8 часот и повторно е приведен во 12 часот и не може да дојде.  Вечерта во неделата во ресторанот бевме, во ресторанот, жена ми се јави и ми рече дека има претрес.. И јас отидов, и тогаш се јави Љупчо, и ми рече „дебел“ така ми викаше, и ме праша: „Што се случува, што е ова - ме имаат местено, знаев дека ќе ме наместат, јас му реков ако не си виновен дојди, мора да се вратиш тука веќе си осуден“.  Ме прашаа во полцииата, дали ја имам видено мајката на Вања со Палевски, и јас им реков не ја немав видено“, додаде тој.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања