„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мицкоски тврди: Од декември помали пензии, Уставен веќе одлучил да го укине линеарното зголемување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryeat4397s394q92t8Bwm

Уставен суд веќе донел одлука за укинување на законската одредба за линеарно зголемување на пензиите и веќе од наредниот месец најголемиот број од пензионерите ќе добиваат помали пензии, ова на собраниска говорница го изјави премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски рече дека наводно, Уставниот суд ќе ја укине и одредбата за платите на судиите и обвинителите, со што нивните примања енормно ќе се зголемат.

Што се однесува до линеарнот зголемување на пензиите, Мицкоски рече дека одлуката веќе била донесена и потпишана, и ја нападна уставната судијка Добрила Кацарска, иако не го спомена нејзинот име, но таа пред Уставниот суд ја иницираше постапка за оцена на уставноста на последните законски измени со кои пензионерите добија по илјада денари линеарно зголемување во септемри, а исто толку треба и во март идната година. Мицкоски „таа судијка“ ја нарече „пример на неправдата“.

— реклама —

„Последните информации се дека веќе одлуката е донесена и потпишана од нејзина страна и дека пензионерите веќе нема да добиваат линеарно зголемување на пензиите, туку согласно процентите утврдени по законот. И тоа само за информација значеше дека 70 проценти од пензионерите ќе добиваат помала пензија од следниот месец, поради оваа иницијатива на оваа судијка која е дел од Уставниот суд“, рече тој.

Мицкоски истакна дека ваквата одлука не е фер, бидејќи Уставниот суд ја укинува одлуката, а нема да се зачуди доколку истата судијка во Уставниот суд донесе одлука за одмрзнување на платите на судиите и обвинителите.

„Од аспект на фискален товар, помалку пари ќе даде Буџетот, но од аспект дали е тоа фер, не е фер затоа што во време на транзиција кога малкумина олигарски го приватизираа и разграбаа македонското стопанство или поголем дел го уништија, најголем дел од овие пензионери со ниски примања, 8.000, 9.000, 10.000 или 12.000 денари се резултат на тој процес во времето на транзицијата. И затоа тие добиваат така ниски пензии.

Целта на линеарното зголемување беше да се намали ХДИндексот, а да се зголеми стандардот на пензионерите и на тој начин да се намали степенот на сиромаштија“, нагласи Мицкоски и додаде:

„Замислете истовремено најверојатно следната одлука којашто ќе дојде од истиот суд е да ги одмрзнеме платите на судиите и обвинителите. Значи на пензионерите им се укинува правото, но затоа пак на овие обвинители и судии бидејќи се незадоволни со 2.500, 3000, 4.000 евра ќе треба да им се одмрзнат платите, а пензионерите со 10.000, 12.000 денари коишто треба да добијат 1000 денари зголемување сега овој месец, тие се побогати од овие малкумина судии и обвинители коишто ја контаминираат оваа професија“.

Според премиерот Мицкоски, ваквата одлука е неправда за пензионерите.

„Со ова ќе се нанесе неправда на пензионерите“, дециден е Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8o6a78s5i0uq3Y1bzeR

Мицкоски: Покачувањето на пензиите го подига животниот стандард, Уставниот суд ќе покаже дали има поинакви намери

Македонија | пред 3 седмици

ustaven

Уставен го демантира Мицкоски: Нема конечна одлука за линеарното зголемување на пензиите

Македонија | пред 3 седмици

media-library3mlag95i7k5ubH8UNpo

Тренчевска:Со ВМРО-ДПМНЕ дупката во ПИОМ е 1 милијарда евра, одржливоста на пензиите е загрозена

Македонија | пред 3 седмици

ustaven

Уставниот суд остро реагира на нападите за предметот„линеарно покачување на пензиите: Ова не смее да се користи како алиби за политичко влијание на Судот

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања