Ефикасно и независно правосудство, силни институции и европски стандарди што граѓаните ќе ги почувствуваат во секојдневниот живот се приоритетите што Министерството за правда ги посочува како неопходни за напредокот на Македонија кон Европската Унија.
Министерот за правда Јетон Шасивари се сретна со директорката на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Карол Межеван, со која разговарал за новиот извештај на Светска банка и реформите потребни за земјата да направи клучен исчекор на европскиот пат.
„Владеењето на правото и силните институции се темелот на секое успешно општество“, порачаа од Министерството за правда.
На средбата фокусот бил ставен на реформските процеси, а од Министерството посочуваат дека за нив напредокот подразбира ефикасно и независно правосудство и институции кои функционираат според европските стандарди.
„За Министерството за правда, тоа значи ефикасно и независно правосудство, силни институции и европски стандарди што граѓаните ќе ги почувствуваат во секојдневниот живот“, соопштија од Министерството.
Средбата доаѓа во период кога реформите во правосудството и владеењето на правото остануваат меѓу клучните прашања поврзани со процесот на европска интеграција на земјата.