„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

пасоши

417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

Издадени се 300.000 термини за лични документи, се прочистуваат и листите за да се забрза процесот

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека досега се закажани 300.000 термини за издавање на лични документи. Посочи дека постојано се прочистуваат листите, за од тие кои пред време завршиле работа, а имале термин, истиот да се префрли кај други граѓани.„Врз принцип на правичност гледаме да го избуткаме овој процес. Бројката на термини, луѓе кои треба да пристапат во нареден период се 300.000 со закажани термини. Кога станува збор за 300.000 термини, малку е тешко да се справиме на најправичен и праведен начин. Даваме максимален допринос од наша страна и гледаме да е праведно. Сега почнавме на недела дена да ги чистиме листите со термини, за сите кои имаат завршена работа - се предомислил и од редовна отишол на итна постапка, за да друг ги добие термините“, рече Тошковски.Тој посочи дека ќе бараат начин листите да се прочистуваат на дневно ниво.

Македонија | пред 1 година

Osmani-pregovaracka-ramka-1-720x404-1

Има начин да се убедат сите земји да нѐ пуштаат со пасоши без „северна“, но Османи нема таква намера

Без конкретен одговор остана прашањето - дали секоја земја сама си одлучува околу прашањето дали ќе пропушти граѓани на Македонија со важечки пасош без „северна“. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, прашан за коментар, како секаде Македонците можат да одат со пасош без „северна“, ама не можат да излезат од Македонија, тој топката ја префрли кај МВР.„Тие закони се донесени од МВР дека на 12 февруари 2024 година, пасошите со старото име, стануваат невалидни. Тоа било во функција на имплементација на Уставот“, рече Османи.И самиот посочува дека постои начин да се убедат земјите да нѐ пуштаат со старите пасоши, но сепак, смета дека тоа не треба да се прави.„Црна Гора имаше одлука да не ги признае, ама се видов со амбасадорот, па се договоривме Црна Гора да го следи примериот на другите земји од ЕУ. Црна Гора веќе нѐ извести дека ќе ги признаат, односно прифаќаат валидните пасоши. Швајцарија исто така донесе одлука. МНР не треба да се води по тоа да најде алиби, односно решение, за да се одложи примената. Дајте да се фокусираме на подобра организација за повеќе пасоши за граѓаните“.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицевски: На барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по забелешките на Тошковски, денес беа изгласани измените на изборниот законик

„На барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по забелешките и укажувањата од страна на министерот за внатрешни работи, господинот Панче Тошковски, денес во Собранието на Република Македонија едногласно и консензуално, беа изгласани измените на изборниот законик“, вели Никола Мицевски, пратеник и координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Без денешните измени во Изборниот закон, постоеше ризик да се прекрши основното човеково право, право на глас, на над 100 илјади граѓани во нашата држава.Ова е последица на хаосот кој што зад себе го оставија Ковачевски и Спасовски, со што илјадници граѓани останаа без личните документи и заробени во државата.Со овие измени кои денес се усвоени ќе може да гласаат сите граѓани чии што лични документи, пасош и лична карта им истекол рокот по било кој основ во период од 9 месеци пред изборите.Ова значи дека личните документи на граѓаните на Македонија кои им се истечени по било кој основ од август месец 2023 година па се до 8-ми мај 2024 година ќе можат да го искористат своето уставно право на глас на следните избори.Исто така со овие измени покрај другото, конечно се внесоа и најголем дел од забелешките на ОБСЕ/ОДИХР.Во овие измени значаен сегмент е измената со која во Избирачкиот список ќе бидат запишани сите полнолетни граѓани кои имаат живеалиште на територијата на Република Македонија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-07-at-10.54.58

Политичарите лажат, бројките - не, ако нема законски измени до 18 мај - 100.000 граѓани нема да можат да гласаат, кажа Тошковски

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, порача дека освен измена на Изборниот законик, нема друг начин како 100.000 граѓани да го остварат правото на глас. Според него, ако до 18 март нема законски измени, тоа ќе значи дека тие граѓани не можат да го остварат нивното право да бираат, загарантирано со Устав.„Несериозна е изјавата имајќи во предвид дека станува збор за потреба од утврдување на можност со патните исправи со старото име, а важечки датум, да македонските граѓани го остварат правото на глас. Немаме 50 дена, бидејќи на 18 март се затвора Избирачкиот список. Ако до тој ден нема измена на законските измени, ќе биде прекршено второ човеково право - правото на глас. Се надевам дека премиер и останатите фактори во оваа држава, ќе најдат заеднички јазик и ќе ја поддржат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за барем да не го кршиме ова право, а тоа е над 100.000 граѓани да можат да гласаат“, вели Тошковски.Според него, согласно сегашните количини, обрасци има до прва половина од мај - ако продолжи истата динамика на печатење.„Ако месечно произведуваме 75 до 80 илјади патни исправи, бројка драстично зголемена со претходните месеци кога имало 50 илјади, ако продолжиме така, до средината на мај ќе се исцрпат обрасците“, додаде Тошковски.Тој кажа дека работат во насока да се обезбедат обрасци до мај, за да не се прекине процесот на производство на пасоши.„Политичарите лажат, бројките не лажат. Бројките рапидно растат во споредба со претходниот месец, граѓаните можат да ги видат. Тоа значи дека со реорганизација можело да се зголемат бројките и да има ред. Сега не е хаотично со јамболии пред полициска станица во 12 часот на полноќ“, додаде Тошковски кој тврди дека драстично се зголемува бројот на издавање на документи.

Македонија | пред 1 година

talat-bujar

Џафери и Османи нека ги сликаат граѓаните бидејќи се амбицициозни дека замената на документи ќе заврши навреме, им рече Тошковски

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, ги повика техничкиот премиер Талат Џафери и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, да одат во МВР и да фотографираат граѓани, ако веќе се оптимисти дека за еден месец можат сите 100.000 граѓани кои имаат неважечки пасош, да добијат лична карта. Тошковски одново ги повика партиите да се изгласаат измените на Изборниот законик, бијдеќи само така со пасошите кои имаат рок а немаат „северна“, ќе може да асе гласа.„Ако е толку оптимист Талат Џафери дека со амбициозност процесот на замена на документите може да се заврши навреме, а исто и министерот за надворешни работи, кој многупати изразува само загриженост за целиот овој проблем, двајцата заедно нека дојдат во МВР. Јас ќе им обезбедам посебни кабини за да можат заедно со полициските службеници да помогнат во процесот на фотографирање. Ќе им дадеме посебни картички, тие државна тајна, па нека помогнат во фотографирањето“, рече министерот за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски.Претходно, Џафери кажа дека граѓаните ќе можат да извадат документи до изборите, како и дека тоа зависи од тоа дали ќе поднесат барања, а МВР сигурно ќе ги изработи.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Бојмацалиев: Внатрешна контрола треба да утврди каде е грешката со неиздадени, а готови пасоши на граѓаните

Денеска, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, во одговор на новинарско прашање, за време на неговата посета на Дојран, истакна дека внатрешна контрола на МВР треба да утврди каде е грешката зошто не се издаваат веќе готовите пасоши на граѓаните.„Јас не спорам дека е зголемен бројот на пасошите кои се подготвуваат, туку спорам дека има готови пасоши кои се во управните служби и не се ставени на соодветно место и не им се дадени на граѓаните и тоа е недозволиво. Вие плаќате, МВР го изработува, експедиција го носи и кога треба да го земете некој не ги наредил дали по соодветен број или во правилна просторија или се што ќе утврди Внатрешна контрола, тоа е недозволиво", рече дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев во одговор на новинарско прашање за поднесетното барање од негова страна до Внатрешната контрола на МВР за тоа зошто готовите пасоши не им се издаваат на граѓаните.„До мене стигнуваат пораки, а тоа го кажа и Народниот правобранител, дека човекот е фотографиран, пасошот е подготвен и е однесен во установатата каде треба да го подигне, но таму го нема.Значи, сега внатрешна контрола оди во одделот за персонализација каде се обработуваат пасошите и оттаму готовите документи експедицијата ги носи во управните служби. Ова појава е конкретно само за Скопје и кога граѓаните ќе отидат тој пасош да го подигнат на шалтерите им го нема. Јас тоа барам, внатрешната контрола да утврди каде е тој пасош кој е испечатен и од експедиција однесен во МТВ, зошто го нема на шалтер. Имам сознанија од вчера и се потврдени од внатрешна контрола дека се најдени пасоши кои ако требало да бидат ставени под буквата Б, се ставени под В. Тоа е еден од случаите, а натаму внатрешна контрола ќе испитува и ќе утврди зошто готовите пасоши не им се даваат на граѓаните, која е причината и каде е грешката. Ние сме сервис на граѓаните и тоа не е политиканство, јас се борам граѓаните да бидат услужени“, рече Бојмацалиев.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-06-at-10.47.03

(Видео) Пасошите го изнервираа Џафери - новинарка му најде замерка, тој почна и да вика

Техничкиот премиер Талат Џафери посочува дека од 1 февруари до 29 февруари, МВР добило вкупно 123.000 барања за пасоши, од кои, според него, изготвени се 95.267 исправи. Според него, ова е показател на динамиката на работа. Џафери кажа дека се примени 82.235 барања, а издадени се 71.410 лични карти. За возачки дозволи кажа дека 46.210 барања се примени, а изготвени се 39.552. Тој ја префрли одговорноста кај граѓаните. „Со оваа динамика, стоте илјади што се врти како информација, дека се луѓе кои немаат документ, во текот на март можат сите да се опремат со соодветни документи. Но иницијалното е од граѓаните да има барање“, рече Џафери.Имаше забелешка од новинарка дека во нејзиното семејство четири лица немаат земено пасоши, а аплицирале. На ова, Џафери врати: „Абе и јас имам доба пет членови кои не аплицирале, па што сега?“.На укажувањето дека постои сомневање дали навистина се изготвени пасоши од барања поднесени во текот на февруари, или се изготвени пасоши од барања од претходни месеци, Џафери рече: „Известувањето до мене е така“.

Македонија | пред 1 година

431101238_122124997724197509_6415433834842909830_n

И Шпанија сега знае дека 100.000 граѓани нема да можат да гласаат оти пасошите им се неважечки

„Денес остварив работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија“, објави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски и додава:„На средбата ги истакнав заложбите за организирање фер и демократски избори и активностите кои треба да се преземат во таа насока. Воедно, како дополнителен проблем, поврзан со изборниот процес, го посочив недостигот на важечки документи на околу 100 000 граѓани кои нема да можат да го остварат своето право на глас.Со ова, покрај кршењето на основното човеково право за слобода на движење, се крши и правото на глас на овие избори, за што сум особено загрижен.Амбасадорот Хосе Луис Лосано Гарсија се заблагодари за досегашната богата соработка во сите области, особено во борбата против организираниот криминал и миграциите и изрази уверување дека истата ќе продолжи да се развива и во иднина. Особено ја истакна шпанската поддршка на патот кон нашето полноправно членство во Европската Унија“.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Кои пратеници беа против да се продолжи рокот на пасошите, Тошковски: Виновниците имаат име и презиме

Листинзите од гласање на собраниската седница каде се одлучување за продолжување на рокот на важење на пасошите, ги објави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски. Законот не беше излгасан бидејќи мнозинството беше против.„Виновниците кои буквално притворија стотици илјади граѓани на територија од 26000км2 од денеска имаат конкретно име и презиме, а тоа се сите оние 54 пратеници од СДСМ и ДУИ кои во Собранието гласаа против продолжувањето на важноста на пасошите. Тоа го направија молчешкум, без да дадат разумно образложение водејќи се исклучиво од нивниот партиски интерес, притоа оставајќи ги граѓаните во состојба на несигурност и безизлезност и кршејќи им го основното човеково право на слобода на движење. Но, цената за нивниот молк денеска, ќе ја платат на 8 мај, кога народот многу гласно ќе го каже своето“, напиша Тошковски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3348

СДСМ и ДУИ против Законот за продолжување на пасошите, за опозицијата ова се граничи со лудост

СДСМ, ДУИ и НСДП, гласаа против продолжувањето на рокот на важење на пасошите. Законот кој го поднесе опозицијата, со мнозинство гласови не беше усвоен. За гласаа 46 пратеници, а против 54.,,Пратениците на ДУИ и нивните слуги од СДС дополнително ја влошија состојбата што свесно и намерно ја создадоа со пасошите” вели Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.Според него, во 21 век да се ограничува слободата на движење на луѓето, да се кршат уставните права за влез и излез од сопствената држава, свесно да оневозможувате право на лекување болни надвор од нашата држава, да се ограничува правото на секој да може да избира и да биде избран се граничи со лудост.

Македонија | пред 1 година

IMG_0969

Потрагата по возачка и пасош, како потрага по злато: нови искуства од пунктовите на МВР

Покрај проблемите со пасошите, граѓаните на мака и со возачките дозволи. Од шалтерите на МВР, стигнуваат и нови негативни искуства. За тоа време, техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски посочува дека освен што ги намалуваат гужвите, работат и на подобрување на системот. Истовремено, дополнителникот заменик министер Митко Бојмацалив вели дека во МВР нема хаос и дека се си тече нормално.Непозната е бројката на достапни обрасци за возачки дозволи, бидејќи во фокус беа пасошите. Но граѓаните се жалат дека и по две недели од подавањето документи, не можат да ги подигнат.„Денес ми кажаа оти возачката не е готова. Готови се на тие што поднеле барање до 11.01. Немало обрасци. Да проверам пак после 2 недели, ама не се знае дали и тогаш ќе биде готова. За пасош пак, ич не се знае кога би бил готов “, вели граѓанин за „Скопје1“ кој го затекнавме во пунктот во МРТВ.На социјалните мрежи нова рунда поплаки, но овојпат, поради изгубен пасош. Процедурата налага, стариот пасош да се предаде кај службениците при подавање на документи за нов пасош - а потоа, двата пасоши граѓанинот да си ги добие назад. На мрежата „Х“ се сведочи дека две лица не можеле да ги добијат старите пасоши во кои имале визи за патување.„МВР со нова глупост. На моите им ги земале старите пасоши кога се сликале, имаат во нив 10 год амерички визи. Им јавуваат дека пасошот им е готов, старите не можат да им ги најдат. Инаку треба да патуваат за Америка наскоро“, пишува „Рамона“ на „Х“.

Коментари | пред 1 година

417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

Ќе се издаваат пасоши по приоритетна постапка, ама само за професионални возачи со валиден сертификат

Владата, на денешната седница донесе одлука со којашто на професионалните возачи кои поседуваат валиден сертификат, Министерството за внатрешни работи треба да им издава патни исправи во приоритетна постапка, по редовна цена и врз основа на доставено барање и список од страна на Министерството за транспорт и врски.Одлуката за воспоставување брза лента за издавање патни документи на професионалните возачи е донесена по информацијата од Министерството за транспорт и врски за одржаниот состанок со превозници кои вршат превоз на стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.Со одлуката се опфатени сите транспортери и превозници кои поседуваат валидни сертификати за професионални возачи, и на кои им се овозможува по приоритет да ги заменат патните документи, со цел континуирано извршување на работните обврски.Постапката за пријавување ќе се извршува преку здруженијата и асоцијациите на транспортери, со што листите со професионални возачи ќе се достават до Министерството за транспорт и врски, кое ќе ја проверува валидноста на сертификатите, а понатаму ќе се проследуваат до Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 1 година

gas

Скопјанец остана без работа, поради пасошот - го враќаат од Австралија: Јас со финасиски загуби, живци искинати и ноќи непреспиени

Виктор Настески (44) од Скопје кој работеше како шеф на кујна (Executive Chef) на крузер за бродската копанија „P&O Cruises“, останал без договор за вработување оти имал невалиден пасош. Ова го сподели самиот на социјалните мрежи. Тој посочува дека неговата компанија е зачудена како ова може да се случи.Епа другари и другарки толку беше. Договорот скратен поради невалиден пасош и поради фактот дека патниот лист е само за во еден правец до родната земја. И така мене не ми е дозволено да го продолжам патувањето и да го завршам својот договор! Бродов со 1800 гости и 820 вработени останува без “Executive Chef”! Мојата компанија во неверување како е ова можно, се чудат и се крстат! Замена “Executive Chef” преку ноќ на овој крај од светот неможе да се најде! Мојот тим од 170 вработени остануваат без својот лидер! Мојот работодавец со огромни финансиски загуби! Јас исто така со финасиски загуби, живци искинати и ноќи непреспиени! Тонам во очите на мојата компанија и понижен како никогаш од сега! И се тоа поради непособноста на оваа власт да изнајде решение и да го продолжи рокот за пасошите,па да можеме да си ги завршиме договорите и како нормални луѓе да се вратиме дома! Да не се повторувам за тешкотијата која се наоѓаат морепловците за да го извадат овој патен лист! Ама не тие решија скроз да не понижат и уништат!“, пишува Настески.Тој ја прашува власта, далие. свесна каква штета предизвикува на граѓаните и на круз компаниите, како и на сите работници.„Што е најтрагично вас не ви чуе бе какви штети направивте! Вие сте бе енда багра неспособна што никогаш му се нема десено на човештвото! Ја не познавам дека некоја друга земја го има направено ова на својот народ! И сега дома во нови нервози и дали ќе успеам да го извадам пасошот на време за да се вратам на следниот договор! Ниту власта а ниту па опзицијата не помогна во врска со сета оваа каша попара и едноставно не се ни потрудија да направат нешто! Единствена позитивна работа од ова е што набрзо ќе бидам со своето семејство! А вие кога тогаш, ќе платите за сите овие неправди и маки!“, додава тој.

Коментари | пред 1 година

IMG_0969

Како што се продолжија личните карти и возачките може и пасошите?

Власта нема емпатија, не сочувствуваат со граѓаните, тие не заработуваат од возење на камион на пример надвор од Македонија, ако им треба нешто здравствено летаат до Париз, Виена, Берлин тие си имаат нови пасоши, вели пратеникот од коалицијата „За обнова на Македонија„ Љупчо Пренџов во Алфа телевизија во врска со бегањето на власта да се продолжи рокот на пасошите за македонските граѓаните да не бидат заглавени.Пренџов потенцираше дека иако власта се правда дека се кршел меѓународен договор, сепак се продолжија личните карти и возачките, што значи може и за пасошите, бидејќи се работи за истиот принцип на работа.- Минатата година во пролетта алармиравме да се донесе закон за продолжување, бидејќи ќе имаме сериозен проблем, ќе немаме лични карти и пасоши, нема толку капацитет. Викаа дека не можело тоа ќе се кршело меѓународен договор. Еве се смени министерот за внатрешни работи, дојде Панче Тошковски го сменивме законот, еве важат личните карти. За пасошите истиот принцип на работа е, се работи за човекови права, за сериозни проблеми и ги повикуваме, претседател на Собрание е од СДС, тој треба да ја стави точката на дневен ред. Но немаат емпатија кон сопствените граѓани, кон тие кои ги плаќаат. Нема никаква логика, нагласи Пренџов.Во однос на Законот за судии и јавни обвинители и намерата на СДС и ДУИ кандидатите писмено да полагаат Пренџов посочи дека власта сама со себе е контрадикторна и целосно е изгубена.Законот за судии и обвините беше пуштен пред две години во Собранието во Комисијата за политички систем и тогаш го спречивме бидејќи беше пуштен во оваа комисија. Потоа го повлекоа и минатата година некаде јуни го испратија со европско знаменце и помина во Собранието. Тогаш европското знаменце го правдаа со тоа дека идните судии ќе бидат спремни да знаат ќе има електронско полагање, имавме забелешки, дискусии, но го поминаа. Сега доаѓаме до трет обид, сега повторно со знаменце викаат писмено да се полага. Ако европска вредност минатата година беше електронско полагање и да се бираат најдобрите, сега европска вредност им е спротивното, гледате какви изгубени случаи се, изјави Пренџов.

Македонија | пред 1 година

mickoski-h-393

Зошто кога веќе знаело претходното раководство на МВР дека нема пасоши, не направиле подобра организација?, праша Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во утринската емисија „Здраво Македонијо“ на Канал 5 истакна дека политичарите кои беа на власт во последните 6-7 години јаваа на бранот на големи ветувања, но иако имаа сосема доволно време доколку имаат волја нешто да променат на подобро, ништо од тоа не се случи.Тој како пример за тоа дека кога се има волја и знаење, работите може да се менуваат на подобро за многу кратко време, го спомна организирањето за вадење на лични документи од страна на новата постава во МВР.„Еве конкретен пример имаме сега со пасошите. Имаме сега условно кажано нова постава во Министерството за внатрешни работи и ако ништо друго барем редот, она понижување што го трпеа граѓаните, оној метеж кој што беше таму, го нема. Се чека да, но не се чека од наутро до доцна навечер, туку се чека по 10-15 или 20 минути“, потенцираше Мицкоски.Тој исто така додаде дека тука се поставува прашањето зошто претходното раководство, кога веќе знаеле и презеле обврска, не само што подобро не се организирале врз основа на капацитетот на машините, туку и по преземената обврска продолжиле да издаваат документи за кои сега граѓаните треба повторно да се изложуваат на трошок за менување на истите.„Зошто претходното раководство тоа не го направило? Зошто кога знаеле и кога преземале обврска дека треба тоа да го направат не направиле план за да ова денеска нас не ни се случи? Затоа што е многу едноставна работата. Капацитетот на машините со коишто се издаваат тие патни исправи е таков да годишно можат да се издадат 500-600 илјади. Ако вие знаете дека треба, еве не повеќе од 2 милиони да издадете, вас ќе ви бидат во идеални случаи потребни 3, 3 ипол, 4 години“, рече Мицкоски и додаде:„Понатаму се поставува прашањето зошто граѓаните коишто ваделе документи во 2019 и 2020 година не извадиле согласно тој договор којшто го прифатиле? Зошто мора сега истите тие граѓани повторно сега ние да ги изложуваме на трошок и повторно да плаќаат? Затоа што некој претходно не постапил соодветно на тоа што го прифатил“.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања