Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Перински: Објавен е јавен повик за проекти во вредност од 250 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6436

,,Ветивме развој на општините, тоа и го остваруваме.

Задоволство ми е да најавам дека денес го објавуваме јавниот повик за финансирање на проекти од инфраструктурен карактер кој што е наменет за сите единици на локална самоуправа во висина од 6.000.000.000 денари, средства коишто се обезбедени согласно ребалансот на Буџетот.

Општините можат да аплицираат со еден или повеќе инфраструктурни проекти од областа на културата, спортот, животната средина, патната инфраструктура, како и од областа на социјалната политика и образованието.

Јавниот повик е веќе отворен и објавен на веб страната на Министерството за локална самоуправа и на веб страната на Владата, и објавен во два печатени медиуми.

Рокот за пополнување на апликативниот формулар е 7 дена и истиот пополнет со предлог проекти од страна на општините треба да се достави до Министерството за локална самоуправа.

Потоа во рок од 10 дена, целосната проектна документација, од страна на општините, се доставува до ресорното министерство од областа на проектот, каде што ќе се врши и евалуација на истиот.

— реклама —

Евалуацијата се очекува да заврши во рок не подолг од 10 дена и врз основа на истата, ресорните министерства изготвуваат предлог одлука кои проекти ќе се финансираат од нивна област и таа предлог одлука се доставува на усвојување на Владина седница.

Средствата ќе се доделат преку 6-те ресорни министерства соодветни од областа на проектите и тоа:

-Министерството за култура и туризам;

-Министерството за транспорт;

— реклама —

-Министерството за социјална политика, демографија и млади;

-Министерството за образование и наука;

-Министерството за животна средина и просторно планирање и

— реклама —

-Министерството за спорт

За следење на целиот процес, формирано е владино координативно тело, кое што ќе го предводи Министерството за локална самоуправа и во истото ќе членуваат претставници од сите ресорни министерства.

Со објавата на повикот, Владата го исполни своето ветување, сега се на потег општините. Како никогаш досега единиците на локалната самоуправа имаат можност да ја унапредат својата инфраструктура и на тој начин директно да влијаат во подобрување на квалитетот на живот на нивните граѓани“.”, вели министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_6436

Златко Перински ја презема функцијата директор на Фондот за здравствено осигурување

Македонија | пред 3 дена

IMG_6436

„Ранковце добива нови развојни можности преку европските фондови и владината поддршка“, вели Перински

Македонија | пред 1 месец

media-librarysukgo8k05tpaaqBf264

Над 1.100 инфраструктурни проекти одобрени во општините, вели Перински

Македонија | пред 1 месец

media-library5m3hsnkd2vcl83WZHn6

Перински од Петровец: Покрај финансиска, општините добиваат и стручна поддршка

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања