ПРАВДА

tupanceski

„Тешка перверзија е министерот кој без срам лажеше да зборува за подобрување на перцепцијата за судството“

Новинарот Кристијан Ландов го искоментира излагањето на министерот за правда Никола Тупанчевски во кое зборува за враќање на довербата во правосудството, а откако ја излажа јавноста дека сам ги платил трошоците за патување во Палермо, а потоа, призна дека летот и картата ги платила ФФМ.„За мене тешка перверзија е министер за правда, кој без срам лажеше цела јавност, да зборува за подобрување на перцепција за судството. Истиот тој кој на трибини беше со судски претседател и обвинител. Уште потешка перверзија е кога ќе ми текне дека истиот тој министер додека лажеше беше во Палермо, а овде странска амбасада ни соопшти дека само 8 отсто од граѓаните веруваат во македонското судство. И тоа не е сѐ, најголема трагедија е што сѐ уште е министер и се прашува за подобрување на состојбата во судството, а не за тоа зошто не беше искрен кон јавноста. Ако завршивте со перверзии, да си легнеме порано денеска“, напиша новинарот.

Коментари | пред 3 години

03052022_42_vladina_sednica_2-2

Владата го утврди текстот на предлог-законот за ратификација на Конвенцијата за договорите за избор на надлежен суд

На денешната седница Владата го утврди текстот на предлог-законот за ратификација на Конвенцијата за договорите за избор на надлежен суд.Конвенцијата за договорите за избор на надлежен суд, усвоена во рамките на Хашката Конференција за меѓународно приватно право во Хаг, од 30 јуни 2005 година има за цел да ја осигура ефикасноста на спогодбите за избор на суд (познати и како „клаузули за избор на форум“ или „клаузули за јурисдикција“), помеѓу страните во меѓународните трговски односи.Конвенцијата претставува инструмент кој ќе овозможи судскиот начин на решавање на споровите да стане стварна и привлечна алтернатива на меѓународната трговска арбитража, притоа трудејќи се да обезбеди поголема правна сигурност за прекуграничниот бизнис и да креира поповолна клима за меѓународната трговија и вложувањето, онака како што истакнува и Меѓународната трговска комора.

Македонија | пред 3 години

IMG_3042

Богдан Илиески за Тупанчески: Биле школски другари, кога ме притворија му побарала помош, а тој не нашол време ниту да ја чуе

Богдан Илиески на социјалните мрежи објасни зошто изминатите денови и тој застана спроти министерот за правда Никола Тупанчески. Илиески сподели моменти од животот кога Тупанчески и свртел грб на неговата мајка, која пак, му била школска другарка.„Инаку, бидејќи не знам, не сакам и нема да лажам... Тупанче и мајка ми се школски од средно. Зборувала Бети моја со хвалоспеви за него години и години наназад како капацитет, како докторанд на Ломоносов итн итн.Мене ме притвораат, мајка ко мајка бара помош на сите страни бидејќи детето и е во затвор и го гледа на 15 дена преку пластична ограда по 45 минути. Бара и од него. Не наоѓа школскиот време да ја прими, сослуша, помогне. Славниот кривичар, наследникот на Камбо.Отишла дома, му пишала писмо на 12 страни. Го пратила до него, препорачано. Што друго може да прави една мајка за своето дете, неправедно затворено. Дете кое го гледа еднаш на 15 дена по 45 минути, преку пластична ограда. И не може да му помогне...Така да, професор докторе Тупанче, ова е за солзите на мајка ми. Јас нит те знам, нит познавам. Нит па сакам да те знам, након свих ових година на твоја мукла, славен кривичаре, години на политичка тортура врз „неподобните“ и „небањатите“ во кои дури и 5 минути се немало за другарите од средно, кога сте имале по 15-16 години, сте биле деца, и сте ја знаеле душата, чиста и детска, на својот ближен. Денес јас сум голем, а не пак вие. И големите знаат дека кармата си доаѓа по своето. Ова ти е за солзите на мајка ми.И ова е крајот, колку и да не ти е јасно во моментов“, напиша Богдан Илиески

Македонија | пред 3 години

collage-3

Тупанчески треба да биде веднаш разрешен, а ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ да расправа за достоинството на професијата, смета Најчевска

Министерот за правда Никола Тупанчески за „А1он“ призна дека не ја платил картата за чартер-летот и влезот на стадионот во Палермо. Фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил откако целата јавност го виде на трибините, односно по четири денови од одржувањето на натпреварот. За ова, со коментар се јави професорката Мирјана Најчевска.„Тупанчески не треба да поднесе оставка. Тој треба да биде веднаш разрешен, а Ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ треба да расправа за достоинството на професијата и нарушувањето на етичкиот кодекс на Универзитетот“, напиша Најчевска.Министерот претходно велеше дека сите трошоци ги подмирил тој од неговата трансакциска сметка.

Коментари | пред 3 години

FOpW8BbWUAYNAED

„Тупанчески не е свесен дека ако не отидеше во Палермо, немаше да знам дека е министер“, Јоци за арогантниот однос

Политикологот и новинарка, Јорданка Ивановска-Јоци го коментираше континуираното правдање на министерот за правда Никола Тупанчески. Тој цела недела во јавноста пласира изјави преку одредени медиуми, дека си го платил патувањето во Палермо, Италија. Но, никогаш не го докажа тоа. Па така, во „Трилиг“ посочи дека не треба на новинарите да им доставува докази.„Срам немаат тројцата! Арогантни и неподносливо присутни во етер, уште и уште ја дразнат јавноста со своите изјави како ете - не примиле поклонче од ФФМ т.е цела недела докажуваат дека не се корумпирани! Овој па Тупанчевски не е ни свесен дека ако не отидеше во Палермо да го покаже камера, немаше ни да знам дека го ставиле министер за правда! Е, до толку е листопаден!“, напиша Јоци.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања