Министерот за правда: Случајот со заѕиданите 350 илјади евра е симбол на неказнивост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryqs0vufp0pi29bgeioHb

Министерот за правда Игор Филков денеска на прес-конференција се осврна на состојбите во правосудниот систем, нагласувајќи дека Министерството за правда има јасен пристап – таму каде што постојат индиции за злоупотреби ќе има институционална реакција, а таму каде што се утврдени слабости ќе следуваат интервенции.

— реклама —

Филков истакна дека јавноста во изминатиот период била сведок на низа настани и случаи кои сериозно ја засилиле загриженоста околу интегритетот, одговорноста и функционирањето на судството и обвинителството. Според него, ваквите појави не смеат да се релативизираат, ниту да се игнорираат, особено кога предмети за висока корупција со години остануваат без разрешница, а очигледни сомнежи не добиваат институционален одговор.

— реклама —

„Кога предмети за висока корупција стојат со години без разрешница и кога очигледни сомнежи не добиваат институционален одговор, тогаш граѓаните со право прашуваат: каде е правдата?“, порача министерот.

— реклама —

Тој посебно се осврна на случајот со апелациониот судија во чиј дом беа пронајдени 350 илјади евра, скриени и заѕидани во ѕид, оценувајќи дека станува збор за повеќе од обичен скандал. Според Филков, овој случај е симбол на длабока системска слабост и на култура на неказнивост, молк и меѓусебна заштита, која со години ја разјадува довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Министерот нагласи дека ваквите случаи директно ја нарушуваат довербата во целото судство и ја доведуваат под сомнеж самата судиска функција, која, како што рече, треба да биде во служба на граѓаните и правдата, а не да се доживува како привилегија.

Филков укажа и на сериозните предизвици со кои се соочува обвинителството, меѓу кои ги наведе недоволната ефикасност, ограничените капацитети и недостигот од решителност во справувањето со најтешките форми на криминал. Тој додаде дека истражувањата за перцепцијата на корупцијата јасно покажуваат оти довербата во судството и обвинителството е сериозно нарушена и дека таа не може да се врати преку ноќ, ниту со една единствена одлука.

Според министерот за правда, проблемот е системски и не се однесува само на поединечни случаи. Затоа, како што нагласи, Министерството за правда пристапува системски, со утврдување на фактичката состојба на терен и со преземање конкретни, добро насочени чекори, со цел ваквите појави да не продолжат да се повторуваат и да се обнови довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryv95ideruoi495n38NNL

(Видео) Филков: Кога ќе биде Касами премиер тогаш ќе кажува кој ќе биде министер, а кој не

Македонија | пред 1 ден

media-libraryt5ric0v46sk54AMQmj5

Филков за полагање на правосудниот испит на албански јазик: Во моментов таква можност нема

Македонија | пред 1 ден

media-libraryb40qrjod4p4g8caadWz

Филков: Изборот на јавни обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Македонија | пред 1 ден

media-library4407v764flo38MuqNIz

Рамадани за полагањето правосуден испит на албански: Филков да сноси лична одговорност

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања