Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Богдан Илиески за Тупанчески: Биле школски другари, кога ме притворија му побарала помош, а тој не нашол време ниту да ја чуе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
IMG_3042

Богдан Илиески на социјалните мрежи објасни зошто изминатите денови и тој застана спроти министерот за правда Никола Тупанчески. Илиески сподели моменти од животот кога Тупанчески и свртел грб на неговата мајка, која пак, му била школска другарка.

— реклама —

„Инаку, бидејќи не знам, не сакам и нема да лажам... Тупанче и мајка ми се школски од средно. Зборувала Бети моја со хвалоспеви за него години и години наназад како капацитет, како докторанд на Ломоносов итн итн.

Мене ме притвораат, мајка ко мајка бара помош на сите страни бидејќи детето и е во затвор и го гледа на 15 дена преку пластична ограда по 45 минути. Бара и од него. Не наоѓа школскиот време да ја прими, сослуша, помогне. Славниот кривичар, наследникот на Камбо.

— реклама —

Отишла дома, му пишала писмо на 12 страни. Го пратила до него, препорачано. Што друго може да прави една мајка за своето дете, неправедно затворено. Дете кое го гледа еднаш на 15 дена по 45 минути, преку пластична ограда. И не може да му помогне...

Така да, професор докторе Тупанче, ова е за солзите на мајка ми. Јас нит те знам, нит познавам. Нит па сакам да те знам, након свих ових година на твоја мукла, славен кривичаре, години на политичка тортура врз „неподобните“ и „небањатите“ во кои дури и 5 минути се немало за другарите од средно, кога сте имале по 15-16 години, сте биле деца, и сте ја знаеле душата, чиста и детска, на својот ближен. Денес јас сум голем, а не пак вие. И големите знаат дека кармата си доаѓа по своето. Ова ти е за солзите на мајка ми.

И ова е крајот, колку и да не ти е јасно во моментов“, напиша Богдан Илиески

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryseefj96vaosf5uMGF7e

„Кодошат низ Брисел, по локалните ќе добиеме обвинители и судии кои работат според закон“ – Мицкоски со жестоки критики

Македонија | пред 2 месеци

alen

Мајка на починат 25-годишен скопјанец бара правда: „Ако нема правда, јас ќе пресудам“

Скопје | пред 3 месеци

filkovsd-2

Судскиот совет со нови правила – јасни критериуми и јавни постапки за избор и разрешување

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-21.12.20

Мицкоски за разрешувањето на Коцевски: Згрешивме што можеби малку не бевме од самиот почеток поагресивни

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања