Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Уставен го демантира Мицкоски: Нема конечна одлука за линеарното зголемување на пензиите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
ustaven

Уставниот суд, по денешните изјави во Собранието и тврдењето на премиерот Мицкоски дека одлуката за укинување на линеарното зголемување на пензиите и дека во декември ќе добијат пониски пензии излезе со официјално соопштение:

— реклама —

„Уставниот суд информира дека не е донесена конечна одлука за предметот У.бр.13/2025, за членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кој се зголемуваат пензиите (во јавноста познато како линеарно зголемување).

— реклама —

Судот укажува дека на 24. седница одржана на 19.11.2025 година со мнозинство гласови, изрази сомнеж во уставноста на членот 2 од Законот. Во тек е втората фаза од постапката во која се бараат мислења од доносителот и од предлагачите на Законот, по што ќе следува конечна одлука.

— реклама —

Јавноста ќе биде известена кога овој предмет ќе биде ставен на седница за гласање.

Во однос на прашањата, дали Уставниот суд поведе постапка за сите линеарни покачувања кои досега беа исплатени на пензионерите, Судот информира дека нема да ги преиспитува одредбите кои го опфаќаат зголемувањето на пензиите по 2500 денари (исплатени во септември 2024 и март 2025 година) бидејќи на седницата која се одржа на 19 ноември Судот ја отфрли иницијативата за преиспитување на членовите 3 и 18 кои го регулираа тоа прашање, поради фактот што истите беа од темпорален карактер и не се повеќе дел од правниот промет”, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nnmfbrltujk6LfcgSD

Во април ново линеарно зголемување на пензиите

Македонија | пред 2 месеци

media-library8o6a78s5i0uq3Y1bzeR

Мицкоски: Покачувањето на пензиите го подига животниот стандард, Уставниот суд ќе покаже дали има поинакви намери

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryeat4397s394q92t8Bwm

Мицкоски тврди: Од декември помали пензии, Уставен веќе одлучил да го укине линеарното зголемување

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања