Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Перински: Доставени се 357 проекти од 80 општини за капитални инвестиции, следува евалуација на истите од ресорните министерства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6436

,,Општините пројавија огромен интерес на повикот за реализација на инфраструктурни проекти со пари од државен буџет.

Еве ги накратко деталите:

Проекти доставија 80 општини.

Поднесени се вкупно 357 апликации.

Сумирано, ова би требало да значи дека секоја општина аплицирала со повеќе проекти.

— реклама —

Сега се на ред ресорните министерства.

Во рок од 10 дена, целосната проектна документација, од страна на општината, се доставува до ресорното министерство од областа на проектот, каде што ќе се врши евалуација на истиот.

Евалуацијата се очекува да заврши во рок не подолг од 10 дена и врз основа на истата, ресорните министерства треба да изготват предлог одлука кои проекти ќе се финансираат од нивната област и таа предлог одлука да ја достават на усвојување на Владина седница.

— реклама —

Очекуваме, до крајот на месецот, да заврши целокупната процедура и да се знае кои проекти ќе се финансираат со државните пари.

Како што веќе напоменав и на почетокот, очекувањата се исполнети, а тоа говори за фактот дека оваа Влада направи точна проценка во својата програма и ги детектираше реалните потреби на локалните власти, за подобра иднина на граѓаните.

— реклама —

Во оваа прва фаза, општините ќе ги поддржиме со близу 100 милиони евра, а веќе од следната година ќе бидат достапни нови 250 милиони евра, за кога е планиран и нов повик.

Ветивме развој на општините, тоа и го остваруваме.

Ова е доказ за нашиот партнерскиот однос кон општините, но и кон граѓаните.", вели Златко Перински, министер за локална самоуправа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_6436

Златко Перински ја презема функцијата директор на Фондот за здравствено осигурување

Македонија | пред 3 дена

IMG_6436

„Ранковце добива нови развојни можности преку европските фондови и владината поддршка“, вели Перински

Македонија | пред 1 месец

media-librarysukgo8k05tpaaqBf264

Над 1.100 инфраструктурни проекти одобрени во општините, вели Перински

Македонија | пред 1 месец

media-library5m3hsnkd2vcl83WZHn6

Перински од Петровец: Покрај финансиска, општините добиваат и стручна поддршка

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања