„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

пензии

media-library8o6a78s5i0uq3Y1bzeR

Мицкоски: Покачувањето на пензиите го подига животниот стандард, Уставниот суд ќе покаже дали има поинакви намери

„Ќе кажам дека вчера за време на пратеничките прашања бев многу прецизен и кажав дека имам информации дека е отпочната постапка и оти судијата известител ставил потпис на конечниот извештај со кој се укинува линеарното зголемување на покачувањето на пензиите за пензионерите од следниот месец“, вели премиерот Христијан Мицкоски. Премиерот Мицкоски потенцираше дека со линеарното зголемување на пензиите како Влада сакале да го подобрат животниот стандард на околу 330.000 пензионери, но како што рече Уставниот суд ќе покаже дали има поинакви намери.„Дали тоа ќе се случи ќе видиме наскоро, дали сум бил во право, дали информацијата била точна или не. Многу скоро ќе добиеме одговор. Јас би сакал да не сум во право. Еве посакувам да не сум во право, но што ако сум во право? Тогаш кој е тој што прави хаос и кој свесно удира по стандардот на пензионерите. Владата со тие мерки сакаше да го подобри стандардот на повеќе од 330 до 350 илјади пензионери. Некој друг има поинакви намери“, дециден е премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

ustaven

Уставен го демантира Мицкоски: Нема конечна одлука за линеарното зголемување на пензиите

Уставниот суд, по денешните изјави во Собранието и тврдењето на премиерот Мицкоски дека одлуката за укинување на линеарното зголемување на пензиите и дека во декември ќе добијат пониски пензии излезе со официјално соопштение:„Уставниот суд информира дека не е донесена конечна одлука за предметот У.бр.13/2025, за членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кој се зголемуваат пензиите (во јавноста познато како линеарно зголемување).Судот укажува дека на 24. седница одржана на 19.11.2025 година со мнозинство гласови, изрази сомнеж во уставноста на членот 2 од Законот. Во тек е втората фаза од постапката во која се бараат мислења од доносителот и од предлагачите на Законот, по што ќе следува конечна одлука.Јавноста ќе биде известена кога овој предмет ќе биде ставен на седница за гласање.Во однос на прашањата, дали Уставниот суд поведе постапка за сите линеарни покачувања кои досега беа исплатени на пензионерите, Судот информира дека нема да ги преиспитува одредбите кои го опфаќаат зголемувањето на пензиите по 2500 денари (исплатени во септември 2024 и март 2025 година) бидејќи на седницата која се одржа на 19 ноември Судот ја отфрли иницијативата за преиспитување на членовите 3 и 18 кои го регулираа тоа прашање, поради фактот што истите беа од темпорален карактер и не се повеќе дел од правниот промет”, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryeat4397s394q92t8Bwm

Мицкоски тврди: Од декември помали пензии, Уставен веќе одлучил да го укине линеарното зголемување

Уставен суд веќе донел одлука за укинување на законската одредба за линеарно зголемување на пензиите и веќе од наредниот месец најголемиот број од пензионерите ќе добиваат помали пензии, ова на собраниска говорница го изјави премиерот Христијан Мицкоски.Мицкоски рече дека наводно, Уставниот суд ќе ја укине и одредбата за платите на судиите и обвинителите, со што нивните примања енормно ќе се зголемат.Што се однесува до линеарнот зголемување на пензиите, Мицкоски рече дека одлуката веќе била донесена и потпишана, и ја нападна уставната судијка Добрила Кацарска, иако не го спомена нејзинот име, но таа пред Уставниот суд ја иницираше постапка за оцена на уставноста на последните законски измени со кои пензионерите добија по илјада денари линеарно зголемување во септемри, а исто толку треба и во март идната година. Мицкоски „таа судијка“ ја нарече „пример на неправдата“.„Последните информации се дека веќе одлуката е донесена и потпишана од нејзина страна и дека пензионерите веќе нема да добиваат линеарно зголемување на пензиите, туку согласно процентите утврдени по законот. И тоа само за информација значеше дека 70 проценти од пензионерите ќе добиваат помала пензија од следниот месец, поради оваа иницијатива на оваа судијка која е дел од Уставниот суд“, рече тој.Мицкоски истакна дека ваквата одлука не е фер, бидејќи Уставниот суд ја укинува одлуката, а нема да се зачуди доколку истата судијка во Уставниот суд донесе одлука за одмрзнување на платите на судиите и обвинителите.„Од аспект на фискален товар, помалку пари ќе даде Буџетот, но од аспект дали е тоа фер, не е фер затоа што во време на транзиција кога малкумина олигарски го приватизираа и разграбаа македонското стопанство или поголем дел го уништија, најголем дел од овие пензионери со ниски примања, 8.000, 9.000, 10.000 или 12.000 денари се резултат на тој процес во времето на транзицијата. И затоа тие добиваат така ниски пензии.Целта на линеарното зголемување беше да се намали ХДИндексот, а да се зголеми стандардот на пензионерите и на тој начин да се намали степенот на сиромаштија“, нагласи Мицкоски и додаде:„Замислете истовремено најверојатно следната одлука којашто ќе дојде од истиот суд е да ги одмрзнеме платите на судиите и обвинителите. Значи на пензионерите им се укинува правото, но затоа пак на овие обвинители и судии бидејќи се незадоволни со 2.500, 3000, 4.000 евра ќе треба да им се одмрзнат платите, а пензионерите со 10.000, 12.000 денари коишто треба да добијат 1000 денари зголемување сега овој месец, тие се побогати од овие малкумина судии и обвинители коишто ја контаминираат оваа професија“.Според премиерот Мицкоски, ваквата одлука е неправда за пензионерите.„Со ова ќе се нанесе неправда на пензионерите“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

media-library3mlag95i7k5ubH8UNpo

Тренчевска:Со ВМРО-ДПМНЕ дупката во ПИОМ е 1 милијарда евра, одржливоста на пензиите е загрозена

Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, тврди дека дупката во Фондот за ПИОМ е над 1 милјарда евра, односно толку пари државата ќе префрла за да можат да се сервисираат секој месец пензиите. Како што кажа Тренчевска, одржливоста на Фондот за ПИОМ е веќе сериозно нарушна, ставката од која се трансферираат средствата од министерството кон фондот за исплата на пензиите е 100% реализирана, односно нема пари на таа сметка.Таа прашува како ќе бидат исплатени пензиите на 1 декември и од каде ќе се најдат средства за префлрлање до Фондот, кога во буџетот нема средства.,, ВМРО-ДПМНЕ ја уби надежта на лицата со попреченост дека ќе имаат повеќе приход во семејството. Си поигравте и со нив предизборно, ветувајќи им зголемување на надоместокот. Завршија изборите, тие ви поверуваа, а вие ги изневеривте”, вели Тренчевска.

Македонија | пред 3 седмици

ustaven

Уставниот суд остро реагира на нападите за предметот„линеарно покачување на пензиите: Ова не смее да се користи како алиби за политичко влијание на Судот

Уставниот суд најостро прему соопштение ја осудува реториката основана на лаги и манипулации за предметот во кој се оценува уставноста на член 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во јавноста познат како „линеарно зголемување на пензиите”.,,Нападнати се интегритетот, самостојноста и независноста на судијата Добрила Кацарска како судија-известител, а истовремено и на Уставниот суд, преку јавното дисквалификување за постапувањето во последниот случај. Тезите дека „СДСМ преку Кацарска тргна во напад за укинување на зголемување на пензиите“ или „СДСМ преку Добрила Кацарска сака да ви го земе покачувањето“ се недозволиви и можат да создадат погрешна перцепцијата за работењето и постапувањето на Уставниот суд.Информираме дека до Уставниот суд се поднесени 17 иницијативи од граѓани кои бараат преиспитување на членот 2 од Законските измени и дополнувања на Законот за пензиското и инвалидско осигурување.Јавните прозивки кон судијата-известител или кој било судија во корелација со партиски интереси претставуваат обид за поткопување на авторитетот на Уставниот суд. Судот ги носи одлуките со мнозинство гласови на судиите, а не со глас на еден судија. Свесното пласирање манипулации претставува притисок врз судијата-известител и врз целата институција и е опасен преседан во случај кога некоја одлука не им одговара на политичките субјекти се прогласува за „партиска“.Јавното напаѓање на судии и шпекулативните говори претставува директен напад врз институцијата што го штити Уставот. Прашањето на пензиите не смее да се користи како алиби за политичко влијание или вмешување во работата на Судот.Уставниот суд апелира политичарите да покажат високо ниво на уставно-правна култура, наместо да се служат со реторики на потпалување тензии и дискредитација на судиите, со што ја зголемуваат недовербата во системот и поттикнуваат институционална нестабилност.Уставниот суд повторно нагласува дека останува непоколеблив и имун на секој притисок или обид за влијание, без разлика од кого доаѓа и со какви намери се упатува”, стои во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

k15

Пензиите од септември ќе се зголемуваат по старата методологија

Пратениците дадоа поддршка за измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Со ова се укинува зголемувањето на пензиите што го вети и предложи ВМРО- ДПМНЕ со линеарно зголемување од 2.500 денари во септември и 2.500 денари со мартовската пензија.Од септември 2025 година, пензиите повторно ќе се усогласуваат 50% според индексот на трошоците на животот и 50% според порастот на просечно исплатената плата.Пратеничката од СДСМ, Јованка Тренчевска, се спротивстави на решението, пензионерите кои стекнале право на пензија во Македонија, но примаат исплата во друга држава да бидат исклучени од усогласувањето на пензиите. Според неа, оваа одредба засега околу 12.000 лица, од кои најголем дел живеат во Србија и Косово.Тренчевска нагласи дека со оваа измена овие пензионери нема да добијат усогласување на пензиите ниту сега во март месец 2025, ниту во иднина.Пратеничката на ВМРО – ДПМНЕ, Ангелинка Петкова нагласи дека со измените се покачуваат пензиите на пензионерите за 2.500 денари и оти тоа е второ покачување од септември минатата година со што го исполниле тоа што го ветувале.

Македонија | пред 8 месеци

fond

Пензиите за март повисоки за 2.500 денари, од септември усогласување по старата методологија

Пензионерите на 1 април ќе добијат нов, втор раст на пензиите за 2.500 денари. Линеарното покачување се однесува на мартовската пензија. До Собранието веќе е доставен Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кој Владата предлага да се донесе во скратена постапка.Со ова ќе се изврши усогласување на пензијата на корисници на пензија на кои им се исплаќа во Република Македонија.Притоа, зголемувањето на пензиите од 5.000 денари направено лани во септември и годинава ќе влезе во месечниот износ на пензијата за која ќе се пресметува наредното усогласување на пензијата во септември.Според новите измени, усогласувањето на старосната пензија која се исплаќа во земјава ќе се врши по старата методологија, односно според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во висина од 50%.Пензиите ќе се усогласуваат како и досега на 1 март и на 1 септември секоја година и тоа според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во државата во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи, објавени од Државниот завод за статистика. Во случај кога порастот на трошоците на живот се намалени, односно се со негативен предзнак, нема да се врши усогласување на пензиите.„Во новиот Буџет се предвидени зголемувања, сега во мартовската пензија, односно која што ќе биде исплатена почетокот на април. Со што се заокружува она ветување, дека во првата година, линеарно пензиите ќе бидат зголемени за 5.000 денари. Ние за девет месеци еве тоа ќе го направиме, и мислам дека пензионерите се задоволни од оваа мерка, и мислам дека на некој начин успеваме тие пензионерски денови да ги олесниме како Влада, и ќе продолжиме во таа насока да работиме и во иднина. Повеќе од 300.000 пензионери ќе го добијат тоа покачување со мартовската пензија“, изјави претходно премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

penzioneri-bugarija

Фондот за пензии со дупка, предлогот да се оди во пензија на 67 години - несериозен: стигнаа реакциите

Имаме методологија и анализираме како да се стабилизира состојбата со дупката во буџетот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, вели портпаролката на Владата, Марија Митева. Тврди дека во овој момент не се размислува за предлогот на Фискалниот совет, за зголемување на старосната граница за пензионирање. Ова доаѓа откако фискалниот совет составен од експерти дал мислење дека мора да се зголеми возраста за пензионирање на 67 години за мажи и за жени.Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, во изјава за МИА го оцени предлогот на Фискалниот совет за несеиозен и рече дека ваквите избрзани мерки се неодржливи на долг рок.„Доколку членовите на Фискалниот совет сакаат да помогнат во крпење на буџетот во Фондот за пензиско, можеби треба да почнат да плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување за сите нивни приходи што ќе претставува пример и за останатите кој треба да се следи! Поради непријавената работа државата годишно губи 250 милиони евра кои остануваат во џебовите на газдите. Само на овој начин социјалните фондови можат и ќе станат реални и одржливи и ќе бидат вистинска заштита и сигурност за работниците и граѓаните во услови на болест, старост, невработеност“, вели Трендафилов во изјавата за МИА.Според Еуростат, очекуваниот животен век на жителите на ЕУ е 80,6 години, а регион со најдолг животен век е Мадрид, Шпанија, со просек од 85,2 години, потоа Тренто во Италија со 84,4, Ил во Франција 84,1 и Стокхолм во Шведска со 84,0 години. Македонците, во споредба со овие народи, просечно живеат и по десетина години помалку.

Македонија | пред 1 година

penzija

Во пензија на 67 години - бара Фискалниот совет

Фискалниот совет предлага во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија.Фискалниот совет е државна институција чиј основач е Собранието и ова мислење го даде во врска со Фискалната стратегија (2025-2029). Ставот го достави до законодавниот дом и во него бара во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија. Во стратегијата усвоена од владеачкото мнозинство стои препорака, старосната граница за остварување на право за пензија на мажи и жени да биде 67 години старост.Потребно е и зголемување на стапката на придонесот за ФПИОМ (тековно е 18,8%), која моментално е за 2,4% помала во однос на 2008 година кога изнесуваше 21,2%, пишува во мислењето.Според Фискалниот совет, буџетската дупка во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е голема, а линеарните зголемувања од 2.500 денари ќе придонесат Фондот на долг период да не биде одржлив.Фискалниот совет, пак, е составен од високи професионалци. Претседател на Фискалниот совет е Глигор Бишев, поранешен директор на Шпаркасе банка, а членови се академик Абдулменаф Беџети и Марина Трпеска, редовен професор на Економскиот факултет при УКИМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-02-140412

(Видео) Пензионерите од Прилеп со торта го прославија зголемувањето на пензиите

Пензионерите од Прилеп и неколку други градови од Македонија, кои подолг период протестираа за линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари, вчера се собраа во просториите на Здружението на пензионери во Прилеп за да го одбележат еднократното зголемување на пензиите од 2.500 денари.По тој повод пензионерите имаа подготвена торта со натпис „2.500 денари“.„Радоста е голема бидејќи за нас значи многу 5.000 денари, што никогаш не би го заменила со 5,3% или 2,9% во 6 месеци од годината. Она што го зацртавме, го остваривме“, рече за ТВ „Сител“ Верче Јанческа, пензионер од Прилеп.

Македонија | пред 1 година

Penzioneri

Пензионерите од денеска добиваат зголемени пензии за 2500 денари

Пензионерите во Република Северна Македонија од денеска добиваат зголемени пензии за 2500 денари. Согласно, Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското иинвалидското осигурување, околу 340.000 пензионери кои се стекнаа со правото на пензиско осигурување заклучно со 31 август, се опфатени со линеарното покачување на пензиите.Овие законски измени предвидуваат линеарно зголемување на пензиите во м. Септември и м. Март. Поконкретно, на 1 Септември 2024 година, сите видови на пензии остварени согласно овој закон заклучно со 31 Август 2024 година, се зголемуваат за 2.500 денари и на 1 март 2025 година, сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 28 февруари 2025 година, се зголемуваат за 2.500 денари.Целта на измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување е обезбедување на пораст на животниот стандард и подобар и поквалитетен живот за пензионерите.Линеарното зголемување на пензиите е едно од клучните исполнети предизборни ветувања на оваа Влада, која во фокусот на своето работење го има подобрувањето на економскиот статус на граѓаните и воопшто економската состојба на државата.

Македонија | пред 1 година

pari

Во тек е исплатата на пензиите за месец јули

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 31.07.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец јули.Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во две групи, според висината на пензијата:За пензии со висина до 14.000 денари, исплатата се врши на 31.07.2023 година (понеделник);За пензии над 14.001 денари исплатата се врши на 01.08.2023 година (вторник).Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 31 јули (понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Македонија | пред 2 години

20230726082052

Ново покачување на пензиите од септември

министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевскa, на Фејсбук објави дека се грижат за пензионерите.„Обезбедивме постојан раст на пензиите. Согласно претходната методологија пензиите во месец јануари 2022 година пораснаа за 2.9%, Со новата методологија пензиите пораснаа за околу 21%.Септември 2022- 6.8%. Март 2023 – 8.4%, Септември 2023- 6% (проекција). За една година раст од околу 21% или раст за околу 24% од јануари 2022 до септември 2023 година“ напиша таа.

Македонија | пред 2 години

paridenari1

Познато кога ќе се исплаќаат пензиите

Владата на денешната седница ја усвои и Информацијата за исплата на пензии за месец јули 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26 јули, а деловните банки од 27.07.2022 година да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и трговската мрежа.Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, според постигната согласност од банките ќе се спроведе во четири групи (4 денови) во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно следниот распоред:- За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.07.2022 година (среда);- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.07.2022 година (четврток);- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.07.2022 година (петок), и- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.08.2022 година (понеделник).

Македонија | пред 3 години

penzija

Следната недела започнува исплатата на пензиите

На последната седница Владата ја усвои информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година, со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни.Добивај вести на виберСо овие препораки деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.6.2021 година.Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на:За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.06.2022 година (вторник);За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2022 година (среда);За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2022 година (четврток), иЗа пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.07.2022 година (петок).

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања