„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

пасоши

IMG_3078

Можете ли без „северна“ на пасошите во банка: за МВР таквите исправи се неважечки, на терен различна пракса

Дел од банките се уште не знаат како треба да постапуваат при идентификација на граѓаните со пасоши кои не се со „северна“. Граѓани за „Скопје1“ сведочат дека во различни банки, има различна пракса. Со оглед дека за пасошите нема законски измени, тие треба да се неважечки и во Македонија. Но сепак, дел од банките чекаат за тоа да добијат известување од надлежните органи. Од МВР за „Скопје1“ посочуваат дека пасошите не можат да се употребуваат, но не навлагаат како ќе постапат банките.„Според најновото известување од вчера, исклучиво личните карти издадени од Република Македонија кои се сѐ уште важечки можат да се користат за потребите на идентификација при воспоставување и продолжување на деловен однос. Во однос на патните исправи издадени од Република Македонија кои се сеуште важечки, се чека дополнително известување дали може да се користат“, кажаа за „Скопје1“ од контакт центарот за корисници, на една од македонските банки.Се обративме и во друга банка, каде пак, ни кажаа дека може да се прави идентификација со пасош без „северна“, доколку истиот не е со истечена важност.„Доколку е важечки пасошот и немате друг – може да се идентификувате. Ако имате извадено друг, со новиот“, велат од контакт центарот на друга банка.Од МВР за „Скопје1“ посочуваат дека пасошите со старото уставно име се неважечки за употреба, како во Македонија, така и во странство. За тоа дали банките ќе дозволат идентификација со нив – не сакаат да коментираат.Идентификација во банка може со лични карти со старото уставно име, како и со новото уставно име.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-33-7000PM

Ако не ви дозволат да излезете од Македонија, граничарите мора на писмено да ви кажат од кои причини - се кршат правата на граѓаните

Патувањето во странство со пасош со старото уставно име од утре ќе биде невозможна мисија, а и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски се согласува дека тоа отвора можност граѓаните да ја тужат државата. Според него, тоа е попречување на движењето, што е противуставно. Потенцираше дека барале решение во рамки на МВР, но залудно.„Разговаравме со директорот на БЈБ, под чија команда се граничните премини, заедно со правниот сектор и заклучивме дека по однос на ова прашање, службите не можат да дозволат излез на граѓанин на нашата земја со документ со старото име. Нема да можат да дозволат“, рече Ташковски.Тој додаде дека ако говори како правник, а не министер, со попречување на граѓаните - се кршат низа закони.„Секој кој ќе проба со пасош со старото име да излезе од државата, службениците ќе бидат должни да му дадат на писмено дека не му дозволиле и од кои причини. Се кршат куп конвенции и меѓународни закони“, рече Тошковски на „Телма“.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања