Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Судскиот совет со нови правила – јасни критериуми и јавни постапки за избор и разрешување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
filkovsd-2

„Предлог Законот за Судски совет е прикачен на е-Влада а Министерството за правда го доби и мислењето од Венецијанската комисија .Станува збор за конструктивен и содржаен документ што содржи јасни насоки и препораки, особено за деловите на кои ние како Министерство вложивме сериозен фокус. Тие забелешки веќе се разгледани. Особено значајно за нас е што Комисијата го препозна транспарентниот и инклузивен процес при изработката на законот – преку јавни расправи, експертски консултации и вклучување на сите клучни чинители. Тоа е потврда дека одиме во вистински правец и дека нашите реформи се усогласени со европските стандарди. Овој пристап директно придонесува за зајакнување на довербата во законодавниот процес и во правосудството во целина“, велат од Министерството за правда и додаваат:

— реклама —

Ова е клучен чекор за зајакнување на независноста и транспарентноста во судството.

Клучни новини кои се предвидени со Законот:

— реклама —

• Се предвидува јавност во постапкатата за разрешување на претседател/заменик на Советот, постапката мора секогаш да биде транспарентна.

• Прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“. Истакнати нови, појасни квалификации.

• Воведување јавна расправа за кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност.

• Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите.

• Унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ.

-За првпат, ќе има објективно оценување на нивната работа, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на Советот. Ова е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ – и сега директно одговараме на таа препорака.

Очекуваме Предлог Законот за Судски совет наскоро да биде усвоен во Собрание, како што и беше предвидено.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryseefj96vaosf5uMGF7e

„Кодошат низ Брисел, по локалните ќе добиеме обвинители и судии кои работат според закон“ – Мицкоски со жестоки критики

Македонија | пред 2 месеци

alen

Мајка на починат 25-годишен скопјанец бара правда: „Ако нема правда, јас ќе пресудам“

Скопје | пред 3 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-21.12.20

Мицкоски за разрешувањето на Коцевски: Згрешивме што можеби малку не бевме од самиот почеток поагресивни

Македонија | пред 5 месеци

filkov-milososki

Филков и Милошоски имале лош ден, вели Мицкоски откако пратеникот и министерот јавно се скараа

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања