Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Перински

IMG_6436

Перински: Доставени се 357 проекти од 80 општини за капитални инвестиции, следува евалуација на истите од ресорните министерства

,,Општините пројавија огромен интерес на повикот за реализација на инфраструктурни проекти со пари од државен буџет.Еве ги накратко деталите:Проекти доставија 80 општини.Поднесени се вкупно 357 апликации.Сумирано, ова би требало да значи дека секоја општина аплицирала со повеќе проекти.Сега се на ред ресорните министерства.Во рок од 10 дена, целосната проектна документација, од страна на општината, се доставува до ресорното министерство од областа на проектот, каде што ќе се врши евалуација на истиот.Евалуацијата се очекува да заврши во рок не подолг од 10 дена и врз основа на истата, ресорните министерства треба да изготват предлог одлука кои проекти ќе се финансираат од нивната област и таа предлог одлука да ја достават на усвојување на Владина седница.Очекуваме, до крајот на месецот, да заврши целокупната процедура и да се знае кои проекти ќе се финансираат со државните пари.Како што веќе напоменав и на почетокот, очекувањата се исполнети, а тоа говори за фактот дека оваа Влада направи точна проценка во својата програма и ги детектираше реалните потреби на локалните власти, за подобра иднина на граѓаните.Во оваа прва фаза, општините ќе ги поддржиме со близу 100 милиони евра, а веќе од следната година ќе бидат достапни нови 250 милиони евра, за кога е планиран и нов повик.Ветивме развој на општините, тоа и го остваруваме.Ова е доказ за нашиот партнерскиот однос кон општините, но и кон граѓаните.", вели Златко Перински, министер за локална самоуправа.

Македонија | пред 1 година

IMG_6448

Министерот Перински по повод Меѓународниот ден на донаторството: Oпштините да станат партнери на СОС Детско село, за поголема инклузија на децата без родителска грижа

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, по повод 5.септември, Меѓународниот ден на донаторството, го посети СОС Детското село, кое под мотото „Ниедно дете не треба да расте само“, веќе 20 години обезбедува грижа и поддршка на децата без родителска грижа и на оние кои се изложени на ризик да ја загубат грижата од своите семејства. На неформалната средба, министерот со претставниците на СОС Детското село разговараше за тековните активности на организацијата, за предизвиците со кои се соочува, како и за можностите за развивање на социјални услуги во заедницата за подобрување на квалитетот на секојдневието и инклузијата на децата без родителска грижа.Од организацијата посочија дека со цел да се обезбеди континуитет и одржливост во обезбедувањето на социјалните услуги на локално ниво, неопходно е да се создаде еден вид трипартитна коалиција помеѓу општините, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, како би постигнале побрз и поголем напредок во своето делување.Министерот Перински изрази безрезервна поддршка на мисијата на организацијата и даде уверување дека на него можат да сметаат како на нов стратешки партнер кој во рамки на своите ингеренции ќе помогне СОС Детско село да делува и во пошироки рамки.„Како човек и како министер ќе се заложам вашата благородна мисија да ја почувствуваат сите деца на кои им е потребна поддршка, таа да се прошири во сите региони. Со оглед на мојата комуникација со сите плански региони и општини, ќе иницирам општините секоја во рамки на своите можности и расположливи средства и ресурси, да изгради партнерски односи со вас и да ви помогне согласно мапираните потреби. Верувам дека градоначалниците ќе ја препознаат и несомнено ќе ја поддржат важноста на вашата мисија, а тие со тоа ќе станат општествено одговорни и ќе помогнат на најранливата категорија во општеството“, истакна министерот на средбата и се согласи дека неопходно е продолжување на социјалните реформи, како и на процесот на деинституционализацијата на системот на социјална заштита.„Процесите мора да продолжат. Само со заедничка соработка и вклучување на сите засегнати страни во креирање, унапредување и спроведување на регулативата и јавните политики, можеме да очекуваме одржливи и достапни социјални услуги за граѓаните во социјален ризик “, посочија од СОС Детското село.Во моментов, СОС Детско село, спроведува лиценцирани социјални услуги, поддржува 74 згрижувачки семејства во кои се згрижени 142 деца, а својата мисија, меѓудругото, ја остварува и преку Центар на згрижувачки семејства, покривајќи ја територијата на три плански региона, скопски, вардарски и југоисточен регион. СОС Детско Село имплементира проект за вклучување на младите на пазарот на трудот и обезбедување на долгорочно вработување во којшто Општините Гази Баба, Струмица, Кавадарци, Прилеп, Тетово и Штип се јавуваат како стратешки партнер.На средбата присуствуваше и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, која што посочија од СОС Детско село, е пример како една локална самоуправа може да делува во зајакнување и унапредување на капацитетите и делувањето на организацијата.„Ме радува иницијативата и заложбата на министерот Перински да помогне да се обезбеди континуитет и одржливост во обезбедувањето на социјалните услуги на локално ниво. Познавајќи го и лично, верувам дека зборовите ќе ги преточи во дела“, истакна градоначалникот Стефковски, кој е долгогодишен соработник и поддржувач на СОС Детското село.При посетата, дечињата добија мали изненадувања, а тие за возврат на министерот и градоначалникот им подарија благодарница и кретивни изработки.

Македонија | пред 1 година

IMG_6436

Перински: Објавен е јавен повик за проекти во вредност од 250 милиони евра

,,Ветивме развој на општините, тоа и го остваруваме.Задоволство ми е да најавам дека денес го објавуваме јавниот повик за финансирање на проекти од инфраструктурен карактер кој што е наменет за сите единици на локална самоуправа во висина од 6.000.000.000 денари, средства коишто се обезбедени согласно ребалансот на Буџетот.Општините можат да аплицираат со еден или повеќе инфраструктурни проекти од областа на културата, спортот, животната средина, патната инфраструктура, како и од областа на социјалната политика и образованието.Јавниот повик е веќе отворен и објавен на веб страната на Министерството за локална самоуправа и на веб страната на Владата, и објавен во два печатени медиуми.Рокот за пополнување на апликативниот формулар е 7 дена и истиот пополнет со предлог проекти од страна на општините треба да се достави до Министерството за локална самоуправа.Потоа во рок од 10 дена, целосната проектна документација, од страна на општините, се доставува до ресорното министерство од областа на проектот, каде што ќе се врши и евалуација на истиот.Евалуацијата се очекува да заврши во рок не подолг од 10 дена и врз основа на истата, ресорните министерства изготвуваат предлог одлука кои проекти ќе се финансираат од нивна област и таа предлог одлука се доставува на усвојување на Владина седница.Средствата ќе се доделат преку 6-те ресорни министерства соодветни од областа на проектите и тоа:-Министерството за култура и туризам;-Министерството за транспорт;-Министерството за социјална политика, демографија и млади;-Министерството за образование и наука;-Министерството за животна средина и просторно планирање и-Министерството за спортЗа следење на целиот процес, формирано е владино координативно тело, кое што ќе го предводи Министерството за локална самоуправа и во истото ќе членуваат претставници од сите ресорни министерства.Со објавата на повикот, Владата го исполни своето ветување, сега се на потег општините. Како никогаш досега единиците на локалната самоуправа имаат можност да ја унапредат својата инфраструктура и на тој начин директно да влијаат во подобрување на квалитетот на живот на нивните граѓани“.”, вели министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Македонија | пред 1 година

IMG_6400

Министерот Перински во посета на општините Дебар и Центар Жупа: Со инвестиција во патната инфраструктура создаваме услови за развој на руралниот туризам

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински и директорот на Бирото за регионален развој, Даут Мемиши, денеска ги посетија општините Дебар и Центар Жупа, кои се партнери во проектот за реконструкција на патната инфраструктура со цел за подобрување нa туристичката понуда во Југозападниот плански регион. На посетата присуствуваше и директорот на Центарот за развој на Југозападен плански регион, Ваљон Каба.„Соодветната патна инфраструктура е од исклучителна важност за развојот на општините. Дебар и Центар Жупа изобилуваат со природни убавини и културно-историски споменици. Новата, современа инфраструктура ќе ги направи овие локации подостапни и ќе создаде услови за развој на руралниот туризам, овозможувајќи подобро туристичко искуство за домашните и странските посетители. Верувам дека со успешната реализација на проектот, регионот ќе стане попосетен, а локалната инфраструктура ќе придонесе за поефикасен и непречен транспорт на туристи, како и за поддршка на локалната економија и туризмот“, истакна министерот Перински.Со проектот направена е реконструкција на улица „206“ во населбата Венец во Дебар, активност за која Бирото од Програмата за рамномерен регионален развој одвои средства во износ од 1.524.107 денари, додека за реконструкцијата на локалниот пат до село Мал Папрадник во Општина Центар Жупа се обезбедени средства во износ од 9.177.930 денари.„Патната мрежа и општинската локална инфраструктура е од посебно значење за давање квалитетни туристички услуги од страна на локалните чинители. Истата е клучна за поефикасен, побрз и непречен транспорт на туристи, локалното население, и транспорт на добра, поврзани со локалната економија и туризмот. Непреченото и квалитетно туристичко искуство и доживување се од исклучително значење за туристичката и другите сродни економски дејности и активности во Југозападниот плански регион”, изјави директорот на Бирото за регионален развој, Даут Мемиши.Дебарското Езеро, познато и како Шпиље, е важен природен ресурс во регионот, кој со својата убавина и околина го позиционира овој крај на мапата на бањскиот туризам. Општините Дебар и Центар Жупа активно работат на развојот на туризмот, а геотермалните извори во Бањишта и Косоврасти додаваат дополнителна вредност, придонесувајќи за привлекување на туристи.„Со гордост гледам на успешната реализација на проектот, кој значително го подобрува целокупното функционирање на регионот. Особено сме задоволни што Дебарското Езеро и геотермалните извори во Бањишта и Косоврасти се искористени како важни ресурси за развој на туризмот и бањскиот туризам,“ изјави директорот на Центарот за развој на Југозападен плански регион, Ваљон Каба.Градоначалникот на Општина Дебар, Хекуран Дука и градоначалникот на Општина Центар Жупа, Аријан Имбраим, исто така присуствуваа на средбата и изразија задоволство од реализацијата на проектот и резулатите од имплементираните активности.

Македонија | пред 1 година

IMG_6240

Министерот Перински во посета на ЈЗУ Нефрологија - Струга: Реновиран објект и подобрени услови за хемодијализа во специјализираната болница во Струга

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, ја посети специјализираната болница за нефрологија во Струга во која во тек е реконструкција на објектот, а се подобруваат и условите за здравствен третман на пациентите во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“, преку Програмата „Инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата Шема“.Досега, како дел од проектот кој се реализира со средства обезбедени од Министерството, Швајцарската агенција за развој и соработка и од болницата, набавен е систем за централно снабдување со кислород наменет за три сали за хемодијализа и интензивна нега, набавен, инсталиран и ставен е во функција систем за реверзибилна осмоза, а поставени се и соларни панели на кровот на објектот.„Проектот е во завршна фаза, предвидено е до крајот на годинава целосно да биде имплементиран со што значително ќе бидат подобрени условите за лицата кои имаат потреба од хемодијализа. Несомнено е дека современи објекти и медицинска опрема се суштински за соодветен третман на пациентите и за ефикасно и непречено функционирање на секоја здравствена установа,“ истакна министерот Перински по денешната обиколка на ЈЗУ Нефрологија – Струга, заедно со директорот на болницата, Јетмир Зиба.Директорот посочи дека како резултат на проектот, установата ќе ги намали трошоците за електрична енергија и комплетно ќе биде реновиран делот за „холидеј дијализа“.„Во последниот квартал од годинава, останува да набавиме нови 17 кревети, 3 телевизори и болнички сет наменети за ‘холидеј дијализата’, по што на тој оддел дневно ќе можат да се лекуваат по 60 пациенти,“ информираше Зиба.Објектот на болницата е изграден во 1984, а изминативе четири децении немало поголеми градежни зафати, освен реконструкција на покривот.Вредноста на целиот проект изнесува 26.043.286 денари. Министерството обезбеди 11.324.000 денари, Швајцарската агенција за развој и соработка учествува со 9.200.000 денари, а финансики удел има и болницата со 5.519.286 денари.

Македонија | пред 1 година

Sequence-09.00_04_12_27.Still002

(Видео) Владата уште позагрижена за Скопје по средбата со Арсовска

Владата е уште позагрижена за Градот Скопје по средбата со градоначалничката Данела Арсовска. Министерот за локална самоуправа Златко Пирински, посочи дека Владата можела да стои на страна и да не прави ништо, но посочија дека сакаат да му помогнат на Градот.„Сега сме уште позагрижени од пред состанокот. Сметавме дека од страна на Градот ќе чуеме за некакви реални потреби за планот да се реализира. Не чувме ништо конструктивно. Очајна е состојбата во Градот и јавните претпријатија. Заклучокот е дека препреките се тоа што нема никаква комуникација помеѓу советничките групи. Градоначалничката кажа до крајот на неделава да состави некаков план. Нашите очекувања не се големи. Тој план ќе го покаже на советниците. Ќе видиме какви потреби има“, рече Пирински.Тој додаде дека Владата сакала да помогне и во ЈСП зошто за десетина дена ќе има голем проблем. Но од ова ништо. Посочи дека спремни се да помогнат согласно законските ингеренции.„Очекувавме план и ние. Не добивме. Освен критика кон советот, која е неоснована според мене. Камен на сопнување беше зошто не се гласаат одлуките. Но тие не кочат ништо. Комунална собира смет зошто законска надлежност им е тоа. Нема потреба од јавен оперативен план“, рече Перински.

Скопје | пред 1 година

IMG_6169

Перински: Новата Противпожарна станица за Врапчиште и Боговиње ќе гарантира безбедност на месното население

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска ја посети Општина Врапчиште и новоизградениот објект наменет за Територијалната противпожарна станица за општините Врапчиште и Боговиње, како дел од проектот за „Прекугранична заштита од пожари – Fireshield“, финансиран од ЕУ програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, чии носители се двете македонски општини, албанската Општина Черик и НВО Каритас југ од Албанија.Ова е еден од неколкуте проекти коишто се во завршна фаза, а во чија реализација Министерството има партнерски удел, а истовремено е и актуелна неговата сфера на делување, со оглед на активните пожари ширум земјава. Тоа беше дополнителна причина, министерот Перински, да изврши увид во текот на досегашната реализација на проектот и да ги разгледа можностите за евентуална помош во актуелното справување со пожарите ширум земјава.„Сега, кога на повеќе локации во земјава демнеат пламени јазици, несомнено е дека проектот суштински ќе делува за заштита на регионот во секој поглед. Истовремено, овие противпожарни капацитети веќе би можеле да ги ставиме во функција за гаснење на пожарите каде има потреба од логистичка поддршка. Во конретниов случај пак, загарантирана ќе биде безбедноста на преку 65.000 месно население, на нивните имоти, како и на 8.000 хектари планински терен и шумски појас во прекуграничниот регион. Нема да има простор за стравување. За жал, во минатото поради недостиг од соодветни капацитети, уништени беа над 5.000 хектари шума, а на моменти во опасност беше доведена и безбедноста на животите и имотите на населението од 30 рурални населби во регионот. Тоа сега ќе стане минато,“ истакна министерот Перински, кој изрази задоволство што освен за примарната намена за Територијалната противпожарна станица за општините Врапчиште и Боговиње, проектот е од големо значење и за Националниот парк Шар Планина, кој граничи со двете општини.Вредноста на целиот проект е речиси 860.000 евра. Општините Врапчиште и Боговиње партиципраат со 545.000 евра, Министерството го помага проектот со 81.750 евра, а останатите средства се обезбедени преку ЕУ Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Предвидено е проектот да биде финализиран на крајот на месец ноември.

Македонија | пред 1 година

IMG_5175

Министерството за локална самоуправа во соработка со Министерството за дигитална трансформација и со општините ги интензивира активностите за дигитализација на локалните услуги

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имаше состанок со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на кој се разговараше за конкретните чекори за дигитализација на општините, со вклученост и на донаторската заедница.На состанокот беа презентирани можностите за вклучување на сите општини во процесот на дигитализација со цел и помалите општини да можат да го фатат чекорот со поддршка од надлежните министерства. Притоа беше констатирано дека основите се веќе поставени со воспоставената електронска платформа од страна на УНДП и на Министерството за локална самоуправа, а ќе се направат напори за вклучување на услугите на националниот портал за услуги воден од Министерството за дигитална трансформација.Претставниците од УНДП истакнаа дека изразената подготвеност од страна на надлежните министерства да се интензивираат работите дава можност целиот процес на дигитализација на локално ниво да се заокружи многу побрзо од планираната динамика.Министерот за локална самоуправа Златко Перински истакна дека Министерството за локална самоуправа ќе го води овој процес и очекува поддршка од сите вклучени страни, а општините нема да бидат оставени сами.-Ќе работиме на обезбедување на сите технички услови и на зајакнување на административните капацитети на локално ниво, а помалите општини ќе бидат вклучени без исклучок, со воспоставување на меѓуопштинска соработка со поголемите и покапацитетни општини, рече министерот Перински. Перински нагласи дека целиот процес ќе се води системски за што веднаш ќе се ревидираат планираните активности во нацрт Акцискиот план за спроведување на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација и по неговото усвојување од страна на Владата целиот процес ќе биде предвидлив со точно утврдена временска рамка за реализација на сите конкретни чекори.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања